винско дружење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Jul 2021 07:37:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png винско дружење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Успешно одржано првото летно винско дружење „Summer Wine 2021 Skopje“ https://arhiva.vistina.com.mk/uspeshno-odrzano-prvoto-letno-vinsko-druzenje-summer-wine-2021-skopje/ Wed, 07 Jul 2021 07:37:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209975

На 4-ти Јули 2021, со чашка полна допадливи ароми и освежителни овошни вкусови, гостите и учесниците на настанот „Летно вино“ го започнаа овогодишното винското лето. Во прекрасна атмосфера на терасата на ресторан Воденица-Мулино се претставија следните македонски винарии: Стоби, Тиквеш, Бовин, Камник, Лазар, Шато Сопот, Подрум Попови, Венец, Сковин, Попов, Пуклавец Македонија и Брзанов.  Посетителите исто така имаа можност да ги вкусат и вината на винаријата Звонко Богдан од Србија, словенечките вина од Пуклавец Фемили Вајнс, италијанските вина на увозникот Винум-МКД, како и француските вина од Шато де Гурдон на винаријата Тиквеш. Вината ја следееа и внимателно одбраната храна од спонзорите Тинекс деликатесен и Рудине во соработка со реномираниот ресторан Воденица-Мулино, додека за рехидрирање на посетителите се погрижи Горска со своите производи. Во склоп на настанот, организаторот Македонската асоцијација на Сомелиери – МАСОМ додели сертификати на 20 кандидати кои успешно го положија првото ниво од сомелиерските обуки. „Во светот на вината, нашиот вински регион го препознаваат по црвените вина, но тоа е само една страна од медалот. Повардарието, нашата винска артерија има и друга страна, мирните бели и розе вина, како и пенливите. Се надеваме дека со овој настан успеавме да ја откриеме и втората страна на медалот кој се повеќе почнува да блеска.“ - изјавија од МАСОМ. Дел од атмосферата на настанот: http://www.masom.net/gallery-summer-wine.html]]>

“Bring Your Own Bottle” во “The House – Д Хаус” https://arhiva.vistina.com.mk/bring-your-own-bottle-vo-the-house-d-haus/ Mon, 18 Mar 2019 14:20:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78058

Почитувани вински пријатели! Ве покануваме на мартовско “Bring Your Own Bottle” винско дружење во петок на 22-ри март од 20 часот во “The House – Д Хаус”. Форматот на дружењето е на принципот "Bring Your Own Bottle". Секој од гостите споделува флаша вино. Сите вина се отвараат и дегустираат за време на дружењето. Партиципацијата е 300 ден. по лице + флаша вино. Во цената е вклучено храна и Corkage Fee (надомест за вински сервис). Винското дружење ќе биде зачинето со селекција на одбрани деликатеси (сирења, сувомеснати производи, маслинки, производи од вргањ, маслинови масла, пекарски производи…). Покрај споделените вина, ќе имате можност да дегустирате и млади вина од 2018 берба од неколку македонски винарии. Забавата е од отворен тип, сите се добредојдени. Просторот од барот ќе биде исполнет со високи маси и столици. Храната и вината ќе бидат изложени на посебна маса и секој од гостите ќе може сам да се послужи. Понесете флаша вино и дојдете да ја отвориме пролетта! Место: The House - Д Хаус (Стив Наумов 102-Д, Скопје) Датум: Петок, 22-ри Март 2019 Време: 20:00 часот Повеќе информации на: 070 223 887]]>