вински салон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Jun 2023 09:18:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вински салон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Следува уште една ноќ за паметење во Скопје: „Вино на штикли“ https://arhiva.vistina.com.mk/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/ Thu, 22 Jun 2023 08:59:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307247

Време е за уште едно, возбудливо петто издание на винско-музичко-модниот настан „Вино на штикли“ кој ќе се одржи на 29. Јуни (четврток) со почеток од 19:00 до 00:00 часот во винскиот бар и ресторан Форца во Скопје. Радосно го најавуваме и ги покануваме винските љубители да ни се придружат на еден од омилените вински летни настани на кој се слави виното и неговата магија. Уживањето ќе го доведеме до совршенство со пријатна и опуштена атмосфера од музичкиот репертоар на македонската поп ѕвезда Викторија Лоба заедно со својот придружен бенд, гастрономски „зачинето“ со вкусна храна и естетски нијансирани со шармантен и елегантен моден стил на гостите. „Вино на штикли“ и оваа година повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и нетрпеливо ќе ги очекуваат Вашите коментари, критики и пофалби. „Вино на штикли“ е елегантен вински настан на кој виното, надополнето со модата и музиката ќе покаже нов сјај и уникатност. Во цената од 1200 денари е вклучена бесплатна дегустација на над 150 различни вина од 25 македонски и странски винарии кои ќе бидат спарени со вкусните закуски на винскиот бар и ресторан Форца. Најважно од сè е да си набавите влезница на време, бидејќи влезниците за „Вино на штикли“ ќе бидат во ограничен број и истите може да се купат само по електронски пат (online) на следниов линк: vinonastikli.mk Придружете ни се на „Вино на штикли“ и споделете ја Вашата винска, гастрономска и модна страст! И не заборавајте. Со виното е исто како со страст: треба да се пробаат сите вина, од некое се доволни само неколку голтки, а некое треба да се испие до крај.]]>

Престижен вински салон „Винодонија“ на 25-ти и 26-ти ноември во „Мериот“ https://arhiva.vistina.com.mk/prestizen-vinski-salon-vinodonija-na-25-ti-i-26-ti-noemvri-vo-meriot/ Mon, 14 Nov 2022 11:20:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275682

Шестото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, годинава во елегантната атмосфера на хотелот „Мериот“ на 25-ти и 26-ти ноември во Скопје ќе ги собере сите вљубеници на оваа божја напивка. „Винодонија“ стана традиција иако многумина ја нарекуваат - рај за хедонисти, бидејќи ја негува винската страст, промовира добри вина, настан што освен едукативен карактер со години ја потврдува својата цел: подигнување на винската свест и развој на нашата винска култура. „Винодонија“ е настан полн со можности, гостите ќе може да дегустираат вина од околу 60 винарии, со импресивна бројка од над 450 етикети на вино. „Винодонија“ по правило ќе понуди едукативен пристап кон виното: за два дена ќе се случат 5 работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизвиците: „Запознај ја винската Унгарија“, „Запознај ја винската Хрватска“, „Основи на спарување на вино и храна“ и „Во светот на винските меурчиња“. Гостите што за својот викенд - избор на 25-ти и 26-ти ноември ќе ја сакаат „Винодонија“ ќе имаат можност за нови вински информации, директно од енолозите и луѓе вклучени во производството на вино, со што ќе се запознаат најновите стилови и трендови во оваа индустрија. Се разбира, виното со својата уникатност се надополнува со добрата храна: во рамките на салонот ќе можат да се вкусат и гастрономски деликатеси од околу 15-тина гастрономски брендови од Македонија. И уште еден адут на „Винодонија“ кој ќе го комплетира возвишениот вкус на виното ќе биде настапот на џез бендот на македонскиот реномиран музичар Георги Шаревски. Ве очекуваме на 6-тата „Винодонија“.]]>

SuperWine 9.0 – На брановите на големите вина! https://arhiva.vistina.com.mk/superwine-9-0-na-branovite-na-golemite-vina/ Mon, 27 Jun 2022 14:46:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256167

Деветтото издание на еден од највозбудливите вински настани во Југоисточна Европа - SuperWine ќе се одржи во сабота, 2 јули 2022 година од 20 часот на луксузното пристаниште за јахти Порто Монтенегро, во Тиват, Црна Гора. Според прелиминарната листа на винарии-изложувачи, пред нас е најдобриот SuperWine досега. Подготовките за претстојниот SuperWine ги одбележа голем интерес од реномирани вински куќи. Годинешната, според сите оценки, најатрактивна винска програма на настанот SuperWine, традиционално ќе биде „засилена“ со настап на диџеј, како и богата придружна гастрономска програма. Списокот на винарии-учесници изгледа волшебно. Еве само дел од великаните на регионалната и светската винска сцена кои доаѓаат во SuperWine со нивните супер вина - Monteverdi, Bertani, Jean Durup, DAOU Family Estates, Arthur Metz, Kovačević, Masciarelli, TEMET, Keković, Fontanafredda, MASI, Ražnatović, Đukić, 13. Jul Plantaže, Bikicki, Henkell x Freixenet, Jungić, PASQUA, Vinarija 100 žena, Monterosso и многу други. Најголемите вински изненадувања оставени се како „шлаг на торта“ за самиот крај, а комплетната листа на учесници може да ја погледнете на веб-страницата superwine.rs. Влезниците за SuperWine 9.0 ќе бидат достапни на лице место (Buddha-Bar Beach во Порто Монтенегро) на денот на настанот по цена од 40 евра, како и во претпродажба преку апликацијата Wine Drop Club, по цена од 35 евра.]]>

„Slow Wine салон 2021“: Презентации и промоции на вина и вински приказни на над 30 производители во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/slow-wine-salon-2021-prezentacii-i-promocii-na-vina-i-vinski-prikazni-na-nad-30-proizvoditeli-vo-bitola/ Fri, 03 Dec 2021 08:39:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229843

Во Битола денеска и утре ( 03-04 декември) ќе се одржи настанот Slow Wine салон 2021“, што има за цел да ги презентира и промовира производителите на вино, кои ќе ги презентираат нивните вински приказни и ќе понудат дегустација на вина.  Ова е трето издание на „Slow Wine салон“, на кое учество ќе земат над 30 производители, пет дестилерии и десет производители на деликатесни производи, што ќе бидат понудени за дегустација. Винскиот салон денеска ќе се одржи во Киното Манаки, додека утре Офицерскиот дом Битола првпат ширум ќе ги отвори вратите за сите кои го негуваат култот кон виното, производители и љубители на овој божествен пијалак и ќе се претвори во своевиден „храм на виното“. –Придонесот на „Слоу Фуд“ во развојот на винската култура преку поддршка, едукација и промоција на малите семејни винарии, кои како нов бран надоаѓаат на винската сцена е од врвно значење во промоцијата на локалното поднебје, зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, традиционалните техники на производство на вино и зачувувањето на животната средина. Настанот е можност да им се даде видливост на младите винари, малите винарии и нивните уникатни вина, велат организаторите на настанот.  Билетите за настанот се достапни да се купат онлајн, на следниот линк и се во ограничен број.]]>

Летно винско дружење – Summer Wine 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/letno-vinsko-druzenje-summer-wine-2021/ Tue, 29 Jun 2021 13:29:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208912

Во склоп на планираните активности на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ, на 04 Јули 2021 (недела) ќе се оддржи летно винско дружење на кое ќе се претстават македонските винарии. Настанот ќе се оддржи на отворено на терасата на реномираниот ресторан Воденица – Мулино лоциран во центарот на Скопје. „Летно Вино“ или Summer Wine е еднодневна манифестација која за првпат кај нас се оддржува во летниот период со тенденција да прерасне во традиционална манифестација. Самиот настан има за цел да даде фокус на новите вина од новите берби кои се или штотуку ќе бидат лансирани на пазарот, со фокус на освежителните, овошно водени вина. Настанот е планиран да се оддржи во времетраење од 17:00 до 23:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат преку 150 вина придружувани со голем избор на закуски од ресторанот Воденица. Настанот ќе се оддржи на отворено во склоп со актуелните Ковид препораки поради што бројот на влезници ќе биде лимитиран. Посетителите ќе имаат можност да купат влезници на самиот настан како и онлајн на следниот линк: https://www.karti.com.mk/summer-wine.nspx]]>

Винско будење – Summer Wine 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/vinsko-budenje-summer-wine-2021/ Wed, 23 Jun 2021 15:45:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208152

Во склоп на планираните активности на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ, на 04 Јули 2021 (недела) ќе се оддржи винско матине на кое ќе се претстават македонските винарии. Настанот ќе се оддржи на отворено на терасата на реномираниот ресторан Воденица – Мулино лоциран во центарот на Скопје. „Летно Вино“ или Summer Wine е еднодневна манифестација која за првпат кај нас се оддржува во летниот период со тенденција да прерасне во традиционална манифестација. Самиот настан има за цел да даде фокус на новите вина од новите берби кои се или штотуку ќе бидат лансирани на пазарот, со фокус на освежителните, овошно водени вина. Настанот е планиран да се оддржи во времетраење од 12:00 до 21:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат преку 150 вина придружувани со голем избор на закуски од ресторанот Воденица. Настанот ќе се оддржи на отворено во склоп со актуелните Ковид препораки поради што бројот на влезници ќе биде лимитиран. Посетителите ќе имаат можност да купат влезници на самиот настан како и онлајн на следниот линк: https://www.karti.com.mk/summer-wine.nspx]]>

Винодонија 2019 – Настан кој го подигна виното на заслужениот пиедестал (ФОТОГАЛЕРИЈА) https://arhiva.vistina.com.mk/vinodonija-2019-nastan-koj-go-podigna-vinoto-na-zasluzeniot-piedestal-fotogalerija/ Wed, 04 Dec 2019 11:20:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122221

Во последните два дена од есенски Ноември во хотел Мериот во Скопје  успешно се одржа четвртото издание на веќе реномираниот Скопски Вински салон - Винодонија 2019. Во проширена форма и похрабра програма од лани, со висок стил и елеганција, Винодонија 2019 уште еднаш го постави виното на заслужениот пиедестал и ја славеше неговата уметност. На салонот за дегустација учествуваа рекордни 48 винарии од Македонија и странство и ги претставија своите 440 етикети на вино пред 1450 гости, вински љубители. Освен одличните македонски вина од скоро сите домашни винарии, гостите имаа уникатна прилика да дегустираат и вина од Србија, Словенија, Црна Гора, Косово, Грција, Италија (и тоа од 4 нејзини вински региони), Франција и Шпанија. Целата винска програма беше „спарена“ од вкусни деликатеси сместени во гастро корнерот на салонот.
Беше очекувано одлично и ова е дефинитивно најуспешната Винодонија досега“ - радосно ни изјави Александар Вучковски, директор на салонот и еден од организаторите.
Главната карактеристика на Винодонија за афирмирање и промовирање на малите бутик винарии од Македонија и оваа година се потенцираше преку присуство на дури осум нови вински брендови, а учеството на светски познатите вински ѕвезди како Ferrari и Mansalto покажува дека Винодонија се перцепира како сериозна платформа за претставување на регионалните и светски вински брендови пред македонската винска публика. Како и секоја година, винскиот салон беше збогатен со едукативна програма составена од интересни и стручни предавања и работилници на кои што присуствуваа вински ентузијасти, но и млади професионални винари за кои што допрва ќе се слушне. Познати, ценети предавачи, енолози и професори го споделуваа своето искуство и знаење со учесниците, со цел подобра винска едукација како основен предуслов за развој на винската култура. Уште сега со нетрпение се чека наредната, јубилејна петта Винодонија 2020. ]]>

Почнува Винодонија 2019 https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-vinodonija-2019/ Fri, 29 Nov 2019 09:20:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121390

Преку 450 етикети на вино од 50 македонски и странски винарии, ќе може да се дегустираат на четвртиот „Скопски вински салон - Винодонија 2019“ што се одржува денеска и утре во хотел Мериот во Скопје. Покрај дегустација на вино, ќе има и дегустација на селекција на одбрани деликатеси, сирења, сувомеснати производи, маслинки, производи од вргањ, маслинови масла, пекарски производи, чоколадо, кафе, како и работилници, предавања и мастер клас дегустации. И двата дена амбиентот ќе биде збогатен со звуците на професионални музички бендови. Елегантен настан кој го слави виното и неговата магија и кој што го подигна нивото на винската култура во Македонија во изминатите години. И двата дена салонот ги отвора вратите за посетителите од 15:00 до 21:00 часот. Картите за „Скопски вински салон - Винодонија 2019“ можете да ги купите на самиот влез, пред почетокот на настанот по цена од 500 денари по лице, за секој ден посебно. ]]>

Grand Vin – Дегустација на премиум македонски вина https://arhiva.vistina.com.mk/grand-vin-degustacija-na-premium-makedonski-vina/ Thu, 26 Sep 2019 18:48:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109268

Мотото „Помалку е повеќе“ во винскиот свет се однесува на вината од премиум сегментот како и ретките вина кои генерално се произведуваат во мали колични и нудат загарантирано повеќе уживање. Double Tree by Hilton Skopje – Rooftop Bar е просторот каде на 4ти Октомври 2019, петок, од 17:30 до 23:00 часот ќе се одржи овој мал, но по својата содржина уникатен вински настан. Целта на организирање ваков вински настан е преку претставување и дегустација на премиум и ретките вина од домашните винарници да се претстави нивото на развој на винарството и лозарството кај нас, како пред меѓународните критичари така и пред вљубениците на високо квалитетните вина. Одговорното конзумирање е секако составен дел кој секогаш го следи овој сегмент.
„Интересот е изненадувачки голем, особено за посета на настанот, иако сегментот на премиум и ретки вина од домашниот вински регион е се уште во повој. Се уште имаме недоволен број на винарници кои се решаваат за производство на овој тип на вина и тоа ни причинува потешкотија при обезбедување доволен број на винарници кои би можеле да ги изложат своите бесценети вина. Сепак решивме да пробаме да креираме настан за тие кој веќе произведуваат премиум вина со голема надеж дека овој настан ќе биде потик и за останатите винарници кои би можеле да ни се придружат во годините кои доаѓаат“ – изјавија од МАСОМ (Македонска Асоцијација на Сомелиери)
Повеќе информации околу настанот на следниот линк: http://www.masom.net/grandvin.html За онлајн влезници на: https://www.karti.com.mk/grand-vin.nspx]]>

Македонската винска сцена се сели во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-vinska-scena-se-seli-vo-ohrid/ Mon, 05 Aug 2019 08:36:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=100423

Мал чекор за винарниците, но голем за македонското вино Во организација на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ на 10ти Август (Сабота) со почеток во 18:00 часот ќе се оддржи винскиот настан „Вински Тераси – Охрид“ во ресторанот Канео каде дел од македонските винарници (ТиквешСтобиШато КамникДалвинаЕзимитВенецВиргоШато СопотПуклавецБрзанов) ќе ги претстават своите вина на домашните и странските туристи. Она што е ново за Охрид е тоа што за прв пат вакво претставување ќе се спроведе во сомелиерски манир, како што доликува на македонските вина. Имено гостите ќе имаат можност преку симболична влезница од 400 денари да дегустираат преку 100 различни вина по свој сопствен избор. Изложените вина ќе бидат од квалитетни до вина од премиум сегментот, правилно послужени, следени со стручни информации околу карактеристиките, сортите и македонските виногорја. Секако, не случајно е одбран и ресторанот Канео, кој патем широкоградо го прифати овој проект. Да се размислува „надвор од кутијата“ е предизвик, но и нешто што ја води гастрономијата напред, Во тоа светло и ќе се претстави тимот на Канео кој е задолжен за гастрономскиот дел. Настанот е насловен „Вински Тераси – Охрид“ , со цел да се потенцира тесната врска помеѓу „лозовите тераси“ како микролокации од каде најчесто доаѓа најкавлитетното винско грозје до „винските тераси“ од сегментот на ресторатерството и хотелиерството каде тие вина треба да се понудат на посетителите во туристичките дестинации на соодветен, правилен начин.
„Вакви вински настани треба да станат традиција по нашите туристички места. Претставувањето на македонското вино на странските пазари треба да го ставиме во еквилибриум со домашниот пазар, особено во туристичките оази како што е Охрид. Гастрономијата пак да ја насочиме кон традиционалната кујна комбинирана со модерни техники. Имаме што да понудиме, но не очекува многу работа за што се чуствуваме навистина спремни“ – изјавија од МАСОМ.
Повеќе информации: Website / Facebook Event / Tickets]]>