вински бар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 09 Nov 2019 06:48:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вински бар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Урбана убавица или поинаква плескавица: Во „Форца“ на „Скопјанка“ https://arhiva.vistina.com.mk/urbana-ubavica-ili-poinakva-pleskavica-vo-forca-na-skopjanka/ Thu, 07 Nov 2019 13:26:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117247

Мека и сочна како душата на градот, вкусна и ароматична како неговите мириси напролет, составена од чисти и првокласни состојки содржани во неа, зачинета со убавина и шмек на микс од  единствени мирудии, прелиена со уникатен прелив како моминско лице со бистра вода, распослана во чинија како македонската метропола во својата котлина... Таа е една и единствена, ненаметлива а неодолива, уникатна и пожелна, која ќе ве заведе уште на прв поглед  и задоволи со првиот вкусен залак... Зашто таа е онаа вистинската,  таа е чиста „Скопјанка“! Во неа се ужива полека, „натенане“, а се дегустира само во „Форца“. Со лезет, за свој ќеиф и еднинствено гастрономско задоволство. Вака отприлика секој оној што го пробал новиот уникатен специјалитет на куќата во винскиот бар и ресторан „Форца“, ја доживува „Скопјанка“, единствената плескавица подготвена на „поинаков“ начин. Оваа гастрономска уметност произлегува од вештите раце на шеф  Андреа Јаковчевски, готвач –експерт за шпанската кујна, во која се користат многу  разновидни зачини и исклучиво свежи намирници. Токму дел од неговото искуство е пренесено и вткаено во новиот гурмански специјалитет на исто така новото зимско мени на „Форца“, кој  уште со првиот вкусен залак ви се чини познат, а сепак мистичен, заради својата свежина во која преовладува миксот на тајните состојки. Доволно најадени, задоволни, а сепак неоптоварени... Лесна и вкусна, доволно обилна, а сепак ненаметлива... новата „Скопјанка“  ќе ги задоволи и најпребирливите конзументи на месни специјалитети. Во комбинација со некое од избраните висококвалитетни, врвни вина од винотеката на „Форца“, нивната „Скопјанка“ ќе ви се допадне уште на прв поглед, а во неа ќе уживате со задоволство,  до последниот залак, по кој набргу одново ќе и се вратите... Како на секоја „љубов на прв поглед“, та била таа и гастрономска!]]>