винодонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 14 Nov 2022 11:20:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png винодонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Престижен вински салон „Винодонија“ на 25-ти и 26-ти ноември во „Мериот“ https://arhiva.vistina.com.mk/prestizen-vinski-salon-vinodonija-na-25-ti-i-26-ti-noemvri-vo-meriot/ Mon, 14 Nov 2022 11:20:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275682

Шестото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, годинава во елегантната атмосфера на хотелот „Мериот“ на 25-ти и 26-ти ноември во Скопје ќе ги собере сите вљубеници на оваа божја напивка. „Винодонија“ стана традиција иако многумина ја нарекуваат - рај за хедонисти, бидејќи ја негува винската страст, промовира добри вина, настан што освен едукативен карактер со години ја потврдува својата цел: подигнување на винската свест и развој на нашата винска култура. „Винодонија“ е настан полн со можности, гостите ќе може да дегустираат вина од околу 60 винарии, со импресивна бројка од над 450 етикети на вино. „Винодонија“ по правило ќе понуди едукативен пристап кон виното: за два дена ќе се случат 5 работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизвиците: „Запознај ја винската Унгарија“, „Запознај ја винската Хрватска“, „Основи на спарување на вино и храна“ и „Во светот на винските меурчиња“. Гостите што за својот викенд - избор на 25-ти и 26-ти ноември ќе ја сакаат „Винодонија“ ќе имаат можност за нови вински информации, директно од енолозите и луѓе вклучени во производството на вино, со што ќе се запознаат најновите стилови и трендови во оваа индустрија. Се разбира, виното со својата уникатност се надополнува со добрата храна: во рамките на салонот ќе можат да се вкусат и гастрономски деликатеси од околу 15-тина гастрономски брендови од Македонија. И уште еден адут на „Винодонија“ кој ќе го комплетира возвишениот вкус на виното ќе биде настапот на џез бендот на македонскиот реномиран музичар Георги Шаревски. Ве очекуваме на 6-тата „Винодонија“.]]>

Вековна македонска традиција – промоција на новата Skovin Special ракија на Винодонија 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/vekovna-makedonska-tradicija-promocija-na-novata-skovin-special-rakija-na-vinodonija-2021/ Mon, 22 Nov 2021 13:09:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228321

Уште едно звучно име на Винодонија 2021, ВИНАРИЈА СКОВИН ГРУПА ветерани кои учествуваа во обликување на македонската винска сцена во изминатите децении. Сковин со сопствените плантажи кои се протегаат низ благите ридести падини во околината на Скопје, располага со богато и квалитетно портфолио на сорти грозје. Лозјата на Сковин се познати по тоа што даваат карактеристичен сензорен профил на вината кои се одраз на острите скопски зими и долгото суво топло лето. Винодонија 2021 - ексклузивна можност да ја пробате нивната долго најавувана ракија Skovin Special, одлежана 4 години во дабови буриња. Skovin Special е ракија со специфичен карактер. Низ сите овие години, инспирирани од традиционалните рецепти е усовршена до перфекција. Овој златен оган ве носи до уживање каде ќе заборавите на другите пијалаци. Моќно делува, ги опушта мускулите, го стоплува срцето и ја воздигнува душата. Ваш идеален пријател кога сте осамени, перфектен во друштво и неверојатен кога се споделува со љубов. Skovin Special има длабока златно килибарна боја. Суптилно и комплексно со ноти на суви овошја, сува смоква, путер, ванила и темно чоколадо. Вкусот е кремаст со доминација на слатки зачини, суво овошје, ванила, карамел и темно чоколадо. Наздравуваме за долгогодишната традиција!]]>

Викторија Петковска: Мирисот на мојот стан е вистинска чоколадна бајка https://arhiva.vistina.com.mk/viktorija-petkovska-mirisot-na-mojot-stan-e-vistinska-chokoladna-bajka/ Fri, 27 Dec 2019 10:51:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=126187

Викторија Петковска повеќе од 13 години работи како специјалист за наплата во телекомуникациската компанија А1. Надвор од работното време речиси четири години нејзината кујна е вистинска чоколадна лабораторија. Како почнала нејзината чоколадна приказна?
„На едно патување со мојата ќерка во Барселона додека шетавме по прекрасните улички застанавме пред еден интересен излог со чоколади  кој изгледаше како некоја приказна: разновидните колачиња, бои и форми ми оставија голем впечаток, а секако и вкусот на чоколатцата. Кога се вративме дома пробав и јас да направам и колачиња во различни форми, и чоколади. Морам да признаам, резултатот не вроди со голем успех, но во секој слободен миг испробував да направам нови и подобри чоколатца.
Секој следен обид беше поуспешен и сѐ повеќе ми причинуваше задоволство процесот на изработка. Колегите и домашните ми беа првите дегустатори и сите беа задоволни. Убаво е да се гледаат насмевки на лицата, а уште поубаво е кога причината за овие насмевки е нешто што сум го изработила со свои раце. За мене ова беше доволен поттик да се охрабрам и повторно да направам нови, поразлични од првите чоколатца“, раскажува Викторија и ни поддава да пробаме од сите тие различни чоколатца во најразлични форми и со најразлични вкусови. А дека таа веќе е извештена во изработката доволно зборува тоа што за изработка на 200 чоколатца сега ѝ се потребни околу 4 часа, а доколку ги доработува, односно, доколку секое од нив посебно го црта, малку повеќе. Инаку, дека не сме единствените кои на Винодонија наместо вино, испробуваа различни вкусови на ‘чоколадниот’ штанд на Викторија, зборува и тоа што уште првиот ден на Винодонија биле потрошени сите 1.400 чоколатца кои таа ги подготвила за овој настан, па за вториот ден не останало ниту едно.
„Паднав во искушение да не се појавам следниот ден бидејќи бев преморена и мислев дека нема да стасам да направам уште, но вложив напор и рано утрото почнав да правам. Направив околу 800 чоколатца, кои беа мали, не беа нацртани ниту ишарани како претходните, со цел да има повеќе за да можат што повеќе луѓе да ги дегустираат, но веќе во 19 часот повторно немаше ниту едно од оние кои со мојата ќерка и со пријателката која несебично беше покрај мене цели два дена колку што траеше настанот, ги пакувавме на штандот“, вели Викторија.
Нашата соговорничка ни објасни дека чоколадото што таа го купува на големо е италијанско и квалитетно, а таа потоа рачно ги доработува вкусовите, ги прави формите и ги црта. Во чоколадото додава бадеми, лешници, ореви, брусници, кокос, кафе, рум….. Токму последниве, со рум, се фаворит на нејзината ќерка која, се разбира, ги обожава и сите други. На чоколатцата им се радуваат и нејзините пријателки, но и самата таа.
„О да, секако дека и јас сакам и јадам чоколадо, а омилен вкус ми е оној на лимон и на кокос, но кога ги правам не можам да јадам, бидејќи сум тогаш насочена на производот и на тоа како да го направам да биде подобар. Всушност, мислам дека ни вода не пијам додека работам“, се смее Викторија.
Ја прашав како е да се живее со мирисот на чоколадо?
„Мирисот на мојот стан е вистинска чоколадна бајка, па кога ќерка ми се враќа од тренинг или од часови секогаш кога влегува ми вели дека уште во ходникот целиот спрат мириса на чоколадо. Јас сметам дека среќните луѓе јадат чоколадо и иако неодамна слушнав како велат дека чоколадо се јаде најмногу во недостаток од љубов, не мислам дека е баш така. Ретки се луѓето кои не сакаат чоколадо без оглед дали имаат или немаат љубов. Знам дека јас се чувствувам подобро кога го правам чоколадото и тоа го правам со огромно внимание и љубов па затоа и тврдам – животот е подобар кога јадете чоколадо.
Откако почнав со чоколадните изработки, јас сум задоволна и среќна и само кога ќе го видам ликот на тој што ги јаде. Сакам да гледам весели лица, особено ако моите производи се она што ги тера на насмевка“, вели Викторија чија насмевка е само потврда за тоа што го зборува. Инаку, овие мали чоколадни задоволства можете да ги видите и да ги нарачате преку фејсбук страната Choco Like. Извор: Арт Кујна]]>

Винодонија 2019 – Настан кој го подигна виното на заслужениот пиедестал (ФОТОГАЛЕРИЈА) https://arhiva.vistina.com.mk/vinodonija-2019-nastan-koj-go-podigna-vinoto-na-zasluzeniot-piedestal-fotogalerija/ Wed, 04 Dec 2019 11:20:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122221

Во последните два дена од есенски Ноември во хотел Мериот во Скопје  успешно се одржа четвртото издание на веќе реномираниот Скопски Вински салон - Винодонија 2019. Во проширена форма и похрабра програма од лани, со висок стил и елеганција, Винодонија 2019 уште еднаш го постави виното на заслужениот пиедестал и ја славеше неговата уметност. На салонот за дегустација учествуваа рекордни 48 винарии од Македонија и странство и ги претставија своите 440 етикети на вино пред 1450 гости, вински љубители. Освен одличните македонски вина од скоро сите домашни винарии, гостите имаа уникатна прилика да дегустираат и вина од Србија, Словенија, Црна Гора, Косово, Грција, Италија (и тоа од 4 нејзини вински региони), Франција и Шпанија. Целата винска програма беше „спарена“ од вкусни деликатеси сместени во гастро корнерот на салонот.
Беше очекувано одлично и ова е дефинитивно најуспешната Винодонија досега“ - радосно ни изјави Александар Вучковски, директор на салонот и еден од организаторите.
Главната карактеристика на Винодонија за афирмирање и промовирање на малите бутик винарии од Македонија и оваа година се потенцираше преку присуство на дури осум нови вински брендови, а учеството на светски познатите вински ѕвезди како Ferrari и Mansalto покажува дека Винодонија се перцепира како сериозна платформа за претставување на регионалните и светски вински брендови пред македонската винска публика. Како и секоја година, винскиот салон беше збогатен со едукативна програма составена од интересни и стручни предавања и работилници на кои што присуствуваа вински ентузијасти, но и млади професионални винари за кои што допрва ќе се слушне. Познати, ценети предавачи, енолози и професори го споделуваа своето искуство и знаење со учесниците, со цел подобра винска едукација како основен предуслов за развој на винската култура. Уште сега со нетрпение се чека наредната, јубилејна петта Винодонија 2020. ]]>

Почнува Винодонија 2019 https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-vinodonija-2019/ Fri, 29 Nov 2019 09:20:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121390

Преку 450 етикети на вино од 50 македонски и странски винарии, ќе може да се дегустираат на четвртиот „Скопски вински салон - Винодонија 2019“ што се одржува денеска и утре во хотел Мериот во Скопје. Покрај дегустација на вино, ќе има и дегустација на селекција на одбрани деликатеси, сирења, сувомеснати производи, маслинки, производи од вргањ, маслинови масла, пекарски производи, чоколадо, кафе, како и работилници, предавања и мастер клас дегустации. И двата дена амбиентот ќе биде збогатен со звуците на професионални музички бендови. Елегантен настан кој го слави виното и неговата магија и кој што го подигна нивото на винската култура во Македонија во изминатите години. И двата дена салонот ги отвора вратите за посетителите од 15:00 до 21:00 часот. Картите за „Скопски вински салон - Винодонија 2019“ можете да ги купите на самиот влез, пред почетокот на настанот по цена од 500 денари по лице, за секој ден посебно. ]]>

Ново издание на Винодонија 2019 https://arhiva.vistina.com.mk/novo-izdanie-na-vinodonija-2019/ Wed, 13 Nov 2019 14:21:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118339

Нова винска есен, нова Винодонија! Со голема возбуда и многу среќни Ви го најавуваме годинешниот Скопски вински салон — Винодонија 2019! Четвртото издание на единствениот и престижен вински салон во Македонија ќе се одржи на 29-ти и 30-ти Ноември во хотел Marriot, во проширена и збогатена форма и содржина. Елегантен настан кој го слави виното и неговата магија и кој што го подигна нивото на винската култура во Македонија во изминатите години. Ќе се запознаете со 50 винарии, македонски и странски и нивните 450 етикети кои што ќе ве прошетаат од Демир Капија до Трентино. Дојдете на Винодонија и споделете ја вашата винска страст! Линк до настанот]]>

Започнува „Винодонија 2018“: Доживеј го моментот со секоја голтка винско блаженство (ФОТОСТОРИЈА) https://arhiva.vistina.com.mk/vinodonija-2018-dozivej-go-momentot-so-sekoja-goltka-vinsko-blazenstvo-fotostorija/ Wed, 21 Nov 2018 11:05:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=58432

Во виното е вистината - вели старата изерка. И навистина е така. Но, во виното се кријат уште илјадници волшебни тајни. И тоа најразлични. Како што секоја сорта е посебна, секое вино единствено, секое шише дел од него, а секоја чаша нуди посебно доживување... Доживување на моментот со секоја испиена голтка.
Зошто можеби токму со неа се создава хемијата помеѓу две пријателства, бизнис партнерства, се раѓа нова љубов, се буди нова страст... И како што сонцето го милува зрното помагајќи му да созрее и да се преточи во капка вино, така секоја капка во секоја нова голтка ја буди страста, ја распламтува волшебната игра на сетилата...
Како најубава поезија, најсуптилна музика, како тивок еротски шепот или нежен допир на дланката... Како капка вино на непцето што го создава тоа возвишено чувство на убавина, опуштеност, префинетост... Екстаза од вкусови и катарза од задоволство кои полека го обземаат целото тело... А се започнува од само една капка, од првата голтка, првата испиена чаша... Како што од капка настанува животот, од една честичка материјата, универзумот...
Како кога за првпат ќе се сретнат погледите, предизвикувајќи бура од копнежи која безрезервно ќе ја придвижи истата онаа хемија на создавање... И кога еднаш ќе ја пробаш, потрагата по совршенството започнува...
Па со секоја нова голтка го бараш посакуваниот вкус, својот мирис, своето задоволство... А потрагата е вечна... Како желбата за постојано уживање во новите ноти на блаженство...  Потрага која е бесконечна како човечката желба, како... универзумот.
А од него дел и ние... Македонија и нејзината „Винодонија“ - симболот на винската култура кај нас. Третиот по ред Скопски вински салон  што ќе се одржи на 23-ти и 24-ти ноември 2018  (петок и сабота) во елитниот скопски хотел „Мериот“.
Фотосесијата е реализирана во соработка со Центар за обука ЕВА. Модели: Анѓела Јакимовска (Македонија) и Дариа Меншикова (Русија) Фотографија: Дејан Јанев (Dejan Janev Photography) Фризура: Македонска Горбашлиева, Елена Бегова, Анмша Катјаз и Девора Асан, студенти од Школата за убавина ЕВА, под менторство на Даниел Артевски. Шминка: Ивана Јангелова и Дијана Јулоска, студенти од Школата за убавина ЕВА, под менторство на Јована Коциќ.]]>

Скопски вински салон – Винодонија 2017: Професионална дегустација со чашите на Ридел со Стефано Канело https://arhiva.vistina.com.mk/profesionalna-degustacija-so-chashite-na-ridel-so-stefano-kanelo/ Fri, 24 Nov 2017 11:40:44 +0000 http://vistina.mk/?p=4748

Во рамките на годинешното издание на најзначајниот вински настан, Винодонија, сите вљубеници во виното ќе имаат можност да присуствуваат на едукативна и забавна програма која засекогаш ќе го промени Вашиот вински живот!

На уникатната и воедно фасцинантна винска дегустација, Стефано Канело, потпретседателот за продажба за Југоисточна Европа, преку чашите на Риедел ќе ја претстави врската помеѓу формата на чашата, нашата перцепција и уживањето во виното. 23518867_382224098873857_4209416559717056651_n Настанот ќе се оддржи во петок, 1-ви декември со почеток од 16 часот, а еднодневната карта која вклучува учество и на останатите настани од првиот ден, како и можноста да дегустирате повеќе од 300 вина од над 40 винарии од земјава и странство чини само 490 денари, а истите може да се купат  овде.  
]]>