Винодонија 2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Dec 2023 13:37:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Винодонија 2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Винодонија“ на 8 и 9 декември https://arhiva.vistina.com.mk/vinodonija-na-8-i-9-dekemvri/ Wed, 06 Dec 2023 06:43:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328914

Седмото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, и годинава во елегантната атмосвера на хотелот Мериот на 8 и 9 декември (петок и сабота), ќе ги израдува сите вљубеници на оваа божја напивка а работното време во двата дена ќе биде од 15- 21.00 часот. „Винодинија“ стана традиција иако многумина ја нарекуваат- рај за хедонисти, бидејќи ја негува винската страст, промовира добри вина, настан што освен едукативен карактер со години ја потврдува својата цел: подигнување на винската свест и супериорен развој на нашата винска култура. Организаторите најавуваат настан полн со можности: гостите да дегустираат вина од 80 винарии со импресивна бројка од 600 етикети, нашите уметници-винари ќе ги донесат најдобрите вина, но ова е прилика да се истражат и дегустираат и странските вина кои во последните години се се позастапени кај нас. Во рамките на салонот ќе можат да се вкусат гастрономски брендови што ќе го потенцираат вкусот на виното, а ќе биде застапена и гурманската традицијата на Слоу Фуд Македонија. „Винодонија“ по правило ќе понуди едукативен пристап кон виното: освен дегустации за два дена ќе се случат неколку работилници и мастер класови, ќе се слуша џез.., вистински конекции во развивањето на винската култура во нашата земја]]>

На 8-ми и 9-ти декември: „Винодонија 2023“ во хотел „Мериот“ – Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/na-8-mi-i-9-ti-dekemvri-vinodonija-2023-vo-hotel-meriot-skopje/ Wed, 22 Nov 2023 07:29:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327999

На многумина бројот седум им е среќен број, а за нас е уште едно издание во низа на Винодонија во правец на нашата мисија и пат кон славење и промоција на виното во Македонија. После бербата со многу предизвици за винариите и неколку напорни и се надеваме успешни саеми низ регионот со ненамалена желба и ентузијазам, го најавуваме седмото издание на Скопскиот вински салон -Винодонија 2023 кое ќе се одржи на 8-ми и 9-ти Декември (петок и сабота) во хотел Мериот Скопје во убава и опуштена атмосфера, полна со винска страст која повикува на уживање. Работното време на салонот во двата дена ќе биде од 15.00 до 21.00 часот. Винодонија повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и нетрпеливо ќе ги очекуваат Вашите коментари, критики и пофалби, но и прилика да се истражи и дегустира и т.н. странска винска сцена која што во последната година порасна во Република Македонија и се збогати со нови вински брендови и стилови од Италија, Франција, Португалија и Шпанија. Винодонија продолжува да расте во престижен и квалитетен настан на кој што виното го покажува својот сјај и уникатност и ни покажува зошто тоа отсекогаш било дел од македонскиот културен идентитет. Картите за Скопски вински салон – Винодонија 2023 ќе бидат во ограничен број, па препорачуваме да си ги купите однапред електронски (онлајн) по цена од 750 денари за секој ден посебно (на линкот што ќе го објавиме дополнително), а еден мал дел ќе може да се купат и на самиот влез пред почетокот на настанот, но по цена од 1.000 денари за секој ден посебно. И овој пат, дојдете на седмата Винодонија и споделете ја Вашата винска страст со останатите вински љубители.]]>