винодонија 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Nov 2018 11:34:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png винодонија 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Започнува „Винодонија 2018“: Доживеј го моментот со секоја голтка винско блаженство (ФОТОСТОРИЈА) https://arhiva.vistina.com.mk/vinodonija-2018-dozivej-go-momentot-so-sekoja-goltka-vinsko-blazenstvo-fotostorija/ Wed, 21 Nov 2018 11:05:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=58432

Во виното е вистината - вели старата изерка. И навистина е така. Но, во виното се кријат уште илјадници волшебни тајни. И тоа најразлични. Како што секоја сорта е посебна, секое вино единствено, секое шише дел од него, а секоја чаша нуди посебно доживување... Доживување на моментот со секоја испиена голтка.
Зошто можеби токму со неа се создава хемијата помеѓу две пријателства, бизнис партнерства, се раѓа нова љубов, се буди нова страст... И како што сонцето го милува зрното помагајќи му да созрее и да се преточи во капка вино, така секоја капка во секоја нова голтка ја буди страста, ја распламтува волшебната игра на сетилата...
Како најубава поезија, најсуптилна музика, како тивок еротски шепот или нежен допир на дланката... Како капка вино на непцето што го создава тоа возвишено чувство на убавина, опуштеност, префинетост... Екстаза од вкусови и катарза од задоволство кои полека го обземаат целото тело... А се започнува од само една капка, од првата голтка, првата испиена чаша... Како што од капка настанува животот, од една честичка материјата, универзумот...
Како кога за првпат ќе се сретнат погледите, предизвикувајќи бура од копнежи која безрезервно ќе ја придвижи истата онаа хемија на создавање... И кога еднаш ќе ја пробаш, потрагата по совршенството започнува...
Па со секоја нова голтка го бараш посакуваниот вкус, својот мирис, своето задоволство... А потрагата е вечна... Како желбата за постојано уживање во новите ноти на блаженство...  Потрага која е бесконечна како човечката желба, како... универзумот.
А од него дел и ние... Македонија и нејзината „Винодонија“ - симболот на винската култура кај нас. Третиот по ред Скопски вински салон  што ќе се одржи на 23-ти и 24-ти ноември 2018  (петок и сабота) во елитниот скопски хотел „Мериот“.
Фотосесијата е реализирана во соработка со Центар за обука ЕВА. Модели: Анѓела Јакимовска (Македонија) и Дариа Меншикова (Русија) Фотографија: Дејан Јанев (Dejan Janev Photography) Фризура: Македонска Горбашлиева, Елена Бегова, Анмша Катјаз и Девора Асан, студенти од Школата за убавина ЕВА, под менторство на Даниел Артевски. Шминка: Ивана Јангелова и Дијана Јулоска, студенти од Школата за убавина ЕВА, под менторство на Јована Коциќ.]]>

Трето издание на „ВИНОДОНИЈА“ – најзначајниот вински настан во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/treto-izdanie-na-vinodonija-najznachajniot-vinski-nastan-vo-makedonija/ Fri, 02 Nov 2018 11:40:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=55927

Преку 250 етикети на вино од 30 македонски и странски винарии, ќе може да се дегустираат на третиот по ред Скопски вински салон- „Винодонија 2018“ што ќе се одржи на 23-ти и 24-ти ноември (петок и сабота) во Хотел Мериот Скопје.
Настанот е организиран од Здружението на сомелиери на Република Македонија, а покрај дегустации на вино, предвидува и дегустација на најразлични домашни и увозни сирења, сувомесни производи, маслинови масла, како и едукативни работилници и предавања кои ќе бидат одржани од домашни и странски предавачи, спарување на вино и храна, ексклузивна гала вечера…
-Скопски вински салон- Винодонија 2018 е клучниот момент за препознавање на Македонија како вински регион. Винодонија овозможува соодветно претставување на виното на еден елегантен и културен начин на кој што се промовира трудот на винариите и нивните вински приказни. Самиот формат на настанот нуди можност во една пријатна атмосфера да се научи и дознае нешто повеќе за виното директно од неговите создавачи, а преку тоа се развива винската култура и перцепција кај нас винските љубители, истакна Александар Вучковски, директор на „Винодонија“ на завчерашниот брифинг со новинарите. „Направивме селекција на квалитетни брендови од месната, млечната и пекарската индустрија кои ќе ги понудат своите производи на дегустација и со тоа ќе го комплетираат виното во комплетно ено-гастрономско уживање“, рече Дејан Донев, проект менаџер на Винодонија.
Винодонија е одлична шанса винските љубители да си одговорат на сите прашања што ги имаат во однос на виното и во една интерактивна атмосфера да разменат искуства и мислење со винариите и останатите гости. Првиот и вториот ден салонот ги отвора вратите за посетителите од 13:00 до 19:00 часот.  ]]>