vinodonia 2019 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 04 Dec 2019 11:20:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png vinodonia 2019 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Винодонија 2019 – Настан кој го подигна виното на заслужениот пиедестал (ФОТОГАЛЕРИЈА) https://arhiva.vistina.com.mk/vinodonija-2019-nastan-koj-go-podigna-vinoto-na-zasluzeniot-piedestal-fotogalerija/ Wed, 04 Dec 2019 11:20:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122221

Во последните два дена од есенски Ноември во хотел Мериот во Скопје  успешно се одржа четвртото издание на веќе реномираниот Скопски Вински салон - Винодонија 2019. Во проширена форма и похрабра програма од лани, со висок стил и елеганција, Винодонија 2019 уште еднаш го постави виното на заслужениот пиедестал и ја славеше неговата уметност. На салонот за дегустација учествуваа рекордни 48 винарии од Македонија и странство и ги претставија своите 440 етикети на вино пред 1450 гости, вински љубители. Освен одличните македонски вина од скоро сите домашни винарии, гостите имаа уникатна прилика да дегустираат и вина од Србија, Словенија, Црна Гора, Косово, Грција, Италија (и тоа од 4 нејзини вински региони), Франција и Шпанија. Целата винска програма беше „спарена“ од вкусни деликатеси сместени во гастро корнерот на салонот.
Беше очекувано одлично и ова е дефинитивно најуспешната Винодонија досега“ - радосно ни изјави Александар Вучковски, директор на салонот и еден од организаторите.
Главната карактеристика на Винодонија за афирмирање и промовирање на малите бутик винарии од Македонија и оваа година се потенцираше преку присуство на дури осум нови вински брендови, а учеството на светски познатите вински ѕвезди како Ferrari и Mansalto покажува дека Винодонија се перцепира како сериозна платформа за претставување на регионалните и светски вински брендови пред македонската винска публика. Како и секоја година, винскиот салон беше збогатен со едукативна програма составена од интересни и стручни предавања и работилници на кои што присуствуваа вински ентузијасти, но и млади професионални винари за кои што допрва ќе се слушне. Познати, ценети предавачи, енолози и професори го споделуваа своето искуство и знаење со учесниците, со цел подобра винска едукација како основен предуслов за развој на винската култура. Уште сега со нетрпение се чека наредната, јубилејна петта Винодонија 2020. ]]>

Почнува Винодонија 2019 https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-vinodonija-2019/ Fri, 29 Nov 2019 09:20:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121390

Преку 450 етикети на вино од 50 македонски и странски винарии, ќе може да се дегустираат на четвртиот „Скопски вински салон - Винодонија 2019“ што се одржува денеска и утре во хотел Мериот во Скопје. Покрај дегустација на вино, ќе има и дегустација на селекција на одбрани деликатеси, сирења, сувомеснати производи, маслинки, производи од вргањ, маслинови масла, пекарски производи, чоколадо, кафе, како и работилници, предавања и мастер клас дегустации. И двата дена амбиентот ќе биде збогатен со звуците на професионални музички бендови. Елегантен настан кој го слави виното и неговата магија и кој што го подигна нивото на винската култура во Македонија во изминатите години. И двата дена салонот ги отвора вратите за посетителите од 15:00 до 21:00 часот. Картите за „Скопски вински салон - Винодонија 2019“ можете да ги купите на самиот влез, пред почетокот на настанот по цена од 500 денари по лице, за секој ден посебно. ]]>

Ново издание на Винодонија 2019 https://arhiva.vistina.com.mk/novo-izdanie-na-vinodonija-2019/ Wed, 13 Nov 2019 14:21:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118339

Нова винска есен, нова Винодонија! Со голема возбуда и многу среќни Ви го најавуваме годинешниот Скопски вински салон — Винодонија 2019! Четвртото издание на единствениот и престижен вински салон во Македонија ќе се одржи на 29-ти и 30-ти Ноември во хотел Marriot, во проширена и збогатена форма и содржина. Елегантен настан кој го слави виното и неговата магија и кој што го подигна нивото на винската култура во Македонија во изминатите години. Ќе се запознаете со 50 винарии, македонски и странски и нивните 450 етикети кои што ќе ве прошетаат од Демир Капија до Трентино. Дојдете на Винодонија и споделете ја вашата винска страст! Линк до настанот]]>