вино – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 09 Mar 2024 08:58:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вино – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали е здраво да испиете една чаша пиво или вино пред спиење? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-e-zdravo-da-ispiete-edna-chasha-pivo-ili-vino-pred-spiene/ Sat, 09 Mar 2024 06:54:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341773

Во првата половина од ноќта, под дејство на алкохол, лицето спие како да е во кома, во утринските часови сонот е немирен, поради што се случува човек рано да се разбуди. Додека едни тврдат дека чаша пиво или вино пред спиење е пожелно, со цел да ве опушти и да го забрза вашето „патување” во царството на соништата, австрискиот доктор Хадемар Банкхофер вели дека алкохолот постигнува целосно спротивен ефект.
Тој го нарушува сонот, бидејќи по еден час, час и половина носи пријатен одмор, но за здрав сон е потребен постепен тек од неколку фази – прво доаѓа „тонење”, потоа лесен, па длабок сон и на крајот РЕМ фаза – објаснува професорот Банкхофер.
Под дејство на алкохол овие фази се значително нарушени. Во првата половина на ноќта, под дејство на алкохол, лицето спие како да е во кома, во утринските часови сонот е немирен, поради што се случува човек рано да се разбуди и повеќе не може да заспие. Затоа мозокот не е во состојба да собере нова енергија, па наутро се чувствувате ”исцрпено”. Затоа овој експерт советува дека по 19 часот да не се консумира алкохол, ниту било кој пијалок кој содржи кофеин.]]>

Запознајте го постариот син на водителот Жика Јакшиќ: Андрија е експерт за вино во Германија, кој ја измисли винската сорта „Никогаш не е доцна“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zapoznajte-go-postariot-sin-na-voditelot-zhika-jakshik-andrija-e-ekspert-za-vino-vo-germanija-koj-ja-izmisli-vinskata-sorta-nikogash-ne-e-dotsna-foto/ Wed, 07 Feb 2024 12:14:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337883

Жика Јакшиќ, продуцент и водител на емисијата „Никогаш не е доцна“, кој го прослави својот 60-ти роденден, има помал син со колешката Дајана Пауновиќ, како и постар Андрија, кој неодамна се ожени и е најмладиот енолог, експерт за вино, во Германија. Жика се гордее со својот наследник Андрија Јакшиќ, кој е најмладиот енолог (експерт за вино) во Германија и според емисијата што ја води на татко му го направи виното „Никад није касно“. Наследникот на Жика не го интересира естрадата, а водителот тоа го почитува. Андрија еднаш откри дека се плашел од брак, бидејќи многумина му го претставувале како „затвор“, а денес ужива во него. „Еден месец за време на нашиот заеднички одмор имав можност да ја набљудувам Јехослава и да набљудувам дали е темпераментна или повлечена девојка. Веднаш ми се допадна и по примерот на моите родители, по две години врска, размислував  да ја запросам. Многу луѓе ми велеа дека бракот е затвор, но јас уживам. Никогаш во животот не сум поминувал подобро“ - рекол наследникот на Јакшиќ. Андреј и Јехослава го кажале судбоносното „да“ на интимна церемонија во Германија, а неколку месеци подоцна се преселиле во Србија. Меѓу гостите беа Ацо Пејовиќ со сопругата Билјана, Саша Матиќ со сопругата, Снежана Ѓуришиќ со партнерот, Боба Живојиновиќ, Ивица Дачиќ, Неда Украден, Жељко Самарџиќ и многу други. Пејачката Милица Тодоровиќ за прв пат се појави на роденденот на Жика со своето ново момче Лазар. Фото: Инстаграм/zika.jaksic]]>

Секси почеток на Новата: Јелена Јованова сервираше празнична еротика во мракот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/seksi-pochetok-na-novata-jelena-jovanova-servirashe-praznichna-erotika-vo-mrakot-foto/ Sat, 06 Jan 2024 07:49:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333198

Ако за Нова Година се изнагледавме многу светкави празнични стајлинзи од познатите Македонки кои се потрудителе за секој детаљ на себе за најлудата ноќ, актерката Јелена Јованова – Периќ се водеше од спротивното. За Јелена новогодишната ноќ кога е во прашање стајлингот и крајниот ефект од истиот, се водеше по правилото помалку е повеќе.
Па така, за секси Јеленче за совршен поглед и здравица од Новата беше слабата светлина од затемнета просторија на која контраст и правеа новогодишните сијалички. Место каде тие требаше да стојат во просторот или само на момент заради фотографија, беа нејзините нозе. Седната на подот со мрежести црни хулахопки и чаша вино во раката. За свој мерак,  баш така и годеше мистичната сцена со доза на еротика која таа совршено ја изведе, налик на поза од списание. Синчето веројатно веќе беше во сон, а таа сама или во друштво на сопругот си направи токму онака како што си посакуваше и и' одговараше. Она следното во привите моменти од 2024 година останува како нешто сосема лично...! фото: Instagram printscreen/ jelenajovanovaperic]]>

Греено бело вино: Симфонија на вкусови за празничните денови, рецепт кој пристигнува од Шпанија https://arhiva.vistina.com.mk/greeno-belo-vino-simfonija-na-vkusovi-za-praznichnite-denovi-retsept-koj-pristignuva-od-shpanija/ Wed, 03 Jan 2024 13:15:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333910

Еден од омилените зимски напитоци со којшто можеме најдобро да се згрееме секако е грееното вино.
Вообичаено луѓето го греат црвеното вино, но еве како да го направите истото и со белото вино.

Состојки:

- 1 литар бело вино; - 2 портокали; - 8 лажици шеќер; - лажичка мед; - 4-5 парчиња анасон; - 4-5 каранфилчиња; - 3-4 стапчиња цимет (цимет во прав доколку немате стапчиња).

Подготовка:

Портокалот употребете го за грееното вино на следниот начин: од еден исцедете сок којшто ќе го ставите во виното. Другиот добро измијте го и исечете го на кругови заедно со кората. Ви преостанува во едно тенџере да ги измешате сите останати состојки и да оставите да зовријат, на пониска температура околу 15-20 минути. На здравје! Извор: Точка
]]>

Македонија домаќин на првиот меѓународен вински натпревар „Vranec Selection by CMB“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-domakin-na-prviot-megunaroden-vinski-natprevar-vranec-selection-by-cmb/ Mon, 04 Dec 2023 15:11:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329641

За првпат во светот, ќе се одржи меѓународен вински натпревар посветен на локална сорта Вранец „Vranec Selection by CMB“. Оваа специјална манифестација, чии домаќин е Здружението „Вина од Македонија“, а во организција на еден од најстарите европски вински натревари Concours Mondial de Bruxelles. Овој настан ќе се одржи во периодот од 5-ти до 7-ми декември 2023 во велешкото виногорје во Северна Македонија и истиот е поддржан од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, како и од друштвото за Германска Меѓународна Соработка – ГИЗ. „Vranec Selection by CMB“ ќе ги оценува македонските, како и регионалните вина од сортата Вранец од земјите на Балканот. Целта на натпреварот е да се истакнат најдобрите вина произведени од оваа сорта со висок потенцијал и да го промовира Вранецот и балканскиот вински полуостров низ светот. Сортата Вранец, позната и како „црн пастув“ (анг. Black stallion), наречена така поради својата исклучително темна боја, тешко скротлив дух и моќ, ќе биде главната ѕвезда на оваа винска приказна. Оценувањето на вината ќе биде доверено на 20-тина вински судии, критичари, новинари од целиот свет, секој со богато искуство во светот на виното. Тие ќе имаат задача да ги проценат вината со цел да се изберат најдобрите Вранец вина за 2023 година. „Vranec Selection by CMB“ е повеќе од обичен вински натпревар – тоа е винско патување низ есенцијата на оваа винска сорта. Со одржување континуитет на вакви настани важни за македонската винска индустрија во иднина, ја промовираме нашата земја како конкурентна винска земја достојна на признание во винскиот свет. Овој натпревар отвора можност и за славење и на други балкански регионални сорти и нивна промоција. Здружението Вина од Македонија постои од 2010 година и има за цел да ги обедини македонските винарии и да го промовира имиџот на македонското вино низ целиот свет. Здружението е организатор на манифестацијата „Светскиот ден на Вранецот“ која се одржува континуитет од 2019 и го промовира Вранецот не само државата, туку и секаде низ светот. Во 2023 основана е и асоцијацијата Балкански вина со поддршка од ФАО и ЕБРД која меѓу другото има за цел да ги промовира локалните вински сорти на Балканот како што е Вранецот.]]>

„Сите понекогаш сме Здравко Чолиќ“: Легендарниот пејач уловен како се релаксира по неговиот настап (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/site-ponekogash-sme-zdravko-cholik-legendarniot-pejach-uloven-kako-se-relaksira-po-negoviot-nastap-foto/ Wed, 25 Oct 2023 08:02:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323728

Легендарниот пејач тајно фотографиран -  еве што прави Здравко Чолиќ додека лета во авион (фото) Здравко Чолиќ со децении важи за најуспешен машки пејач во регионот. На профилот на Инстаграм сега се појави слика на која се гледа како легендарниот пејач седи во авион со шише вино пред него. Оваа слика денеска почна да кружи на социјалните мрежи, а коментарите едноставно доаѓаат.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by @srbija_showbizz

„Па, добро, така се чувствува во моментов. Сите сме понекогаш Здравко“, гласеше еден од коментарите. Фото: Принтскрин/Србија Шоубизнис/Ата Имаџес]]>

„Taste of Awards 2023“ – Mакедонски вински врв https://arhiva.vistina.com.mk/taste-of-awards-2023-makedonski-vinski-vrv/ Tue, 10 Oct 2023 12:26:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321939

На јубилејниот петти по ред настан "GrandVin - Taste of Awards 2023" беа претставени највисоко наградените македонски вина кои во 2022/23 година се закитија со  престижни награди на познатите меѓународни вински натпревари. На настанот учествуваа дванаесет винарници: Тиквеш, Камник, Бовин, Попов, Лазар, Захарчев, Попови, Парагон, Имако, Керем, Венец и Сопот, кои покрај највисоко меѓународно оценетите вина претставија и по некој вински новитет. Настанот се одржа во вечерните часови на 05 октомври 2023 во Roof Bar 55 на хотелот Double Tree by Hilton, со што организаторот, МАСОМ - Македонска асоцијација на сомелиери, заедно со учесниците и ценетите гости , преку овој настан воедно го прославија и светскиот ден на вранецот.
„Вкусот на наградите е специфичен вински настан, традиционално поддржан од Министерството за земјоделие, кој нуди квалитативен пресек на тековните достигнувања во македонското винарење, гледано низ објективот на искусните меѓународни вински судии. Воедно претставува повик и предизвик за постојано подобрување на квалитетот на македонското вино“ појаснуваат од МАСОМ.
„Количините на таквите вина се скоро секогаш мали и мошне лимитирани, што е клучна причина поради која не можевме да одговориме на големиот интерес на вљубенците на виното и да обезбедиме поголем простор за овој навистина посебен настан.“
Воедно сакаме да се заблагодариме на винариите и сите кои присуствуваа на настанот.
„Посебна благодарност упатуваме до јапонскиот Амбасадор г. Оцука Казуја, претседателот на здружението „Вина од Македонија“ г. Светозар Јаневски, кинеската делегација на претприемачи и увозници на вина, секретарот на здружението „Македонски семејни винарии“ г. Гоце Попов, членовите на „Европското винско витештво“ кои со своето присуство допринесоа во промовирање на овој настан“ додаваат од МАСОМ.

Фотогалерија

Следува уште една ноќ за паметење во Скопје: „Вино на штикли“ https://arhiva.vistina.com.mk/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/ Thu, 22 Jun 2023 08:59:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307247

Време е за уште едно, возбудливо петто издание на винско-музичко-модниот настан „Вино на штикли“ кој ќе се одржи на 29. Јуни (четврток) со почеток од 19:00 до 00:00 часот во винскиот бар и ресторан Форца во Скопје. Радосно го најавуваме и ги покануваме винските љубители да ни се придружат на еден од омилените вински летни настани на кој се слави виното и неговата магија. Уживањето ќе го доведеме до совршенство со пријатна и опуштена атмосфера од музичкиот репертоар на македонската поп ѕвезда Викторија Лоба заедно со својот придружен бенд, гастрономски „зачинето“ со вкусна храна и естетски нијансирани со шармантен и елегантен моден стил на гостите. „Вино на штикли“ и оваа година повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и нетрпеливо ќе ги очекуваат Вашите коментари, критики и пофалби. „Вино на штикли“ е елегантен вински настан на кој виното, надополнето со модата и музиката ќе покаже нов сјај и уникатност. Во цената од 1200 денари е вклучена бесплатна дегустација на над 150 различни вина од 25 македонски и странски винарии кои ќе бидат спарени со вкусните закуски на винскиот бар и ресторан Форца. Најважно од сè е да си набавите влезница на време, бидејќи влезниците за „Вино на штикли“ ќе бидат во ограничен број и истите може да се купат само по електронски пат (online) на следниов линк: vinonastikli.mk Придружете ни се на „Вино на штикли“ и споделете ја Вашата винска, гастрономска и модна страст! И не заборавајте. Со виното е исто како со страст: треба да се пробаат сите вина, од некое се доволни само неколку голтки, а некое треба да се испие до крај.]]>

Вранецот во првите три сортни вински натпревари https://arhiva.vistina.com.mk/vranetsot-vo-prvite-tri-sortni-vinski-natprevari/ Tue, 16 May 2023 08:43:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302145

На јубилејниот 30-ти натппревар Конкур Мондиал де Брисел / Concours Mondial de Bruxelles - CMB, кој се одржа во Пореч, Хрватска, беше објавено подготвувањето на трите нови интернационални вински натпревари кои ќе бидат посветени на моновариетни и купажни вина од една избрана винска сорта. Најавените натпревари од овој тип се отворени за учество на сите производители во светот кои произведуваат вина од наведената сорта. Извршниот директор на најпопуларното винско натпреварување г-от Куантан Хаво / Quantin Havaux пред околу 400 вински судии, главно реномирани вински новинари, вински критичари од сите четири страни на светот, покрај останатите новитети, ги најави и првите три сорти за кои веќе се отпочнати подготовки за реализирање на натпреварите, како и подготвките за нивно интернационално промовирање. На огромно задоволство на сите, а особено на судиите од Балканот, помеѓу првите три сорти се појави и една од „балканската винска градина“, сортата Вранец. Вранецот е сорта која одлично ја пренесува експресијата на поднебјето, која нуди високо квалитетни органолептички карактеристики, сорта oд која може да се добие широк спектар на вински стилови и конечно сорта која може да созрева во шише со децении, зголемувајќи го својот раскош на ароми и вкусови. Конкур Мондиал де Брисел / Concours Mondial de Bruxelles – CMB е вински натпревар кој поради неговата популарност и експоненциален раст на учесници и на вински критичари ангажирани буквално од секое “ќоше” на планетата, природно се подели на неколку помали настани со цел да се задржи фокусот на квалитетот во оценувањето на вината. Позади овој натпревар стои искусна белгиска компанија, Винопрес. Компнијата повеќе од три децении работи во делот на маркетинг и комуникации. Самата компанија има соработка со преку 800 соработници, главно реномирани вински новинари и критичари ширум светот, што ја позиционира како главна порта за промоција на вина, сорти и виногорја, во светот. Влегувањето на сортата Вранец во протфолиото на натпревари на Конкур Мондиал де Брисел, значи голема светска промоција на вината, регионите и земјите кои се тесно поврзани со оваа сорта, но исто така отвора можност за приклучување на други значајни вински сорти во насока на севкупно презентирање на се повеќе популарниот балкански вински полуостров. До сега ниту еден интернационален натпревар надвор од балканот не посветил толку внимание кон вината од сортата вранец, кои се за останатиот дел од светот најчесто непознати.
„Објавувањето на проектот Вранец Селекција / Vranec Selection побуди изнвонреден интерс кај винските судии од целиот свет, искажувајќи го својот интерес за учество на најавениот натпревар“, изјави организаторот. Објавувањето на земјата, домаќинот и датумот на овој настан се очекува кон средината на Јуни 2023.

Скандал: Милица Тодоровиќ  истурила вино на водителката, а потоа врз главата на едно момче му ја доистурила целата чаша  (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/skandal-militsa-todorovik-isturila-vino-na-voditelkata-a-potoa-vrz-glavata-na-edno-momche-mu-ja-doisturila-tselata-chasha-foto/ Wed, 18 Jan 2023 11:10:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284796

Пејачката Милица Тодоровиќ прво и истурила вино на водителката на „Амиџи шоу“,а потоа му се одмаздила на момчето од публиката и му го истурила остатокот од виното врз главата. Имено, во емисијата Тодоровиќ ја одигра играта која и ја подготвиле. Таа одговарала на интимни прашања додека  пукале во неа со пејнтбол, а таа стоела зад чашата и не смеела да го истури од виното. Пејачката била преплашена и, како што изјавила , доживеала голем стрес. Од „пукањето“ таа постојано врескала и не можеше да се концентрира и да одговори на прашањата. Кога ја завршила играта, пејачката истурила малку вино на градите на водителката, што на водителката не и пречело. Сите се смееле, но Милица не застанала тука. Решила да му се одмазди и на  момче, кој очигледно бил немилосрден кога „пукал“ во неа. „А тебе посебно“, извикала пејачката откако ја поли водителката и се втурнала во публиката: „Многу ме плашеше“. „Пресметка, тепачка! Така е Милице“, ја поддржал Огњен. Се било, секако, шега, па никој не и се налутил на секогаш веселата и фина Милица Тодоровиќ. Фото: Принтскрин/ТВ Пинк]]>