винил – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Aug 2021 12:20:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png винил – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Музиката на „Љубојна“ за филмот „Стела“ на ЛП плоча https://arhiva.vistina.com.mk/muzikata-na-ljubojna-za-filmot-stela-na-lp-plocha/ Tue, 31 Aug 2021 12:20:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217440

Продукцијата која стои зад филмот „Стела“ објави дека наскоро ќе биде промовиран албумот со целата музика од филмот, и тоа на винил. Винилот ќе биде издаден за дискографската куќа ПМГ Џез. Музиката за првиот македонски детски филм ја работеше Оливер Јосифовски и „Љубојна“. Тие во јули 2020-та година објавија сингл „Љубов по Татунчо“, кој е само една од нумерите специјално подготвени за филмот на режисерот Стојан Вујичиќ. Наедно, „Љубојна“ со овој настап одбележуваат 20 години од своето постоење на музичката сцена.]]>

Новиот албум „Taftalidze Schuffle“ на Влатко Стефановски објавен и на ЛП плоча https://arhiva.vistina.com.mk/noviot-album-taftalidze-schuffle-na-vlatko-stefanovski-objaven-i-na-lp-plocha/ Tue, 12 Jan 2021 11:39:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184775

Набргу по објавувањето на новиот студиски албум на Влатко Стефановски насловен „Taftalidze Schuffle“ на ЦД, сега албумот го има во ново издание и тоа на винил. Албумот, кој го зазеде првото место на неделната топ-листа на најпродавани изданија во Хрватска и со тоа го оправда статусот на еден од најочекуваните во 2020 година, фановите ќе можат да го слушаат винил од 180 грама, кој доаѓа со картички за преземање со mp3 верзии на сите песни. Влатко, како и многумина досега, го посвети овој албум на своето Скопје и населбата Тафталиџе, која има посебно место во неговото срце. Песните се крајно интимни и лични, а сепак толку блиски до сите, токму поради сензибилитетот што го носи неговата музика. Авторството на музиката, текстот и аранжманот, како и продукцијата на сите 9 нумери, ги потпишува Влатко. Специјалниот ритам на албумот го дава младиот ритамски дел кој во оваа прилика му се придружи на Влатко, а го сочинуваат неговиот син, Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара. На албумот присуствуваа бројни музичари гости кои дадоа неизмерен придонес во музиката на Влатко. Одличната Андријана Јаневска ги отпеа придружните вокали, Теодосиј Спасов свири делови на труба инспирирани од Мајлс Дејвис, а Тихомир Поп Асановиќ свиреше на Хамонд оргуљи, Матија Дедиќ свиреше пијано на една песна, додека Васил Хаџиманов, Кирил Џајковски, Дамир Имери и Диран Тавитјан свиреа на клавијатури. Славниот актер Никола Ристановски имаше рецитал во песната „Дијаспора“. Винилното издание на Влатко Стефановски може да го купите по цена од 139 куни на сите продажни места на Кроација рекордс, веб-продавницата Кроација рекордс и на сите дигитални платформи.]]>

Скопскиот прогресивен рок-бенд „Стејшн: Инермоуст“ ќе го промовира првенчето „Exposure“ https://arhiva.vistina.com.mk/skopskiot-progresiven-rok-bend-stejshn-inermoust-kje-go-promovira-prvencheto-exposure/ Tue, 14 May 2019 13:04:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87839

Скопскиот прогресивен рок-бенд „Стејшн: Инермоуст“ (Station: Innermost) ќе го промовира своето прво ЕП-издание насловено „Exposure“. Станува збор за 27-минутен материјал на кој музичарите работеле во последниве десет месеци, а сето тоа е дополнето и со поезија и илустрации од Тхе Мичо.
„За време на создавањето на овој албум запознавме пет ликови кои ни раскажаа дел од нивните животни приказни кои решивме да ги преточиме во музика и поезија. На 22 мај, во ’Винил’ ќе имате можност да доживеете возбудливо музичко патување“, порачува музичката дружина составена од: вокалистката и клавијатуристкаНаташа Миха, гитаристите Дамир Пух и Стефан Петановски, басистот Дарко Фотиновскии тапанарот Дејан Апостоловски.
Сите заедно се потпишуваат и како автори на музиката, стиховите и поезијата се дело на Наташа Миха, а миксот и продукцијата се на Дамир Пух, додека за мастерингот се погрижи Стив Кич.  Гости на албумот се Дерек Шеринијан (клавијатури) и Ади Имери(вокал), а техничката подготовка на обвивката ја направи Наско Џорлев. Албумот на 22 мај ќе биде достапен на сите сервиси за слушање и преземање музика, а и како физичко издание со буклети.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=vF7ozrIXRng
]]>

Крсте Роџески новиот албум „The Rabbit and the Fallen Sycamore“ кој „Даунбит“ го вброи меѓу најдобрите за 2018 го промовира и во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/krste-rodzeski-noviot-album-the-rabbit-and-the-fallen-sycamore-koj-daunbit-go-vbroi-megju-najdobrite-za-2018-go-promovira-i-vo-skopje/ Wed, 19 Dec 2018 11:55:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64035

По њујоршката промоција, „The Rabbit and the Fallen Sycamore“ ќе биде промовиран и во Скопје, вечер, среда, 19 декември, во кафе „Винил“, со почеток во 21.00 часот. „The Rabbit and the Fallen Sycamore“ е, всушност, третиот дел од трилогијата „Апоптоза“ (Apoptosis)на Роџевски, по првенецот „Batania“ и неговиот наследник „Bitter Almonds“. Албумот, како и претходните два, го издаде „Мач прифр рекордс“ (Much Prefer Records), го продуцираа Тома Фуџивара и Крсте Роџевски, а го миксаше легендата Бил Ласвел. Импресивната екипа музичари на оваа плоча, предводена од Роџевски, ги вбројува Мери Халворсон (гитара), Крис Дејвис (пијано), Ингрид Лауброк (саксофон), Брајан Драј (тромбон), Мајкл Бланко (бас) и Тома Фуџивара (тапани).
Инаку, најпознатото и највлијателно џез-списание „Даунбит” (DownBeat) во својот најнов јануарски број го вброи актуелниот албум на Крсте Роџевски – „The Rabbit and the Fallen Sycamore“– во својата листа на најдобри албумски остварувања во 2018 година, во којашто се најдоа и последните албумски објави на Брајан Ино, Вадада Лео Смит, Дејв Холанд, Џо Ловано и Дејв Даглас, Бред Мелдау, Џошуа Редман, Камаси Вошингтон, Ник Барч Ронин, Метју Шип и други великани на џез музиката денес. Ова е несомнено едно од најголемите признанија што некој македонски музичар го има било кога добиено од реномираната светска музичка критика.
Третиот студиски проект на Роџевски доживеа блескави критики и рецензии и во другите влијателни музички списанија, магазини и вебзини како: „Вајр“ (WIRE), „Стереогам“ (Stereogum), „Ол абаут џез“ (All About Jazz), „Џез корнер“ (Jazz Corner), „Џез викли“ (Jazz Weekly), „Авант мјузик њуз“ (Avant Music News), „Бродвеј ворлд“ (Broadway World) и други. https://www.youtube.com/watch?v=0zyYoyfK6xk]]>