винарија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Feb 2024 12:12:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png винарија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нов пресврт во спорот меѓу Анџелина и Бред: Актерот бара истрага за тоа како акциите на винаријата завршиле во таен фонд на остров во Англија (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/nov-presvrt-vo-sporot-megu-andhelina-i-bred-akterot-bara-istraga-za-toa-kako-aktsiite-na-vinarijata-zavrshile-vo-taen-fond-na-ostrov-vo-anglija-foto/ Tue, 27 Feb 2024 09:37:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340235

Иако се чинеше дека „војната“ меѓу поранешните сопружници, холивудските актери Бред Пит и Анџелина Џоли е завршена, сега се појавија информации дека не е така. Имено, откако се разделија во 2016 година, тие се караат за старателството над нивните деца, но и за винаријата во Франција.Откако Анџелина наводно ги продала своите акции од имотот без негова согласност, Пит ја тужел својата поранешна сопруга. Нејзините адвокати потоа поднесоа противтужба, објави Слободна Далмација. Винаријата, каде Бред и Анџелина се венчаа и во 2014 година, веќе извесно време е во центарот на судската битка меѓу двајцата актери. Таа ја продаде својата половина на подружница на конгломератот за пијалоци на рускиот милијардер Јури Шефлер. Во летото 2021 година, Бред наводно дознал преку соопштение за печатот дека Анџелина го продала својот дел на руски олигарх, кого тој претходно го одбил како купувач. Бред потоа поднел тужба против неговата поранешна сопруга, обвинувајќи ја дека се обидела да го исклучи од можна продажба, додека таа самата правела се што можела за да се ослободи од својот дел. Дотогаш и двајцата сè уште поседуваа 50 отсто од луксузниот недвижен имот. Подоцна, како што напиша Дејли Мејл, судот во Луксембург и одзеде на компанијата на Шефлер дел од акциите што Бред првично и ги дал на Анџелина, со што Пит го врати водството во судската битка. Извор близок до актерот кажал дека Шефлер, кој ја предводи империјата на вотка Столичнаја, „практично нема збор“ како резултат на пресудата. Изворот додаде: „Бред се бореше за својата кауза на секој чекор од патот. Шефлер и Анџелина очигледно го потцениле“. Поради сето ова, Бред Пит бара дополнително да се истражи работата на неговата поранешна сопруга, бидејќи поради сите промени на сопствениците и тајните компании не може јасно да се утврди „кој ги влече конците“. фото: printskrin/instagram/_my.brangelina_]]>

Од кумство до спор: Живојиновиќ завршија на суд поради приватен бизнис https://arhiva.vistina.com.mk/od-kumstvo-do-spor-zivojinovikj-zavrshija-na-sud-poradi-privaten-biznis/ Wed, 13 Oct 2021 10:41:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222727

Претходната недела во градот Надаш се одржа оценување на вина во организација на винскиот магазин „Pecsi Borzo“, а од 130 дегустирани вина, награда освоија и две српски вина. Станува збор за виното од винаријата од Шида, чии сопственици се Слободан Боба Живојиновиќ и неговиот партнер и соработник со кој сега е на суд, пишува стори.рс Имено, сопругот на Брена, Боба Живојиновиќ е препознатлив по винскиот бренд, но дошло до конфликт со неговиот кум и соработник, па завршиле на суд. Не е познато зошто се судат, но како што тврдат блиски извори на Брена и Боба, на нив им е важно да победат во судскиот спор. „Нашиот пријател и сопственик на винаријата беше иницијатор на целата приказна. Подоцна станавме и кумови, мојот син Стефан го крсти неговиот син, тој е многу вреден човек и можеби најголем продавач на вино на овие простори“ изјави Боба во една прилика. Семејството Живојиновиќ не се огласи по повод овие пишувања.]]>

Сeверина не може да чека развод: Пејачката се сели на имотот на своето ново момче, винаријата во Ивањиќ Град (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/severina-ne-moze-da-cheka-razvod-pejachkata-se-seli-na-imotot-na-svoeto-novo-momche-vinarijata-vo-ivanjikj-grad-foto/ Thu, 04 Feb 2021 09:26:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188186

Северина Којиќ ќе започне да живее заедно со нејзиното novo момче, винарот Томислав Воштиниќ. За почеток, пејачката ќе пренесе дел од своите  лични работи на неговиот имот во Иваниќ Град, каде повремено ќе оди и ќе помине неколку дена за да види како тие двајцата ќе функционираат заедно, дознава српски Курир. Од кога се дозна дека таа е во врска со производителот на вино, многумина се прашуваа што се случи со нејзиниот брак со Игор Којиќ. Се шпекулира дека сопружниците не се во добри односи, а во прилог на тоа зборува и фактот дека не се виделе речиси една година. Во меѓувреме, Севе си пронајде ново момче со кое го мина целото лето, а очигледно наскоро планираат да живеат заедно. Извор близок до пејачката вели дека поминува многу време на Граберје Ивановачки, каде што Томислав има имот и винарија, како и дека патувале заедно ова лето, а биле видени и на крстарење на Јадранот. Имајќи предвид дека нивната љубов цвета, двајцата разговарале и за подигнување на врската на повисоко ниво, па Воштиниќ и предложи да започнат да живеат заедно. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/hrvatskata-estrada-glasno-shepoti-severina-se-vljubila-vo-sopstvenikot-na-poznata-vinarija-foto/ Знаејќи дека нејзината ситуација е комплицирана  зашто таа сè уште е мажена за Игор Којиќ, како и дека не е сигурна дали да се пресели кај него, тој и дал идеја се' да започне полека. Ова значи дека таа постепено би  ги пренела работите, како и дека ќе продолжи да оди во Загреб  во нејзиниот стан, затоа што таму има многу работни обврски. Тој предлог и се допаднал на Северина, па решила да го испроба. Како што вели соговорникот, Томислав бил многу добар и внимателен кон пејачката, тој ја почитувал и навистина и се допаѓало неговото друштво. Тој додава дека нема да и биде тешко да се пресели кај него, бидејќи таа е често на имотот, каде ужива  во природната средина, тишината и мирот, оддалеченоста од градот и гужвите. Инаку минатата година српските медиуми обзнанија дека Севе е во врска со извесен производител на вино, но двајцата ги демантираа тие информации. Само неколку дена подоцна, хрватските медиуми објавија дека пејачката е видена на крстарење со Томислав минатото лето, но дека таа го претставила како нејзин телохранител за никој да не се посомнева дека се заедно. Во меѓувреме, таа избриша одредени фотографии со Којиќ што ги имаше на Инстаграм, а истото го направи и Игор. Фото: Инстаграм принтскрин/severina/vostinictomislav
]]>

Северина ја демантира прељубата, новото „момче“ тврди дека се само пријатели, а Игор ја моли да му се врати, да го спасат бракот: Кој кого лаже? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/severina-ja-demantira-preljubata-novoto-momche-tvrdi-deka-se-samo-pijateli-a-igor-ja-moli-da-mu-se-vrati-da-go-spasat-brakot-koj-kogo-laze-foto/ Fri, 27 Nov 2020 10:22:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178367

Игор Којиќ тврди дека не од татко му и мајка му, туку од медиумите дознал дека неговата сопруга Северина е во наводна врска со сопственикот на винарија, Томислав Воштиниќ, па сега сака да се смират и по секоја цена сака да го сочува бракот. „Севе и Игор не се виделе веќе шест месеци, откако таа ја напушти семејната куќа на Бежанијска Коса и се пресели во Загреб. Одвреме-навреме се слушаат, па бидејќи досега никој не го покренал прашањето за развод, па Игор се надеваше дека ќе ги реши сите несогласувања кога конечно ќе се видат“ - ја започнува приказната изворот и додава дека Којиќ наводно бил многу разочаран и погоден од веста дека Севе има нова љубов во Хрватска, која го погодила како молња. „Тој се шокираше кога во медиумите прочита дека неговата сопруга му е неверна и дека летово крстарела на Јадранот со Томислав. Игор веднаш и се јавил и побарал објаснување, но Сева постојано тврдела дека Воштиниќ и е „само добар пријател“. Убеден е дека го лаже, но подготвен е да премине преку сè само за да го спаси нивниот брак. Тој и рекол: „Не ми е гајле што се случило, ти простувам сè, само врати се кај мене“. Почнал да ги посетува манастирите во Србија и да му се моли на Бога таа да му се врати и да биде повторно со Северина“. „Од друга страна, хрватската поп sвезда упорно негира дека е во врска со Воштиниќ, во чија винарија е редовен гостин. „Томислав и е само пријател на Северина. Се одржа настан во неговата винарија каде што таа беше дојдена со друштво и ние отфрламе каква било инсинуација дека двајцата се во емотивна врска“ - изјавил портпаролот на Северина. „Северина и јас сме добри пријатели и имам само пофални зборови за неа. Точно е дека таа дојде во мојата винарија, но не беше сама, имаше многу луѓе. Ништо не се случи меѓу нас двајца и сето тоа се само смешни приказни кои и јас ги читам во весниците. Разбирам дека нејзиниот живот е интересен за медиумите“ - вели Томислав, кого го поврзуваат со Северина.]]>

Хрватската естрада „гласно шепоти“: Северина се вљубила во сопственикот на позната винарија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/hrvatskata-estrada-glasno-shepoti-severina-se-vljubila-vo-sopstvenikot-na-poznata-vinarija-foto/ Wed, 25 Nov 2020 08:49:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177879

Во  естрадните круговите во Хрватска наголемо се „шушка“ дека од ова лето Северина Којиќ (48) наводно била во врска со Томислав Воштиниќ, разведен сопственик на винарија од Иваниќ Град, кој е десет години помлад од неа!? Долго време се шпекулираше дека пејачката и нејзиниот сопруг Игор Којиќ не се во добри односи и дека раскинувањето е дефинитивно. Ова е поткрепено со фактот дека Севе не стапна во Србија повеќе од шест месеци. Со сите шпекулации за распад на бракот, последните месеци главна тема меѓу нејзините колеги во нејзината земја беше нејзиното, наводно ново момче. Извор од Хрватска, за српски Курир изјавил дека тоа е јавна тајна и дека никој од тимот на пејачката или винаријата, сепак нема да тоа јавно да го објави. Многумина веруваат дека тоа е затоа што Севе сè уште е мажена за синот на Кеба. Соговорникот тврди дека Северина и Воштиниќ се запознале на почетокот на ова лето преку заеднички пријатели и дека  веднаш за појавиле љубовни искри. Тие, наводно, продолжиле да комуницираат преку телефон и социјалните мрежи и наскоро започнале врска. Воштиниќ ја следи Северина на Инстаграм и ги лајкува скоро сите нејзини објави, но, сепак го следи и Игор, веројатно со цел да не го привлече вниманието на јавноста, тврди изворот кој добро ја познава пејачката. Наводно, таа поголемиот дел од летото го поминала на имотот на нејзиниот партнер во Граберје Иванишки, каде покрај 3,5 хектари лозја, Воштиниќ има и своја винарија. Тој неодамна се преселил таму од Иваниќ Град, веројатно по разводот од неговата сопруга, со која има две деца. Според изворот, Томислав е пристоен, вреден и амбициозен човек, а  останал и во добри односи со неговата поранешна сопруга. Тој потврдил дека е разведен во неодамнешното интервју за веб-страницата „Винска приказна“, каде што, додека зборувал за неговиот бизнис, ја спомнал својата поранешна сопруга. Интересно е тоа што Воштиниќ е оптичар по професија и дека се занимавал со овој семеен бизнис седум години. Сепак, во исто време, тој отишол во куќата на неговиот дедо во Граберје Иванишко, каде и му се родила љубовта кон виното. Потоа се откажал од сигурната работа и се посветил на ванската уметност, во која денес е многу успешен и добро заработува.]]>

Сребрен медал за „Шато Сопот“ на меѓународниот натпревар „Concours Mondial de Bruxelles“ https://arhiva.vistina.com.mk/srebren-medal-za-shato-sopot-na-megjunarodniot-natprevar-concours-mondial-de-bruxelles/ Fri, 11 Sep 2020 21:29:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166708

По серијата меѓународни признанија во последниве години, „Шато Сопот“ ја продолжува 2020-та година со уште една значајна награда на престижен меѓународен вински натпревар. Виното „Cabernet Sauvignon - Merlot - Shiraz“ од бербата 2017-та се закити со сребрен медал на натпреварот „Concours Mondial de Bruxelles“ кој оваа година се одржа во Брно, Чешка, од 4-6 септември. По златната плакета за Вранецот од бербата 2017-та, ова е уште едно признание за вината од оваа винарија. Каберне Совињон е една од носечките сорти во „Шато Сопот“ и оваа плакета ќе биде поттик за афирмација и на другите вина од оваа сорта грозје. 8.500 вина од 46 земји од светот се натпреваруваа оваа година на 27-то издание на „Concours Mondial de Bruxelles“. Вината беа оценувани од 250 дегустатори од 30-тина земји со различен профил како сомелиери, купувачи и увозници на вино и специјализирани вински новинари. Доделени се медали на вина од 40 различни земји. На врвот, со најголем број признанија стои Франција (570), следена од Шпанија (495), Италија (363) и Португалија (306). Шест вина на три македонски винарии добија златни и сребрени медали.]]>

Еве каде Лепа Брена ќе ги вложи парите од продажбата на „Гранд“: Ова е новиот проект на фолк дивата (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kade-lepa-brena-kje-gi-vlozi-parite-od-prodazbata-na-grand-ova-noviot-proekt-na-folk-divata-foto/ Fri, 20 Dec 2019 10:27:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125004

Лепа Брена заработи повеќе од 15 милиони евра од продажбата на Гранд продукција, но парите нема да ги стави во банка, туку реши да инвестира во нов бизнис заедно нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ. Имено во нивната винарија тие ќе прават вино, еден вид розе, лосос боја, кое според неа, повеќе им е наменето на жените. „Јас уште во 1986 година,  имав мое вино „Лепа Брена“. Денес, благодарение на мојот сопруг, започнавме нова линија и се надевам дека ќе им се допадне дамите“ - открива Брена. Винскиот бизнис, како што дознаваме, ќе го водат Боба и Филип Живојиновиќ. За Америка, промоцијата ќе ја  работи Филип, а Боба за Хонг Конг, со цел да го освојат и кинескиот пазар. Пејачката вели дека е многу претпазлива во бизнисот и не сака за нејзините идеи да зборува однапред. „Ми се случуваше многу работи, а медиумите постојано ме прашуваат да кажам нешто ново. Концертот во Загреб беше многу успешен, како и театарската претстава што ми ја посветија на Битеф. Не сакам да престанам да работам и сакам да им помагам на моите пријатели и семејството. Нема да бидам само мајка и готвачка“ - искрена е една од најголемите ѕвезди на Балканот по премиерата на претставата „Лепа Брена проџект“.  ]]>

Вината на „Тиквеш“ со 15 награди и признанија на најголемиот светски вински натпревар „Декантер“ https://arhiva.vistina.com.mk/vinata-na-tikvesh-so-15-nagradi-i-priznanija-na-najgolemiot-svetski-vinski-natprevar-dekanter/ Mon, 27 May 2019 06:16:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89741

Вината на „Тиквеш“ и ‘тероар’ вината од новата бренд-платформа „Tikves Chateaux & Domaines“ забележаа одличен успех на еден од најголемите и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter“, кој по 16-ти пат се одржува во Лондон. Врвното црвено ‘тероар’ вино „Барово“ од бербата 2016-та и оваа година освои златен медал во конкуренција од над 16.500 вина од 57 земји, што претставува факт кој сам по себе најдобро ја отсликува големината на овој успех. Црвеното „Барово“, од бербата 2015-та пак, освои злато и на минатогодишниот „Decanter“, што му овозможи влез во специјална оценувачка сесија на која, од страна на стручното жири на натпреварот, му беше доделен плaтинест медал, со што ова врвно македонско вино беше издвоено од сите останати добитници на највисоки награди.
Дека оценувачкото жири на „Decanter“, кое оваа година беше составено од дури 280 вински експерти, високо го цени квалитетот на сите вина на „Тиквеш“, покажува и вкупната бројка на наградени вина која на годинешниот напревар се искачи на 15. Имено, покрај златниот медал за црвеното вино „Барово“, на годинешниот светски вински натпревар „Decanter“, сребрени медали освоија четири врвни вина и тоа: „Vranec Special Selection 2017“, „Sauvignon Blanc Special Selection 2018“, „Domaine Lepovo Pinot Noir 2016“ и „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2016“, а дополнително уште четири други вина се наградени со бронзени медали. Тоа се: црвените вина „Alexandria Cuvée 2017“, „Alexandria Classic 2017“, белото „Muscat Ottonel Special Selection 2018“ и розе виното „Domaine Lepovo Rosé 2018”. На овој натпревар, шест врвни вина на „Тиквеш“ и „Tikves Chateaux & Domaines“ добија специјални пофалници, и тоа: „Viognier Special Selection 2018“, „Temjanika Special Selection 2018“, „Merlot Special Selection 2017“, како и белите ,тероар’ вина „Барово“ и „Бела Вода“ од бербата 2018-та. Со овие признанија вкупниот број на освоени награди за вината на „Тиквеш“ на најпрестижните светски вински натпревари, кои во текот на пролетта традиционално се одржуваат на европскиот континент, се искачи до бројката 37. Ваквата импозантна бројка на освоени награди претставува ново одлично достигнување кое наговестува дека и оваа година вината на „Тиквеш“ и новата бренд-платформа „Tikves Chateaux & Domaines“ ќе го потврдат, а можеби и ќе го надминат сопствениот рекорд од минатите години кога освојуваа и по 60-тина високи признанија на најспрестижните светски винските натревари кoи се одржуват во текот на целата година.]]>

Нова винарска визба во неготинско Дисан https://arhiva.vistina.com.mk/nova-vinarska-vizba-vo-negotinsko-disan/ Thu, 16 May 2019 11:07:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88278

Словенечката винарија Пуклавец отвора „бутик“ винарска визба во Неготино. Со оваа вредна инвестиција Пуклавец го проширува својот асортиман со производството на црвени вина од македонско грозје. Вината што ќе се произведуваат во неготинската винарија, новиот бренд на Пуклавец, ќе бидат класифицирани во три квалитативни сегменти и на пазарот ќе се пласираат под името Инстинкт. Достапни за продажба ќе бидат до крајот на годината.
„Со инвестицијата во винарската визба во Неготино, само ја прошируваме целта и визијата што ја имаме воопшто во Пуклавец, а тоа е производство на вина кои можат да се натпреваруваат со најдобрите светски вина на меѓународните пазари. Македонското виногорје е познато по црвените раси, а македонските црвени вина се познати по богатството на вкусот, зрели и комплексни ароми. Овој вид вино е високо ценет на меѓународните пазари и токму тоа ќе го понудиме. Нашата првична амбиција, да бидеме меѓу најдобрите производители на вино во светот, расте и се засилува токму со винаријата во Северна Македонија, што ќе ни овозможи дополнително растење, развивање и збогатување на портфолиото на Пуклавец“, изјави Владимир Пуклавец, сопственик на семејната винарија.
Семејната винарија Пуклавец веќе присутна на меѓународните вински пазари, имаше потреба од развој на производство на црвено вино, бидејќи во Словенија климатската состојба не е толку податлива за производство на црвени вина. Одлуката да се инвестира во производство на црвени вина во Македонија, стана активна во 2011 година. На локалните лозја Пуклавец има засадено Мерло, Каберне Совињон и локалното Вранец.
„Винаријата Пуклавец има долга традиција и знаење за производство на квалитетни вина. Успехот го постигна применувајќи специфичен пристап во работата со поддржување на природниот начин на производство на вино, со минимални интервенции врз грозјето и многу внимание во развојот и созревањето на виното. Македонското виногорје совршено се вклопува во ваквиот начин на производство. Тиквешкиот регион, каде што се наоѓа винаријата, со сувите, топли и долги лета, релативно студените зими, ридскиот пејзаж, лоциран помеѓу 250 и 400 метри надморска височина и уникатниот тероар богат со минерали нуди совршени услови. Сето тоа создава уникатни услови за производство на премиум црвени вина“, вели Дане Јованов, менаџер на винаријата во Неготино.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, го поздрави успешно завршениот циклус на инвестиции и отворањето на винаријата:
„Особено ми е драго што со Владата на Република Словенија имаме навистина одлична институционална соработка, којашто покажа и потврди во периодот дека имаме сериозна поддршка во нашите мерки, планови и политики што ги креираме. Минатата година бевме и земја партнер на еден од најзначајните саеми во Република Словенија, бевме и во Ормож и ја посетивме токму и оваа винарија, а денеска сме тука во Дисан, во Неготино, каде што отвораме една нова приказна.”
Вредноста на инвестиција во визбата во Неготино се проценува на 1,6 милиони евра, а почетниот капацитет е 300.000 литри вино годишно. Семејната винарија Пуклавец е познат и почитуван вински бренд од Словенија, каде што досега се произведуваа најмногу бели и пенливи вина. Семејството Пуклавец се врати во винската приказна, започната од Мартин Пуклавец во 1934 година, пред точно десет години и континуирано расте и се проширува. Со спојувањето на винарските визби Ормож и Љутомер, семејните вина Пуклавец почнаа да пишуваат ново поглавје фокусирано на производство на високо квалитетни вина. Брендовите на Пуклавец се присутни на бројни светски пазари, вклучувајќи Велика Британија, Бразил, Полска, Холандија, Хрватска, три пат по ред се наградени како Винарија на годината во Словенија, а поседуваат и други многубројни реномирани вински признанија, како што се Decanter Platinum за најдобро словенечко бело вино.

Тетовчанката Соња Магдевски е сопруга на Емилио Естевез, брат на контроверзниот Чарли Шин https://arhiva.vistina.com.mk/tetovchankata-sonja-magdevski-e-sopruga-na-emilio-estevez-brat-na-kontroverzniot-charli-shin/ Thu, 18 Apr 2019 12:23:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83833

Таа веќе со години е дел од популарното американско актерско семејство. Со својот сопруг Емилио живеат во Малибу, Калифорнија. Но, Соња е далеку од холивудскиот живот.
Македонката од Тетово во Америка ужива во правење вино, а од пред некое време и крафт пиво. Заедно со Естевез поседуваат многу хектари плантажи каде што одгледуваат најквалитетно грозје. Сопственици се на винаријата „Каса Думез“  и на крафт пиварата „Бабис Бир Емпориум“.
Покрај тетовското, Магдевски има и ресенско потекло. По професија е магистер по новинарство, а како хоби го работи блогот „Малибу“. Нејзините семејни бизниси, винаријата и крафт пиварата се прогласени за дел од најбрзорастечките бизниси во Америка.
Емилио и Соња се толку страствени љубители на виното, за што доказ е и нивниот прв состанок. „На нашиот прв љубовен состанок јас копав дупки, а Соња садеше лозови гранки “, вели Естевез.
Во многу прилики славното семејство се дружи заедно со роднините на Соња од Македонија, а браќата Шин се големи обожаватели на македонска ракија и специјалитети. Тие дури и знаат по некоја пцовка на македонски.
Емилио за разлика од Чарли Шин е многу смирен и семеен човек и тоа е она што ја натерало Соња да се заљуби во него на снимањето на филмот „Боби“ во 2006 година. Емилио пред бракот со Соња, беше во брак со пејачката  и кореограф Пола Абдул, а кратко беше верен и со Деми Мур. Тој има и две деца од Кари Сејли. А од 2006 година е во брак со Соња.
Се зборува дека брачниот пар планира да го прошири својот бизнис и во Европа, а секако и во нашата држава, бидејќи поседуваме најповолни услови за одгледување на грозје.]]>