винарии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Dec 2023 12:45:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png винарии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонија домаќин на првиот меѓународен вински натпревар „Vranec Selection by CMB“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-domakin-na-prviot-megunaroden-vinski-natprevar-vranec-selection-by-cmb/ Mon, 04 Dec 2023 15:11:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329641

За првпат во светот, ќе се одржи меѓународен вински натпревар посветен на локална сорта Вранец „Vranec Selection by CMB“. Оваа специјална манифестација, чии домаќин е Здружението „Вина од Македонија“, а во организција на еден од најстарите европски вински натревари Concours Mondial de Bruxelles. Овој настан ќе се одржи во периодот од 5-ти до 7-ми декември 2023 во велешкото виногорје во Северна Македонија и истиот е поддржан од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, како и од друштвото за Германска Меѓународна Соработка – ГИЗ. „Vranec Selection by CMB“ ќе ги оценува македонските, како и регионалните вина од сортата Вранец од земјите на Балканот. Целта на натпреварот е да се истакнат најдобрите вина произведени од оваа сорта со висок потенцијал и да го промовира Вранецот и балканскиот вински полуостров низ светот. Сортата Вранец, позната и како „црн пастув“ (анг. Black stallion), наречена така поради својата исклучително темна боја, тешко скротлив дух и моќ, ќе биде главната ѕвезда на оваа винска приказна. Оценувањето на вината ќе биде доверено на 20-тина вински судии, критичари, новинари од целиот свет, секој со богато искуство во светот на виното. Тие ќе имаат задача да ги проценат вината со цел да се изберат најдобрите Вранец вина за 2023 година. „Vranec Selection by CMB“ е повеќе од обичен вински натпревар – тоа е винско патување низ есенцијата на оваа винска сорта. Со одржување континуитет на вакви настани важни за македонската винска индустрија во иднина, ја промовираме нашата земја како конкурентна винска земја достојна на признание во винскиот свет. Овој натпревар отвора можност и за славење и на други балкански регионални сорти и нивна промоција. Здружението Вина од Македонија постои од 2010 година и има за цел да ги обедини македонските винарии и да го промовира имиџот на македонското вино низ целиот свет. Здружението е организатор на манифестацијата „Светскиот ден на Вранецот“ која се одржува континуитет од 2019 и го промовира Вранецот не само државата, туку и секаде низ светот. Во 2023 основана е и асоцијацијата Балкански вина со поддршка од ФАО и ЕБРД која меѓу другото има за цел да ги промовира локалните вински сорти на Балканот како што е Вранецот.]]>

„Taste of Awards 2023“ – Mакедонски вински врв https://arhiva.vistina.com.mk/taste-of-awards-2023-makedonski-vinski-vrv/ Tue, 10 Oct 2023 12:26:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321939

На јубилејниот петти по ред настан "GrandVin - Taste of Awards 2023" беа претставени највисоко наградените македонски вина кои во 2022/23 година се закитија со  престижни награди на познатите меѓународни вински натпревари. На настанот учествуваа дванаесет винарници: Тиквеш, Камник, Бовин, Попов, Лазар, Захарчев, Попови, Парагон, Имако, Керем, Венец и Сопот, кои покрај највисоко меѓународно оценетите вина претставија и по некој вински новитет. Настанот се одржа во вечерните часови на 05 октомври 2023 во Roof Bar 55 на хотелот Double Tree by Hilton, со што организаторот, МАСОМ - Македонска асоцијација на сомелиери, заедно со учесниците и ценетите гости , преку овој настан воедно го прославија и светскиот ден на вранецот.
„Вкусот на наградите е специфичен вински настан, традиционално поддржан од Министерството за земјоделие, кој нуди квалитативен пресек на тековните достигнувања во македонското винарење, гледано низ објективот на искусните меѓународни вински судии. Воедно претставува повик и предизвик за постојано подобрување на квалитетот на македонското вино“ појаснуваат од МАСОМ.
„Количините на таквите вина се скоро секогаш мали и мошне лимитирани, што е клучна причина поради која не можевме да одговориме на големиот интерес на вљубенците на виното и да обезбедиме поголем простор за овој навистина посебен настан.“
Воедно сакаме да се заблагодариме на винариите и сите кои присуствуваа на настанот.
„Посебна благодарност упатуваме до јапонскиот Амбасадор г. Оцука Казуја, претседателот на здружението „Вина од Македонија“ г. Светозар Јаневски, кинеската делегација на претприемачи и увозници на вина, секретарот на здружението „Македонски семејни винарии“ г. Гоце Попов, членовите на „Европското винско витештво“ кои со своето присуство допринесоа во промовирање на овој настан“ додаваат од МАСОМ.

Фотогалерија

]]>

Следува уште една ноќ за паметење во Скопје: „Вино на штикли“ https://arhiva.vistina.com.mk/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/ Thu, 22 Jun 2023 08:59:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307247

Време е за уште едно, возбудливо петто издание на винско-музичко-модниот настан „Вино на штикли“ кој ќе се одржи на 29. Јуни (четврток) со почеток од 19:00 до 00:00 часот во винскиот бар и ресторан Форца во Скопје. Радосно го најавуваме и ги покануваме винските љубители да ни се придружат на еден од омилените вински летни настани на кој се слави виното и неговата магија. Уживањето ќе го доведеме до совршенство со пријатна и опуштена атмосфера од музичкиот репертоар на македонската поп ѕвезда Викторија Лоба заедно со својот придружен бенд, гастрономски „зачинето“ со вкусна храна и естетски нијансирани со шармантен и елегантен моден стил на гостите. „Вино на штикли“ и оваа година повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и нетрпеливо ќе ги очекуваат Вашите коментари, критики и пофалби. „Вино на штикли“ е елегантен вински настан на кој виното, надополнето со модата и музиката ќе покаже нов сјај и уникатност. Во цената од 1200 денари е вклучена бесплатна дегустација на над 150 различни вина од 25 македонски и странски винарии кои ќе бидат спарени со вкусните закуски на винскиот бар и ресторан Форца. Најважно од сè е да си набавите влезница на време, бидејќи влезниците за „Вино на штикли“ ќе бидат во ограничен број и истите може да се купат само по електронски пат (online) на следниов линк: vinonastikli.mk Придружете ни се на „Вино на штикли“ и споделете ја Вашата винска, гастрономска и модна страст! И не заборавајте. Со виното е исто како со страст: треба да се пробаат сите вина, од некое се доволни само неколку голтки, а некое треба да се испие до крај.]]>

SuperWine 9.0 – На брановите на големите вина! https://arhiva.vistina.com.mk/superwine-9-0-na-branovite-na-golemite-vina/ Mon, 27 Jun 2022 14:46:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256167

Деветтото издание на еден од највозбудливите вински настани во Југоисточна Европа - SuperWine ќе се одржи во сабота, 2 јули 2022 година од 20 часот на луксузното пристаниште за јахти Порто Монтенегро, во Тиват, Црна Гора. Според прелиминарната листа на винарии-изложувачи, пред нас е најдобриот SuperWine досега. Подготовките за претстојниот SuperWine ги одбележа голем интерес од реномирани вински куќи. Годинешната, според сите оценки, најатрактивна винска програма на настанот SuperWine, традиционално ќе биде „засилена“ со настап на диџеј, како и богата придружна гастрономска програма. Списокот на винарии-учесници изгледа волшебно. Еве само дел од великаните на регионалната и светската винска сцена кои доаѓаат во SuperWine со нивните супер вина - Monteverdi, Bertani, Jean Durup, DAOU Family Estates, Arthur Metz, Kovačević, Masciarelli, TEMET, Keković, Fontanafredda, MASI, Ražnatović, Đukić, 13. Jul Plantaže, Bikicki, Henkell x Freixenet, Jungić, PASQUA, Vinarija 100 žena, Monterosso и многу други. Најголемите вински изненадувања оставени се како „шлаг на торта“ за самиот крај, а комплетната листа на учесници може да ја погледнете на веб-страницата superwine.rs. Влезниците за SuperWine 9.0 ќе бидат достапни на лице место (Buddha-Bar Beach во Порто Монтенегро) на денот на настанот по цена од 40 евра, како и во претпродажба преку апликацијата Wine Drop Club, по цена од 35 евра.]]>

Не заборавајте ги штиклите: Четврток (23 јуни), гламурозна ноќ за „Вино на штикли“, убави вина и Викторија Лоба https://arhiva.vistina.com.mk/ne-zaboravajte-gi-shtiklite-chetvrtok-23-juni-glamurozna-nokj-za-vino-na-shtikli-ubavi-vina-i-viktorija-loba/ Tue, 21 Jun 2022 11:21:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255470

Се е подготвено за „Вино на штикли“, настан што гарант ќе го одбележи долгото топло лето. Да резимираме: на 23 јуни, во четврток, од 19 часот па се до полноќ, по четврти пат во „Форца“ ќе се случува настан што ќе ги обедини љубителите на виното, гурманите кои ќе уживаат во деликатесите на популарниот вински бар и ресторан и секако добрата музика. За музичкиот дел е задолжена македонската поп ѕвезда Викторија Лоба, која освен своите хитови, на гостите ќе им понуди богат избор на кавер верзии на домашните и светски популарни хитови и евергрини, потенцирајќи го стилот на изведувачите, ама со нејзината концепциска слика. Ќе уживате во навистина добра свирка. Не очекува ноќ со многу изненадувања, дегустација на над 150 различни вина од 18 македонски и странски винарии што ќе бидат спарени со вкусните гурмански предизвици на Форца, а љубителите на тартуфи ќе имаат можност да пробаат разни производи од брендот Tuf.mk. Внимавајте: на 23 јуни сите патишта водат кон „Форца“. Бидете таму. Бидете извонредни! Се гледаме. Facebook Event: https://www.facebook.com/events/1019233218696301]]>

Најдобрите вина со најдобрата храна на настанот „Вино на штикли“ во „Форца“ на 23 јуни https://arhiva.vistina.com.mk/najdobrite-vina-so-najdobrata-hrana-na-nastanot-vino-na-shtikli-vo-forca-na-23-juni/ Sat, 18 Jun 2022 11:42:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255045

Ексклузивното мени што ќе ви овозможи врвно ено-гастрономско уживање на 23-ти јуни, во ноќта наречена „Вино на штикли“, го подготви најдобриот готвачки тим на ресторан „Форца“, што значи уживање за најпребирливите хедонисти и декларирани гурмани. Гостите ќе уживаат во дегустација на над 150 различни вина од 20 македонски и странски винарии што ќе бидат спарени со вкусните деликатеси на ресторан Форца. Гастро корнерот ќе биде празник за очи составен од: брускети со лосос, брускети со гвакамоле намаз, крема од аспарагус, паштета од 4 вида сирења со мармалад од црвени пиперки, ракчиња, урми со панчета, домашни и интернационални сирења и сувомеснати производи, јагнешки Адана ќебап, Black Angus бургери, десерти на Chocoholic... Списокот е долг и гастрономски инспиративен. За љубителите на тартуфи, македонскиот бренд Tuf подготви презентација каде ќе можат да се пробаат - намаз со маслинки и тартуфи, тартуфата, слатко од портокал со тартуфи, маслиново масло со чист тартуф и уште многу изненадувања со оваа скапа печурка. Дојдете, вкусите. Во продолжение следува менито за настанот „Вино на штикли“. ]]>

Wine Garden 2022 – Винска оаза во најубавата градина во Белград https://arhiva.vistina.com.mk/wine-garden-2022-vinska-oaza-vo-najubavata-gradina-vo-belgrad/ Wed, 01 Jun 2022 16:25:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252780

Омилениот регионален вински настан Wine Garden, кој се одржува по четврти пат, и оваа година на 11-ти и 12-ти јуни ќе ги собере љубителите на виното и природата во ботаничката градина Јевремовац, а рекорден број винарии ќе ја претстават својата понуда пред посетителите. Бројот на винарии и посетители се зголемува од година во година, така што годинава ќе учествуваат рекордни 70 винарии. Покрај вината од најпознатите винарии во Србија, со свои вина ќе се претстават и гости од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора, а ќе бидат понудени и вина од Франција, Италија и Шпанија, додека посебно внимание ќе привлечат вината од Молдавија и Португалија. Тоа ќе биде вистински вински пикник каде посетителите ќе можат бесплатно да ги дегустираат сите понудени вина, а уживањето ќе биде зачинето со музичка програма која ќе биде распоредена на дури пет пунктови. Покрај стотиците различни етикети за вино, место во градината тој викенд ќе заземат и производители на сирења, сувомеснати производи и други вкусни гурмански закуски. Wine Garden е единствениот вински настан во регионот каде од година во година се бара карта повеќе! Иако Ботаничката градина се простира на над 5 хектари, поради амбиентот и комфорот, бројот на посетители ќе биде ограничен, затоа набавете си карта навреме. Влезниците се пуштени во продажба на сите продажни места во Србија и преку онлајн сервисот tickets.rs по цена од 1.200 српски динари по ден, со вклучена чаша за дегустација. Портите на Ботаничката градина за посетителите на Wine Garden ќе бидат отворени двата дена од 14 до 21 часот. https://www.youtube.com/watch?v=vGKxSDbImXY]]>

Успешно одржано првото летно винско дружење „Summer Wine 2021 Skopje“ https://arhiva.vistina.com.mk/uspeshno-odrzano-prvoto-letno-vinsko-druzenje-summer-wine-2021-skopje/ Wed, 07 Jul 2021 07:37:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209975

На 4-ти Јули 2021, со чашка полна допадливи ароми и освежителни овошни вкусови, гостите и учесниците на настанот „Летно вино“ го започнаа овогодишното винското лето. Во прекрасна атмосфера на терасата на ресторан Воденица-Мулино се претставија следните македонски винарии: Стоби, Тиквеш, Бовин, Камник, Лазар, Шато Сопот, Подрум Попови, Венец, Сковин, Попов, Пуклавец Македонија и Брзанов.  Посетителите исто така имаа можност да ги вкусат и вината на винаријата Звонко Богдан од Србија, словенечките вина од Пуклавец Фемили Вајнс, италијанските вина на увозникот Винум-МКД, како и француските вина од Шато де Гурдон на винаријата Тиквеш. Вината ја следееа и внимателно одбраната храна од спонзорите Тинекс деликатесен и Рудине во соработка со реномираниот ресторан Воденица-Мулино, додека за рехидрирање на посетителите се погрижи Горска со своите производи. Во склоп на настанот, организаторот Македонската асоцијација на Сомелиери – МАСОМ додели сертификати на 20 кандидати кои успешно го положија првото ниво од сомелиерските обуки. „Во светот на вината, нашиот вински регион го препознаваат по црвените вина, но тоа е само една страна од медалот. Повардарието, нашата винска артерија има и друга страна, мирните бели и розе вина, како и пенливите. Се надеваме дека со овој настан успеавме да ја откриеме и втората страна на медалот кој се повеќе почнува да блеска.“ - изјавија од МАСОМ. Дел од атмосферата на настанот: http://www.masom.net/gallery-summer-wine.html]]>

Летно винско дружење – Summer Wine 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/letno-vinsko-druzenje-summer-wine-2021/ Tue, 29 Jun 2021 13:29:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208912

Во склоп на планираните активности на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ, на 04 Јули 2021 (недела) ќе се оддржи летно винско дружење на кое ќе се претстават македонските винарии. Настанот ќе се оддржи на отворено на терасата на реномираниот ресторан Воденица – Мулино лоциран во центарот на Скопје. „Летно Вино“ или Summer Wine е еднодневна манифестација која за првпат кај нас се оддржува во летниот период со тенденција да прерасне во традиционална манифестација. Самиот настан има за цел да даде фокус на новите вина од новите берби кои се или штотуку ќе бидат лансирани на пазарот, со фокус на освежителните, овошно водени вина. Настанот е планиран да се оддржи во времетраење од 17:00 до 23:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат преку 150 вина придружувани со голем избор на закуски од ресторанот Воденица. Настанот ќе се оддржи на отворено во склоп со актуелните Ковид препораки поради што бројот на влезници ќе биде лимитиран. Посетителите ќе имаат можност да купат влезници на самиот настан како и онлајн на следниот линк: https://www.karti.com.mk/summer-wine.nspx]]>

Винско будење – Summer Wine 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/vinsko-budenje-summer-wine-2021/ Wed, 23 Jun 2021 15:45:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208152

Во склоп на планираните активности на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ, на 04 Јули 2021 (недела) ќе се оддржи винско матине на кое ќе се претстават македонските винарии. Настанот ќе се оддржи на отворено на терасата на реномираниот ресторан Воденица – Мулино лоциран во центарот на Скопје. „Летно Вино“ или Summer Wine е еднодневна манифестација која за првпат кај нас се оддржува во летниот период со тенденција да прерасне во традиционална манифестација. Самиот настан има за цел да даде фокус на новите вина од новите берби кои се или штотуку ќе бидат лансирани на пазарот, со фокус на освежителните, овошно водени вина. Настанот е планиран да се оддржи во времетраење од 12:00 до 21:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат преку 150 вина придружувани со голем избор на закуски од ресторанот Воденица. Настанот ќе се оддржи на отворено во склоп со актуелните Ковид препораки поради што бројот на влезници ќе биде лимитиран. Посетителите ќе имаат можност да купат влезници на самиот настан како и онлајн на следниот линк: https://www.karti.com.mk/summer-wine.nspx]]>