вина од македонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Dec 2023 12:45:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вина од македонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонија домаќин на првиот меѓународен вински натпревар „Vranec Selection by CMB“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-domakin-na-prviot-megunaroden-vinski-natprevar-vranec-selection-by-cmb/ Mon, 04 Dec 2023 15:11:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329641

За првпат во светот, ќе се одржи меѓународен вински натпревар посветен на локална сорта Вранец „Vranec Selection by CMB“. Оваа специјална манифестација, чии домаќин е Здружението „Вина од Македонија“, а во организција на еден од најстарите европски вински натревари Concours Mondial de Bruxelles. Овој настан ќе се одржи во периодот од 5-ти до 7-ми декември 2023 во велешкото виногорје во Северна Македонија и истиот е поддржан од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, како и од друштвото за Германска Меѓународна Соработка – ГИЗ. „Vranec Selection by CMB“ ќе ги оценува македонските, како и регионалните вина од сортата Вранец од земјите на Балканот. Целта на натпреварот е да се истакнат најдобрите вина произведени од оваа сорта со висок потенцијал и да го промовира Вранецот и балканскиот вински полуостров низ светот. Сортата Вранец, позната и како „црн пастув“ (анг. Black stallion), наречена така поради својата исклучително темна боја, тешко скротлив дух и моќ, ќе биде главната ѕвезда на оваа винска приказна. Оценувањето на вината ќе биде доверено на 20-тина вински судии, критичари, новинари од целиот свет, секој со богато искуство во светот на виното. Тие ќе имаат задача да ги проценат вината со цел да се изберат најдобрите Вранец вина за 2023 година. „Vranec Selection by CMB“ е повеќе од обичен вински натпревар – тоа е винско патување низ есенцијата на оваа винска сорта. Со одржување континуитет на вакви настани важни за македонската винска индустрија во иднина, ја промовираме нашата земја како конкурентна винска земја достојна на признание во винскиот свет. Овој натпревар отвора можност и за славење и на други балкански регионални сорти и нивна промоција. Здружението Вина од Македонија постои од 2010 година и има за цел да ги обедини македонските винарии и да го промовира имиџот на македонското вино низ целиот свет. Здружението е организатор на манифестацијата „Светскиот ден на Вранецот“ која се одржува континуитет од 2019 и го промовира Вранецот не само државата, туку и секаде низ светот. Во 2023 основана е и асоцијацијата Балкански вина со поддршка од ФАО и ЕБРД која меѓу другото има за цел да ги промовира локалните вински сорти на Балканот како што е Вранецот.]]>

Успешно одржано првото летно винско дружење „Summer Wine 2021 Skopje“ https://arhiva.vistina.com.mk/uspeshno-odrzano-prvoto-letno-vinsko-druzenje-summer-wine-2021-skopje/ Wed, 07 Jul 2021 07:37:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209975

На 4-ти Јули 2021, со чашка полна допадливи ароми и освежителни овошни вкусови, гостите и учесниците на настанот „Летно вино“ го започнаа овогодишното винското лето. Во прекрасна атмосфера на терасата на ресторан Воденица-Мулино се претставија следните македонски винарии: Стоби, Тиквеш, Бовин, Камник, Лазар, Шато Сопот, Подрум Попови, Венец, Сковин, Попов, Пуклавец Македонија и Брзанов.  Посетителите исто така имаа можност да ги вкусат и вината на винаријата Звонко Богдан од Србија, словенечките вина од Пуклавец Фемили Вајнс, италијанските вина на увозникот Винум-МКД, како и француските вина од Шато де Гурдон на винаријата Тиквеш. Вината ја следееа и внимателно одбраната храна од спонзорите Тинекс деликатесен и Рудине во соработка со реномираниот ресторан Воденица-Мулино, додека за рехидрирање на посетителите се погрижи Горска со своите производи. Во склоп на настанот, организаторот Македонската асоцијација на Сомелиери – МАСОМ додели сертификати на 20 кандидати кои успешно го положија првото ниво од сомелиерските обуки. „Во светот на вината, нашиот вински регион го препознаваат по црвените вина, но тоа е само една страна од медалот. Повардарието, нашата винска артерија има и друга страна, мирните бели и розе вина, како и пенливите. Се надеваме дека со овој настан успеавме да ја откриеме и втората страна на медалот кој се повеќе почнува да блеска.“ - изјавија од МАСОМ. Дел од атмосферата на настанот: http://www.masom.net/gallery-summer-wine.html]]>

Македонското вино е најдобриот бренд амбасадор на Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskoto-vino-e-najdobriot-brend-ambasador-na-makedonija/ Tue, 03 Mar 2020 11:42:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137233

Македонските винарии ја започнаа успешно 2020та година со овојување на рекордни 42 награди на „Мундус вини“ На овогодинешното пролетно оценување на престижниот натпревар за вино „Мундус вини“ кој по 26ти пат се одржа во Нојштад, Германија во перидот од 18ти до 23ти Февруари 2020 година, 268 експерти за вино од 54 земји оценуваа околу 7.500 вина кои потекнуваат од 45 земји.
Македонските вина забележаа значителен успех со вкупно освоени 42 награди од кои 29 златни медали и 13 сребрени.
Ова преставува своевиден рекорд за македонските вина во освоени награди на поединечен натпревар за вино каде скоро 70% од регистрираните вина од нашата земја се закитија со медал. Со најголем број на освоени награди се закитија земјите од стариот вински свет: Италија, Шпанија, Франција, Португалија и Германија. Во насока на промоција на винската индустрија од земјата, Здужението „Вина од Македонија“ во рамките на „Мундус Вини“ на 22ри Февруари организираше Мастерклас презентација за македонските вина со фокус на вина од сортата Вранец, пред повеќе од 140 вински судии од цел свет. Овој настан, кој беше и финансиски поддржан од МЗШВ преку Програмата за Рурален развој 2020, беше оценет како една од најдобрите презентации на нашето вино на интернационалните пазари. На натпреварот, 10 македонски винарии освоија награди меѓу кои: Винарија Далвина со 9 златни и два сребрени медали преставува најуспешната македонска винарија која покрај освоените 4 златни и 1 сребрен медал за своите линии Hermes, Dioniz  и Ar-Makedon, освои и 5 златни и 1 сребрен медал за вината од линијата Touch која е приватна  марка за хрватската компанија WINE BUSINESS d.o.o., Zagreb. Имено виното Touch Premium Merlot од берба 2017 беше прогласено и за Best of Show Macedonia. Винарија Стоби освои 6 златни и 1 сребрен медал пред сè за вината од линијата Private Reserve, а дополнително оваа винарија доби признание и за Best Producer Macedonia. Винарија Камник се закити со 5 златни и 1 сребрен медал за вината од линиите Ten Barrels, Signature, Winemaker's selection и Cuvee de Prestige, како и новото вино од линијата Heritage за соратата Каберне Совињнон 2016. Винарија Тиквеш со освоени 4 златни и 3 сребрени ја продолжи низата на најнаградувана македонска винарија во измнинатите години. Врвните вина од премиум брендот на Тиквеш Tikveš Châteaux & Domaines од Domain Barovo и Domain Lepovo се закитија со златни и сребрени медали, а сребрен медал освои и француското вино Terrasse à l'Ombre 2018 од Château de Gourdon која е под истиот бренд. Винарија Попов исто така се најде на листата на наградени винарии со освоени 2 златни и 2 сребрени медали. Со златни медали од оваа винарија се закитија Vrshnik Pinot Gris 2018 и Cuvée Prestige од берба 2017. По еден златен медал освоија вината од винариите Венец, Сопот и Лазар, а со сребрени медали се закитија и 3 вина на Винарија Бовин и 2 вина на Винарија Имако. Радува фактот што 15 вина од македонските вина се со освоени награди за 100% вино од соратата Вранец, а 10 вина се купажи од  Вранец со други сорти. Вранецот е соратата на вино преку која македонските винарии и Здружението Вина од Македонија го градат брендот и имиџот на македонското вино на интернационалните пазари. Нашата земја располага со најголеми површни на лозови насади кои достигнуваат скоро 11.000 хекари, што преставува близу 40% од вкупниот број на лозови насади во нашата земја.]]>

Првиот „Светски ден на Вранецот“ ќе се одржи во Скопје на 5 октомври https://arhiva.vistina.com.mk/prviot-svetski-den-na-vranecot-kje-se-odrzi-vo-skopje-na-5-oktomvri/ Thu, 05 Sep 2019 10:14:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105344

Првиот „Светски ден на Вранецот“ ќе се одржи во Скопје на 5 октомври 2019 година во Double Tree by Hilton Hotel, во организација на Здружението „Вина од Македонија“, во соработка со производителите на оваа сорта од Македонија и од регионот. Целта на овој настан е да се потенцира важноста на локалните сорти, да се поддржат напорите на локалните винарии за зачувување на винскиот идентитет на Македонија и да се зајакне свеста на потрошувачите ширум светот за вината кои доаѓаат од Македонија. Светскиот ден на Вранец, истотака, ќе ја зголеми препознатливоста на Македонија како винска земја на меѓународно ниво.
„Развивањето и промовирањето на категоријата “Македонско вино” преку најважната сорта Вранец, на интернационалните пазари ќе ја подобри и прошири позицијата на Македонија како земја која произведува вина со висок квалитет. Виното е еден од ретките домашни производи преку кој се извезува македонски бренд и преку кој со гордост се претставува земјата на странските пазари„ изјави Елена Младеновска Јеленковиќ, Извршен директор на Здружението Вина од Македонија.
Вредноста на настанот се потврдува со пристигнувањето на неколку експерти за вино Master of Wines и новинари за вино од светот како што се: Caroline Gilby, Peter McCombie, Darrel Jospeh, како и познати вински новинари и блогери од регионот.
„Светскиот ден на Вранецот“ треба да биде рамо до рамо со другите меѓународни денови кога се слават и другите сорти низ целиот свет. Трендот на одбележување на одредена сорта во последната деценија се покажа како многу корисен, особено поради неговото позиционирање на меѓународниот пазар и зголемената продажба на „прославено“ вино. Овој настан ќе го зголеми признавањето на Балканот како вински регион и ќе ја отвори вратата за другите сорти на вино. Од друга страна, ќе има забрзан развој на лозарството и производство на вино во насока на експоненцијален раст на квалитетот на грозјето и виното и развој на органското производство исто така„ изјави Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на Здружението Вина од Македонија.
„Вранецот е сорта што потекнува од Црна Гора и како балканска сорта се одгледува во целиот регион, но вториот дом на оваа сорта, со приближно 10 000 хектари, е Македонија. Одличните агроеколошки услови во Македонија овозможуваат потполна експресија на биолошкиот потенцијал на сортата Вранец. Вината од сортата Вранец се екстремно овошни вина во кои доминираат ароми од капина, темни зрели сливи и ноти на слатки зачини. Кога се блендира со други сорти, му дава на виното структура, моќ и полност, како и потенцијал за понатамошно зреење. Вината од оваа сорта се препознатливи, карактеристични по својата интензивна обоеност. Носејќи го специфичниот печат на тероарот, вината од сортата Вранец треба да бидат препознатлив знак за карактерот на македонските црвени вина на глобално ниво.„, изјави проф. д-р Климе Белески, директор на Земјоделскиот институт од Скопје.
Успехот на Вранацот во последните години на меѓународните натпревари за вино е евидентен, но за жал оваа сорта сè уште не е доволно позната во поширокиот свет на вино. Треба да работиме заедно за да ја промовираме оваа сорта, што е всушност предводинк на Македонија и регионот. Идејата е да се привлече вниманието кон Македонија и регионот и потенцијалот што го има. https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/pretstaveni-premium-vinata-na-vodechkite-vinarnici-od-makedonija/ Очекуваме дека следната година овој ден ќе се слави и во другите балкански земји и потоа заедно ќе организираме промоции во светските престолнини, така што експертска винска јавност и крајните потрошувачи ќе имаат можност да се запознаат со нашите вина. Паралелно, ќе ги утврдиме придобивките од целиот регион, како и заедничките настапи на одредени саеми и дегустации. Здружението Вина од Македонија е основано во 2010 година и во досегашниот период интензивно работи на промоција на македонско вино во интернационални рамки. Сега е и иницијатор и основач на Балканската винска мрежа која својата промоција во јавноста ќе ја реализира на 04. Октомври во Скопје.]]>