вимблдон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 18 Jul 2023 06:38:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вимблдон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Мора да почитуваш“: Облеката на Шакира на Вимблдон прогласена за несоодветна и непримерна (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/mora-da-pochituvash-oblekata-na-shakira-na-vimbldon-proglasena-za-nesoodvetna-i-neprimerna-foto/ Tue, 18 Jul 2023 06:38:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310545

Ѓоковиќ во неделата се бореше за својата 24. Грен слем титула и осма титула на Вимблдон, а ова е прво финале за Алкараз на најпрестижниот тениски турнир во светот. Неговиот полуфинален меч го следеше Шакира, која пак предизвика жестоки реакции со комбинацијата на облека. Имено, на официјалниот профил на турнирот на Инстаграм започна дискусија дали нејзиното модно издание одговара за Вимблдон.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Shakira (@shakira)

Шакира за полуфиналето избра облека од линијата MO5CH1NO Jeans на модната куќа Москино. Под откопчаната кошула со тексас дезен носеше соодветен краток топ, а се одлучи и за макси здолниште со истиот дезен. Својата комбинација ја комплетираше со платнени патики со предимензиониран ѓон и бела чанта од модната куќа Mugler. - Ја сакам, но таа треба да знае за кодексот на облекување, тоа е Вимблдон, мора да се почитува, стоеше  во еден коментатор на Инстаграм. - Сосема несоодветна комбинација за овој настан, несоодветна за кралската ложа, некој друг би бил исфрлен од теренот за оваа облека, се само дел од негативните коментари за изданието на Шакира. Фото: Принтскрин/Профимедиа/Инстаграм]]>

Кејт Мидлтон се појави во комплет кој може да го носат и постари дами, а одлично ја истакна нејзината половина (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kejt-midlton-se-pojavi-vo-komplet-koj-mozhe-da-go-nosat-i-postari-dami-a-odlichno-ja-istakna-nejzinata-polovina-foto/ Mon, 17 Jul 2023 06:14:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310392

Женското финале на Вимблдон се одржа , а многу познати личности се најдоа на трибините. Меѓу нив секако беше и принцезата Кејт Мидлтон, а секако и овојпат имаше беспрекорен аутфит. Кејт на 13-тиот ден од Вимблдон се појави во светло зелена модна комбинација која одлично ја истакна нејзината фигура, но и нежниот тен. Таа се одлучи за лелеаво миди здолниште и струкиран блејзер во иста нијанса. Оваа едноставна комбинација дополнително ја потполни со накит. Се одлучи за бисерни обетки во форма на цвеќе, златна нараквица и голем прстен. Целата комбинација ја надополни со беж потпетици и беж чанта, црни очила за сонце и лесна шминка. Фото: Принтскрин/Профимедиа]]>

Јелена Ѓоковиќ привлекува големо внимание каде и да се појави: Нејзините модни додатоци кои изгледаат едноставно чинат вистинско богатвство (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-gokovik-privlekuva-golemo-vnimanie-kade-i-da-se-pojavi-nejzinite-modni-dodatotsi-koi-izgledaat-ednostavno-chinat-vistinsko-bogatvstvo-foto/ Wed, 12 Jul 2023 12:33:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309998

Сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ привлекува големо внимание кај јавноста каде и да се појави, па сите погледи се вперени во неа на неговите натпревари. Јелена често ги остава сите без коментар со својот елегантен и неупадлив стајлинг, а за нејзините парчиња облека долго се зборува и пишува.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Деновиве светските медиуми пишуваат за комбинациите на облека на партнерката на Ноле на Вимблдон, а според согледувањата на многу луѓе, Јелена многу повеќе се посветила на својот изглед. Овој пат таа избра светли бои, што досега не беше случај, но носеше понежни и неутрални тонови.
 
Ѓоковиќ никогаш немала килограми шминка на лицето и се залага за природен изглед, често се појавува со светла, дискретна шминка. Иако нејзиниот стил еволуираше со текот на годините, има некои работи од кои никогаш не се откажува. Фармерките, лесните кошули и патиките се сфатени како секојдневен избор на Јелена, а има уште еден моден екстрем - поексклузивен. Сепак, јасно е дека троши по неколку илјади евра на гардероба и аксесоари. Едно од најскапите парчиња што ги поседува, а го привлече вниманието на јавноста е часовникот „Audemars Piguet Royal Oak Offshore“, чија цена изнесува неверојатни 47.000 евра. Но, она што најмногу привлекува внимание е накитот на нејзините уши, а изгледа дека Јелена троши најмногу пари на него. Една од најскапите што ги носеше беа обетките од престижниот бренд „Van Cleef & Arpels“. Цената на овој модел од колекцијата „Алхамбра“ е неколку илјади долари. Во текот на претходните денови на Вимблдон стилот на Јелена Ѓоковиќ стана една од главните теми, а сите со нетрпение чекаат да видат како таа ќе се појави на секој меч на Новак. На модните познавачи не им недостасуваше фактот дека иако на прв поглед изгледаат како сосема едноставни нејзините модни комбинации, тие всушност чинат вистинско богатство. Само чантата „Диор“ чини 6.500 евра, а ако ја собереме вредноста на сите нејзини тоалети за само неколку дена, веројатно од оваа бројка ќе ни се   заврти во главата. Фото: Принтскрин/NeilHall/ЕПА/Профимедиа]]>

Ретко објавува свои фотографии со неа на социјалните мрежи: Фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам уживаше на Вимблдон со својата мајка (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/retko-objavuva-svoi-fotografii-so-nea-na-sotsijalnite-mrezhi-fudbalskata-zvezda-dejvid-bekam-uzhivashe-na-vimbldon-so-svojata-majka-foto/ Thu, 06 Jul 2023 10:49:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309212

Дејвид Бекам не често споделува фотографии од својата мајка на социјалните мрежи, но вчера го сподели нивното селфи од шампионатот на Вимблдон каде го проследија тенискиот меч на нашиот најдобар тенисер Новак Ѓоковиќ. Неговата мајка Сандра е одговорна за неговото воспитување и тоа што многумина го сметаат за голем џентлмен. Таа отсекогаш била негов најголем фан и поддржувач од трибините во текот на неговата фудбалска кариера.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Сандра Џорџина Вест работеше како фризерка и се омажи за неговиот татко Алан во 1969 година во Обединетото Кралство. Тие беа во брак 32 години и од тој брак имаат три деца. За жал, тие се разведоа во 2002 година, а Дејвид и неговите две сестри го обвинуваат нивниот татко за разводот. Родителите го поддржуваа својот син во текот на неговата кариера, а откако тој наполни 14 години и се посвети на младинскиот тим, секој викенд возеа 320 километри за да ги гледаат неговите игри. фото: Принтскрин/Инстаграм/Профимедиа]]>

Кејт Мидлтон се појави на вториот ден од Вимблдон и уште еднаш ја оправда титулата кралица на стилот (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/kejt-midlton-se-pojavi-na-vtoriot-den-od-vimbldon-i-ushte-ednash-ja-opravda-titulata-kralitsa-na-stilot-foto/ Wed, 05 Jul 2023 06:40:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308933

Принцезата од Велс за прв пат се појави на овогодинешниот Вимблдон. Кејт (41) со својот моден избор ги воодушеви сите. На вториот ден од турнирот таа носеше сако со зелена ментол боја над бел плисиран фустан. Како и секоја година, Кејт на сакото носеше виолетова машна, што е повеќе од моден детаљ. Тоа е симбол на покровителството на Кејт на англискиот клуб за тенис и крикет. Инаку, сакото е со потпис на брендот Balmanin и неговата цена е околу 2.100 долари. Изданието Кејт го комплетираше со аксесоари во бела боја – кожни потпетици и чанта Mulberry. Впечатливата јакна имаше бели ревери и бели копчиња, повторувајќи го стилот по кој беше позната принцезата Дијана. Многумина коментираа дека ова сако наликува токму на стилот на принцезата Дајана. Принцезата го зазеде своето место на теренот 18 , а го следеше мечот меѓу врвната британска тенисерка Кејти Бултер која играше против Австралијката Дарија Савил. Натпреварот беше прекинат поради дожд. Кејт го доби ова покровителство од кралицата Елизабета Втора бидејќи е голем љубител на тенисот. Фото: Принтскрин/Профимедиа]]>

Вака ќе изгледаат за 50 години: Ѓоковиќ, Федерер и Надал на Вимблдон (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-kje-izgledaat-za-50-godini-gjokovikj-federer-i-nadal-na-vimbldon-foto/ Fri, 12 Jul 2019 13:18:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97453

Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал речиси последните две децении доминираат на тениските терени. Се започна од далечната 2003 година со освојувањето на Вимблдон од страна на Федерер, пошто следеше сурова доминација на големата тројка Федерер, Надал и Ѓоковиќ кои што од тогаш до денеска освоија 53 Грен слема (Федерер 20, Надал 18, Ѓоковиќ 15). После децениската доминација и лесното совладување на противниците за овој долг период, некој од тениските љубители направи фотомнтажа за тоа како ќе изгледа Вимблдон за 50 години.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Love Tennis (@lovetennis.com_) on

Foto: Guliver/Matthew Stockman/Getty Images]]>

Емотивна прегратка: Ѓоковиќ го освои Вимблдон, а синот Стефан вака му ја честиташе победата (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/emotivna-pregratka-gjokovikj-go-osvoi-vimbldon-a-sinot-stefan-vaka-mu-ja-chestitashe-pobedata-foto/ Mon, 16 Jul 2018 09:55:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38275

Новак Ѓоковиќ, по четврти пат го освои Вимблдон. Тој го порази Кевин Андерсон од Јужна Африка во финалето на отвореното првенство на Англија, а по натпреварот откри по што оваа победа се разликува од претходните.
„За прв пат во животот има некој кој вика "Тато, тато". Дојде, иако правилата се такви што деца помали од пет години, не можат да го гледаат натпреварот, но ако во иднина уште еднаш имам можност да играм финале,  знам дека тој ќе биде тука.Ова е многу емотивен триумф за мене“ - рече Ѓоковиќ видливо возбуден што на трибината го пречекаа неговата сопруга Јелена и синот Стефан.
По натпреварот, додека Ѓоковиќ давал интервју малиот Стефан му се приближил на татко си и фрлајќи му се во прегратки силно го гушнал, по што Новак за миг го прекинал интервуто. Заедно со малиот Стефан во прегратки Ѓоковиќ и пришол на сопругата Јелена и сите заедно завршиле цврсто гушнати!
Оваа емотивна сцена го обиколи светот и воодушеви многумина.]]>