викторија јаначковиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Feb 2024 11:02:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png викторија јаначковиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ќеркичката на Викторија Јаначковиќ го прослави првиот роденден: „Ти благодарам Боже за се’!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kerkichkata-na-viktorija-janachkovik-go-proslavi-prviot-rodenden-ti-blagodaram-bozhe-za-se-foto/ Fri, 02 Feb 2024 11:00:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337257

Викторија Јаначковиќ, една нашите најпознати манекенки и некогашна мисица, екс дама од политиката и дипломиран стоматолог се  врати во модниот свет како едно од заштитните лица на модната куќа ЕЛ, во првиот месец од минатата 2023 година на социјалните мрежи ја изненади јавноста со веста дека  станала мајка! Откако се дозна дека Викторија на свет донела девојче, љубопитните душегрижници веднаш почнаа да се интересираат кој е таткото на детето, дали е и сопруг на Јаначковиќ, кога стапила во брак...? Но, бившата мисица веднаш ги „урна“ сите нагаѓања и претпоставки,  обзнанувајќи дека нема намера да се мажи за таткото на своето дете, кој  патем,  за македонската јавност беше непознат, зашто е странец и не е државјанин на Македонија. Но тоа не значи дека таа и таткото на најзиното дете не се во контакт и постојана комуникација, и дека немаат добри релации  како и секои грижливи родители, без оглед што официјално не се врзани со никакво брачно парче хартија, односно не се венчани. Една година подоцна, малечката убавица која го доби името Никита го прослави својот прв роденден. Свечено славенички променета како малечка принцеза, слатката убавица во присуство на мама, баба, семејството и блиските пријател(к)и на Викторија почувствува како е да си за прв пат главна на денот што го чекаме цела година. Честитки, бакнежи, прегратки, најубави желби и дузина подароци за малечката убавица која уште сега неизмеро личи на мама... Или што би рекле, убавица од мали нозе... Уште од пелени!  А принцеза како принцеза, без круна не ја бидува, како ни роденден без роденденска торта. И обете слатки у убави, а мама и баба најрадосни и најнасмеани... Впрочем, среќата од лицата им се чита,  а како и не би, кога првиот роденден го слави нивната мала наследничка Никита! Како прва епизода од нивната најубава семејна сторија или...  „Ти благодарм Боже за се'“ - што би рекла мама Викторија! Фото: Фаејсбук/Viktorija Janackovic    ]]>

Им го плесна кратно и јасно: Викторија Јаначковиќ жестоко ги подбра сите со напумпани усни (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/im-go-plesna-kratno-i-jasno-viktorija-janachkovik-zhestoko-gi-podbra-site-so-napumpani-usni-video/ Mon, 27 Mar 2023 08:49:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295087

Во неодамнешното издание на емисјата на Снеже Велков „Нешто конретно“, меѓу гостите беше и поранешната мисица, манекенка и модел Викторија Јаначковиќ. Она што сакаше да го каже Викторија пред камери, беше трендот на напумпани усни, што таа не ги може, па им го плесна јасно и гласно на сите кои претерале во тоа. Најпрвин се осврна на тоа дека не е умерена личност, па дури и кога е пиењето во прашање.
-Не сум особа која сака умерени работи. Значи кога пијам вино не сакам пола чаша...ња,ња, ња , а оттука спротивно од ставот за умереноста, кажа дека претерување во поглед на зголемување на усните и тоа како и пречи. -Али во овој случај постои нешто... Еве мене ми смета... Во ред е тоа да биде малце, вкусно... Што е она пет минути усти пред нив одат?!- се изјасни Јаначковиќ, која го негува својот природен изглед.   Во денешно време естетските трендови преминаа кон конформизам кај понежниот пол од кој ретко која прави отстапки. Се повеќе девојки и жени не можат да одолеат на естетските и козметичките корекции на лицето и телото. Инаку, Викторија Јаначковиќ неодамна стана мајка и на свет ја донесе ќеркичката која го доби името Никита. фотo: Инстаграм принтскрин]]>

Викторија Јаначковиќ се соблече, па вербално ги „заплеска“ македонските силиконски убавици (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/viktorija-janachkovikj-se-sobleche-pa-verbalno-gi-zapleska-makedonskite-silikonski-ubavici-foto/ Sat, 25 Jun 2022 08:00:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104327

Јавноста ја познава како некогашна мисица, манекенка, топ модел... По в0кација лекар, поточно дипломиран стоматолог, кој влета во политиката каде беше шефица на кабинетот на заменик министерот за култура во владата на Никола Груевски.
Набрзина се омажи, уште побргу се разведе, излезе од политиката, одново ја смени професијата... Смени речиси се' освен две работи: убавината и слободата на говорот, зашто Викторија Јаначковиќ и понатаму им пркоси и на годините и на оние на кои се што има да им каже, им го кажува јавно, отворено, в лице.
Позната како дама „без влакна на јазикот“ најсексапилната забарка одвреме-навреме и се враќа на модата, позирањето, фотомоделството... Повеќе онака, од хоби и задоволство, за своја душа и свој ќеиф, отколку строго професионално, но сепак покажува дека убавината, атрактивноста, шармот, сексапилот се' уште ги носи во себе како во најдобрите денови од раната младост, па дури и повеќе од тоа. Зашто некои жени, меѓу кои е и таа, својата катарза ја достигнуваат токму во годините на зрелоста.
Овој пат Викторија реши уште еднаш да ја покаже својата „сикрет“, па се расоблече и разголе пред фотобјективот на  уметничкиот фотограф и режисер,  Драган Ристовски – Дац.
Во еротскиот сет од уметничката фотосесија, Јаначковиќ го покажа сиот свој телесен раскош... Само за разлика од многу други - потполно природен!
Патем, не одолеа, па не можеше да додржи покрај една од фотографиите од фотосеансата да го каже она што го мисли, секако, во вид на постиран текст:
„Редно е да ви проработат мечтите низ суптилна уметност. Без оноа на што се палите секојдневно. Фејк филтери и ботокси, силиконски га*ови, уста 5 минути пред неа и празен поглед. Оправете се!“ - им порача Викторија на македонските силиконски убавици или поточно, на оние што се палат на нив. Па кој сфатил -сфатил. Кој не... негов проблем!
Фото: Инстаграм принтскрин/viktorija_janakjkovikj]]>

Викторија Јаначковиќ заврши во болница: „Душегрижниците“ мислеа дека отишла да става силикони, а најзгодната забарка од болничката постела им испрати порака и „среден прст“ од десната рака! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/viktorija-janachkovikj-zavrshi-vo-bolnica-dushegriznicite-mislea-deka-otishla-da-stava-silikoni-a-najzgodnata-zabarka-od-bolnichkata-postela-im-isprati-poraka-i-sreden-prst-od-desnata-raka-foto/ Mon, 18 Apr 2022 07:32:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246692

Викторија Јаначковиќ заврши во болница. Од болничката соба се јави со фотографија и порака до сите оние што веднаш помислија дека некогашната мисица, сегашен топ модел на болнички третман е од естстки побуди. Поточно, дека заминала да вгради силиконски импланти во градите. Но, Викоторија и понатаму држи до себе и својот природен изглед, па по се изгледа дека  вистината причина е сепак малку поинаква... Јавноста ја запозна како некогашна мисица, манекенка, топ модел… По вокација лекар, поточно дипломиран стоматолог, кој влета во политиката каде беше шефица на кабинетот на заменик министерот за култура во владата на Никола Груевски. По доаѓањето на СДСМ на власт, Викторија барем привидно ја напушти политиката и и се врати на првата љубов - манекенството, фотомоделството, модата... Меѓудругото и како заштитно лице на моднатта куќа „Елена Лука“, чии модели ги носи, презентира и промовира. Во меѓувреме не го запоставила ниту она зашто студирала и има диплома - стоматологијата, па со својот брат Милош кој е исто така стоматолог - специјалист се дел од една од најсовремените стоматолошки ординации. Зошто и  како убавата забарка заврши во најпознатата скопска приватна клиника нема да откриваме, зашто не е ниту етички, ниту законски. Впрочем здравјето и здравствената состојба, како и историјата на болестите се со закон загарантирани за дискреција помеѓу пациентите и нивните лекари. Она што го откри Викторија е сосема доволно. Како и пораката што ја испрати до сите кои се понадеваа дека Викторија наскоро ќе ја доживуваат како Станија, на пример! За да нема забуни, убавицата се погрижи самата, па уште од болничката постела на „душегрижниците“ им порача: „Само да ве поздравам и посакам добро здравје и да ви кажам дека и оваа година нема да ставам цицки како и сите 40 години наназад“ - напишала во пораката, па им го покажала „средниот прст“ од раката! Се разбира не на сите, туку само на поединци, а на сите останати им се заблагодари за грижата во посебна порака: „Благодарам на сите кои ги стресов и загрижив. медицинските лица се најлоши пацијенти. Јас сум една од нив. ОК сум. сакав малку да се пошегувам на своја сметка, но ве загрижив. Ви благодарам до небото за позитивната енергија. Да сме живи“ - порачала Јаначковиќ, која по прашањето на естетските зафати, пластичната хирургија и „вештачката убавина“ оддамна има свој став и мислење, што го во неколку наврати практично го покажала со своето натурално разголување... И на телото и на душата! „Редно е да ви проработат мечтите низ суптилна уметност. Без оноа на што се палите секојдневно. Фејк филтери и ботокси, силиконски га*ови, уста 5 минути пред неа и празен поглед. Оправете се!“ Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/viktorija.janackovic    ]]>

По Викторија Јаначковиќ и Симона Поповска уште една згодна докторка на македонската естрада! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-viktorija-janachkovikj-i-simona-popovska-ushte-edna-zgodna-doktorka-na-makedonskata-estrada-foto/ Thu, 15 Feb 2018 08:21:58 +0000 http://vistina.mk/?p=12837

Македонската естрада не треба да се секира. Или не барем оние кои имаат и други професии, односно се на добар пат да дојдат до диплома, а таа да не биде музичка. Особено ако е во прашање онаа лекарската. А, на домашната естрада очигледно се’ повеќе докторки. По Викторија Јаначковиќ и Симона Поповска, на пример, уште една македонска поп пејачка е на најдобар пат да стане лекар.
Само што оваа има од двете по нешто... Исто како и убавата манекенка, топ модел и згодна забарка Јаначковиќ, и оваа ќе биде стоматолог, а како и шармантната и сексапилна Др. Симона Поповска, таа исто така пее.Ако се’ уште не ви е јасно за кого се работи, еве да ви откриеме: во прашање е струмичанката Александра Јанева.
Таа е апсолвент на Медицинскиот факултет  и уште некој испит и недостасува да стане стоматолог. Дипломиран доктор по дентална медицина. Што е огромна предност и за неа и за многумина од нас.
Имено, шармантната струмичанка така ќе има два занаета, па кога сака ќе пее, кога сака ќе пломбира... Зашто ако нема доволно публика, во оваа земја пациенти секогаш ќе има... колку да сака(ш)!]]>

Викторија Јаначковиќ ја напушти работата, се разведе и и’ се врати на старата љубов! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/viktorija-janachkovikj-ja-napushti-rabotata-se-razvede-i-i-se-vrati-na-starata-ljubov-foto/ Thu, 30 Nov 2017 10:18:45 +0000 http://vistina.mk/?p=5255

Таа во 1999 година беше придружничка на Мисот на Македонија, потоа  дипломираше на Медицинскиот факултет на отсекот за стоматологија. Но, таа преку ноќ стоматолошката ординацијата реши да ја замени со канцеларијата, па откако влета во политиката, стана шефица на кабинетот на тогашниот заменик министер за култура - Драган Недељковиќ.
Така Викторија Јаначковиќ доби нов статус, а македонската влада еден од најубавите шефови на кабинет!
Несудената збарка во август 2016 година не само што го смени приватниот, туку го смени и приватниот статус, па куста врска влезе во брак со Никола Тасески. Замина да живее во Англија и оттогаш како да ја снема!
Деновиве убавата Викторија одново актуелна. Видно ослабена, стегната, згодна и сексапилна како и тогаш кога за прв пат се појави, таа ги преплави интернет порталите и социјалните мрежи со едиторијал фотографии од новата колекција на модната куќа Елена Лука.
Како што велат информациите, згодната докторка по нешто повеќе од една година брак се разведе,  во меѓувреме  ја напушти и работата во Министерството за култура на Република Македонија и реши да и се врати на старата љубов - манекенството!
Елегантната и префинета естетика на новите елегантни свечени креации на Елена Лука која го дефинира дизајнот во широка палета на бои со  акцент на интензивните нијанси како црвена, зелена, сина, виолетова…  Во сите нив, несудената забарка изгледа навистина божествено!
Како...  „жена која е моќна, која успева пред сите предизвици и борби кои ги наметнува темпото на живот, како и нејзината независност. Жена која е своја, префинета и нежна, но жена која никогаш нема да го изгуби детето во себе“ -  како што ќе изјави самата Викторија Јаначковиќ!        ]]>