викни ме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Aug 2021 12:11:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png викни ме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ана Петановска е на повик до големата сцена со – „Викни ме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-petanovska-e-na-povik-do-golemata-scena-so-vikni-me-video/ Thu, 26 Aug 2021 12:11:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216941

Младата македонска пејачка Ана Петановска има нова песна, насловена „Викни ме“. Снимена е во студио и продукција кај стариот искусен лисец Кристијан Габроски. Музиката и стиховите ги потпишува младата Анастазија Габроска, а за видеоанамацијата која ја придружува песната на Јутјуб каналот се погрижил братот на Ана, Стефан Петановски. Иако има само 17 години, нејзиниот моќен глас и настапот на годинешниот Василичарски концерт во Националната опера и балет предизвика бура од овации и аплаузи. Таа со неверојатна леснотија и жар ги изведе песните од програмата меѓу кои и “Тажна љубов среќна песна“, а присутните сакаа да знаат кое е девојчето со бисерен глас… На новинарското прашање која е всушност Ана Петановска таа едноставно ни одговори: “Јас во суштина сум едно многу дружељубиво девојче што со огромна љубов ја сака музиката, луѓето, публиката и секако пеењето кое што просто е дел од мене. Во слободно време свирам пијано и гитара, но покрај музиката, многу сакам спортување, филмови, готвење, патувања и дружења со пријателите и најблиските. Учам во гимназија и сум трета година“ - тогаш изјави Ана за весникот „Вечер“. Ана досега настапувала на многубројни училишни градски и државни натпревари, и интернационални проекти, како настапот во Турција, Истамбул. Преку музичкото училиште Ентерпрајз била и дел од проектот „Music connects“ три пати со три возбудливи проектни концерти во Скопје и во Косовска Митровица... Пројавува интерес за различни жанрови на музика како што е рок, соул, поп, џез, R&B... Како што самата ќе изјави, приоритет и е образованието. Во меѓувреме континурано работи на вокалната техника и дишењето како главен елемент во пеењето. Има многу цели кои би била многу радосна  да ги постигне, но една од нив е да настапува пред огромна публика на голема сцена, каде што луѓето во еден глас ќе ги пеат нејзините песни и како што самата вели: „Заедно ќе уживаме со вклучени блицови…“! Можеби токму „Викни ме“  е првиот повик, првиот чекор кон големата сцена: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=mLVQcjZftS8[/embed]  ]]>