виенски бал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 15 May 2023 09:58:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png виенски бал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марјана Станојковска и Вера Мештеровиќ во фустани кои одземаат здив: Македонските водителки го собраа целото внимание на Виенски бал (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/marjana-stanojkovska-i-vera-meshterovik-vo-fustani-koi-odzemaat-zviv-makedonskite-voditelki-go-sobraa-tseloto-vnimanie-na-vienski-bal-foto/ Mon, 15 May 2023 07:29:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301876

Гламурот, елеганцијата и престижот, уште еднаш беа попратни синоними на традиционалниот Виенски Бал во Скопје кој изминатиот викенд, односно во саботата се одржа по 22-ри пат во хотелот Александар Палас. По музиката на Штраус и уметноста од легендарниот музички дух на Виена пулсираше Виенскиот бал, настан под покровителство на амбасадата на Република Австрија во Скопје, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус. Балот на едно место го собра дипломатскиот кор, општествениот и културниот живот, како и од деловниот свет, а гостите се дружеа, танцуваа и густираа од богатото мени со избрана храна. Редовно, како и секоја година, па така и оваа требаше да се испочитува традицијата на настанот, односно задолжителниот дрес- код, и тоа, за дамите – свечена долга тоалета, а за господата – темни костуми или смокинг. Водител домаќин на настанот беше Вера Мештеровиќ која смени две црни тоалети со дизајнерски потпис на домашна етикета. Екстравагандна, гламурозна и раскошна, Вера едноставно доминираше, баш онака како што доликува за водител на настан од ваков карактер. Модна кралица во црно која со својата маркантност и впечатлива појава беше една од најгламурозните. Ништо помалку впечатлива не беше ниту водителката Марјана Станојковска која беше гостинка, но ултра впечатлива со бајковидна и драматично црвена волуменозна тоалета во принцеза крој со истакнати раменици. Пуштената долга руса коса, впечатливата шминка, накитот и целосниот моден визуелен приказ и Марјана ја направија да биде рамо до рамо со највпечатливите. Секако, Виенскиот бал беше една модна парада на гламур и авангарда од кој доминираа дамите.
Инаку, според програмата, се претставија Оркестар Јохан Штраус, диригентката Бисера Чадловска, Танцова школа Прима Данца, Танцова школа Врачар од Србија, Свингерси, вокалните солисти Драган Бобиќ – Дексо, Калина Велковска, Вејчеслав Поповски, балетот од НОБ, првенци на балетот Саша Ефтимова и Балаж Локсеи, Мирослав Митрашиновиќ и Христина Наќевска. фото:Инстаграм принтскрин/Вера Мештеровиќ/Марјана Станојковска/wienerball.mk]]>

Принцеза на Виенскиот Бал во Скопје: Марјана блесна во розова балска тоалета (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/princeza-na-vienskiot-bal-vo-skopje-marjana-blesna-vo-rozova-balska-toaleta-foto/ Mon, 16 May 2022 06:27:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250427

Скопје кој е дел од мапата на светските метрополи и ја негува вековната австриска традиција, по 21-ви пат во хотелот „Александар Палас” го одржа традиционалниот Виенски Бал. По повод балот нашата згодна водителка Марјана Станојковска носеше долга розова балска тоалета со венче на главата и го запази задолжителниот дрес код за дамите.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Русокосата лото девојка  блесна на Виенскиот Бал,  привлече големо внимание и изгледаше како вистинска принцеза.
Шармантната убавица на социјалните мрежи  објави фотографии, споделувајќи како позира во холот на хотелот, како од розова бајка.
 
„Господарка на Лото топчињата“  и тргна со балските фустани, таа неодамна објави фотографии на Инстаграм со венчаница  и позираше покрај барокните градби  во центарот на Скопје.  Но, без разлика дали е  фустанот бел или розов на шармантната и згодна водителка преубаво и стои било која боја.
 
И овој пат балот се одржува благодарение на здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ ,а под покровителство на Амбасадата на Р. Австрија во Македонија.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/marjanamay
]]>

„Виенски бал“ на 14-ти мај во „Александар Палас” во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/vienski-bal-na-14-ti-maj-vo-aleksandar-palas-vo-skopje/ Sat, 07 May 2022 10:02:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249205

Традиционално, по 21-ви пат ќе се одржи на 14-ти мај во хотелот „Александар Палас”. Организаторот, Здружението за културна соработка Јохан Штраус, со поддршка на заедничкото покровителство на амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Владата на нашата земја, овозможува и македонската метропола да има свое, оригинално издание на Виенски бал. Со тоа Скопје, веќе две децениии, е дел од мапата на светски метрополи кои ја негуваат оваа вековна австриска традиција.
Виенскиот бал во Скопје и годинава ќе ја задржи својата традиционална, хуманитарна нишка. Во рамките на уметничката програма, оркестарот „Јохан Штраус” ќе музицира под диригенство на Бисера Чадловска. Грациозните танчери на Танцовиот клуб „Прима Данца” ќе имаат атрактивни танцови точки, а магијата на балетската уметност, на сцената на Балот, ќе ја донесат првенците на Балетот при МОБ, Саша Ефтимова и Балаш Локсеи. Гостите ќе имаат можност да уживаат во настапот на танчерски пар – гости од Бугарија, Свинг бенд, а солисти ќе бидат Драган Бобиќ-Дексо и Калина Велковска. Како и секоја година, дрес кодот на Виенскиот Бал во Скопје е задолжителен: долги тоалети за дамите и смокинг или темен костум за господата.

Организаторот „Виенскиот бал“ во Скопје го одложи за 15 мај https://arhiva.vistina.com.mk/organizatotorot-vienskiot-bal-vo-skopje-go-odlozi-za-15-maj/ Wed, 11 Mar 2020 15:52:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138946

По објавените заклучоци, мерки и препораки на македонската влада, со цел превенција од ширење на корона вирусот, Ве известуваме дека одржувањето на 21-то издание на Виенскиот Бал во Скопје се одложува. Организаторот на Балот – Здружението за културна соработка Јохан Штраус, информира дека одложениот настан ќе се одржи на 15 мај, во хотелот Александар Палас. Организаторот на Виенскиот Бал во Скопје и покровителот, амбасадата на Република Австрија, ќе ги следат и почитуваат препораките на здравствените власти во интерес на јавното здравје, се вели во соопштението на организаторот.]]>

Годинешниов „Винески бал“ на 16-ти март во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/godineshniov-vineski-bal-na-16-ti-mart-vo-skopje/ Wed, 13 Mar 2019 13:42:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77447

На 16 март 2019 год. во хотелот „Александар Палас“, ќе се одржи годинешниов Виенскиот Бал во Скопје. Ова е 20 издание на  балот. Виенскиот бал во Скопје на нашиве простори стана синоним за успешна културно–уметничка манифестација, и тоа пред се како резултат на долгогодишната, одлична соработка меѓу организаторот на Балот – Здружението за културна соработка Јохан Штраус и покровителот на оваа уметничка манифестација – Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија. И оваа година Виенскиот бал ќе има хуманитарен караткер.]]>

(ФОТО) Ирена Спировска во центарот на вниманието со својот фустан на Виенски бал! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-irena-spirovska-vo-centarot-na-vnimanieto-so-svojot-fustan-na-vienski-bal/ Tue, 20 Mar 2018 08:39:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=16664

Во организација на здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ и Амбасадата на Република Австрија во Македонија, деновиве на Скопје по 19-ти пат се одржа Виенскиот бал. Традиционално како и секоја година, акцентот беше ставен на гламурот, танцот, музиката и хуманоста. Магијата на Виенскиот бал ја почувствуваа доста јавни личности, како и оние од дипломатскиот кор. Како и секоја година, така и оваа, една од познатите дами во земјава која е редовен гостин на балот, е ТВ водителката Ирена Спировска.
Како дама која важи за секогаш стилизирана, шармантна и впечатлива, овој престижен настан е посебна прилика за таа да ја избере најженствената елеганција на себе во склад со балските стандарди. Годинава таа се појави во бела тоалета во сирена крој која ја истакна нејзината витка линија, а пак впечатливата текстура на моделот, дополнително ја стави во фокусот на вниманието.
Иако белата боја според модните балски начела е резервирана само за дебитантите, Ирена со својата појава во моден поглед достојно го испочитува настанот и заблеска со својата маркантност. Таа е пример дека не секогаш слепо мора да се следат правилата, може да се биде свој, оригинален и индивидуален.]]>

На 17 март „Виенски бал“ во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/na-17-mart-vienski-bal-vo-skopje/ Thu, 01 Mar 2018 12:18:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14488

Традиционална културно-уметничка манифестација „Виенски бал“ на 17 март по 19. пат ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје. Организатор е здружението за културна соработка „Јохан Штраус“, а покровител, Амбасадата на Република Австрија во Македонија. Во рамките на хуманитарната димензија на балот, дел од средствата да бидат наменети за граѓанска организација на лица со и без хендикеп, „Полио плус“.
Во програмскиот дел, професионалниот оркестар „Јохан Штраус“ ќе музицира под диригентство на Бисера Чадловска, а со своите атрактивни танцови ќе се претстават танчарите на танцовиот клуб „Прима данца“, како и првенците на Балетот при МОБ – Марија Кичевска и Бобан Ковачевски. Гостите уште ќе имаат можност да уживаат и во настапите на „Тумбао салса бенд“, Нина Јанева, Горан Папас и „2 Егзит“.
Кодекс на облекување и годинава е свечена долга тоалета за дамите и смокинг (темен костум или униформа) за мажите. Водителка на „Виенскиот бал“ и годинава е Јована Стојменовиќ.]]>