виенски бал 2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 May 2023 12:30:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png виенски бал 2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 22-ро издание на „Виенски бал“: Хуманост, танц, музика на 13-ти мај во хотел ,,Александар Палас“- Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/22-ro-izdanie-na-vienski-bal-humanost-tants-muzika-na-13-ti-maj-vo-hotel-aleksandar-palas-skopje/ Wed, 10 May 2023 09:29:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301381

На 13-ти мај, традиционално, по 22-ви пат, ќе се одржи Виенскиот Бал во Скопје, под покровителство на амбасадата на Република Австрија во нашата земја, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус. И оваа година Виенскиот Бал ќе се одржи во ексклузивниот амбиент на Хотелот Александар Палас. Гостите ќе се дружат со виенскиот валцер, со екстравагантноста на Штраус музиката, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена. Кој не умее да игра валцер, има шанса да заигра на звуците на светски евергрини и македонски хит рефрени. И годинава, Виенскиот Бал во Скопје има хуманитарна димензија. Секој гостин на Балот активно ќе учествува во афирмација на човековата добрина, достоинството и вредноста на човекот.   Елена Лука како долгогодишен пријател и поддржувач, ќе ја збогати програмата на годинешниот Виенски бал со ексклузивна модна изложба на десетина (или десет) луксузни, „Haute couture“ креации кои го носат духот на вистинскиот гламур и престиж на манифестацијата. Гостите кои ќе бидат присутни ќе имаат уникатна можност одблиску да се запознаат со уметноста што нашиот етаблиран моден бренд ја создава и ја интерпретира во своите авангардни дизајни, кои ќе бидат изложени како автентични модни дела и со сиот свој луксуз ќе ѝ дадат посебен сјај на оваа вечер.   Дополнително таа за гостите на балот како специјален подарок обезбедува ваучери со 30% попуст на нивните уникатни креации, во знак на почит и пријателство кон сите присутни кои ја разбираат вредноста на авангардниот моден израз на брендот.   Заедно со Елена Лука ве очекува на ексклузивно модно и музичко уживање, во духот на Виенскиот бал. Во уметничката програма на Виенскиот Бал во Скопје ќе настапат врвни уметници: оркестарот „Јохан Штраус“ ќе музицира под диригенство на Бисера Чадловска - ќе настапат првенците на Балетот од Националната опера и балет Саша Ефтимова и Балаж Локсен (Унгарија) Мирослав Митрашиновиќ, Христина Наќевска. - танчери на Танцовиот клуб Прима Данца Врачар плесна школа (Белград,Република Србија) - Свингерси - и вокалните солисти: Драган Бобиќ - Дексо, Калина Велковска. Водител на Балот е Вера Мештеровиќ. (За накитот, се задолжени Филеви, ,а вечерниот фустан е креација на Елена Лука) На Виенскиот Бал во Скопје се почитува вековната традиција на задолжителниот дрес код, и тоа, за дамите - свечена долга тоалета, а за господата - смокинг, темно одело или униформа. Виенскиот Бал во Скопје и оваа година, потврдувајќи ја македонско-австриската сорaботка на поле на културата и уметноста, уште еднаш ќе ја донесе магијата на музиката, танцот и гламурот, и тоа во служба на хуманоста. Оваа година донацијата оди за децата С.О.С детското село.]]>