видеоспот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Nov 2023 12:53:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png видеоспот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хаос во соседството – Бугарката ја ископира Србинката: Преслава не само што и ја препеа песната, туку и и’ го „преслика“ спотот на Прија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/haos-vo-sosedstvoto-bugarkata-ja-iskopira-srbinkata-preslava-ne-samo-shto-i-ja-prepea-pesnata-tuku-i-i-go-preslika-spotot-na-prija-video/ Wed, 29 Nov 2023 12:46:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329116

Една од најпознатите бугарски пејачки, Преслава, ја обработи песната „Марш“ на Александра Пријовиќ. Имено, Преслава го отпеа хитот на Прија од минатата година, но она што повеќе ги изненади нејзините фанови е што сними идентичен спот како српската пејачка, па оттамму многумина се запрашања дали тоа Бугарката и буквално ја „ископира“ Србинката? Иnaku,приказната во видеото кај обете пејачки е речиси идентична, со тоа што кај Прија приказната се случува нормално во балканска кафеана, додека кај Преслава тоа малку е модифицирано и модерниозирано, па се случува во казино. На српскиот спот на Прија како автор ( сценарио и режија)  потпишан е Немања Новаковиќ, додека во видеото кај Преслава режијата ја потпишува Кристијан Русев. Единственото нешто што се разликува од песната на Александра е текстот и насловот, па Преслава нејзината песна ја нарече „Ако ти врна“ (Ако ти вратам). Освен тоа, таа го отпеала овој хит заедно со машко дуо кое себеси се нарекуваат „Торино и Пашата“. Сепак, останува непознато дали Преслава и платила на Пријовиќ за правата за изведба на оваа песна, на која како автори на музиката, текстот и аранжманот се потпишуваат Дејан Костиќ и Драган Брајовиќ - Браја! Ќе има ли скандал, тужба и судска разрешница или се одело „регулар“ за песната на српските автори и пејачка, Бугарката да ја вметне во својот репертоар - допрва ќе дознаеме. Колку и кава е сличноста сами проценете откако и двете видеа ќе ги погледнете...  Најпрвин она на Прија... ...А потоа и онаа на Преслава. Фото и видео: YouTube/Aleksandra Prijovic - Mars/Torino & Pashata X Preslava - Ако ти върна]]>

Антониа Гиговска разголена како никогаш досега: Пејачката во секси долна облека ја сподели сета своја телесна убавина пред камера (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-razgolena-kako-nikogash-dosega-pejachkata-vo-seksi-dolna-obleka-ja-spodeli-seta-svoja-telesna-ubavina-pred-kamera-foto/ Sat, 18 Nov 2023 09:05:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326508

Антониа Гиговска по паузата заради мајчинството, процени дека периодот пред Нова Година е одлична прилика да се се врати на сцената... И тоа со нова песна и нов спот. Некои што ја слушнале веќе и прдвидоа дека се работи за „хитиште“, ама за да биде впечатокот целосен мора да биде и аудиовизуелен. Затоа Антониа тргна да снима видеоспот кој според по првите кадри, ќе биде повеќе од „hot“! Имено Антониа уште пред неколку дена дискретно  најави дека кадрите ќе бидат прилично скокотливи, кога кај стилистот Даниел Николовски со селфи во огледалото покажа дека откако враќањето на сцената почна „се посилно да ја чешка“, тазе породената мама за миг може да се претвори во „еротска пепелашка“! Но, тоа беше само една мала коцкичка во мозаикот, од кој со нова тура секси фотографии пејачката полека ја комплетира целосната слика. На нив Антониа разголена како никогаш досега, во секси долна облека ја споделила сета своја телесна убавина пред камера! Според едни налик на светските ѕвезди од типот на Мадона, Малји Сајрус или Лејди Гага, според други како српските старлети, Мими Оро, Станија, Сораја... во бели чорапи, корсет од тантела, жартиери и речиси провидни корпи во кои лежат бујните гради,  Антониа  нуди еротика на која тешко може да и се одолее. Особено кога видеото ќе биде готово, тешко дека некој ќе може издржи по неколку пати да не го погледне. Уметничкиот момент набиен со еротски потенцијал уште на фотографиите нуди атмосфера која ве тера детално да го разгледате сиот телесен раскош на пејачката спакуван во детали што Антониа  ја прават речиси неодолива. Влажните машки погледи  совршено се вклопуваат со влажните кадри во кадата, во која пејачката пеењето го надополнува со „неподносливата“ умешност на заведувањето... Свеќите и романтиката се оставени на индивидуална прошетка по вашата имагинацијата, за моментите кога од телото на пејачката ќе падне свилената наметка... Као и да е, евидентно е дека во ниту едно нејзино видео досега  Антониа Гиговска никогаш не била поразголена. Овој пат распеаната „еротска пепелашка“ имала евидентна намера со провокативните пози пред камера да ги освои своите обожаватели, а и да стекне нови следбеници. Кадрите ветуваат дека штом видеото се појави, нема да недостасуваат „влажни погледи“, зашто многумина ќе ја гледаат со „паднати вилици“ и очи ширум отворени. Уште ако навистина и песната и се погоди на разголената убавица... Отиде Антониа отаде граница!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Фото: Инстаграм/antoniagigovskaa]]>

Македонска турбо-фолк класика во џез варијанта: Игор Џамбазов сними спот за „култ(ивира)ната“ „Жаклина“, а познатата скопска професорка е во главна улога (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonska-turbo-folk-klasika-vo-dzez-varijanta-igor-dzambazov-snimi-spot-za-kultiviranata-zaklina-a-poznatata-skopska-profesorka-e-vo-glavna-uloga-video/ Tue, 27 Sep 2022 08:29:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251934

Игор Џамбазов на социјалните мрежи уште кон крајот на мај 2022 сподели видео од снимањето на обработката на еден стар македонски, некогаш новокомпониран фолк хит. Помладите и денес го пејат, а повозрасните се сеќаваат и кога се појави „Жаклина“, некаде во 1990/91 година, испеана од некогашниот рокер („Мадригали“, „Трн во око“), подоцна познат битолски фолкер Цане Николовски како главен вокал на тогашната фолк група „Елита“. Песната беше прогласена за фолк хит на годината, а нејзината популарност и денес не стивнува, па „Жаклина“ ја пејат и старо и младо, на свадби, семејни веселби, прослави… Или само онака, на вообичаен провод по различни локали и кафеани.
Во почетокот на месец ноември ланската, 2021-ва година, Игор Џамбазов  влезе во студиото „Алшар“ одново да ја снима споменатата „Жаклина“,  македонска турбо-фолк класика. Тогаш на рокерите, блузерите, џезерите… на сите што го знаат и познаваат Џамбаз  им се исправи косата, како тоа токму тој да се прешалта во ним „омразената“ музика? Од блузер – турбофолкер? Не ќе да е можно!? И не е! Ама е изводливо!  Така,  македонска турбофолк класика доби и своја џез варијанта. Досега само музичка, а отсега и визуелна! „Конечно!!! Го завршивме спотот за 'Жаклина'. Некогашниот огромен фолк-хит, доби и своја џез верзија во аранжман на Симеон Ангеловски. Спотот е во режија на , во продукција на Гоце Трајковски. Улогата на Жаклина ја толкува професорката Татјана Алексиќ. Камера - Тони Величковски, светло - Меанџи - Сашко Стојановски. Благодарност до Кинотека на Македонија (каде што е сниман спотот)“ - напиша тогаш Џамбазов на својот Инстаграм обзнанувајќи дека наскоро ќе следува и промоцијата на новата „Жаклина“. Освежена, подмладена, во ново руво, со нов лик...! „Жаклина ривајвал“…! Во меѓувреме, едно видео на веќе готовата џез верзија на „Жаклина“  на која во неговата џез ривајвл варијанта Џамбазов и додаде и цела една, нова строфа со свои стихови, веќе беше емитувано во рамките на новогодишната програма на МТВ. На сето ова, по пременото емитување на спотот се надоврза и споменатиот главен  лик во видеото, познатата македонска професорка, ТВ автор и водител, Татјана Алексиќ со свој коментар на Фејсбук: „Ах мори Жаклино чупе битолско, ја помниш ли игранката во Домот на културата... Премиерно спотот, џез преработка на песната 'Жаклина'! Благодарам на довербата, учителката е цепки, ама со Џамбазов сѐ изгледа светски“ - сподели професорката најавувајќи го видеото“. Проследете како звучи и изгледа официјалната верзија на култ(ивира)ната верзија на „Жаклина“ (КЛИКНИ ТУКА): Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov]]>

Се омажи Тања Савиќ? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-omazi-tanja-savikj-foto/ Tue, 24 May 2022 08:50:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251746

Пејачката Тања Савиќ преку социјалните мрежи со новата фотографија во невестински фустан ги шокираше нејзините следбеници и обожавтели. Имено, пејачката објави дека се наоѓа во Бања Лука а во описот на фотографијата напиша: „Венчавка“… Следеа честитки од нејзините следбеници, но пејачката сепак не откри кој е младоженецот, ниту дали навистина се омажила. Она што во јавноста познато е дека пејачката била во врска со градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ. Инаку, многумина коментираат дека таа  само снимала видеоспот за својата нова песна, па останува да се види што е вистината: Вистинска или само музичка видео венчавка?   Фото: Инстаграм принтскрин/tanja_savic_private]]>

„Банкрот блуз бенд“ ја визуелизираа нивната блуз врзија на старата фестивалска тема – „Починка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bankrot-bluz-bend-ja-vizueliziraa-nivnata-bluz-vrzija-na-starata-festivalska-tema-pochinka-video/ Thu, 31 Mar 2022 07:46:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244913

Песната „Починка“ во изведба на „Банкрот блуз бенд“ доби и своја видео приказна. Спотот, кој е премиерно пуштен во етерот, е снимен на  во кафе-барот „Олд Скул“ во центарот на Скопје, а го режирал Димитар Маневски. По цели 30 години, Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе, обединети во легендарната македонска група „Банкрот блуз бенд“, се собраа повторно за да му оддадат почит на големиот писател и лингвист и да дадат свој придонес во одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Конески со убава македонска песна. Инаку песната за прв пат е изведена на „Скопскиот фестивал“ во далечната 1976 година, од легендарната словенечка џез пејачка Зденка Ковачичек. На стиховите на големиот Конески, автор на музиката е познатиот македонски композитор Љупчо Константинов. Харе, Пепи и Гиш со своето реобединувањесе вистинско освежување на македонската музичка сцена. Додека се надеваме дека наскор од нив можеме да очекуваме уште грст нови песни, проследете како звучи и изгледа „починка“ во нивната нова блуз верзија. ]]>

На 17-ти март, во ресторан „Дион“ во Скопје: „Амадеус бенд“ со вечерен настап и дневна промоција за медиумите на новата песна и видеоспот – „Београд“ и документарецот за нивниот починат член Токан   https://arhiva.vistina.com.mk/na-17-ti-mart-vo-restoran-dion-vo-skopje-amadeus-bend-so-makedonska-promocija-za-mediumite-na-novata-pesna-i-videospot-beograd-i-dokumentarecot-za-nivniot-pochinat-chlen-tokan/ Wed, 16 Mar 2022 13:01:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242884

Најпопуларниот музички состав кој повеќе од 20 години ниже хитови и прави спектукаларни концерти и настапи во целиот регион, ги промовира новата песна и виеоспот „Београд“ во Скопје. Промоцијата за медиумите е закажана на 17-ти март, четврток, со почеток во 12.00 часот напладне во ресторан „Дион“. Покрај присуството на членовите на бендот и македонската премиера на видеото, ќе биде прикажан и кусиот документарец во сеќавање на нивниот трагично починат член, тапанарот Бојан Златановиќ – Токан, кој пред две години го изгуби животот од короната. По завршувањето на промоцијата ќе следат новинарски прашања, снимање изјави, интервјуа... со членовите на бендот од новинарите и заедничко дружење со нив на мала коктел закуска. Главниот настан ќе се случува вечерта, кога „Амадеус бенд“ во ресторан „Дион“  од 20.00 часот  ќе имаат вој настап, каде пред публиката ќе ги изведат своите најголеми хитови и секако ќе ја промовираат и новата песна „Београд“ во живо. Бројот на места за вечерниот настап е ограничен, а настанот ќе се одвива според важечките здравствени протоколи за Ковид 19. ]]>

Промовиран видеоспотот за нашата евровизиска песна: Андреа ги визуелизираше своите – „Circles“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/promoviran-videospotot-za-nashata-evroviziska-pesna-andrea-go-vizuelizrashe-circles-video/ Fri, 11 Mar 2022 08:37:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242748

Видеозаписот за македонската евровизиска песна „Circles“ во изведба на Андреа е објавен на официјалниот јутуб канал на Евровизија. Спотот е во продукција на Македонската Радио Телевизија, изработен под режисерската палка на Горан Цветковиќ, кој исто така ја потпишува и монтажата. Зад камерата бил Сашо Доковски, додека пак светлото го работел Сашко Стојановски. Следејќи ја Андреа како урбан лик, спотот е сниман на повеќе впечатливи и препознатливи локации во Скопје, за што Андреа и МРТ упатуват благодарност до Македонска пошта, Македонски железници и Студентскиот дом Гоце Делчев. Во видеото доминира Андреа и природната емоција на нејзиниот лик, држејќи се до својот автентичен стил, кој за потребите на снимањето на спотот го усовршила Цаци Паковска. За шминката била ангажирана Александра Азманова, додека пак за физурата Даниел Николовски. „Јас сум искрено презадоволна. Работевме посветено и со овој спот мислам дека покажавме дека не секогаш финансиите се пресудни, за да се испорача квалитетен продукт. Спотот е работен со многу ентузијазам во мошне краток временски период, што го направи искуството уште повозбудливо“ - изјави Андреа. Таа дополни дека тимската работа и взаемната позитивна енергија е она што го однело спотот на едно ново ниво. „Морам да го пофалам тимот на МРТ кој не ме остави сама во ниеден момент и несебично ми помогна да ја реализирам идејата. Тоа ми покажа дека тие целосно веруваат во мене и проектот“ - заокружи талентираната млада пејачка. ]]>

Ана Николиќ со автомобилот се забила во дрво? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-nikolikj-so-avtomobilot-se-zabila-vo-drvo-foto/ Wed, 09 Jun 2021 10:57:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206290

Пејачката Ана Николиќ ја шокираше јавноста на прв поглед со најновата објава на Интернет. Николиќ објави фотографија на која се гледа како излегува од автомобил што се забил во дрво!? За момент сите помислија дека Ана можеби доживеала сообраќајна несреќа, но, веќе на друга објава на Инстаграм таа го демантирала тоа. Пејачката позира на неа со црна излитена перика и изглед на алкохоличарка. Претпоставка е дека Ана нешто снима... Се надеваме дека во парашање е  нов видеоспот?! Фото: Инстаграм принтскрин/ananikolicofficial]]>

Владо Јаневски по лирик видеото го промовираше и спотот за – „Без тебе не ме бива“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlado-janevski-po-lirik-videoto-go-promovirashe-i-spotot-za-bez-tebe-ne-me-biva-video/ Thu, 06 May 2021 08:30:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201508

Владо Јаневски деновиве го промовираше и  спотот за неговата нова песна „Без тебе не ме бива“. Видеото се снимаше на покривот на ГТЦ, а Владо, иако одамна вели дека не сака да се појавува во своите спотови, во овој само тој и никој друг, ја има главната улога. Ова е прво видео на Владо, со кое го прекина десет месечниот музички пост, откако лани во јуни ја промовираше песната „Час те волим, час те мрзим“. Спотот за „Без тебе не ме бива“ е во реализација на Томато продукција“, а истиот беше промовиран деновиве. Ова е трета песна што ќе се најде на новиот албум на Јаневски, а кој ќе излезе како издание на „Кроација рекордс“. За нумерата „Без тебе не ме бива“ самиот Владо ги напиша текстот и музиката. Аранжманот и продукцијата на песната e дело на Никша Братош, во чие „НБ студио“ во Загреб како и во скопското „Ентерпрајс“  на Валентино Скендеровски се снимаше истата. Пред излегувањето на спотот,  песната со стиховите беше објавена во форма на лирик видео, а ова сега е официјалната верзија на видеото за „Без тебе не ме бива“. https://www.youtube.com/watch?v=Gj0tj2-EWVY]]>

Спејко пропеа соло: „Големиот брат“ тргнува да прави естрадна кариера (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/spejko-propea-solo-golemiot-brat-trgnuva-da-pravi-estradna-kariera-video/ Mon, 19 Oct 2020 07:45:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171892

Дарко - Спејко пропеа! Кумановскиот инфлуенсер и машки модел снимил песна и видеоспот и станува пејач, иако „пеењето“ барем она, туѓото и појавувањето пред камери, во медиуми или на естрадната сцена на туѓите настапи не му се оддамна страни. Напротив... Од Тајзи до Раста, Спејко беше во нивно друштво на естрадата... Ама и во нечие друго, она на повеќе или помалку познатите убавици од јавниот живот. Но, да се вратиме малку назад, на почеток. Од ријалити ѕвезда, преку моден блогер, инфлуенсер, модел... до естрадна ѕвезда? Ќе биде ли тоа патот на кумановскиот шампион од „Големиот брат“, Дарко- Спејко, кој откако се појави, на периоди помалку или повеќе, во континуитет не престанува да биде медиумиски експониран, заради интересот кој го привлекува. Откако го освои „Големиот брат“ и ги стави во шема сестрите Шегетин, откако расчисти со емотивните реалции со нив, а сепак остана во добри односи, Спејко долго време јавноста ја преокупираше со љубовната инфлуенсерска сага со струмичката модна блогерка и модел, Љупка Митрова. Македонските „Ромео и Јулија од Инстаграм“ секојдневно ги запоседнуваа и како социјалните мрежи, особено споменатата, така и насловниците на медиумите, најчесто порталите и естрадните ТВ магазини. Откако љубовната романса со Љупка заврши со (не)среќен крај, кога е љубовта во прашање, секој на своја страна, а Спејко назад на стариот бунар- кај сестрите Шегетин и релните шоуа... Но и на двете места, само за кратко, зашто бргу сфати  дека „подгреаната љубов“ и „задругарскиот примитивизам“, не му се потребни и не го прават среќен! Скокотливите фотографии и фотосесии со до лакт пикната рака на „анонимни“ дами во неговите гаќи само уште повеќе ја подгреваа љубопитноста што е тоа следно, во што ќе влета Дарко-Спејко? Нова љубовна авантура или можеби нова јавна, естрадна или медиумска приказна? https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/koja-e-devojkata-shto-mu-ja-pikna-rakata-dlaboko-vo-pantolani-na-darko-spejko-foto/ Во меѓувреме покрај инфлуенсерството и ријалити излетите, Спејко беше дел од музичкиот мозаик на неколку познати естрадни фаци. И наши, македонски како на пример Тајзи, и оние од соседството, кои се во моментов зад решетки заради „дилање“ или само поседување наркотици, ќе покаже судењето на Раста! Но, сеедно и кај едниот и кај другиот, Спејко беше дел од тимот кој за прави големата сестрадна слика појавувајќи се и во некои од видеата и на сцената заедно со Тајзи и Раста и неговите „Балкантон генг“ . И како што многумина од големите ѕвезда велат: Кога естрадната чивија еднаш ќе ти влезе... под кожа, секако, тешко дека некогаш ќе се откачиш од неа. Дали е така и во случајот на Спејко, па деновиве реши јавно да го обелодени почетокот на неговата пејачка соло кариера со снимањето на видео спот за неговото првенче насловено „Caliente“, чија премиера следува наскоро? Едно е сигурно, дека Спејко снимаше спот под вешто водената режисерска палка на искусниот режисер Дарио Јанковиќ и неговото „Генерал филм студио“, во кој неизоставно одново е опкружен со раскошни убавици... Овој пат македонски. Во видеото  „друштво“ му прават  згодните и атрактивни манекенки и модели Ана Брзанова и Јања Станојевиќ, додека улогата на главна „секси сењорита“ во видеото за „Caliente“ ја има македонската мисица и модел, Анѓела Јакимовска. Што кажуваат стиховите на песната и како се развива приказната во спотот, ќе видиме наскоро по премиерата... Како што ќе видиме како ќе се развива и естрадната, пејачка соло кариера на „Големиот брат“ од Куманово, познат под прекарот Спејко?! Ако му тргне така добро и победнички како во реалните шоуа, еве ја новата ѕвезда... Тукушто е родена! Останува да видиме колку долго „ќе блеска“, ако претходно воопшто блесне во „малата бара полна естрадни крокодили“ под големото естрадно, ѕвездено небо! Мучо среќа, амиго...!
 
View this post on Instagram
 
Making of ,,Caliente`` - @spejko By General FilmStudio

A post shared by General filmstudio (@general.film.studio) on

]]>