видеоразгледница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Sep 2023 09:34:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png видеоразгледница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Близнаците Мартин и Стефан од „Некст тајм“ слават роденден, а мајка им Сузана им го честиташе на најубав начин: Разгледница од спомени за своите синови (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bliznatsite-martin-i-stefan-od-nekst-tajm-slavat-rodenden-a-majka-im-suzana-im-go-chestitashe-na-najubav-nachin-razglednitsa-od-spomeni-za-svoite-sinovi-video/ Wed, 20 Sep 2023 07:57:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318782

Близнаците Мартин и Стефан од  братското музичко дуо „Некст тајм“ со своите стилизирани преработки на најпознатите македонски песни со патриотска содржина, ги освоија срцата на публика не само во Македонија, туку и ширум светот кај македонската дијаспора... Од Америика и Канада до Нов Зеланд  и Австралија. Нивниот албум „Мајка“ на кој се најдоа споменатите песни го доби токму тој наслов заради неговото симболично значење. Нивната родна земја - мајка Македонија и нивната мајка Сузана, жената која ги родила како двете најважни и единствени мајки во нивните животи. Зашто како што мајка може да ги сака своите чеда, не може никој друг... Македонија веќе покажа дека тоа е така, а за нивната мајка Сузана излишно е и да се трошат зборови. Впрочем, со последниот свој гест таа тоа само уште еднаш, по кој знае кој пат и ќе го потврди. Имено, нејзините близнаци  Мартин и Стефан денес, 20 септември 2023  слават роденден... 37-от по ред! Веќе зрели мажи, едниот од нив - Мартин однеодамна и оженет, но за нивната мајка, впрочем како и секое чедо за својата, вечно ќе останат нејзини деца! Затоа таа решила роденденот покрај останатото, да им го честита и јавно, на социјалните мрежи и тоа  на најубав начин. Со видео- разгледница од спомени за своите синови! Во неа Сузана ги вткала некои од најубавите и најемотивни моменти од детството па се до денес на нејзините близнаци.  Кадри од првите родендени, кога Мартин и Стефан биле уште многу малечки... Преку првите нивни детски фестивалски и ТВ настапи...  Па се до овие денови, кога нејзините близнаци как братско дуо „Некст тајм“ се едни од најголемите македонски музички ѕвезди. „Среќен роденден мили мои, Ви благодарам што ме правите среќна и што чекорите по правиот пат“ - напишала гордата мајка покрај постот во кој е споделена нејзината роденденска видео честитка. Славениците видеоподарокот од нивната мајка го преземале и исто така го постирале на својата официјална Инстаграм страница, покрај кој во описот додале: Денес е наш ден!!! Денес е нашиот Роденден!“
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Next Time (@nexttimeband)

Фото: Фејсбук/Suzana Filipovska/Инстаграм/nexttimeband]]>