видео. бон-тон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 25 Jun 2018 08:00:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png видео. бон-тон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Виктор Апостовски со „Бон-тон“ по битолски (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/viktor-apostovski-so-bon-ton-po-bitolski-video/ Mon, 25 Jun 2018 08:00:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=34179

Виктор Апостоловски ја претстави својата нова песна што ја посвети на родната Битола, низ рима објаснувајќи што е битолски „Бон-тон“. За разлика од повеќето рефрени посветени на градот на конзулите, овде акцентот е ставен на неговото маало – населбата Баир, како и на животот на младите што сè повеќе се отселуваат, но некои како тој самиот со задоволство и се враќаат во родниот крај.
Можеби немаме ни сон, ни аеродром ни авион, но секој има еден сон – да живее во својот дом! Немој да вреѓаш ни на сон, да не добиеш битолски бон-тон“, пее битолчанецот, кој неодамна и самиот си ги спакува куферите и се врати во родниот град, бидејќи „можда Битола не е поќе то шо беше, можда е валкана, можда е празна, можда шо сака нека е… дома ми е и си ја сакам!
Секако дека комплетен автор на песната е самиот Виктор, а во видеото што се реализираше со помош на битолската телевизија „Тера“, учествуваа и познати битолски фаци, меѓу кои Кумбата од „Солза и смеа“. Освен во „гетото што го порасна“, или како што велат битолчани – Бајро, дел од сцените се снимени во градскиот парк и во винаријата „Чифлик“, а каков е битолскиот „Бон-тон“ дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=ZPmsMcqo7zo]]>