вице – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 04 Aug 2023 08:04:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вице – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Светски признатата македонска пејачка Тања Царовска со шокантен Фејсбук статус откако се „отру од смрдеата“ од фабриката на браќата Заеви: „Го дишат ли Зоран и Вице истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа и Ресен“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/svetski-priznatata-makedonska-pejachka-tana-tsarovska-so-shokanten-fejsbuk-status-otkako-se-otru-od-smrdeata-od-fabrikata-na-brakata-zaevi-go-dishat-li-zoran-i-vitse-istiot-vozduh-shto-go-dishat-bebin/ Fri, 04 Aug 2023 07:54:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312617

Тања Царовска позната македонска пејачка која со години живее и работи надвор од Македонија, во Англија. Таму каде што е најтешко да се успее, особено ако не си „нивен“ туку дојден од таму некаде, долу од Балканот. Но за нејзиниот светски признат вокал и музички способности сведочат достигнувањата и делата. Царовска соработувала со голем број познати светски музичари и продуценти, како: Габриел Јаред, Џејмс Хорнер, Џон Дебни, Џоселин Пук, Дејвид Фостер, итн. Исто така, таа учествувала на албумот „Импресии“ на американскиот музичар Крис Боти што ја добил наградата „Греми“ во 2013 година. Таа ја пее песната „По друм одам мајче“ во филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски, а соработувала и со Дуке Бојаџиев на неговиот проект „Сон, верба, љубов“. Царовска пее со Џош Гробан во песната „Сети се на мене“ (Remember Me), која е дел од филмскиот мегахит „Троја“ со Бред Пит и Орландо Блум во главните улоги.  За оваа песна, Царовска била номинирана во категоријата: „Најдобра оригинална песна напишана за филм“ во 2004 година (World Soundtrack Awards), заедно со Џејмс Хорнер (музика), Синтија Вејл (стихови) и Џош Гробан (изведувач). Исто така, таа е главниот вокал во музиката за филмот „Христовото страдање“ на Мел Гибсон, со Моника Белучи, кој заработил дури 622 милиони долари и е комерцијално најуспешниот филм со тематика за христијанството и еден од филмовите со најголема заработка во историјата, воопшто. Летово  Тања Царовска која е по потекло од битолско-преспанскиот крај престојува дома, во Македонија. Сакајќи да побегне од летните жештини кои се уште поизразени на асфалтно-бетонската џунгла во македонската престолнина, пејачката заминала на село... Во родната Преспа, близу Отешево, планинско место на надморска височина од 900 метри каде воздухот (треба да) е толку чист, што своевремено била изградена болница за лечење пациенти од белодробни заболувања. Ама тоа било некогаш, денес, природната воздушна бања е претворена во гасна комора, во која смрди до неможење да дишеш. Шокирана и револтирана од она што таму се случува и го затекнала, Тања Царовска споделила статус на својот Фејсбук профил посочувајќи ја состојбата, ама и причините и виновниците заради кои природата е  доведена до состојба на отровно умирање. „Ќе си легнував. Ама не можам да спијам, зашто надвор не се дише, откако отворив ме запече грло и очи. Не драги луѓе, не сум во Скопје. Во Преспа сум. Во село на 8 километри од Ресен, на надморска височина од скоро 900м, а близу Отешево, местото каде што се лекуваат пациенти во специјализираната болница за белодробни заболувања заради чистиот воздух. Кога бев мала овде мирисаше на трева, сено и лепешки, со воздух кој беше толку чист што просто го чувствуваш на лицето како те лади и “бања”. Рај за сетилата! Но, од пред неколку години, славните браќа Заеви ја купија фабриката за глина “Слога” во Ресен. Од тогаш градот труе, а еве, и околните села. Кога нема силен ветер, а најчесто нема – смрди до неможење да дишеш! И тоа баш навечер, после почнувањето на третата работничка смена во Слога. Со ова би сакала да отворам неколку големи прашања – на што гориво работи фабриката? Или поточно – што се гори во неа? Ресенчани и Преспанци – зошто молчите? Не ви пречи ли да дишете отров? Или ако има некаков отпор а не знам – ве молам упатете ме, да се придружиме сите! Има ли новинари кои би сакале ова да го истражат??? И последно прашање – браќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа? Ај добра ноќ, одам да повраќам од воздухот. Нај, најсериозно! Преспа еееј, воздушната бања!!! (А ко се пакував во Скопје за навака – го гледам прочистувачот за воздух и си викам: Е, барем ова за таму не ми треба!“  - напишала и споделила пејачката. Затоа пак газдите Заеви или поточно, бившиот премиер и екс-СДС лидер Зоран, „мува не го лази“, зашто ужива некаде таму надвор со своето семејство, дишејќи свеж, морски, медитарнски воздух  на Јадранот. Од Истра во Хрватска до Италија, од каде неговата ќерка Александра споделуваше фотографии на социјалните мрежи. Преспа секако не им е интересна за летување, зашто таму квалитетот на воздухот знаат каков е оти тие „го контролираат“ со својот „отровен бизнис“ на сметка на здравјето на локалното население и еко катастрофата на природата. Фото: Фејсбук/Tanja Xena Tzarovska /  ]]>

Додека Македонија здравствено и економски колабира, фамилијата Заеви одново се луксузира (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-makedonija-zdravstveno-i-ekonomski-kolabira-familijata-zaevi-odnovo-se-luksuzira-foto/ Sat, 06 Jun 2020 19:39:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=152710

Корона пандемијата во Македонија наголемо хара, бројот на новозаразени секојдневно се шири и расте, додека економија тоне во бездна без дно. Тотално промашени здравствени политики, погрешни протоколи, смешни здравствени мерки, а од друга страна нови задолжувања до гуша, колабирано стопанство, десетици илјади отпуштања од работа, неефикасни економски мерки... Народот на работ со здравјето од прогресивното ширење на коронвирусот, на работ со живците и психата заради бескрајното, бесцелно и неефикасно затворање меѓу четири ѕида, но на работ и на егзистенцијата... Корупцијата, криминалот, судските „стриптиз“ сапуници или трагикомичните „Тик-Ток“ ситуации по канцелариите и институциите на власта не ги ни броиме! Очигледен пример како „гнилото“ општество одвнатре се распаѓа на парчиња смрдлив трулеж,  додека од друга страна власта тврди дека „блескаме“?!  Да, блескаат! Ама, само фамилиите од кластерот на струмичката каста од врвот... Заеви! И тоа најмногу во сопствениот џеб, на банкарските конта, а Бога ми и со возниот парк во сопствениот двор! Така,  неодамна внуката на Зоран Заев, ќерката на Вице-то, Ева, сподели фотографија на своите Инстаграм приказни, на која се пофали со нов автомобил, паркиран во дворот. Бела „Фолцваген – Буба“… Корона за цел свет, за Ева нов кабриолет! Не минаа ниту два и пол месеци, а децата на Заеви одново си приуштија ново задоволство! Овој пат Панче Заев, внукот на шефот на СДСМ, Зоран Заев и син на неговиот брат Вице. Додека сестра му се вози во нова Буба, помалото братче Панче, повеќе преферира џип. Гланц нов Мерцедес Г класа, чија почетна цена на основниот модел на пазарот на нови возила чини од  120.000 евра па нагоре - во зависност од силината на машинита и опремата што ја поседува. Башка, да ти купат нова „Мечка“, а да не се пофалиш... Исто како да не си добил нов автомобил... Пардон - џип! А со него следува и струмички благослов: „Со здрааве да си га возаш П.З.“ Додека народот се бори за сопственото здравје или за парче леб, а државата  забрзано „ја голта мрак“, децата на Заеви си го подновуваат возниот парк! Македонија здравствено и економски колабира, а фамилијата на Заеви одново се луксузира!  ]]>