вежбање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 Jul 2023 12:07:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вежбање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Истражување: Здравите навики можат да го продолжат животот за 24 години https://arhiva.vistina.com.mk/istrazhuvane-zdravite-naviki-mozhat-da-go-prodolzhat-zhivotot-za-24-godini/ Wed, 26 Jul 2023 12:07:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311636

Резултатите од истражувањето спроведено од Медицинскиот колеџ во Илиноис покажуваат дека усвојувањето на осум здрави навики во средните години можат да го продолжат животот за 24 години. Научниците го испитувале влијанието на непушењето, здравата исхрана, добриот сон, управување со стресот, физичка активност, позитивни социјални односи со други луѓе, избегнувањето на алкохол и независност од опиоиди (аналгетици против силни болки). Жените со сите осум од овие навики на 40-годишна возраст би можеле да живеат во просек 21 година подолго од жените без ниту една од овие навики, покажува студијата. Додека 40-годишните мажи со сите осум навики би можеле да очекуваат да живеат во просек 24 години подолго од оние кои ги прекршуваат сите. Навистина бевме изненадени од тоа колку може да се добие со усвојување на еден, два, три или сите осум фактори на животниот стил. Интересно е што дури и да не сте ги почитувале во помладите години, ако некои од овие навики ги усвоите по 40-тата година, тие прават разлика. Колку порано, толку подобро, но дури и ако направите мала промена во вашите 40-ти, 50-ти или 60-ти, тоа е сепак корисно, изјави водечкиот автор на студијата д-р Ксуан-Маи Нгуен. Резултатите покажале дека физичката активност, непушењето и независноста од опиоиди имаат најголемо влијание врз животниот век. Оние кои редовно вежбаат имале 46 отсто помал ризик од смрт, непушачите 29 проценти, а 38 отсто оние кои немаат проблеми со опиоидите. Минимизирањето на стресот, здравата исхрана, не пиење алкохол и добар сон се поврзани со 20 отсто помал ризик од умирање. Здравите животни навики можат да ги спречат основните причини за хронични болести, кои би можеле да им помогнат на луѓето да живеат подолго, до осумдесеттите, а не до шеесеттите. Тоа би можело да заштеди пари за лекови и третман, наведе д-р Нгуен. Истражувањето покажува дека 40-годишни мажи со ниту една од навиките за здрав начин на живот би можеле да очекуваат да починат на просечна возраст од 62 години, но оние со сите осум здрави навики би можеле да доживеат 86 години. Жените со ниту една од здравите навики би можеле да очекуваат да живеат до 66 години, но оние со сите осум би можеле да доживеат 88 години. Здрави навики се поврзани со 87 отсто намалување на ризикот од рана смрт. И двата пола би можеле да очекуваат околу 17 до 18 дополнителни години живот доколку ги имаат сите осум добри навики на 60 години. Во истражувањето учествувале речиси 720.000 воени ветерани во САД, кои пополнувале прашалници за нивниот начин на живот и чии здравствени досиеја биле анализирани. Потоа биле следени субјекти на возраст од 40 до 99 години. Во студијата се земени предвид и 33.375 смртни случаи помеѓу испитаниците. извор:курир.мк]]>

За Теа Тировиќ велат дека има вештачка задница, а всушност еве што јаде, а што не, за да биде таква каква што е (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-tea-tirovik-velat-deka-ima-veshtachka-zadnitsa-a-vsushnost-eve-shto-jade-a-shto-ne-za-da-bide-takva-kakva-shto-e-foto/ Wed, 12 Jul 2023 11:35:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309952

Една од најжешките пејачки открива како ја одржува витката линија. „Не се работи за никаква диета, туку за стрес и љубовни проблеми! Кога имам љубовни проблеми не можам да јадам, па тоа веднаш влијае на мојата фигура, а тука беше и стресот околу концертот во Белград. Сакав се да испадне како што треба, затоа се подготвував и психички и физички. Не стигнував да јадам и да имам нормални оброци. Сега полека се вратив во нормала“ – рекла Теа и додала дека секојдневно вежба во теретана. „Зборуваат се' и се'што, дури и дека имам вештачки задник, а не знаат дека и делник и празник, правам илјада чучнувања дневно! Кога нешто е вештачко, можете да го видите од авион. Ако некој има тенки нозе и голем, поткренат задник, знајте дека тоа не е природно. Кај мене се гледа дека имам силни бутови и тоа е се од вежбањето. Правам и стомачни, затоа имам стомачни мускули. Тренирам цел живот, а телото не го заборава тоа, па ако понекогаш се опуштам малку, многу брзо се враќам во форма. Во моето семејство сите се згодни, па претпоставувам дека е нормално и јас да изгледам добро, а висината ми „се истакнува“. Затоа можам да јадам многу без тоа да се забележи како кај некои други“ - вели Теа која навистина се труди да води здрав живот. „Пијам цеден сок, јадам готвена храна и многу овошје и зеленчук. Имам среќа што моето тело не копнее за нездрави грицки. Земам бадеми или протеинска лента и тоа е се“ – ја завршува приказната фолк ѕвездата. Ова е менито на Теа Таировиќ: Појадок: Интегрален сендвич Ручек: Пилешко и зеленчук на скара Вечера: Салата со туна Совет: Вежбајте секој ден и не барајте изговори. Ако немате време да одите во теретана, вежбајте дома. Фото: Инстаграм/tea_tairovic]]>

3 вида пијалаци кои е најдобро да ги избегнувате по вежбање https://arhiva.vistina.com.mk/3-vida-pijalatsi-koi-e-najdobro-da-gi-izbegnuvate-po-vezhbane/ Tue, 06 Jun 2023 11:35:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305138

Газираните пијалаци можат да ве дехидрираат ако ги пиете во големи количини. Истиот ефект може да настане ако сте веќе дехидрирани - нешто што се случува по напорен тренинг. Па, подобро почекајте неколку часа по тренинг пред да се напиете газиран пијалак. Кога сме жедни и треба да се хидрираме по интензивна активност како трчање, возење велосипед или вежбање во теретана, често пиеме погрешен пијалак. Важно е да знаете дека нема потреба да се откажувате од овие пијалаци, но избегнувајте да ги пиете веднаш по тренинг. За кои пијалаци станува збор? 1. Газирани пијалаци Газираните пијалаци можат да ве дехидрираат ако ги пиете во големи количини. Истиот ефект настанува и ако сте веќе дехидрирани - нешто што се случува по напорен тренинг. Па, подобро почекајте неколку часа по тренинг пред да се напиете газиран пијалак. Доколку веднаш сакате да пиете нешто газирано, подобро земете минерална вода со свеж лимон. 2. Алкохолни пијалаци Алкохолот може да биде диуретик, што ве става во поголем ризик од дехидратација, а недостатокот од течности може да предизвика непријатен мамурлак. Наместо тоа, по тренинг подобро напијте се природен овошен сок, а ако сепак сакате алкохол, дозволено е едно пиво. 3. Кафе и пијалаци со кофеин Вашето срце чука брзо, полни сте со адреналин и нема причина да додавате кофеин во оваа комбинација. Пијалаците со силна кофеинска основа не го хидрираат организмот, а по вежбање важно е да го надополните изгубеното количество вода. Наместо кафе, подобро е да се напиете какао по вежбање.   извор: crnobelo.mk]]>

Ана Кораќ го откри својот лек против несоница, но и како успеа да ослабе по породувањето (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-korik-go-otkri-svojot-lek-protiv-nesonitsa-no-i-kako-uspea-da-oslabe-po-poroduvaneto-foto/ Wed, 17 May 2023 08:31:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302374

Ана Кораќ изјави дека се чувствува многу подобро кога денот го започнува со вежбање во теретана или блискиот парк. А потоа се осврна на проблемите со спиењето кои речиси и ги нема бидејќи и таа ги решава по природен пат. Ана Кораќ ослабе 11 килограми за само два месеци напорно вежбање. Старлетата успеа да ја врати старата тежина иако се породи на 27 февруари, кога го роди синот Лео. - Штом се опоравив, почнав да тренирам. Вежбите се исклучително важни за слабеење и обликување на телото. Кога тргнав на породување имав 63 килограми, а сега имам 52 килограми. Благодарение на добрата волја и дисциплина, се ослободив од вишокот. Се чувствувам многу подобро психички и физички кога го започнувам денот со вежбање, без разлика дали тоа е во теретана или во блискиот парк. Вежбите ми влегоа во крвта. Толку сум среќна и горда на себе што толку брзо ја вратив линијата на мојата девојка. Морам да признаам дека сум вистински војник кога е во прашање физичкиот изглед. Се трудам да се одморам штом бебето спие. Тоа е тајната на добриот изглед – вели Кораќ на почетокот на разговорот. Таа додава дека успеала да ослабе иако не ја намалила исхраната. - Јадам сè! Важно ми е само да купувам домашни производи - од месо, јајца, преку овошје и зеленчук. Најдов продавници каде што купувам органска храна. Се грижам да јадам барем едно парче овошје дневно помеѓу оброците. Јадам и нездрава храна, но умерено. Сакам пијалоци, палачинки, грицки, чоколадо и повеќето слатки, но не ги јадам секој ден. Инаку сигурно би имала 100 килограми - искрена е старлетата. Ана вели дека редовно пие чаеви за детоксикација на телото. - Обожавам билни чаеви. Мајка ми ме всади да ги пијам. Дури и кога ме боли, таа ми препорачува точно која билка да ја земам за да се чувствувам подобро. Чаевите се одлични и за детоксикација на организмот, па затоа редовно пијам зелен чај со лимон, нане или камилица. А кога имам несоница никогаш не посегнувам по апчиња, туку мајка ми ми кажува кој чај да го пијам. Постојано ме снабдува со домашни билни чаеви кои ги користам, кои се навистина феноменални.]]>

Снеже Велков одговараше на Инстаграм прашања, меѓу кои и на лични: „Последен пат имав дечко 2006-та… од тогаш имам маж“! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/snezhe-velkov-odgovarashe-na-instagram-prashana-megu-koi-i-na-lichni-posleden-pat-imav-dechko-2006-ta-od-togash-imam-mazh-foto/ Sat, 13 May 2023 06:40:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292219

Денот на ТВ водителката Снеже Велков е исполнет со многу вежбање, здрава храна и едноставно водење на здрав живот полн со правила. Таа постојано ги челичи телото и духот, а нејзините профили на социјалните мрежи се редовно исполнети со  решенија од секаков тип. Па така, овој пат  русокосата дама одлучи да им посвети внимание на нејзините фанови и да им одговори на нивните љубопитни прашања. Разбирливо,  првото прашање беше со вежбањето, па кратко и едноставно ја прашаа дали вежба:
- „Вежбаш ли ?“, а Снеже уште еднаш потврди дека тоа го прави не некогаш туку постојано! - „Секогаш!“ - одговори таа. Бидејќи водителката  е експерт за одржување на линијата, веднаш  доби прашање како да се симне веќе добиената килажа.
- Како да се симнат 10 килограми, без вежбање ? - Со добар режим на исхрана и калориски дефицит -  лесно им одговори. Познато е дека Снеже Велков подготвува веганска храна или можеби некој здрав оброк и  често објавува фотографии од нејзиниот дом па, нејзините фанови беа заинтересирани каде живее Снеже, дали во стан или можеби во куќа?
- Прекрасна! Во стан или во куќа живееш многу убав амбиент. - Во стан живеам, благодарам. Снеже доби и едно психолошко прашање, на кое мудро одговори:
- Што кога се чувствуваме како на раскрсница, изгубено, дали сте се чувствувале некогаш така? - Кај мене запали моментот што почнав да се занимавам со нешто сосема трето да ми се искристализира кој пат да го фатам. Ако постојано мислиш на проблемите се зголемуваат, за тоа јас се дефокусирав за да се намалат. Секако благодарение на нејзиниот труд кој го вложува во нејзиното тело да изгледа перфектно и енергично посилната половина беше заинтересирана дали има момче ? - Дали имаш дечко, Снеже? - Последен пат имав дечко 2006 , од тогаш имам маж. Па откако Снеже  „разочара“ дел од фанови следуваше прашањето и за нејзиниот сопруг и за нејзините деца.
- Колку години е разликата помеѓу тебе и твојот маж и возраста на твоите деца? - Маж ми е постар од мене 6 години, а децата се 15 и 11 години - откри таа. И на крај сепак без разлика дали има сопруг и деца таа си доби покана за излегување.
- Дали планираш да идеме на кафе во блиска иднина? -  Еве излегувам. Кај да те најдам? Брзо, без размислување Снеже одлучи да прифати, а дали се пошегува или не,  знае само таа. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Снеже Велков]]>

Снеже Велков се фати за секирата, па бргу сфати кај кого е силата: Женските мускули, по женски памет (ФОТО)  https://arhiva.vistina.com.mk/snezhe-velkov-se-fati-za-sekirata-pa-brgu-sfati-kaj-kogo-e-silata-zhenskite-muskuli-po-zhenski-pamet-foto/ Wed, 11 Jan 2023 08:42:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283556

Македонската ТВ водителка Снеже Велков секојдневно вежба,  се храни здраво, постојано го јача телото... Pокажува јавно разни финти што ги практикува на социјалните мрежи, но овој пат таа решила и  практично да го проба нејзиното тело за да го покаже резултатот од вежбањето. Снеже реши „да покаже мускули“, па да го види исходот од вежбањето и од секојдневно вложениот напор дали е ефикасен и  дава ли резултати? Иако водителката потајно веруваше дека мажите се  физички поспремни, сепак се облече во сини тренерки и ја зеде секирата. „Ти си ќерко татин син“ - гласно кажа Снеже па тргна да цепи дрва, за да се стопли во студената зима, веројатно во старата куќа во роднота Каменица. Но, некако цепењето не и тргна баш најдобро, па, мудрата водителка веднаш најде решение и сфати во што е штосот.  Таа вешто откри каде лежи зајакот, па следниот пат ќе знае каде да ја побара, од каде да ја црпи силата. „Во сукњата е силата, значи следен пат сукња да облечам“ - го напиша таа умниот одговор... Или само изговор ќе да беше? Таа неодамна сними и видео каде повторно го тестираше своето тело во „грч студена“ вода да провери колку е издржливо и какви сѐ резултати дава вежбањето. Храбрата водителка  за време на Бадник се фрли во мраз ладната вода и за прв пат успеа да се искапе среде зима. Оти... така и текна!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Блесаво Будалесто Боже,Боже.. Бегај ма! Болест жива! Бог да чува! Браво! Блазеси ти! Блескај си! Брррр.. Прв пат во животот се бањав во зима😀 Оти? Така ми текна“ - напиша во објавата. Или  ова зимско капење не беше туку така случајно, зашто Снеже можеби се подготвува да се фрла  по крстот на претстојниот христијански празник „Водици“? Фото:Принтскрин/Инстаграм/Снеже Велков]]>

Совети за вежбање во зима: Не губете мотивација поради студеното време и секогаш внимавајте на исхраната https://arhiva.vistina.com.mk/soveti-za-vezbanje-vo-zima-ne-gubete-motivacija-poradi-studenoto-vreme-i-sekogash-vnimavajte-na-ishranata/ Fri, 11 Nov 2022 10:46:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275439

Доаѓа зима, а одењето на трчање или тренинг кога надвор е студено можеби не изгледа најидеално. Дури и ако сакате да продолжите со спортски активности, можеби немате мотивација за тоа. Но, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го пребродите вежбањето во зимските месеци. Вежбајте во затворен простор Ако живеете во регион каде што е многу студено, вежбањето во затворен простор може да биде подобра опција. Колку е потопла околината, толку е попогодна за вежбање и ќе бидете помотивирани за каква било физичка активност. Носете соодветна активна облека Кога климата е влажна, сакате да се одлучите за памучна облека бидејќи ја апсорбира влагата (пот). Но, во зима треба да избегнувате бидејќи ако облеката ви е натопена со пот, тоа само ќе ве лади. Затоа изберете спортска облека направена од мешавина од памук или синтетички влакна бидејќи апсорбира 50 проценти помалку влага во споредба со памукот. Не пропуштајте го загревањето и истегнувањето Зима или не, загревањето пред тренинг е многу важно. Но, во ладно време станува задолжително. Кога вежбате на пониски температури, имате зголемен ризик од исчашувања и повреди. Загревањето ќе ја зголеми циркулацијата на крвта и основната температура на вашите мускули, што може да спречи повреда за време на зимскиот тренинг. Всушност, можете дури и да правите неколку вежби за загревање дома пред да одите во теретана. На овој начин, помала е веројатноста да ви биде ладно во моментот кога ќе излезете надвор. Слично на тоа, не заборавајте да вежбате насочено истегнување на мускулите после тренингот. Нашите мускули се стегаат при постудено време и се повеќе склони кон дехидрација и грчеви. Целното истегнување може да спречи грчеви кои би можеле да влијаат на вашиот тренинг следниот ден. Останете хидрирани во текот на зимата Зимскиот воздух не е само ладен, туку и сув. За да не ви се исуши кожата, пијте многу вода за време на вежбањето. Неопходно е ова да стане навика бидејќи можеби нема да чувствувате голема жед поради студеното време, но вашето тело сепак да биде дехидрирано. Загрејте се со вежби Ако чувствувате ладно помеѓу сериите, направете 10-20 повторувања на сквотот помеѓу двете вежби. Нозете, како најголема мускулна група, ќе произведуваат најмногу топлина. Ако не сте навикнати на чучњеви, можете да трчате во место 60 секунди. Ова ќе ја задржи вашата крв да циркулира и ќе ве спречи да се чувствувате студено или тромо. Не се откажувајте Во текот на зимата, понекогаш може да биде тешко да се собере мотивација да се облечете и да излезете од дома за да вежбате. Доколку се најдете во таква ситуација вежбајте дома. Можете само да го изберете вашето омилено видео за вежбање онлајн и да го следите. Како што велат, најдобар тренинг е тој што се случил. Затоа имајте го ова на ум наместо целосно да прескокнувате тренинг. Важноста на исхраната во зима Избегнувајте преработена или калорична храна, а сите знаеме дека студеното време може да ве натера да посегнете по нив. Не само што ќе избегнете дополнително зголемување на телесната тежина, туку и ќе бидете мотивирани да вежбате редовно ако се храните правилно. Вистинскиот начин на размислување за да не се препуштите на временските услови е се што ви треба за да продолжите со зимските тренинзи. Се разбира, ако имате одредени медицински состојби како што се астма или проблеми со срцето, најдобро е прво да се консултирате со вашиот лекар за да ги разгледате сите посебни мерки на претпазливост што можеби ќе ви бидат потребни врз основа на вашата состојба или лекови. Извор: Курир.мк]]>

На нервна база поради Цеца, Анастасија Ражнатовиќ се здебелила плус 20 килограми, сега има топ тело, а ова е нејзиниот трик за слабеење (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-nervna-baza-poradi-ceca-anastasija-raznatovikj-se-zdebelila-plus-20-kilogrami-sega-ima-top-telo-a-ova-e-nejziniot-trik-za-slabeenje-foto/ Thu, 18 Aug 2022 07:47:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263156

Анастасија Ражнатовиќ успеала да ослабе дури 20 килограми, а како што вели проблемот со килограмите секогаш се јавува кога и е лош личниот живот. Младата пејачка се здебелила на нервна основа во пубертетот, бидејќи и било тешко кога мајка ѝ Цеца ги испратила заедно со нејзиниот брат Вељко на Кипар. Фолк ѕвездата решила да ги тргне децата од Србија бидејќи во тоа време пејачката и нејзината сестра Лидија Оцокољиќ издржувале казна домашен притвор. - Празнината што ја чувствував бидејќи не бев со мајка ми ја надополнив со огромни количини храна, па качив дури 20 килограми. Не зборував со никого за работите што ме мачат, само јадев. И нездрава храна – грицки, хамбургери, газирани пијалаци... Така живеев шест месеци – ја започнува приказната Анастасија. По три месеци, на Лидија заврши притворот, па веднаш отиде да ја посети својата роднина на Кипар. - Уште тогаш се здебелив многу. Тетка ми беше во шок, не можеше да поверува дека сум јас. Кога се вратила во Белград и рекла на мајка си: „Сестро, Анастасија многу се здебели“. Мама ѝ одговорила: „О не, ја гледам преку видео повик. Можеби малку, но брзо ќе ослабее“. После половина година дојдов во Белград со кратки шорцеви и панталони но се на мене „пукаше“. Мајка ми се шокираше: „Црно дете, што направи?!“ Јас, бидејќи „пукав“ од самодоверба и со 20 кила повеќе, ѝ реков: „Добро мамо, што сега... малку се здебелив“. Но, сепак, Анастасија набрзо решила да слабее. - Процесот на слабеење траел долго, две-три години. Оттогаш се плашам да се вратам на старите начини. Затоа, штом се здебелам, веднаш почнувам да внимавам што јадам - ​​вели Ражнатовиќ. - Ја елиминирав нездравата храна и се трудев да не прескокнувам оброци. Најмногу јадам готвени оброци, а генерално избегнувам ресторани за брза храна. Младата пејачка признава дека понекогаш попушта и се почестува со нешто што ја дебелее. - Ако јадам нешто слатко, веднаш одам на тренинг за што побрзо да согорам калории. Клучот за добар изглед е дефинитивно редовното вежбање – заклучува Анастасија. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ]]>

Доколку вежбате оваа вежба никако не смеете да ја прескокнете, а еве и зошто! https://arhiva.vistina.com.mk/dokolku-vezbate-ovaa-vezba-nikako-ne-smeete-da-ja-preskoknete-a-eve-i-zoshto/ Thu, 30 Jun 2022 13:00:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256595

Вежбата „Супермен“ нуди многу придобивки за задниот дел на телото и игра клучна улога во спречувањето од повреди и болки. Според стручњаците и познавачите, изведувањето на вежбата вклучува легнување на подот со испружени раце над главата, потоа наизменично кревање на нозете и рацете – поза што изгледа како да летате како познатиот суперхерој… За правилно извршување на вежбата „Супермен“, се вклучуваат грбот, задникот и јадрото на телото. Соодветно на тоа, се зајакнуваат делови на задниот дел од самото тело. Редовното вакво вежбање може да спречи повреди и болки во долниот дел на грбот. Вежбата, исто така, може да помогне и во стоењето исправено, ја подобрува подвижноста на дијафрагмата, а со тоа – и дишењето. Без разлика дали е почетник кој сака да ја усоврши својата форма или комплетен професионалец кој сака да оди на следното ниво, човек може и соодветно да си ја прилагоди и подобри вежбата. (МИА)]]>

Снеже Велков смени дисциплина: „Џабе вежбањето… од утре ќе почнам да плетам“!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-smeni-disciplina-dzabe-vezbanjeto-od-utre-kje-pochnam-da-pletam-foto/ Tue, 11 Jan 2022 10:07:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234316

Македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков имаше возбудлива вечер. Не, не баш бурна, онака како што некои веднаш си помислија, ама сепак доволно возбудлива и непредвидлива, што за малку ќе ја попишманеше да престане да го прави она што најмногу го сака - вежбањето! А еве и зошто. Имено, таа најпрвин му се ираздува на првиот годинешен  снег во престолнината, па реши да малку да прошета по маалските сокаци... „Снег е повторно Снежана“ - како во песната  или „Снеже на снеже“ - како што напишала во постот што самата го споделила синооката водителка од вечерната, јануарска, снежна прошетка. И кога „детската радост“ ќе ти мине, а од прошетката ќе потрошиш калории и ќе огладнеш, ете си назад дома, на топло чајче и некое залче... за „лајт“ вечера. А има ли подобро залче од лепче и ајварче кое ептен лизга со топлото чајче. И се' би било како подмачкано, само да можеше ајварчето веднаш да биде намачкано, арно ама на Снеже и илезе проблем. Русокосата убавица сама дома, нема машка рака да потфати, зашто теглата со ајварчето никако да се отвори. Бре труди се да ја отвори, да го одврти капачето, ама тоа пустото како залиено, како да е заварено за тегличето, па никако да се отвори. Врти сучи, никако да попушти... „Дајте бе навежбан човек да ми отвори теглата во само еден потег“ - се пожали Снеже, ама навежбан кај неа дома нема, освена - неа! Кога сфати дека не е до вежбањето, на остроумната убавица и текна да се послужи со лажица. Лажичето како помагало под капачето, колку притисокот да попушти, а воздухот да излезе и оп... тегличето се отвори! Жива среќна и насмеана што нема да остане гладна, ама и видно разочарана во својата досегашна пилатес пасија, домаќинката Снежа(на) реши од утре да смени дисциплина! Ем остроумна, ем баеги умна, Снеже брзо сконта: „Џабе е вежбањето, од утре ќе почнам да плетам“! Пред да се прешалта на новото хоби, со плетено капче  на главата, белким за урнек, следното утро Снеже и се врати на старата љубов вежбањето, ама со извлечена поука: „Откако ми пишавте дека за отварање тегла не требаат мускули туку техника, се прфрлив на вежбање задник... Ќе се најде!“ - сподели Снеже. Е сега, за што тоа ќе и се најде, што ли ќе отвора со него - прашаа едни, каква ли тоа техника ќе применува и дали и тоа јавно ќе го споделува - се интересираа други, а Снеже за да им ја скрати љубопитноста го сподели одговорот. За што меѓудругото може да и се најде, ако добро го извежба задникот. И неа, и на многу други: „Улиците се замрзнати... Паѓањето на г'з , секогаш е опција“! - додала пилатес инструкторката во пораката! Или народски кажано: „За добро газе, никогаш нема лоши последици... Дури и на 'лизгав' терен!“ Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze      ]]>