вежба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 19 Jan 2024 09:32:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вежба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Утринската вежба на Игор Џамбазов е вистинска умешност – пробај, ако можеш (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/utrinskata-vezba-na-igor-dzambazov-e-vistinska-umeshnost-probaj-ako-mozesh-video/ Fri, 19 Jan 2024 09:21:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=66879

Игор Џамбазов периодов е во Дојран, а иако е јужно позициониран, зимската идила не го одминува. Тој преку својот Инстаграм профил се огласи со порака за добро утро до сите негови следбеници да направат утринска вежба за раздвижување на вилицата. -Ви се верува дека ова е Дојран? Ајде сега сите утринска вежба за размрдување на вилицата. Плетвар бел Плетвар, ајде сега сите пробајте, постави предизвик нашиот македонски шоумен. Пробајте ама тешко кој ќе ја постигне умешноста на Игор.
 
View this post on Instagram
 
Плетвар во Дојран...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

]]>

Еве како и за што вежба Лила среде бел ден на улица со жива блех музика.: „Нека гори Балкан…“ а Бога ми и Александар Палас (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kako-i-za-shto-vezhba-lila-srede-ulitsa-so-zhiva-bleh-muzika-neka-gori-balkan-a-boga-mi-i-aleksandar-palas-video/ Fri, 05 Jan 2024 07:59:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333806

Најпознатата и најдолговечна македонска ТВ водителка, Лила Филиповска деновиве уловена во  мошне необично и интересно издание. „Некому  инспирација, некому иритација“ - како што самата знае да каже, среде бел ден во свечен провиден фустан на високи потпетици, наметната со бунда Лила танцува, игра, меша... И тоа чочек со жива  блех музика. Околу неа ечат руби, саксофони, силно чука тапанот, а водителката се врти, се извива, ниша со колкови, меша со бокови, лула карлица... Небаре е  некоја балканска турбо фолк убавица од Србија, од оние налик на  Цеца, Теа, Прија... Дали водителката нешто слави или се враќа од некоја целовечерна забава, па до дома свирачите и прават утринско „афтер парти“ испраќајќи ја со музика, беше непознаница на која сите и се чудеа во првиот миг кога ја здогледаа. Зашто Лила досега невидена во вакво издание го привлече сето внимание на случајните минувачи, ако воопшто и ги имало во тие рани утрински часови, ама најмногу на оние кои вака расположена ја начекаа на социјалните мрежи. И додека сите се' уште беа во прашалници, водителката вака „опуштена“ меѓу Новогодишните и Божиќните празници веднаш поита да ја објасни ситуацијата и расположението, за јавноста случајно погрешно да не и го сфати и негативно искоментира поведението. Имено, Лила ниту нешто слави, ниту се враќа од ноќна забава или некаква прослава, туку водителката само вежба! И тоа чочек за дочек... Не на некој претстоен празник, туку ромски чочек за Ромски бал... И тоа светски! Најавен за  18 ти јануари во скопскиот хотел Александар Палас. А на него гости од целиот свет и специјални естрадни фолк мегаѕвезди од регионот. „Вежбаме за четириесет и четвртиот Светскиот Ромски Бал на 18 ти јануари во хотелот Александар Палас. Гости од целиот свет, забава и дружење. Многу музички гости и специјални гостинки Цеца и Теа Таировиќ. Како и секогаш се барa место повеќе , затоа резервирајте си на време“  - порача Лила во паузата меѓу два чочека појаснувајќи ги деталите, па потоа онака качена на сандалите иако е зима, додека е уште загреана, покажа што извежбала! Според најавеното, а и прикажаното од нејзина страна, несомнено бргу успеа да не убеди сите нас, дека на  Светскиот ромски бал „ќе гори Балкан“... а Бога ми и Александар Палас!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Фото: Инстаграм/lilafilipovska

За ваква линија треба труд и напорна работа: Елена – „Живот со стил“ покажа каде оди уште од рано изутрина (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-vakov-izgled-treba-trud-i-naporna-rabota-elena-zhivot-so-stil-pokazha-kade-odi-ushte-od-rano-izutrina/ Fri, 01 Dec 2023 07:21:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329476

ТВ водителката и инфлуенсерка, Елена Најдоски или попозната како Елена - „Живот со стил“ е дама која е неуморна кога станува збор за усовршувањето на нејзиниот изглед. За неа познато е дека  ужива да патува заедно со сопругот и постојано сака да се буди на нова дестинација. Сепак, каде и да оди обожава да проба од тамошните вкусни деликатесни јадења кои ја привлекуваат и се неизбежни. Но, бидејќи одржувањето на телото е нејзиниот приоритет, таа работи на тоа да биде секогаш во топ форма. Затоа  уште рано изутрина се труди да  ги потроши вишокот калории во најблиската теретана. Така Елена овој пат покажа како изгледа нејзиното утринско задоволство кога  тренингот  го започнува уште во 08 : 41 часот, па откако го стави точното време прецизно до минутка напиша: - Кој рано рани ...  - гордо додавајќи стикер со голем мускул. Потоа со следбениците на социјалната мрежа Инстаграм, сподели и дел од утринската атмосфера додека ги правеше вежбите, а беше облечена во тесни црни хеланки и боди кои дополнително ја истакнаа нејзината витка линија. Па, благодарение на нејзината физичка активнот таа изгледа среќно и совршено... Останатото е заслуга на мајката природа и умешноста на вештите раце на пластичарите. Фото: Принтскрин/Instagram/elena_zivotsostil]]>

Мина Наумовиќ покажа како го поминува времето со Огњен –  еве што прави водителот кога мисли дека никој не гледа (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mina-naumovik-pokazha-kako-go-pominuva-vremeto-so-ognen-eve-shto-pravi-voditelot-koga-misli-deka-nikoj-ne-gleda-foto/ Fri, 17 Nov 2023 12:37:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327498

Водителот Огњен Амиџиќ и неговата колешка Мина Наумовиќ чекаат дете, а откако таа  ја напушти работата и замина на боледување поради бременоста,  често ги известува своите следбеници на Инстаграм како ги поминува деновите. Веста за нивната љубов одекна како бомба, а Мина се сокри од јавноста кога откри дека е во блажена состојба,  за мирно да ужива во бременоста. Таа најпрво се сликала во автомобилот и покажала како изгледа трудна, а потоа следело изненадување. Огњен како бебе го носел својот миленик, а судејќи по фотографиите водителот веќе почнала да вежба за доаѓање на другото бебе. - Стигнав дома и го најдов ова - напишала Мина и додала емотикон на смајли што плаче од смеење. Фото: Принтскрин/Инстгарам/callmenaumi]]>

Ако времето надвор не ви е погодено, се надвиле темни облаци, а денот е како да го проголтал мракот, тоа сигурно значи дека Снеже Велков не се фатила за… стапот!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ako-vremeto-nadvor-ne-vi-e-pogodeno-se-nadvile-temni-oblatsi-a-denot-e-kako-da-go-progoltal-mrakot-toa-sigurno-znachi-deka-snezhe-velkov-ne-se-fatila-za-stapot-foto/ Fri, 17 Nov 2023 10:32:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327422

Македонската ТВ водителка  и екс-фитнес инструкторка, Снеже Велков откако се врати на ТВ екраните вежба само за своја душа. Но, колку и да вежба, нејзина здрава навика и секојдневна рутина која никако не ја запоставува е нејзиниот велосипед кој и е при рака во секое време, особено за добро утро. Освен ако по утрото денот се познава дека нема да го бива. Арно ама и за тоа итрата Снеже има решение... Облаците можеби се надвиснале над македонската престолнина, ама водителката има тајна формула како да ги растера. Веднаш да се разбереме, не пука градобијни ракети од балкон, туку Снеже има своја „вуду магија“... Свој ритуал како одново сонцето да го искачи највисоко, на небесниот пиедестал. Старите оддамна кажале дека  „стравот лозјето го чува“, па така и Снеже реши облаците да ги исплаши. И водителката наместо да се нервира, да ја боли глава и да пие апче, веднаш се фати за... „волшебното стапче“! Ем и се најде при вежбањето, ем на облаците им наби страв во коски, па  за миг фатија „усвит“ и наместо нив... ете ти го сонцето! Или како што би рекла и самата Снеже Велков: „Земав да растерувам облаците со стапов и ете ти сонце“! Арно ама, тоа беше вчера, а денес...? А и секој друг ден, ако видите дека  времето надвор не ви е погодено, се надвиле темни облаци, а денот е како да го проголтал мракот, тоа сигурно значи дека Снеже Велков не се фатила... за стапот!? Фото: Инстаграм/velkovsneze]]>

Кога водителката на „Бекстејџ“ ќе влезе во теретана да тренира, возбудата е на работ да експлодира: Само еден поглед на Евче и веднаш ќе посакате во ист термин со неа да вежбате (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-voditelkata-na-bekstejdh-ke-vleze-vo-teretana-da-trenira-vozbudata-e-na-rabot-da-eksplodira-samo-eden-pogled-na-evche-i-vednash-ke-posakate-vo-ist-termin-so-nea-da-vezhbate-video/ Sat, 14 Oct 2023 07:18:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321413

Млада, згодна, привлечна, заводлива, необична... Манекенка и модел, танчерка и актуелна водителка на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“. Сексапилната тетовка Ева  Јовановска (19) се почесто е дел од насловите во медиумите, но ја гледаме и како водителка на естрадните настани со што се' повеќе го привлекува и вниманието на јавноста. Хризмата и шармот пред камери од една страна, ама и телесната убавина од друга, ја прават се попривлечна и за додворувачите, за кои досега не сака да зборува… Не барем јавно, иако е евидентно дека ваква убавица не може да остане долго сама... Макар тоа била авантура, ако не сериозна врска, за која веројатно и е рано. Ама затоа за сето останато што го работи и претендира да го постигне е вистинско време. Умот и духот се билдаат со читање, едукација и умствена работа, ама затоа телото  со вежбање и тренинг во теретана. Тоа убавата Евче и тоа како го знае, па каде и да е, секогаш наоѓа време за себе и вајање на својата фигура. А каде најдобро ако не кај најпознатите и проверени мајстори како Мирко Петровски од чија „работилница за мускули“ излегле проверени шампиони. Не дека Евче ќе оди на натпревар за Мис фитнес на светот, ама на избор за Мис убавина... можеби и да! Така барем се пофалила или само пошегувала додека вредно ги крева теговите пред огледало, за да ги зацврсти рамениците. За да не му затреба некому случајно... „рамо за плачење“! Но, тоа е само загревање, зашто кога водителката на „Бекстејџ“ ќе влезе во теретана да тренира, возбудата е на работ да експлодира! Особено кога Ева прави „клекни-стани“ за зацврстување на ионака убавото извајано га*е,  тие околу неа морници ги лазат... И тоа по цело тело! Но, тоа не се' кога е во прашање нејзиното заводливо вежбање кое „душа вади - очи боде“! Особено кога на ред ќе дојде справата за зацврстување на препоните и бутините одвнатре. „Рашири - собери“ и така „до бесвест“, за некого напор, за некого радосна вест... И материјал за „влажни сништа“! Впрочем, само еден поглед  на Евче во теретаната и веднаш ќе посакате во ист термин со неа да вежбате! Фотои видео : Инстаграм/_evce_  ]]>

Снеже Велков и кога е по дома е… „девојката со точакот“: Само што понекогаш велосипедот место да го јавне го обува, ама затоа автомобилот и е паркиран… секогаш на вистинското место! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/snezhe-velkov-i-koga-e-po-doma-e-devojkata-so-tochakot-samo-shto-ponekogash-velosipedot-mesto-da-go-javne-go-obuva-ama-zatoa-avtomobilot-i-e-parkiran-sekogash-na-vistinskoto-mesto-foto/ Wed, 13 Sep 2023 07:30:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317694

Македонската ТВ водителка Снеже Велков колку и да вежба, нејзина здрава навика и секојдневна рутина која никако не ја запоставува е нејзиниот велосипед кој и е при рака во секое време, особено за добро утро. Неколку километри на патеката по кејот на Вардар низ Скопје рано наутро, за опуштање на мускулите, раздвижување, подобра циркулација, кондиција, топ форма... Арно ама, секое непишано правило има и свој непишан исклучок, па така на „девојката со точакот“ овој пат  и се случи да остане без утринска тура со точакот... Затоа пак русокосата екс пилатес инструкторка, а сега одново ТВ водителка вежбањето по дома никако не го пропушти. Гумената подлога распослана на подот, шишето со вода покрај неа, соодветно музиче од телефонот и шпага за почетно разгибување... Арно ама, само што ги испружи долгите нозе од крај до крај, почнаа да пристигаат и пораките на мобилниот. „Снеже кај ти е точакот, па кај ти е точакот“? Сиротата, не ја оставија на раат да повежба! За да им удоволи на љубопитните, а и веројатно да ги симне од глава да не и додеваат додека ужива во утринската рутина, водителката во еден кадар со два збора реши да им одговори. „Еве го точакот, на чорапите“ - споделила синооката убавица, покажувајќи ги апликациите со велосипед со кои се украсени нејзините летни, тегет спортски чорапчиња за вежбање. Арно ама, оние најљубопитните, решиле да одат до крај, за да разоткријат уште една дилема за добро утро. Имено,  многумина ги интересираше уште една работа, која некако им се видела многу логична. Ако Снеже Велков носи чорапчиња со апликации со точачиња, зашто омилено превозно средство и е велосипедот, тогаш што е со автомобилот? Дали можеби апликациите со автомобилчиња по логика на нештата се „паркирани“ на облеката под хеланките на водителката? На таа дилема околу „автомобилот и паркирањето“, за да не ги шокира со изненадувањето, водителката возврати со друг тип фотографија, оставајќи им го одговорот на љубопитните... на нивната бујна фантазија! Фото: Инстаграм/velkovsneze    ]]>

Вежба која ќе ги намали грижите за дури 90%! https://arhiva.vistina.com.mk/vezhba-koja-ke-gi-namali-grizhite-za-duri-90/ Mon, 07 Aug 2023 14:20:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312835

Многумина од нас мислат дека загриженоста е нормална ситуација во животот, па се водат од следните зборови – „Ако не се грижам, ќе се случи нешто лошо.“; „Ако бидам безгрижен/а, постои ризик потоа да бидам разочаран/а“. Така, стануваме зависни од грижи, се навикнуваме да се грижиме за сè и често создаваме негативни проекции во нашите глави за работи кои сè уште не се случиле. Наместо да се грижите, можете да ги искористите вашето време и енергија и да направите нешто продуктивно. Кога сте загрижени, вашите грижи преминуваат од еден на друг аспект во вашиот живот. Три минути многу брзо се претвораат во три часа, а анксиозноста ви влијае и на физичко ниво – од мигрена до потење на рацете и ментална исцрпеност. Запомнете дека грижата не го решава вашиот проблем, може само да го влоши. Во својата книга „Ова е она што е важно“, психологот Пепетуа Нео објаснува дека еден од водечките начини да се ослободите од грижите е планирањето, односно справување со проблемот преку правење план. Вистина е дека е тешко да се искоренат грижите од вашиот живот преку ноќ, но со практикување на оваа вежба, можете постепено да ја претворите грижата во продуктивност. Според психологот, оваа вежба би можела да ја намали анксиозноста за дури 90%. Чекор 1: Проценка Во болниците, медицинските тимови прелиминарно проценуваат што да прават со секој пациент врз основа на итноста и што е потребно во однос на медицинската нега. Замислете дека вашата грижа е ваш пациент и за да го решите, поставете си ги следниве прашања: Дали ова може да се реши? Дали ова може да се контролира? Дали грижата е оправдана? Чекор 2: Ресетирање Чекор 2 е да го „ресетирате“ мозокот. Затоа што кога сте загрижени, вашиот мозок работи во режим на страв. Во овој случај, одговорна е амигдалата која се занимава со вашиот опстанок. За да го ресетирате мозокот, вдишете три пати, длабоко и бавно. Обидете се кога вдишувате да го надувате стомакот како балон и обратно. Издишете колку што можете полека. Ова ќе ве смири и ќе ве врати во реалноста. Чекор 3: Решение Чекор 3 е да се искористи таа ментална енергија. Земете пенкало и хартија или отворете дигитален бележник. На врвот, напишете го проблемот што сакате да го решите и временската рамка за неговото решавање. Тоа ќе ви помогне да дојдете до стратегија, а не да се убедувате дека тонете сè подлабоко и дека нема излез. Чекор 4: Награда И конечно, при чекор бр. 4 се наградувате себеси за вложениот труд. Тоа може да биде убава шолја кафе или само искажување благодарност дека сте го решиле проблемот. Ова ја зацврстува новата навика – наместо да се грижите, барате решенија.   извор: kafepauza.mk]]>

Сања Станковиќ плесна наземи среде жива емисија: Водителката на утринската програма на „Ред ТВ“ изведуваше вежба, па… го „бакна подот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sana-stankovik-plesna-nazemi-srede-zhiva-emisija-voditelkata-na-utrinskata-programa-na-red-tv-izveduvashe-vezhba-pa-go-bakna-podot-video/ Wed, 08 Mar 2023 12:23:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292356

Некогашната ријалити старлета, сега ТВ водителка  Сања Станковиќ само неколку часа откако беше во Ургентниот центар поради стомачни проблеми, дојде во телевизија „Ред“ да ја води „Утринската програма“. Не се забележуваше дека има некакви здравствени проблеми, па толку силно блесна во светло црвен фустан со длабок шлиц и високи потпетици, поради што, како што се испостави подоцна, заврши на патос. Имено, гостин на Сања и бил личниот тренер кој на поранешната учесничка во „Задруга“ се обидел да и покаже една вежба со голема гумена топка. Водителката се обидела да ја изведе најдобро што умее, но додека се мачела да фати правилна позиција колегата и ја потшутнал топката и старлетата го „бакнала подот“. Сања се испружила и  паднала, а она што го носела на себе за момент открило што носи под фустанот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by RedTV 💥 #bicesveuREDu (@redtv.rs)

Фото: Инстаграм принтскрин/redtv.rs]]>

„Жан Клод Ван Џехва“ – еве како Теодора се грижи за нејзината линија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zhan-klod-van-dhehva-eve-kako-teodora-se-grizhi-za-nejzinata-linija-foto/ Thu, 09 Feb 2023 13:31:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287966

Познатата пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како вежба, па веднаш почнаа лавина од пораки на социјалните мрежи. Теодора Џехверовиќ  се грижи за својата линија и се труди секогаш да биде во топ форма, а одењето во теретана и вежбањето не и се проблем. Таа овој пат  на „Инстаграм“ покажа  моменти од теретана кои  го „полудеа“ посилниот пол. Градите и беа во преден план, а во еден момент направи и шпага.
„ Да отвориш OnlyFans “, „Дали вежбаш  за некој  нов спот?“, „Колку си совршена“, и пишуваа фановите  во коментари. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Теодора Џехверовиќ]]>