вести – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Sep 2023 10:53:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вести – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Згаснува рубриката „Фејсбук њуз“ https://arhiva.vistina.com.mk/zgasnuva-rubrikata-fejsbuk-nuz/ Wed, 13 Sep 2023 12:52:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317833

Фејсбук соопшти дека ја укинува својата рубрика за вести во Велика Британија, Франција и Германија на почетокот на декември и оти ќе се сосредоточи на кратките видеосодржини. Одлуката за „Фејсбук њуз“ е донесена во согласност со стратегијата за насочување на ресурсите во областите коишто од поголем интерес за корисниците. Според Фејсбук, вестите како содржина имаат помалку од три отсто од прегледите на платформата на светско ниво. Корисниците ја посетуваат платформата првенствено за социјални врски и истражување на интересите, а не за вести и политички содржини, тврдат од компанијата. Оваа промена нема да влијае на другите производи и услуги на „Мета“ во Британија, Франција и Германија. Корисниците сè уште ќе можат да пристапуваат до написите со вести преку споделени врски. Европските издавачи ќе го задржат пристапот до нивните сметки и страници на Фејсбук, што им овозможува да објавуваат линкови и да ги насочуваат корисниците кон надворешните интернет-страници. Издавачите, исто така, може да ги користат видеоролните („reels“) и услугата за реклами, за да допрат до поширока публика и да го задржат целиот приход од надворешните врски. Фејсбук ќе ги почитува договорите со издавачите во Велика Британија, Франција и Германија додека не истечат, но не планира нови зделки за објавување вести на „Фејсбук њуз“. Се посочува и дека социјалната мрежа не подготвува нови производи приспособени за издавачите, истакнувајќи дека ќе истрае во поврзувањето на корисниците со веродостојни вести. Компанијата, се наведува, соработува со независни проверувачи на факти, сертифицирани од Меѓународната мрежа за проверка на факти, во анализата и евалуацијата на можните дезинформации на платформата. извор:курир.мк]]>

Водителката на вести на ТВ Пинк шокираше со појавата во програма: До половина средена како дама со сиот гламур, а од половина надолу – “параспур“, како за на панаѓур (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelkata-na-vesti-na-tv-pink-shokirashe-so-pojavata-vo-programa-do-polovina-sredena-kako-dama-so-siot-glamur-a-od-polovina-nadolu-paraspur-za-na-panagur-foto/ Tue, 18 Jul 2023 11:41:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310649

Луѓето ги гледаат водителките на вести само до половината, па тие изгледаат многу дотерани и строго стилизирани. Сепак, често сме биле сведоци на видео снимки како од наши така и од странски ТВ водителки, на кои се гледа што всушност се крие „под ТВ пултот“, бидејќи тој дел од телото често не е „променет“ во облека слична на онаа што ја носат „на рамениците“. Сега можеме да видиме како тоа изгледа во случајот на една српска ТВ водителка, убавата Оливера Чоловиќ. Нејзин колега од ТВ Пинк ја снимил од птичја перспектива додека била во програмата и јасно се видело од кадарот дека одозгора е облечена строго елегантно, а она што се гледа  под масата е шокантно... Жива бламажа! Тесно припиени виолетови велосипедски шорцеви и гумени папучи за на плажа! Или што би рекле до половина средена како дама со сиот гламур, а од половина надолу - “параспур“... како за на панаѓур! „Госпоѓетина“! – напишал колегата на Оливера, па додал неколку емотикони што „плачат од смеа“, а приказната ја сподели и на својот Инстаграм профил. Фото: Инстаграм/oliveracolovic]]>

На Валентин Николовски постојано некој „му дише во врат“: Уредникот и водител на дневникот на ТВ Сител има „проблем што сака да го има“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-valentin-nikolovski-postojano-nekoj-mu-dishe-vo-vrat-urednikot-i-voditel-na-dnevnikot-na-tv-sitel-ima-problem-shto-saka-da-go-ima-foto/ Thu, 10 Nov 2022 12:15:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275261

Валентин Николовски, новинар, водител и уредник на ТВ дневникот на  ТВ Сител е ТВ лице кое сите добро го познаваат. И од ТВ екраните, а многумина и приватно, зашто Тино, како што сите го викаат е „душа од човек“. Постојано расположен и кога не и подготвен  за дружба. Спонтан, комуникативен, речиси секогаш расположен, неретко хуморен и забавен, Тино е и другар и колега каков што секој би посакал. Можеби затоа ТВ водителот има и проблем, кој до душа, е проблем што Тино сака да го има... А проблемот е во тоа што на Валентин Николовски постојано некој „му дише во врат“! Нееее... ако некој помисли дека тоа е главниот уредник на телевизијата, уредникот на Информативната редакција или не дај Боже, газдата на ТВ Сител, дебело сте се излажале. Добро, можеби понекогаш има вистина во нешто и од ова, но оној кој постојано „му дише во врат“  не е лик од телевизијата. Иако, телевизија не да сака, туку обожава да гледа. Ама не и сам... Имено, Валентин Николовски дома има преубав мал пес. Домашен миленик без кого денот не може да се замисли, а Бога ми и вечерта.  Без него и да сака не може да гледа филм. Особено не сам, иако само „поедини филмски жанрови“  се за гледање сам, ама нејсе... Тино секогаш има придружба за домашно кино! И не е само тоа... Новинарот и водител на вестите на ТВ Сител кучето го чини повеќе од себе си, зашто за да се биде подготвен за зима  покај крзното треба и кучешка гардероба да се има. Шишањето и разубавувањето заедно со храната е програма плус. Или во превод - екстра трошок, ама ако...! На сето тоа, уште секоја вечер на Валентин Николовски неговото куче „му дише во врат“.  Човекот и јавно се пожали, а на многумина им се дожали што кутриот Тино не само што не може сам да гледа филм, туку не може ни „да влезе во филмот“ кога светлата ќе се угаснат... Зашто  неговиот најверен четвороножен „пријател до гроба“  „му дише во врат“ и во спалната соба! Што значи дека Валентин Николовски дефинитивно има проблем... Само што ова е „проблем“ што навистина „сака да го има“! Фото: Фејсбук принтскрин/Valentin Tino Nikoloski  ]]>

Момче било подготвено за 5 минути слава, но доживеало големо разочарување (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/momche-bilo-podgotveno-za-5-minuti-slava-no-dozivealo-golemo-razocharuvanje-video/ Tue, 12 Apr 2022 07:43:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246034

На социјалните мрежи кружи објава од новинарката Жаклин Матер на која е забележана ситуација која ја доживеала за време на снимање на една репортажа. Додека таа снимала репортажа за „FOX 5“ во Мериленд, САД, зад неа се појавило дете кое започнало да вреска. Репортерката се свртела и му рекла дека програмата не е во живо, што видно го разочарало детето. Но, сепак тоа ги доживеало своите 5 минути слава бидејќи Жаклин ја објавила интеракцијата на социјалните мрежи. Нејзината прибрана реакција на непријатната ситуација ги насмеа луѓето ширум светот, а можете да ја погледнете во продолжение: ]]>

Хрватската новинарка се онесвести среде вести: И се слоши додека правеше интервју во живо, па се сруши на подот (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/hrvatskata-novinarka-se-onesvesti-srede-vesti-i-se-sloshi-dodeka-praveshe-intervju-vo-zivo-pa-se-srushi-na-podot-video/ Wed, 21 Jul 2021 11:05:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211975

На новинарката на националната ХРТ, Мирјана Посавец и се слоши и се онесвести за време на интервју во живо во ТВ Дневникот на ХРТ. Мирјана Посавец додека правеше интервју во живо со Игор Петернел од „Домовински покрет“  во еден момент почувствувала слабост, почна да ја губи рамнотежата, да се ниша и тетерави по што ја снема од кадарот. Потоа се слушна тап удар, врз основа на кој можеше да се насети дека новинарот паднала и се срушила на подот. Соговорникот најпрвин збунет не сфаќајќи што се случува, но веднаш потоа и помогнал, а режисерот брзо се снајде и го префрли кадарот во студиото, каде водителот на ТВ дневникот Ѓурица Дробац, видно шокиран, само рече: „Се надеваме дека Мирјана е добро“. Како што пренесува Јутарњи.хр, колегите на Мирјана Посавец од ХРТ рекле дека таа е добро, и дека не ја изгубила свеста, туку дека само и се слошило, и се завртело бо главата ,а по падот веднаш повторувала: „Добро сум, добро сум“. Погледнете како изгледаше оваа непријатна ситуација подолу: ]]>

По трауматичните сведоштва за сексуалните злодела на Мика Алексиќ, Балканот масовно го споделува видеото од новинарката Јелена Обучина (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-traumatichnite-svedoshtva-za-seksualnite-zlodela-na-mika-aleksikj-balkanot-masovno-go-spodeluva-videoto-od-novinarkata-jelena-obuchina-video/ Wed, 20 Jan 2021 08:23:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185814

Кој го следи прегледот на денот на Newsmax Adria веќе е навикнат на острите соопштенија на новинарката и водителка Јелена Обучина. Но, она што го стори вчеравечер остави длабок впечаток кај сите што ја слушаа. „Јелена на едно место собра сè што нè боли со години. Неколку вистини кои ние како народ ги премолчувавме, некои лаги и навреди кои ги проголтавме, а со цел – зошто жртвите на насилство молчат“, пишуваат корисниците на социјалните мрежи, а пренесува Noizz.rs. Оваa најава доаѓа веднаш откако во јавноста се појави уште една актерка која претрпела сексуално вознемирување од Мика Алексиќ. Ива Илиќчиќ раскажа како шест години од срам не се осмелувала да прозбори низ каков пекол поминала и колку сила и требала да им признае најпрво на најблиските, а потоа и на другите што и се случило. И Јелена Обучина нè потсети дека оние кои се прашуваат зошто жртвите молчат, треба добро да се прашаат дали имаат право воопшто да кажат нешто. Молчиме дури и кога не треба. Затоа, никогаш повеќе не прашувајте ги жртвите зошто молчеле. Немате право на тоа, но поддржете ги да зборуваат, секогаш кога ќе бидат подготвени“ - вели Обучина на крајот од своето соопштение, а снимката веднаш почна да се шири по мрежите, повеќе од која било друга вест во последните 24 часа. Солидарноста што ја изразија повеќето луѓе на социјалните мрежи, пред сè со Милена Радуловиќ, која ја започна страшната приказна за злоупотребата што потресе дел од учениците во училиштето за глума на Мика Алексиќ, е неверојатна. И ова видео треба да биде предупредување и потсетување за сите оние кои бараат оправдување за напаѓачите. Погледнете го видеото подолу. ]]>

Спикерка ги прекина вестите поради неконтролирано смеење (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/spikerka-gi-prekina-vestite-poradi-nekontrolirano-smeenje-video/ Thu, 13 Feb 2020 13:29:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134097

Спикерката на една локална телевизија на Камчатка, Александра Новикова, направила грешка при читањето на вестите по што следело неконтролирано смеење. За среќа, вестите не биле емитувани во живо, а видето со нејзината реакција кое било дополнително објавено станало вистински хит, но истото изнервирало и одредени гледачи. Таа погрешно ја прочитала веста за зголемување на трошоците за социјална заштита, велејќи дека примачите ќе добијат дополнителни 500 рубљи за „меѓународни патувања”. Во оригиналниот извештај за зголемување на додатоците за инвалиди и воени ветерани пишувало дека бил предвидени 500 рубљи за патување на пациентите до центрите за лекување. Токму зборот „меѓународни” наместо „градски” предизвикал неконтролирано смеење кај водителката. извор: Курир.мк]]>

Добро утро… И денес читајте естрадно-магазински вести на Вистина.ком.мк https://arhiva.vistina.com.mk/dobro-utro-i-denes-chitajte-estradno-magazinski-vesti-na-vistina-kom-mk-5/ Fri, 27 Sep 2019 08:15:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=99595

  1. Елена Ристеска не остана имуна на гласините за новото момче – ова е нејзината реакција

  2. Познатата српска пејачка му се „залепи“ на Даниел Кајмакоски

  3. Откако и тргна во љубовта, македонската водителка процвета: Ирена Спировска се поубава и поубава

  4. Добија многу честитки и убави желби: Сашко Коцев и сопругата имаа убав повод за славење

  5. Македонската старлета Драгана Спасовска заврши кај Слаткар!?

    …И уште многу други интересни, скокотливи, занимливи… содржини читајте и денес, само на Вистина.ком.мк! Зашто се’ друго е… знаете веќе што!
]]>

Соседите на Гоца Тржан открија како се однесува пејачката кога ќе се ислучат камерите https://arhiva.vistina.com.mk/sosedite-na-goca-trzan-otkrija-kako-se-odnesuva-pejachkata-koga-kje-se-isluchat-kamerite/ Thu, 18 Jul 2019 11:03:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98246

Гоца Тржан имаме прилика да ја гледаме како член на жирито во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездчки – алл старс“. Пред камерите секогаш го кажува своето мислење, а сега соседите открија како се однесува кога ќе се исклучат камерите. „Сите се изненадивме кога видовме дека Гоца Тржан се всели во нашто маало, а уште повеќе бевме изненадени кога видовме како се однесува приватно. Во „Пинкови ѕвездички“  ми делуваше дека секогаш сака да го наметне своето мислење и секогаш ги критикуваше децата. Мислев дека е безобразна,но кога ја запознав лично, мислењето потполно ми се промени. Неверојатно колку е пријатна, љубезна и воспитана. Живеам во зграда преку неа, често се гледаме и нема ден да не ја сретнам на улица и да не се поздрави и да ме праша како сум. Сите ја засакавме, мислам дека никој нема да има лош збор за неа, Раша и нејзината ќерка. Тие се многу убаво семејство“ вели  сосетката Мира Гашиќ за „Сцена“.
Еден сосед вели дека често ги сретнува Гоца и Раша во парк како шетаат и ги завршуваат секојдневните обврски. „Тој стан каде живее Гоца се продаваше долго време. Овој крај е семеен, сите се знаеме и луѓето ретко се менуваат бидејќи се познаваме. Брзо се прошири веста дека имаме нова сосетка, така да во големата куќа живее Гоца. Немав прилика да ја запознам, но слушнав само убаво зборови“, вели соседот.
Во близина на нивниот дом се наоѓа автоперална, а Раша и Гоца често ја посетуваат. „Таа ќе го довезе автомобилот, а Раша седи до неа на совачкото седиште. Во живо не ми делува како на телевизија, нема многу шминка и природна е. Ретко се појавува без сопругот“ вели вработениот Дарко.]]>

Најново: Јелена Карлеуша – „Не верувајте, српските таблоиди ве лажат“ https://arhiva.vistina.com.mk/najnovo-jelena-karleusha-ne-veruvajte-srpskite-tabloidi-ve-lazat/ Tue, 23 Apr 2019 08:26:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84491

Јелена Карлеуша од почетокот на годината е актуелна тема во медиумите. По порно аферата со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш на кого наводно праќала и експлицитни фотографии, во медиумите се појавуваа разни вести за односот на пејачката и нејзиниот сопруг. На почетокот на март, почина мајка и на Карлеуша, па во медиумите актуелни беа вестите за смртта на Дивна Карлеуша.
Деновиве, требаше да се одржи ново судење меѓу Огњен и Јелена, меѓутоа пејачката не се појави. Во медиумите повторно се актуелни темите околу разводот на Душко и Јелена, и тоа дека наводно парот се разведува.
 
View this post on Instagram
 
?‍?‍?‍?☀️ #dubai

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

По тој повод Јелена се огласи на „Инстаграм стори“. „Таблодините текстови за разводот се апсолутна лага и измислица на болните умови. Не верувајте, не читајте и не им давајте значење бидејќи се ЛАГА“ напиша Карлеуша.
За потсетување, Јелена и Душко се отследија на „Инстаграм“, а тоа уште повеќе ги зголеми гласините за разводот.]]>