вестерн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 04 Feb 2020 09:25:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вестерн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кире Лазаров ќе глуми во вестерн филм? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kire-lazarov-kje-glumi-vo-vestern-film-foto/ Tue, 04 Feb 2020 09:15:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=132515

На социјалната мрежа Инстаграм се појави фотографија на која македонската ракометна легенда, нашиот Кире Лазаров облечен како каубој, со колт в рака со уште еден друг каубој покрај себе се подготвуваат да пукаат... И веднаш гласините и дилемата, дали тоа нашиот ракометен капитен  ќе глуми во вестерн филм?  Дали каубој Кире е новиот шериф во градот или револверашот што треба да го исчисти градот од лошите момци? Или можеби е нешто друго во прашање, како на пример снимање некаква реклама? Објаснувањето напишано на шпански, па на англиски јазик под фотографијата ја разјаснува ситуацијата која станува уште појасна ако се проследи соопштението на РК Барселона - бившиот клуб на Кире. Имено, на фотографијата се Кире Лазаров и уште една ракометна легенда, долгогодишниот капитенот на РК Барселона Виктор Томас, кој на крајот од сезоната ќе мора присилно да се прости од ракометот. Откако лекарите му констатирале сериозна срцева слабост, Томас на прес конференција го најави своето збогување како активен спортист, а неговиот верен пријател Кире Лазаров веднаш реагираше со неколку фотографии меѓу кои и споменатата на неговиот Инстаграм профил, покрај која му напишал посвета на својот шпански пријател. „Задоволство беше да ја делам соблекувалната со тебе ... Мора да се гордеш со сè што си направил... Tи посакувам се' најдобро во иднина во следните предизвици. Пријатели засекогаш“ - напиша Лазаров покрај фотографијата на која се со Виктор Томас во необично „вестерн“ издание за двајца „ракометни револвераши...“!]]>