веста продукција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Jan 2020 14:03:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png веста продукција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Татијана Стефановска бирајќи меѓу поп и фолк, избра компромис во – „Избери“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatijana-stefanovska-birajkji-megju-pop-i-folk-izbra-kompromis-vo-izberi-video/ Wed, 29 Jan 2020 13:42:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131698

По долго време, една од најубавите и најзгодни македонски фолкерки Татијана Стефановска конечно има  нова песна. Бираше, бираше и овој пат ја избра соработката со авторскиот тандем: Дејан Момировски (композитор и аранжер) и Борче Нечоски (стихови), кои се автори на песната, а истата е снимана во студиото „ХЛ Момировски“. Овој пат згодната битолчанка решила малку да го прошара својот репертоар, па избрала песна која е многу поблиску до поп музиката отколку до класичниот новосоздаден фолк. Очигледно е дека во вокалниот дел Татијана колку и да се обидува тешко дека може да избега во фолкот кој и е во вените и многу повеќе и лежи. Сакајќи да избере помеѓу двата стила, Стефановска избрала „компромис“ во „Избери“, за чија визуелизација се погрижила екипата на „Веста продукција“, а истата коректно кореспондира со песната. Во него покрај вокалните обиди да го смени стилот, Татијана сепак не го сменила стариот проверен рецепт да игра на картата на својот природен сексапил... и не згрешила во изборот! Како звучи и изгледа кога Татијана ќе  постави ултиматум: „Избери“, проследете во продолжение. ]]>

Наташа Малинкова прашува „Ако грев е што те сакам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-malinkova-prashuva-ako-grev-e-shto-te-sakam-video/ Tue, 03 Apr 2018 11:20:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19171

Сама, напуштена, со скршено срце, разочарана во љубовта… на работ на очајот! Вака некако може да се опише емотивната состојба која поп пејачката Наташа Малинкова се обидува да ја долови глумејќи во видеоспотот, следејќи ги стиховите на својата најнова песна, насловена „Ако грев е што те сакам“, чија промоција е токму денес, вторник, 3-ти април 2018 година.
Се работи за ар-ен-би поп балада во чие видео изработено од битолската „Веста продукција“, очигледно емоцијата  ја заменила дозата на еротичност која ја имаа нејзините претходни спотови и фотосесии, која и во овој сосема не е занемарена, но е претставена на еден поинаков, поемотивен, попатетичен начин, кој е многу поблиску до чистата уметност отколку до соголената еротика.
Инаку и овој пат комплетен автор на песната (музика, текст, аранжман) која е апсолутно зрела како во својот музички израз, така и во стандардно добрата вокална изведба на пејачката, е нејзиниот стар пријател и соработник Столе Аврамов, кој се потпишува и како музички продуцент на истата.
Како звучи и изгледа Наташа Малинкова во „Ако грев е што те сакам“, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=t8WoRdTTrxw&feature=youtu.be        ]]>