вест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 17 Apr 2023 08:51:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Светол понеделник – втор ден Велигден, ден кога се расчу веста за воскреснувањето на Исус Христос https://arhiva.vistina.com.mk/svetol-ponedelnik-vtor-den-veligden-den-koga-se-raschu-vesta-za-voskresnuvaneto-na-isus-hristos/ Mon, 17 Apr 2023 08:51:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298277

Денеска е Светол понеделник, втор ден Велигден, ден кога се расчу веста за воскреснувањето на Исус Христос. Со овој ден, започнува Светлата недела, односно неделата по Велигден, во која сите христијани го слават воскреснувањето. Оваа седмица се нарекува и Томина недела, именувана по апостол Тома. Името „бела Недела“ е исто така многу распространето, бидејќи не се пости ниту среда ниту петок. Утрешниот пак, велигденски вторник, според народните верувања, е единствениот добар вторник во годината. Ако небото е ѕвездено на светла среда, постарите луѓе тврдат дека годината ќе биде исклучително плодна. Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Висеше меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован Заведеев и мајка Му под Крстот, малку подалеку стоеја и неколку жени коишто последните години Му служеа со своите имоти. Покрај Него тогаш немаше други, освен непријателите и минувачите во неверие. Евангелието подробно пишува за смртта. Потоа Јосиф од Ариматеја, кој Му беше ученик, се осмели и го побара од Пилат телото за да го погребе. Го положија во еден нов гроб којшто Јосиф го имаше скроено во карпа. Го затворија влезот со камен и заминаа. За воскресението дознаа во мугрите во неделата, кога оние верни жени појдоа со миризливи масла на гробот за да Го помазаат телото, кое не Го најдоа. Веста ја прими прва Марија Магдалина и побрза да им јави на апостолите и тие не поверуваа. Петар и Јован самите се стрчнаа до гробот и го најдоа каменот одвален, а од телото лежеа оставени само повоите. По ова, кога се собраа заедно во куќата, Исус им се јави и разбраа дека воскреснал. Но им го отвори умот и за да ги разбираат Писмата. Им се јави и на Лука и Клеопа додека одеа во Емаус, но не Го препознаа веднаш. Срцата им гореа на сите.]]>

Српската презентерка на ТВ Пинк не издржа кога ја доби веста: Едвај прочита дека најдобриот пријатил и се самоубил, па среде Дневник стана и замина https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-prezenterka-na-tv-pink-ne-izdrza-koga-ja-dobi-vesta-edvaj-prochita-deka-najdobriot-prijatil-i-se-samoubil-pa-srede-dnevnik-stana-i-zamina/ Tue, 12 Oct 2021 10:01:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222535

Една од најпознатите ТВ водителки, Тања Раѓеновиќ, откри како реагирала и се почувствувала кога во програмата во живо дознала дека нејзиниот најдобар пријател се самоубил, кажувајќи дека тоа е најлош момент откако таа се занимава со својата работа. Бидејќи „Националниот дневник“ се емитува во живо на ТВ Пинк, имаше и убави и помалку убави ситуации за време на програмата. Имено, пред неколку години, на самиот крај на програмата што ја водеше Тања, се случи нешто што таа сигурно никогаш нема да го заборави. Најтешко прочитаните вести во нејзината кариера. „Ми ја донесоа веста во студиото, тоа беше прв и последен пат, се надевам. Беше последна вест пред спортот, дека мојот најдобар пријател се самоубил. Не знаеја дека тој е мојот најдобар пријател. Тој беше познат адвокат, а јас морав да прочитам дека се самоубил, иако за тоа во тој момент и самата дознав“ - рече Тања и додаде дека таа тогаш станала, го напуштила студиото, иако програмата одела во живо и дека нејзиниот колега го завршил дневникот.]]>

Калиопи веста за заминувањето на Балашевиќ ја затекна во Белград: „Се чувствувам како мало дете на кое му го одземале детството“ https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-vesta-za-zaminuvanjeto-na-balshevikj-ja-zatekna-vo-belgrad-se-chuvstvuvam-kako-malo-dete-na-koe-mu-go-odzemale-detstvoto/ Mon, 22 Feb 2021 09:19:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190765

Како и многумина и  Калиопи тешко ја прими веста за заминувањето на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ. Оваа вест ја дочекала за време на нејзиниот престој во Белград, каде и се збогуваше од него. „Замина уште една човечка величина, овој пат крунисана со вистинитоста на стиховите што засекогаш ќе сведочат за него, за нас и за нашите животи ... Во неверување ја примив веста за вечното заминување на Балашевиќ ... збунета. Како мало дете на кое му беше одземено детството ... Тој беше дел од мојата младост, моето растење, стекнување мудрост, поет на кој му верував ...“ -  изјави познатата македонска пејачка за српски Курир и додаде: „Во Белград ме затекна веста... И токму таму ќе се збогувам со него. Во земјата што ни го даде на нас ... на сите нас ... Македонија отсекогаш го сакаше, а и тој исто така ги сакаше своите Македонци ... Јас сум многу тажна, но и бескрајно благодарна што живеев во неговото време. И оддавам почит на неговата поетска душа, која сега патува до вечноста. Таа исто така се збогуваше со кантавторот преку Инстаграм, цитирајќи ги стиховите од неговата песна „Напослетку“. Фото: Инстаграм принтскрин/kaliopi_official
 ]]>

Жива ја закопаа: Пејачката Нада Обриќ се огласи по написите дека починала! https://arhiva.vistina.com.mk/ziva-ja-zakopaa-pejachkata-nada-obrikj-se-oglasi-po-napisite-deka-pochinala/ Mon, 13 Jul 2020 08:09:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158400

Откако во некои српски медиуми се појави веста дека починала српската пејачка Нада Обриќ, таа се огласи и ги демантираше овие пишувања. Нада за телеграф.рс вели дека не може да верува со што се занимаваат луѓето, но и дека се чувствува добро. „Неверојатно е со што се занимаваат луѓето, не можам да верувам. Како што слушате, добро сум, јас сум Нада. Тоа не е точно, сега не сум во можност многу да зборувам“, изјави пејачката. Пејачката се наоѓа кај својата ќерка во Виена која ја однесе кај најдобрите лекари и приватно оди на хемпотерапии. Потсетуваме, пред една година, Нада се оперираше од канцер на бешика и беше пресреќна што успеала на време да ја открие болеста.]]>

Балашевиќ излезе од болница, па го подбра Чолиќ: „Како бре е најпожелно момче, кога има 70 години?“ https://arhiva.vistina.com.mk/balashevikj-izleze-od-bolnica-pa-go-podbra-cholikj-kako-bre-e-najpozelno-momche-koga-ima-70-godini/ Tue, 10 Dec 2019 10:31:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123047

По излегувањето од болница каде му беа вградени 4 стента, Ѓорѓе Балашевиќ се јави од од неговиот двор во Нови Сад и  изјави дека е добро. Разговарал за откажаните концерти, за книгата на неговата сопруга, за децата, внуците... Познатиот пејач-текстописец решил малку да се пошегува и на сопствена сметка, но во исто време „подбрал“ и некои негови колеги. Меѓу нив и Здравко Чолиќ. "Бев во болница, имав проблеми ... Но, тоа не е новост, не е вест. За мене, вест е кога еднен фраер што важи за  најпосакувано момче во регионот, прави концерти во Белград. А тоа најпосакувано момче во регионот, мислам на Чола, има 70 години! Е тоа е вест. А кога еден дедо ќе заврши на Институтот за кардиоваскуларни работи, не е вест. Јас сум вистински дедо, дупли дедо. Имам две внуки. Пред тоа со години бев „дедо на црно“. Затоа вест би било само ако се се појавам во некое ријалити на пример... Таму каде што природата кренала раце од луѓето“ - изјавил Балашевиќ. Фото: Драган Кадиќ/Фејсбук принтскрин]]>