Весна Дамчевска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Mar 2024 08:57:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Весна Дамчевска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Промоција на монографија: Универзална сала – „Скопскиот симбол на хуманоста“ од Весна Дамчевска https://arhiva.vistina.com.mk/promotsija-na-monografija-univerzalna-sala-skopskiot-simbol-na-humanosta-od-vesna-damchevska/ Tue, 05 Mar 2024 09:25:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340329

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, а објавена е со поддршка на Град Скопје. Промоцијата е закажана за 6 март во 12 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Книгата излегува по повод 60 години од зачетокот на благородната идеја да се изгради сала или културен простор што ќе има универзално значење и функција, наменет за организирање разни манифестации, културно-уметнички и помали спортски настани. Универзалната сала е замислена како мултифункционален простор што ќе служи како културен центар за скопјани. Проектот брзо го привлекува меѓународното внимание, па земјите од сите страни на светот ја нудат својата поддршка за да ја оживеат оваа амбициозна визија. Но низ годините салата станува многу повеќе од објект, таа станува олицетворение на солидарноста на Скопје, стоејќи како светилник на надеж, потсетувајќи ги луѓето дека не се сами во соочувањето со предизвиците. Салата станува домаќин на историски настани, поттикнувајќи го чувството на заедништво и единствена цел. Многубројните архивски материјали, расфрлани по депоа, и сеќавањата на скопјани, кои остануваат само како усна традиција, со издавањето на оваа книга се материјализираат во трајно сведоштво за овој објект и институција од особено значење за културниот идентитет на градот. Оваа монографија собира на едно место дел од информациите, податоците, архивските материјали, сведоштвата за нејзината историја и културолошко значење, преку текстови, фотографии, интервјуа, одгласи во медиумите… Книгата, покрај историјатот на институцијата, ги опфаќа и многубројните настани што традиционално се одржувале во овој простор, вкупно повеќе од 5.000 манифестации, кои ги проследиле над 5.800.000 посетители. Ова е една од ретките монографии за културното наследство од периодот на солидарноста и единствена за Универзалната сала како еден од објектите што будат носталгични чувства и сентименталност кај скопјани како градски репрезент на постземјотресното наследство на градот. Со тоа, ова наследство и богатството од настани што се одржувале тука добиваат физичка форма во облик на книга, која е од особено значење за градот Скопје во областа на културата. Оваа книга ќе остане да ја раскажува историјата на овој објект во срцето на градот, како негов најпрепознатлив симбол и траен сведок на антологиски збиднувања…]]>

Промоција на книгата „Да ти се погоди да живееш во интересни времиња“ од новинарката и колумнистка Весна Дамчевска https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-knigata-da-ti-se-pogodi-da-ziveesh-vo-interesni-vreminja-od-novinarkata-i-kolumnistka-vesna-damchevska/ Thu, 10 Jun 2021 12:17:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206566

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со огромно задоволство ја најавува промоцијата на книгата Да ти се погоди да живееш во интересни времиња од новинарката и колумнистка Весна Дамчевска. Промоцијата ќе се одржи в понеделник, 14 јуни 2021 година, со почетокот од 20 часот, на платото пред Младинскиот културен центар. Промотор на книгата ќе биде македонскиот книжевен критичар и теоретичар Александар Прокопиев.

 Книгата Да ти се погоди да живееш во интересни времиња (културолошки ставови и искуства) е избор од осумдесетина авторски колумни пишувани во последниве десетина години и објавувани, главно, во рубриката „Наш став“, но и страниците за култура и прилогот „ЛИК“ во дневниот весник „Нова Македонија“. Преобјавени се хронолошки, од најновите до најстарите, заради подобро разбирање на некои теми што се поврзани со одредени настани и поводи.

 Иако темите опфатени во оваа книга се однесуваат на невеселата сегашност, таа не форсира одреден поглед на светот, но испраќа порака зошто уметноста и културата како документи на една временска епоха треба да се сфатат сериозно. Насловот на книгата Да ти се погоди да живееш во интересни времиња (преземен од еден од вклучените текстови во книгата, а по повод темата на 58. Венециско биенале на уметност) е алузија на познатата англиска фраза, долго време погрешно цитирана како стара кинеска клетва, која се однесува на периодите на несигурност, кризи и превирања, на лажни вести и уништени вредности, на „интересните времиња“ какви што се овие што ги живееме денес.

 „Создавајќи во жанр што е потребен и полетен во секоја култура, Весна Дамчевска во својата нова книга нуди модерно, ретко и паметно четиво што ќе ги заинтересира и заинтригира сите мислечки и сензибилни читатели. Парафразирајќи го насловот, на авторката ѝ се погоди да пишува во интересни времиња, но и на современата културна сцена ѝ се погоди да биде протолкувана од ваква авторка“, пишува во рецензијата кон книгата Прокопиев.

 Весна Дамчевска (р. 1977 година, Скопје) е новинарка, уредничка, авторка. Дипломира на Интердисциплинарните студии по новинарство на Прaвниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во 2012 година магистрира на тема Сликата на жената уметник во биографскиот филм на Интердисциплинарните културолошки студии на Институтот за македонска литература.

Збирката културолошки ставови и искуства Да ти се погоди да живееш во интересни времиња (2021 г., издавач „Антолог“) е нејзината втора авторска книга, по објавувањето на научната книга Од собата до Холивуд (2013 г., издавач „Зојдер“).

Во фокусот на нејзиниот авторски интерес се процесите во современата култура, продукциските, консумеристичките, естетичките и политичките аспекти на културата, феминизмот и антифеминизмот, естетиката на рецепцијата, манифестациите и калкулациите со поимите на  популарното, убавото/неубавото…

Работела како новинарка во културните редакции на дневните весници „Македонија денес“ и „Време“ и во неделникот „Денес“. Од 2008 година работи во реоформениот прв македонски дневен весник „Нова Македонија“, а од 2010 година до денес ги уредува културната рубрика и прилогот за култура, творештво и идеи „ЛИК“ во истиот весник.

 Објавува културолошки текстови и во стручни списанија и зборници, а уредничка и редакторка e на неколку прозни избори, меѓу кои се: Бубамара на зрно калинка – 50 години Конкурс за краток расказ (Скопје, 2010 г.) и Монографијата за 75-годишнината од весникот „Нова Македонија“ (Скопје, 2014 г.), изданија на „НИК Нова принт“.

 Книгата Да ти се погоди да живееш во интересни времиња е објавена со финансиска поддршка од Град Скопје.

 Во согласност со препораките за организација на вакви настани, ќе бидат испочитувани сите мерки за држење растојание, носење маски и дезинфекција.

]]>