весна бејби – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Mar 2024 12:03:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png весна бејби – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Сами доаѓаме и сами си одиме“: Весна – Бејби расплакана и полна со емоции се запраша што значи да си постар една година (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/sami-doagame-i-sami-si-odime-vesna-bejbi-rasplakana-i-polna-so-emotsii-se-zaprasha-shto-znachi-da-si-postar-edna-godina-foto/ Mon, 11 Mar 2024 11:26:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341793

Животот е полн со убави и неубави моменти, полн со изненадувања кои  ни се допаѓаат или не, сепак се случуваат додека старееме. Што значи да си постар за една година, се запраша и македонска актерка и ТВ водителка Весна Петрушевска токму на денот кога го славеше нејзиниот  роденден. Или можеби не славеше...? Но, затоа полна со емоции на фотографиите кои ги сподели каде е речиси расплакана, срочи една подолга порака на Инстаграм која сите ги состави длабоко замислени, мошне зачудени, без зборови. Дека годините се само бројка се согласи и Бејби, гласно размислувајќи  кому му е важна таа бројка и годините што некој ги полни, освен на самиот себе си ... Таа денот на нејзиното раѓање реши да го прослави сама, без торта, без гости и  подароци, а она што го посака, го откри во пораката. - Еден ден ќе наполниш и 54 години, чинејќи дека слободата ќе ја донесе среќата.Што значи да си постар за една година?Паѓања,станувања,спремна на секој удар од сите страни.Тие едвај чекаат да те удрат,да ти ја повредат и најинтимната и најсветата работа на овој свет.Удираат по децата,а јас животот ги посветив на стотици деца.Секогаш градам големо и високо,онаму до небото.Денес сакам да сум сама,не сакам торта,не сакам подароци,сакам само суштина и знаење.Не верувам одамна на луѓето кои им се крши насмевката кога ќе те видат.Бучавата од кафеаните ми е немерливо залудно време.Љубовта во која верував одамна ја имам закопано доабоко во себе.Многу битки терав сама против сите и за сите.Доаѓаш до еден отсјај кој полека се губи како суров стих.Кому е важно што ти ќе наполниш бројка на години.Сами доаѓаме и сами си одиме.Светот не застанува за тебе,ти го сопираш светот.Се обидувам да бидам будна за сите неправди,за секоја солза,за секое дете,за секоја моја неродена претстава.Се минува и гласноста и сјајноста и тврдината и водата.Тоа што останува е каков човек си.Чуден некој ден,ова роденденов“ - напиша Петрушевска а со нејзините зборови замисли многумина.
За објавата која ја подготви да биде целосна,  ја надополни со песната од српскиот пејач  Балашевиќ „Љубовта не победува“ а зборовите и музиката се совпаѓаа со размислувањата во нејзиниот пост. Сепак честитките со најубави желби веднаш почнаа да се редат, а таа ги сподели  на кратките приказни на нејзиниот профил на Инстаграм. Фото: printskrin/instagram/vesnapetrushevska  ]]>

Весна Петрушевска и малите актери од нејзината актерска школа им оддадоа почит на трагично настраданите деца од Белград (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-petrushevska-i-malite-akteri-od-nejzinata-akterska-shkola-im-oddadoa-pochit-na-tragichno-nastradanite-detsa-od-belgrad-foto/ Mon, 08 May 2023 05:17:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300974

Малите актери од Актерската школа на истакнатата македонска актерка и ТВ водителка Весна Петрушевска во неделата, 7-ми мај 2023 година пред Амбасадата на Република Србија во Скопје им оддадоа почит на своите трагично настрадани  другарчиња од Белград, ученици на училиштето „Владислав Рибникар“, кои ги загубија животите во монструозниот убиствен напад на нивниот соученик. Петрушевска со своите мали актери, заедно со апели за заштита на децата, оставија цвеќе и им запалија свеќи на трагично загубените животи на малите ангелчиња од Белград. Бејби уште веднаш по грозоморната трагедија на своите профили на социјалните мрежи истакна дека е згрозена и потресена од настанот во Белград и дека ова зло никогаш и никаде не смее да се повтори. Покрај тајните на актерството, Весна своите млади актери ги учи и на вистинските животни вредности, доброто воспитување, култура и уметност. Така, покрај овој хуман, човечки гест, викендот Весна и нејзините мали пријатели го искористија и да го посетат актуелниот Саем на книгата, на промоцијата на новото издание на книгата „Стапица“ од легендарниот Горан Стефановски, како  и да се дружат со македонскиот писател Венко Андоновски.  ]]>

Познати деца на уште попознати родители: Можете ли да ги препознаете македонскиот актер и ТВ водител и неговата сестра? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tie-poznatideca-na-ushte-popoznati-roditeli-mozete-li-da-gi-prepoznaete-makedonskiot-akter-i-tv-voditel-i-negovata-sestra-foto/ Sat, 08 Apr 2023 07:39:26 +0000 http://vistina.mk/?p=11041

Тие се брат и сестра... познати! Доаѓаат од уште попознато семејство. Дедо, татко, мајка... врвни македонски уметници... Доајени на својата уметничка дејност! Тој на периоди мега популарен, таа можеби помалку позната, особено заради тоа што последниве 20 години не живее во Македонија!
Сеапак, секогаш кога може доаѓа да го види постариот и многу попопуларен брат... И за арно и за лошо. така беше кога во април 2016 без знаење го изненади, па „му се исправи“ чекајќи уредно во ред со примерок в рака за потпис, на промоцијата на неговата претпоследна книга... Така беше кога тој беше в болница пред сериозно искушение заради здравствените проблеми.  Таа и тогаш беше покрај него, тогаш им кога е најубаво и кога е најтешко. По професија архитект, кој последниве 13 -14 години работи нешто што самата го нарекува „технолошки поткажувач“, во компанија која прави дизајн софтвер. Тој мултиталентиран: актер парекселанс, ТВ водител, музичар, забавувач, шоумен, автор, писател...
Промоцијата на својата седма книга по ред насловена „Улица диши длабоко“, ја правеше неодамна, а како потсетување на продолжувањето на заедничкото актерско остварување со неговата колешка Весна Бејби Петрушевска, наречено „Брачна игра“, таа ја постираше на својот Инстаграм  токму оваа фотографија од неговото рано детство на која тој е токму  со сестра му.
Кој ги препозна, препозна... Кој не, нека види како изгледале Игор Џамбазов и неговата сестра Тања како малечки, а како изгледаат денес.    ]]>

Весна Бејби и Игор Џамбазов ќе ја спасуваат планетата: Шоуто „Агенда 21“ на нова телевизија https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-i-igor-dzambazov-kje-ja-spasuvaat-planetata-shouto-agenda-21-na-nova-televizija/ Mon, 28 Nov 2022 14:07:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277690

Втората сезона на едукативното еколошко телевизиско шоу, „Агенда 21“ ќе се емитува на нова фрекфенција. Веќе проверената екипа предводена од актерите Игор Џамбазов и Весна Петрушевска, заедно со младите Кристијан Ѓоргиев и Јована Миладинова, на забавен начин ќе презентираат нови факти и ќе разменуваат мислења за актуелната состојба со животната средина во Македонија и за опасностите од глобалните климатски промени, електронскиот отпад и батерииите. Премиерното емитување на втората сезона е на 3-ти декември, на ТВ 24, со почеток во 20:45 часот, а репризите ќе бидат во недела од 15:15 часот и понеделник од 23:20 часот. „Оваа телевизиска емисија ја правиме за да ги поттикнеме гледачите и граѓаните да размислуваат и да делуваат позитивно кон природата, бидејќи грижата за животната средина е на многу ниско ниво. Искуството на терен од минатата сезона, а и од оваа ни покажа колку нашата држава изобилува со диви депонии и ѓубре, а токму тие депонии го загадуваат воздухот и почвата.“ – кажа Весна Петрушевска. „Агенда 21“ за прв пат започна да се емитува лани со реализирани 10 емисии, а оваа година продолжува со истото темпо, нови 10 емисии посветени на климатските промени, глобалното затоплување и уништувањето на природата од страна на човекот. Голема благодарност до Нула отпад, Пакомак и Ладна кои го поддржаа овој проект, ни изјави Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот. „Еколошкото шоу „Агенда 21“ е во продукција на КМК. Овој проект има големата тежина бидејќи токму ние луѓето сме највиновни за уништувањето на животната средина, а само човекот може да го промени тоа.“ вели Игор Џамбазов.]]>

Аплауз и овации за децата од актерската школа на Весна Бејби: „За нашиот Горан“ се играше под отворено небо https://arhiva.vistina.com.mk/aplauz-i-ovacii-za-decata-od-akterskata-shkola-na-vesna-bejbi-za-nashiot-goran-se-igrashe-pod-otvoreno-nebo/ Wed, 31 Aug 2022 11:40:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264914

За првпат под отворено небо, под рефлекторите и светилките во Паркот на Франкофонијата се играше театарската претстава „За нашиот Горан“. Претстава посветена на писателот и драматург Горан Стефановски, во која играат децата од актерската школа на Весна Петрушевска. Младите глумци и овој пат беа одлични, или како велеа во публиката „децава растурија на сцената“. Со многу емоции и искреност ги оживеаја ликовите и репликите од книгата „Стапица“ што ја напиша Стефановски. Беше уживање да се биде дел од оваа театарска приказна, каде во час и половина на сцената имаше и смеа и солзи. Се пееја песни и од Еминем и од „Леб и сол“. Публиката ја препозна искреноста на младите глумци, па додека траеше претставата, ги бодреше со аплауз. Весна Петрушевска е режисер на претставата, која во март во МНТ имаше премиера. Таа уште тогаш во најавата за претставата рече дека сака секое дете да знае барем по еден монолог од легендарниот писател. Актерската школа на Весна Бејби веќе неколку години работи со деца и млади актери, а во тек се и уписите во школата, единствена кај нас од ваков тип во која децата имаат можност да бидат дел од магијата на театарот, сцената, филмот. Претставата „За нашиот Горан“  беше во организација на Општина центар, која во Парк на Франкофонијата организираше повеќе манифестации пред крај на летото. ]]>

Весна Бејби и Игор Џамбазов пак ќе ја спасуваат природата: Почна снимањето на втората сезона на еколошкото шоу „Агенда 21“ https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-i-igor-dzambazov-pak-kje-ja-spasuvaat-prirodata-pochna-snimanjeto-na-vtorata-sezona-na-ekoloshkoto-shou-agenda-21/ Wed, 27 Jul 2022 11:20:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260544

Почна снимањето и подготовките на втората сезона на еколошката ТВ емисија Агенда 21. Актерите Весна Петрушевска и Игор Џамбазов , пак ќе ја спасуваат природата. Во новата сезона покрај Весна и Игор, учествуват и младите, сега веќе поискусни од минатата сезона, Кристијан Ѓоргиев, Анастасија Митровска и Јована Миладинова. Тука се и децата од актерската школа на Весна, кои се дел од снимањето на еколошката емисија за подигање на свеста за зачувување на природата. „Загадениот воздух и почва, дивите депонии и електронскиот отпад ќе бидат главна тема и оваа сезона. Мора сите повеќе да се грижиме за животната средина, да ја негуваме и цениме оти таа е нашето живеење, нашето постоење“- рече Весна Петрушевска. Еколошката ТВ емисија Агенда 21 е во продукција на КМК, од каде велат дека се свесни за големата тежина на темите кои ги обработуваат и дека само со едукација и јавна дебата може да се дојде до посакуваната цел, а тоа е зачувување на природата и чист воздух. „Во ова непредвидливо време во кое живееме тешко е да се зборува на вакви теми. Токму затоа сме многу среќни што компаниите Нула отпад и Пакомак ја препознаа нашата мисија. Се надевам дека емисијата има влијание кај гледачите, а особено кај младите преку најмладите глумци од актерската школа на Весна Петрушевска бидејќи, ефектите од глобалното затоплување ги чувствуваме секојдневно“  - потенцира Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот.]]>

„Под ѕвездите“ со Игор Џамбазов и Гуру Харе, Бени и „Нон стоп“ и Весна – Бејби https://arhiva.vistina.com.mk/pod-dzvezdite-so-igor-dzambazov-i-guru-hare-beni-i-non-stop-i-vesna-bejbi/ Thu, 09 Jun 2022 09:19:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253662

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов, на 17-ти јуни со почеток во 20 часот, на стадионот Локомотива, сега со ново име Станица Карпош, ќе приреди неверојатен open air настан за душа. Под ѕвездите на оваа јунска вечер, со Игор Џамбазов ќе уживаме во хитовите кои што со години наназад се дел од најголемите музички случувања кај нас. Но ќе уживаме и во анегдотите и приказните кои што Џамбазов ги носи со себе. Освен Игор Џамбазов за силен со Гуру Харе, овој настан ќе го збогати и рок репертоарот на Бени Нон Стоп, но и стенд-ап настапот на македонската актерка Весна Бејби Петрушевска. Почетокот на настанот е закажан за 20 часот, цената на влезницата е 250 денари со вклучена консумација. Истите можете да ги обезбедите на купи карти за се, во Југотон како и на самиот влез на настанот.]]>

Весна – Бејби прими „електро-шок“: Таа го рекламираше, а ЕВН ја шокираше со енормно високи сметки за струја! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-primi-elektro-shok-taa-go-reklamirashe-a-evn-ja-shokirashe-so-enormno-visoki-smetki-za-struja-video/ Wed, 09 Feb 2022 07:37:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238219

Сигурно се сеќавате кога пред неколку години автомобилот на Весна Бејби Петрушевска среде Скопје се најде во водите на Вардар, а ЕВН потоа ја искористи таа случка со актерката да сними реклама за онлајн плаќање на нивните сметки за струја. Тогаш Бејби одново влезе во реката под Камениот мост, само опремена со нуркачка опрема божем барајќи да ги извади сметките од потонатиот автомобил за да ги плати, всушност рекламирајќи ја кампањата на ЕВН за онлајн плаќање. Ни ЕВН ни Бејби тогаш не обзнанија колку едните ги чинеше рекламата, а колку другата страна заработи за нуркањето  по  фактури во Вардар среде Скопје.
Арно ама, кармата е кучка, а „гладните за пари рекетари на неолиберализмот“ се немилосрдни, па фактурата сега ни стигна на сите нам, ама и на неа, и тоа баеги голема. Весна - Бејби доживеа „електро-шок“ кога ги доби последните сметки за струја, па по непреспаната ноќ, уште рано изутрината како и многумина јавно се пожали на социјалните мрежи, од што тоа „кожата и се ежи“. “Слушам се жалите поради сметките за струја. Да ви кажам, мене едната ми е 14.000 денари, другата 18.000 денари. Знаете кога ќе им ги вадам јас сметките друг пат од вода? Кога јас ќе се фрлам во Вардар, па нека ме вадат ЕВН од таму. Стварно се ненормални... Рекетари“ - им порача Bејби во видеопораката на „неуземјените струјаџии“  претходно прашувајќи ги:  „ЕВН онлајн, како сте?  Цо паите? Ние арни и во благо растројство. Убаи сметките!“
После ова пред Бејби, ЕВН само спомни ја, таа веднаш добива „електро - инсомнија“! Фото: Инстаграм принтскрин/evn_ag/vesnapetrushevska]]>

Весна – Бејби со роденденска исповед од детството и стара фотографија како честитка за „Happy birthday“ на сестра и (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-so-rodendenska-ispoved-kako-chestitka-za-happy-birthday-na-sestra-i-foto/ Fri, 26 Nov 2021 09:04:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59886

Македонската актерка и водителка Весна Бејби Петрушевска е навистина уникатна по многу нешта. И таман ќе помислите дека за неа се' се знае, Бејби ќе изненади со нова случка, приказна, фотографија, пост на социјалните мрежи...
Така и овој пат, кога на нејзината постара сестра Маја  и го честитатше роденденот, на многу необичен налчин - со роденденска исповед и фотографија од детството како роденденска честитка за сестричката!
Инаку, Маја е новинар по вокација и оддамна не живее во Македонија. Живее во Велика Британија... во Лондон и работи во една од редакциите на Би - Би - Си! Не се гледаат премногу често, ама кога ќе се видат... мора да е вистинска „лудница“!
До душа, „лудница“ е секогаш кога сте во друштво на Бејби, а и кога не сте баш толку близу до неа. Конечно таа не го заборави роденденот на сестричката, ама не заборави и да ја потсети и неа и себе си и сите други што ги познаваат и не ги познаваат какви биле како деца. Со постирана фотографија и исповед на „хулиганот“:
„Маја е навистина повеќе од сестра. Денес Маја имаш роденден и сакам да ти кажам дека си најпрекрасното суштество во мојот живот. Таа љубов не се мери и не се брои. Знаеш дека ми недостасуваш како вода и воздух, но знам дека си совршена мајка на Јана и Ема и супер грл на Џоле. Те љубам до најмалите ѕвезди. Среќен роденден! “ „Маја е постара од мене цели две и пол години. Мене ми е повеќе од сестра. Кога бевме многу малечки сами се чувавме, оти нашите родители беа постојано на рабо-та. Имав само 4 години кога уредно ѝ го местев столчето на Маја за да може да се поткачи и да ги измие садовите. Тоа беше еден однос како калфа и чирак. Во мојот млад живот, од четиригодишна возраст па сè до 10 години, ѝ бев вреден чирак на Маја. Ја прашував за сè, дали може да станам, да седнам, да трчам, да избришам прашина. Беше трпелива со мене. Само еднаш, веројатно многу сум ја изнервирала, се сеќавам дека ми го акна малото сино тенџерче од глава. Во првите пет минути бев во шок и го слушав одѕвонувањето на тенџерето во моите уши како најлоша музика, а потоа сакав да ѝ вратам, но Маја цел живот беше повисока 10 сантиметри од мене. Ми се гледаше како џин, како да ѝ вратам кога е голема, можев евентуално да ја сопнам” - јавно се исповеда Бејби на својот Инстаграм профил покрај роденденската честитка до дада и Маја! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/vesnapetrushevska]]>

И Бобо беше на ревакцина… ама не оној на Рада, овој е на Весна – Бејби (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-bobo-beshe-na-revakcina-ama-ne-onoj-na-rada-ovoj-e-na-vesna-bejbi-foto/ Wed, 09 Jun 2021 07:57:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206203

Весна Бејби Петрушевска долго го чекаше својот ред за „ваксинајс и го дочека. Дојде денот и таа да се боцне, да го прими „Фајзер“, оти тој и се падна и го прими... До душа, тогаш вакцинацијата малку и се искомплицира, ама сепак Весна - Бејби не остана без вакцина! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/vesna-bejbi-sepak-se-bocna-k-smet-taman-stignavme-na-red-za-vakcina-snema-vakcini-se-iznachekav-cel-zivot-za-se-video/ Првата доза Bејби ја прими  некаде во втората половина на мај, па кај да е, доаѓа време и за втората... И ете ја Бејби на ревакцинација. И тоа не сама, туку со Бобо...!!! Нееее, не оној на Рада, овој е лично на Весна - Бејби. Мал, сладок, влакнест... и покрај тоа што добро научил да позира, дошол и да се вакцинира или поточно, ревакцинира! Затоа нека не ве чуди, што со Бејби на ревакццинација се појави на малку чудно место - кај ветеринар!? „Бобо на ревакцина фала @creative.photographymk кој баш денес ги фотографираше овие прекрасни суштества кај Диме. Позиравме со Бобо“ - напишала Весна покрај фотографијата, на која е со својот куќен миленик, прекрасното слатко мало кученце. Не сме баш убедени ниту пак сигурни, дека Бобо го ревакцинираа од Ковид - 19, туку најверојатно примил некоја друга, редовна „кучешка вакцина“, а газдарицата...? Ако веќе не ја примила втората доза, веројатно кај и да е, наскоро ќе ја прими жената... Белким на вакциналниот пункт во „А1 арената“ !? Фото: Инстаграм принтскрин/ bitola news/vesnapetrushevska        ]]>