весна бејби петрушевска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Feb 2024 10:41:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png весна бејби петрушевска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На снимање емисија дојде со саканата придружба, па дебело се покаја: Весна – Бејби имаше „проблеми со дишењето“ во „ароматичната епизода “ на „1 на 1“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-snimane-emisija-dojde-so-sakanata-pridruzhba-pa-debelo-se-pokaja-vesna-bejbi-imashe-problemi-so-disheneto-vo-aromatichnata-epizoda-na-1-na-1-video/ Mon, 26 Feb 2024 10:31:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340032

Во последната епизода од ТВ ток шоуто „1 на 1“ на водителот Жарко Димитриовски, гостинака му беше македонската актерка и екс ТВ водителка Весна Бејби Петрушевска. Како познат и пасиониран љубител на домашните миленичиња и долгогодишен сопственик на различни раси кучиња, Бејби и овој пат не пропушти прилика на снимањето на емисијата да дојде со придружба. Имено, актерката се појави својот голем пес, кого безрезервно го сака, му верува, и секогаш кога може го носи со себе, па така беше и сега.
Арно ама, иако доби можност на  снимање емисија да дојде со саканата придружба, Бејби  набргу дебело се покаја! Студиото колкаво е - толкаво е, вентилацијата каква и да е, тешко дека експресно може да го проветри, па Весна - Бејби имаше „проблеми со дишењето“ во „ароматичната епизода “ на „1 на 1“, која и ја приреди токму нејзиниот домашен миленик! Имено, дали од храната, дали од стрес од новата средина, дали од „трема“ што ќе каже за него газдарицата, нејзиното куче почна постојано да испушта „издувни гасови“. И тоа не баш со пријатна арома, па присуството во така „контимираното“ студио стана речиси неподносливо! Луфтирањето многу не помогна, а снимањето не смее да застане, зашто „шоуто мора да продолжи“ нели, оти секоја минута во изнајменото студио се плаќа, па мирисало - не мирисало, била тоа смредеа или кучешка реа, емисијата тргна да тече. Камерите најчесто се вклучени и пред снимањето да започне па така ја регистрираа реакцијата на газадарицата на „симпатичниот загадувач“, кога Весна Бејби гласно и јасно  на сите во студиото им се пожали, па го прекори: „Леле колку пр*и да знаете? Колку пр*и, ме отру?! Леле, ме отру чоек!? Што ти е бе?“ - гласно го прапшува својот куќен миленик актерката пред почетокот на „ароматичната епизода“ на „1 на 1“, која во случајов беше „1 на 2“   збогатена со „кучешка реа“! Телевизијата има слика има и тон, ама во случајов  среќа што се' уште не измислиле телевизори со мирис! А како тоа изгледаше можете да погледнете и слушнете, за среќа не и почувствувате од видеото во продолжение!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Еден на Еден (@edennaeden)

Фото и видео: Инстаграм/vesnapetrushevska/edennaeden]]>

Весна Бејби го изнесе од медиумска илегала семејството на Никола Ристановски: Ова се сопругата и помалата ќерка на познатиот актер (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-go-iznese-od-mediumska-ilegala-semejstvoto-na-nikola-ristanovski-ova-se-soprugata-i-pomalata-kerka-na-poznatiot-akter-foto/ Sat, 03 Feb 2024 08:40:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335998

Весна Бејби Петрушевска точно знеше дека по осамнувањето на нејзината објава со семејството на колегата актер Никола Ристановски на социјалните мрежи, истата ќе се најде во медимите, а тие во поглед на приватност не го преферираат тоа, сепак Бејби реши да ги изнесе од медиумска илегала. Дека одлично функционираат и се дружат приватно, Бејби покажа преку едно видео кое осамна на нејзините профили на Фејсбук и Инстаграм. Првин позираше со Никола, а потоа со неговата сопруга Ема и помалата ќерка Хана.   Средбата се случила во Крушево каде кршеле пита или лепче со паричка, а приликата беше совршена прилика да направат фото спомен кој беше ретка глетка за јавноста. Освен за работи поврзани со неговата богата кариера која функционира на релација Скопје- Белград и обратно, Никола Ристановски не милува да објавува ништо за својата приватност, па досега само неколкупати се појавил со семејството на премиери од филмови каде има улога. Иако е и важи за еден од најнаградуваните наши актери, успешен и со ултра успешка кариера, како театарска, така и филмска, за првватниот живот на Никола Ристановски се знае многу малку. Тој е во долгогодишен брак со сопругата Емилија со која имаат две ќерки, Мила и помалата Хана. Изминатата 2023 година Никола доби две престижни награди, “Александар Лифка” на Фестивалот на европскиот филм Палиќ во Србија, а потоа и наградата “Борислав Станковиќ” на 43 Интернационален театарски фестивал “Борини позоришни дани” за најдобра машка улога за улогата на “др. Стокман” во претставата “Народен непријател”. Вчера 23-ти јануари Никола го прослави својот 55-ти роденден. фото: Facebook/ Vesna Petrushevska]]>

Весна Бејби му дојде на роденден на Тоше дома во неговата родна куќа во Крушево: „Од секаде грееш, од секое ќоше шепкаш нешто како што знаеше само ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-mu-dojde-na-rodenden-na-toshe-doma-vo-negovata-rodna-kuka-vo-krushevo-od-sekade-greesh-od-sekoe-koshe-shepkash-neshto-kako-shto-znaeshe-samo-ti-video/ Fri, 26 Jan 2024 08:12:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336345

Регионот, Македонија, неговото родно Крушево... го одбележаа неговиот единствен датум, како што знаат да кажат неговите фанови, денот на неговото раѓање. Зашто Тоше Проески е бесмртен, вечен во спомените, сеќавањата, песните, со својот лик и дела вткаен во историјата... За едни легенда, за други ангел, за трети божество, икона... За сите - незаборав! И колку да е тагата голема што млад замина, предвреме, онака шокантно, колку да е тешко што повеќе физички не е меѓу нас, Тоше секогаш ќе остане во сите нас. Затоа и вчера, 25 јануари 2024 година не заборавивме да се потсетиме на денот на неговото раѓање. И колку секој негов роденден како и овој 43-от да е тажен, сите не држи чувството дека сепак македонскиот музички ангел е бесмртен! Затоа многумина се потрудија да се сетат на него, да го одбележат неговиот роденден на најразлични начини, но само една позната дама тоа го стори поинаку од сите други. Додека многумина го посетуваа неговиото вечно почивалиште, неговиот вечен дом на Гумење, македонската актерка и ТВ водителка Весна Бејби Петрушевска, неговата вечна пријателка, другарка, „сестра од друга мајка“ собра храброст да му дојде на  роденден на Тоше дома во Крушево, во неговата родна куќа. Со подарок  в рака во вид на дрвена кутија со шише вино на кое е отпечатена етикета со една од неговите изустени мисли, икебана од свежо цвеќе, заедничка фотографија и полна душа спомени! А таму, во неговиот дом на денот на неговиот роденден секоја година во семејството во Крушево се подготвува прекрасна торта. И годинава е така. И повторно на тортата покрај стои негова фотографија, испишана емотивна порака: „Тешко е да се живее без душа, а душа моја си ТИ“ - пишува на тортата на која горат запалени свеќичките со роденденската бројка 43... Само што и овој пат нема кој да ги дувне, да ги изгаси. А, вечната светлина како кандилце гори и во душите на сите, особено на оние кои му беа многу блиски како Весна Бејби. Затоа и нејзините испишани зборови се повеќе од емотивни, срцепарателни, тешко подносливи, ама... тоа е реалноста! Сурова, од која нема бегање. Има само вечна љубов и спомени, незаборав, сеќавање... на она што беше Тоше. Беше и остана и откако замина... Иако неговото присуство постојано се чувствува. Особено дома. „Уметноста без љубов е ништо. Ти беше љубов во секој здив, во секој поглед, во секое шушкање на ветерот.Таа твоја љубов ја остави како аманет, како зрно, како светлина. Ги видов твоите после долги години, собрав храброст и појдов. Се' мириса на тебе, онаа десна врата од собата каде се смеевме сега е полна со твои слики и има многу топлина. Мајке се' уште ја прави најубата баклава на светот, тато Никола го има твојот свет во очите, а кога ги гледав дланките на Кристијан тоа беа твоите дланки, исти. Однесов за тебе за душа, за роденденот. Ти знаеш дека се гледаме 3-4 пати годишно насамо и бегам назад. Сега срцето грутка. Мама и тато ти се крепат и се многу достоинствени. Непребол. Мајке ја има онаа насмевка која многу е твоја. Ми вели : '17та тераме'! На влезот има една огромна фотографија со тебе и Дори. Таму сте најубави. Од секаде грееш, од секое ќоше шепкаш нешто како што знаеше само ти. Ми недостасува тоа шепотење и кикотење за на крај да прерасне во едно гласно смеење. Денес е денот на твоето раѓање. 43... Те сакам до небото и назад“ - споделила Весна Бејби Петрушевска во својата роденденска посвета или поточно беседа за ангелот.
Фото: Фејсбук/Инстаграм/vesnapetrushevska
]]>

Откако пред пет години ја „расипаа калимерата“, Весна Бејби и Елена Лука повторно „се блиски“: Љубовта е минлива, само интересите се вечни или нешто трето ги спои, за актерката и креаторката одново заедно „да бидат среќни“!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-pred-pet-godini-ja-rasipaa-kalimerata-vesna-bejbi-i-elena-luka-povtorno-se-bliski-lubovta-e-minliva-samo-interesite-se-vechni-ili-neshto-treto-gi-spoi-za-akterkata-i-kreatorkata-odnovo-zaedno-d/ Fri, 05 Jan 2024 10:29:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333828

Една предновогодишна видео најава на Весна Бејби Петрушевска и неколку заеднички новогодишни селфи фотографии со Елена Лука ја изненадија македонската јавност.
Особено зачудени, па и шокирани беа оние кои се добро упатена во модата и модните кругови во Македонија. До душа, некои позитивно, некои негативно, ама сепак сите останаа вчудовидени кога повторно ги видоа заедно, дека одново се „во арните“, популарната македонска актерка и исто толку познатата македонска модна креаторка. Зашто само оние кои се длабоко навлезени во модните кругови  знаат дека Весна Бејби Петрушевска покрај актерството и радио и ТВ водителството се занимаваше и со уште некои работи поврзани со јавната работа, медиумите, модата… Имено, Бејби долги години беше во таборот на познатата македонска модна креаторка и градежник, во концернот ЕЛ“ на Елена Пандева, во јавноста многу попозната како Елена Лука. Координатор, дел од маркетингот, колумнист во нивниот портал „Фешанел“, задолжена за контакти и спојување на македонските познати личности и јавни фаци со брендот ЕЛ, па дури и самата плус сајз модел… Едноставно речено,  Бејби кај Елена Лука беше „дама за многу нешта“… Веројатно за добар хонорар за македонски услови, како што велеа добро упатените од внатрешните кругови! Оние кои своевремено биле сведоци на нивните блиски релации, велат дека Бејби имала прилично голема доверба и бенефиции кај „газдарицата“, но  и моќ, авторитет и стравопочит кај тогаш вработените.  Дама чиј збор, после оној на газдарицата секако, ќе биде главен и последен! Арно ама, по некое време газдарицата и нејзината „лева, десна… која и да е рака“, ја расипаа калимерата!? Уште на тогашната традиционална осмомартовска забава која Елена Лука ја приредува за своите вработени, Бејби никаде ја немаше.  Оправдано отсутна, намерно непоканета или подоцна избришана од фотографиите на социјалните мрежи…? Вистината за причината остана во малиот затворен круг?! Тоа значеше дека  дефинитивно „пукнала тиквата“, па „љубовта“ помеѓу работодавачката и извршителот на работите заврши, тогаш навидум засекогаш? Остана само дилемата дали Бејби се почувствува доволно силна, способна и моќна да и го „сврти грбот“ на Елена или од Елена „доби метла“ заради причини, само на  ним двете познати? Или можеби во прашање беше нешто трето, па двете дами пријателски се разделија, што познавајќи ги карактерите на обете, би било тешко остварливо, но не и невозможно? Нешто, што и тогаш Вистина.ком.мк пишуваше. Зашто иако пред пет години ја „расипаа калимерата“, Весна Бејби и Елена Лука сега повторно „се во блиски релации“... Љубовта е минлива, но интересите се вечни?  Или можеби нешто трето  повторно ги спои, за актерката и креаторката сега одново „да бидат среќни“ и заедно да ја дочекаат Новата 2024 година. Како и да е, познатата креаторка и популарната глумица  на полноќ за Нова Година заедно одбројуваа до десет близу Струмица, во еден познат бањско-рехабилитационен, хотелски комплекс со лековита, термална вода, во нивната прва, јавна, заедничка, славеничка пригода по петгодишната „пауза“! Фото: Вистина.ком.мк-архива/Инстаграм/elenaluka_private/vesnapetrushevska  ]]>

Кој природна кој вештачка, само Весна „Бејби“ Петрушевска има… „течна елка“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-prirodna-koj-veshtachka-samo-vesna-bejbi-petrushevska-ima-techna-elka-video/ Sat, 30 Dec 2023 07:49:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332191

Нова Година чука на портите, па предновогодишната еуфориија станува се поинтензивна. До душа, кај некои уште отсега расположението е пуштено на најсилно, но повеќето сепак се чуваат за „најлудата ноќ“ која ја имаа таа магична моќ да не развесели и расположи барем на миг. Украсените излози на продавниците и моловите, на дуќаните и домовите, на улиците, парковите и плотадите, на целиот град потсетуваат дека доаѓа часот за збогување со  старата и дочек на новата година, полна со надежи, желби и очекувања за поубаво утре на секое поле. Новогодишната елка секако е најпознатиот и највпечатливиот симбол на Новата Година... Украсена со светилки и  лампиони, со украси и фигури кои блескаат особено во ноќта само ја поттикнуваат радоста за очекувањата кои ги носи Новата година. А елка како елка, секој има своја и на себесвојствен начин украсена... Некој џиновска, некој џуџеста, една е поголема, друга помала, повеќето се вештачки, понекоја е и природна, повеќе или помалку украсена со разнобојни украси или накитена само во една боја... Но, секоја од нив е различна и на свој начин убава! И речиси сите во домот имаат своја новогодишна елка која е ваква или онаква, ама малкумина имаат специфична... Но, веројатно никој нема како што има македонската актерка и водителка Весна Бејби Петрушевска. Нејзината е една и единствена и уникатна, односно мошне специфична... Зашто елката на Весна - Бејби е „течна“! Ја краси додека ја краси собата или поточно масата, ама за миг може и да ја снема, зашто освен декоративната улога има и корисна намена... Вака, како што Бејби ја наредила е мошне симпатична, ама затоа може во секој момент да стане и практична, особено во миговите кога се слави и честита... Тогаш нејзината елка станува најкорисна и најупотреблива, иако за да ја ја ставите во таква функица ќе мора да ја растурите. И тоа „украс по украс, „лампион по лампион“... Освен ако не сте „шампион“ за брза конзумација на ваква „течна елка“, во која сепак ви препорачуваме да уживате со мерка и без ризици! Среќни празници!
Фото: Инстаграм/vesnapetrushevska

Весна Петрушевска ја потсети јавноста на заборавената страна на траумата: „Сите зборуваме за камерите, Цитроенот, прес конференцијата…а никој не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка? https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-petrushevska-ja-potseti-javnosta-na-zaboravenata-strana-na-traumata-site-zboruvame-za-kamerite-tsitroenot-pres-konferentsijata-a-nikoj-ne-prasha-shto-se-sluchuva-so-majkata-na-vana-i-nejzinata/ Thu, 07 Dec 2023 11:07:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330263

После целата колективна траума која ја задеси Македонија со грозоморниот чин на убиство на едно 14 годишно дете и еден 74 годишен човек, Весна Бејби Петрушевска беше една од оние која дечињата од својата актерска школа ги однесе во Дебар Маало, крај споменикот на Горан Стефановски, место каде што и малата Вања често поминувала. Во чест и знак на почит и сеќавање кон неа, но и како чин со кој ги учиме нашите деца да бидат чесни и достоинствени.
Вчеравечер, среда-6-ти декември 2023, Бејби со лајв видео на Инстаграм ја потсети јавноста на заборавената страна на траумата... Дека сите зборуваме за чинот на грабнувањето и егзекуцијата, за нарачателите и убијците, за соучесниците и нивното апсење, за автомобилот и неговата рута на движење, за бекството и приведувањето на главниот осомничен, за прес конференцијата и пропустите на МВР... И уште за илјада и еден детал, а сите како да ги заборавија жртвите... Сите како да подзаборавивме на мајката на невината жртва и на нејзината помала сестричка. Весна Петрушевска откри дека сестричката имала операција на срцето, а мајката здравствени проблеми со респиртаторниот систем и е во тешка психичка состојба. „Затоа треба добро да размислите пред било што да коментирате или да објавите“ - посочи Бејби и додаде: „Нивната тага е немерлива, нивниот живот е 'скратен', тие се небаре 'живи мртовци'.  Тагата е огромна, а нашата општествена одговорност е на едно многу ниско ниво. Можам само да кажам дека полека но сигурно ги губиме децата“ - вели актерката и додава:  „Ние сма дехуманизирано општество со извонредно лош образовен систем. Децата гледаат лоши примери, без никакви ведности“. „Сега сите зборуваме за камерите, за Цитроенот, за прес конференцијата... А никој, ама никој не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка? Тоа е нашиот пораз!“ За ова и уште многу други детали во врска со заборавената страна на траумата, Весна Бејби Петрушевска зборуваше во своето лајв обраќање на Инстаграм, кое можете во целост  да го погледнете во продолжение:
Фото и видео: Инстаграм/vesnapetrushevska]]>

Весна Бејби Петрушевска со видео колаж и емотивна порака и го честиташе роденденот на ќерка и Мина: „Знаев дека сме си една на друга судбина“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-petrushevska-so-video-kolazh-i-emotivna-poraka-i-go-chestitashe-rodendenot-na-kerka-i-mina-znaev-deka-sme-si-edna-na-druga-sudbina-foto/ Mon, 13 Nov 2023 08:09:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326569

Еден од најважните денови на нашите блиски и сакани личности е денот на раѓањето, а  тој ден можеме да ги направиме среќни и насмеани со нашето присувство, но и со убавите честитки упатени кон нив. Токму тоа го направи и македонската актерка Весна Бејби Петрушевска која со леснотија направи видео колаж кој го сподели со јавноста преку Инстаграм и напиша една подолга порака посветена на ќерката Мина. Имено, Мина наполни 19 години, а Бејби сподели стари и понови фотографии на кои тие две позираат заедно, со Игор Џамбазов, но и со дедото на Мина, починатиот татко на актерката. „Мина имаше 9 месеци и едвај 3,5 килограми кога се сретнавме првиот пат на еден октомвриски сончев ден во Битола. Беше лесна, насмеана само ако ја погалиш, ако престанеш ќе почнеше да плаче. Знаев дека сме си една на друга судбина. Последниве 8 години се соочувавме со разни состојби поради тоа што таа беше жртва. Се бореше секој ден како лавица. Таа насмевка нема цена. Денес полни 19 години. Секогаш била моја и ќе биде моја. Потполно е неважно дали сте биолошки родител, важно е да го изнесете детето на пат. Мина е мојот херој секоја секунда, секоја минута, секој ден, секоја ноќ. Не знам зошто ама се утепав од плачење“ - напиша Бејби.
Актерката сега на социјалната мрежи сподели и фотографии од роденденската журка и покажа како Мина го прославила роденденот. Се надеваме дека славеничката си поминала преубаво, а роденденската желба што си ја замислила пред да ги дувне свеќичките ќе и се исполни. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Весна Петрушевска Бејби]]>

Весна Бејби ја распаметија свадбените трубачи, ама Игор Џамбазов „ја дотепа“: Кога другар ти ќе ти каже искрено… да пазиш „жолтото комбе“ по тебе да не е дојдено? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-ja-raspametija-svadbenite-trubachi-ama-igor-dhambazov-ja-dotepa-koga-drugar-ti-ke-ti-kazhe-iskreno-da-pazish-zholtoto-kombe-po-tebe-da-ne-e-dojdeno-foto-video/ Tue, 03 Oct 2023 07:52:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320701

Она што е Игор Џамбазов меѓу машките актери, тоа е и Весна Бејби Петрушевска кај дамите... Обајцата врвни глумци, ТВ водители, забавувачи, автобиографи... Со тоа што Џамбаз е и пејач - блузер, а Бејби - едукатор со своето училиште за млади актерски таленти. И над сето тоа, професионално се колеги и  соработници во разни заеднички проекти, а привартно можеби и најдобри другари. А кога имаш така близок другар тој и во арно и во лошо може да ти се најде и помогне, ама може да си дозволи и да ти каже што сака! Така Весна Бејби пред некој ден во влезот од нејзината зграда слушнала гласна плех музика... Во живо! Од трубачи и тапани ечеле и влезот и целата зрада зашто некој нешто славел... Свадба најверојатно!? Чешитата Бејби како што ја дал Господ, не е жива ако не се пошегува, најчесто  на своја сметка како и овој пат, па шегата јавно ја споделила на социјалните мрежи: „Јас мислев мене дошле за невеста да ме земат. како сум се извадила од памет“ - шеговито споделила Бејби на своите Инстаграм приказни, терајќи шега на своја сметка! Свадбените трубачи и блех музиката можеби и ја распаметија, ама Игор Џамбазов со својот коментар на нејзината објава -  „ја дотепа“ откако Џамбаз во репликата и напиша: „Ти глеј од Бардовци да не те земат...“!  Или што би рекле жаргонски во превод: „Внимавај, кога ќе се паркира 'жолто комбе',  по тебе да не е дојдено?“ До душа и тој на шега, ама... некако „несолена“?! Така барем тоа го сфати неговата колешка и другарка Весна, на која како да не и беше право, па само „процедурално“ му возврати на колегата - „шегобиец“ со реплика на репликата: „Шубаво ми мислиш, ја на тебе никад вака“! Дали во моментот Бејби се сетила на старата добра поговорка: „Во секоја шега - половина вистина“, или само онака од чиста забава и таа му одглумила „повредена персона“ - знае само актерката?! Фото: Инстаграм/vesnapetrushevska  ]]>

Весна Бејби Петрушевска без трошка шминка во сосема опуштно издание по дома(фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-petrushevska-bez-troshka-shminka-vo-sosema-opushtno-izdanie-po-doma-foto/ Mon, 18 Sep 2023 07:00:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318366

Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска реши со нејзините следбеници  на „Инстаграм“ да сподели две фотографи направени во опуштена домашна атмосфера. Таа е доста активна на социјалните мрежи и таму често позира и промовира одредени брендови  актерската школа која посветено ја води но, знае да открие и по некој детаљ од приватноста и како го поминува слободното време како што беше случај и сега. Имено, таа на фотографиите позираше во прегратка на нејзините миленици, а како јавна личност која постојано е изложена под будното око на јавноста и секогаш изгледа скоцнано со шминка, овој пат се покажа во едно поинакво светло. Актерката е голем љубител на животните, а нејзината наклонетост кон четириножни суштества докажува дека расте се повеќе и повеќе. Таа го потврди тоа и овој пат со  фотографиите кои ги објави на краките приказни на нејзиниот Инстаграм профил. Бејби позира седејќи во нејзината удобна фотелја во  дневна соба буквално „покриена“ со нејзиниот миленик не криејќи ја радоста од преубавата дружба за време на викендот. На фотографијара впечаток оставаат и нејзините  домашните влечки со костурски глави кој доминираат во преден план, а кои  подоцна беа „нападнати“ и грицнати од миленичето кои сакаше само да си поигра. „Мрзлива недела“, напиша актерката на фотографиите, а дефинитивно недела ја искористила максимално да ужива и да ги полни батериите во присувство на милениците. Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Весна Петрушевска Бејби]]>

Откако заврши под хируршки нож, Весна Бејби ја научи животната лекција: „Мене животот жестоко ме зашамара, мислев на сите, но не и на себе и ја платив најскапата цена“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-zavrshi-pod-hirurshki-nozh-vesna-bejbi-ja-nauchi-zhivotnata-lektsija-mene-zhivotot-zhestoko-me-zashamara-mislev-na-site-no-ne-i-na-sebe-i-ja-plativ-najskapata-tsena-foto/ Fri, 21 Jul 2023 08:11:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311081

Актерката Весна Бејби Петрушевска ослабе повеќе од 10 килограми по операцијата на жолчката која траела два часа... Сега Бејби полека  го враќа телото во нормала иако патот воопшто не е лесен зашто таа мора да биде под строг режим на исхрана. Целосно го исфрлив шеќерот. Исто така и млечните производи, црвено месо, значи ништо од тоа не смеев да јадам. Само варен зеленчук“, откри актерката. Додека закрепнува, авоедно и ги полни батериите за новата напорна сезона, Бејби сподели неколку фотографии од одморот кои ги надополни со стауси во кои ја раскажа својата приказна од последниов мачен период во кој и се случувале сите здравствени недаќа. Патем со своите совети ги поучи помладите но и сите останати дека дебелината доаѓа од различни прилини и затоа не е убаво некому да му ја потенцирате. Патем, дека промените на подобро ќе ви се случат, само тогаш кога вие ќе за тоа цврсто одлучите, а никако сами по себе.   „Не е дека ќе ви откријам континет ,но само да ве потсетам што веќе знаете. Секој вишок на килограм има причина (најчесто здравствена).Бидете внимателни кога некому кажувате: 'Ама си се здебелил' ! Може да е здравје, може да е ментално здравје, па некој пие лекови кои зголемуваат тежина, може да е спор метаболизам, хормонски дисбаланс и секако може да е јадење. Кога вие ќе одлучите тогаш ќе ви се случат промени. Мене животот ме зашамара жестоко,на сите мислев но не и на себе со тоа ја платив најскапата цена. Но јас ги сакам луѓето, работата, децата кои ги учам, ми фали Кирил иако знам дека му е супер таму, го изгубив тато,ама среќна што ја имам мама и си ја чувам, Мина е супер после години борба. Работам нон- стоп и ќе работам. Имам проекти пред мене и само љубов и таа е во мене. Многу е важно да се сакате себеси и да се сочувате“ - споделила актерката па во своите Инстаграм приказни додала:
„Ставете си патетнт на уста откако ќе се освестите дека храната е самоконтрола. Тогаш го враќате телото во нормална состојба. мене ми остана само малку стомаче кое ќе спласни поради операцијата. Еден е животот - сакајте го“ - порача за крај  Весна - Бејби. ]]>