весна бејби петрушебска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Mar 2023 09:32:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png весна бејби петрушебска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сите очекуваа дека тоа ќе биде Илина, ама Игор Џамбазов најубавата осмомартовска честитка и ја упати на една сосема друга жена: „Те сакам најпојќе братче…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/site-ochekuvaa-deka-toa-ke-bide-ilina-ama-igor-dhambazov-najubavata-osmomartovska-chestitka-i-ja-upati-na-edna-sosema-druga-zhena-te-sakam-najpojke-bratche-foto/ Thu, 09 Mar 2023 09:32:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292466

Љубовната приказна со не баш среќен крај, не барем засега, помеѓу Игор Џамбазов и Илина Арсова полека станува Инстаграм класика... Ромео и Јулија „од наше маало“, само што овде никој не скокна од балконот, туку Илина го напушти Балканот и замина отаде „големата бара“, да си ја бара (засега само) професионалната среќа во далечната Америка. Туѓината пуста да остане, или туѓино-јабано, што ми направи... како што се пее во песните народни, така и во случајов: Планинарката замина во прегратките на туѓината, а актерот и шоумен, остана јабана... До кога и дали дефинитивно, допрва ќе видиме, но она што е евидентно е дека на Игор Џамбазов многу тешко му падна разделбата од неговата сакана, Илина Арсова. Токму затоа можеби и сите очекуваа дека за денот на жената 8-ми Март,  Игор најубавата празнична честитка ќе и ја упати токму неа, на Илина мома!? Патем сите беа љубопитни да ѕирнат што тоа осмомартовски ќе и напише, ќе и посака и испрати како порака стариот романтичар на својата се' уште љубена во далечната Америка? Арно ама, очекувањата се едно, а реалноста испадна сосема поинаква, откако „тажниот блузер“  упати една општа во свој стил до сите жени, а сепак најубавата осмомартовска честитка ја сочува за една сосема друга жена... Со неа не дели ниту љубовни емоции, ниту еротски авантури, ниту е во роднински врски, ама затоа дели нешто друго... Многу поискрено и повредно - колегијалност и пред се' огромно пријателство! Токму затоа Весна Бејби Петрушевска беше таа на која Џамбазов и ја упати  најубавата осмомартовска честитка. И тоа како извадок од едно старо осмомартовско интервју од 2021 госина на еден од македонските портали (ММС), во кое запрашан: „Дали во Македонија препознаваш некоја Александра Колонтај, Роза Луксембург, Клара Цеткин.., некоја која влијаела врз промената на опшеството?“ -  посочувајќи ја Весна Бејби кажа: „Денес во Македонија навистина има жени за почит. Жени борци, жени кои се пример во општеството, жени лидери во своите области. И многу им се радувам. Кога ги гледам нив и нивните приказни сигурен сум дека нашите жени се доказ дека се уште има надеж за жените воопшто. И за пример ќе ја издвојам мојата пријателка и колешка Весна Бејби Петрушевска. Најискрено и се восхитувам, за се што прави во име на жените, а особено за децата…“! Ова за годинашениот празник на жената го пренесе еден домашен блог, по што истото стигна до Бејби која не можеше да им одолее на среќата и возбудата, па и самата споделувајќи го цитираното, на Џамбаз му возврати: „Те сакам најпојќе братче, најубавата честитка денес“ - споделувајќи заедно со цитатот и фотографија од колегата! И после ова, некој нека каже дека на естрадата, меѓу актерите, водителите... постоела нетрпеливиост, суета, омраза, конкуренција...?! Фото: Инстаграм принтскрин/vesnapetrushevska/igordzambazov]]>