вештачка интелигенција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Feb 2024 13:30:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вештачка интелигенција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вебинар: Вештачката интелигенција во медиумите – про и контра https://arhiva.vistina.com.mk/vebinar-veshtachkata-inteligentsija-vo-mediumite-pro-i-kontra/ Mon, 26 Feb 2024 05:34:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340150

Дали и како вештачката интелигенција може да се користи во медиумите? Колку новиот развој на алатките за вештачка интелигенција можат да ги загрозат авторските права и трудови на новинарите и на фоторепортерите? Кои се придобивките, а кои се можните штетни последици од вештачката интелигенција во медиумската сфера?
Ова се само дел од прашањата кои ќе се отворат на вебинарот „Вештачка интелигенција во медиумите – про и контра“ кој ќе се одржи на 28 февруари (среда) со почеток во 11 часот. На онлајн настанот ќе говорат новинарот Бојан Шашевски, фоторепортерот Ѕвонко Плавевски и адвокатот Валентин Пепељугоски.
Учесниците на вебинарот ќе можат да стекнат сознанија за тоа како новинарите, со развојот на вештачката интелигенција, ќе можат да ги заштитат своите трудови, а истото се однесува и на фотографиите, со оглед на тоа што често се случува јавноста да не може да препознае дали одредена објавена фотографија е направена со ВИ или пак е автентична. Сето ова може да донесе до забуни кај јавноста, со тенденција читателите или гледачите да станат предмет на манипулации.
Оттаму, важноста на темата ги засега двете страни – и медиумските работници, но и широката публика, која ќе има можност да се едуцира во однос на тоа како може да се препознае дали одреден текст, сторија, фотографија и слично се изработени со помош на вештачка интелигенција.
Вебинарот има за цел и да ја нагласи клучната улога на новинарите и фоторепортерите како чувари на вистината, па токму од тие причини е и важноста во однос на заштитата на автентичните содржини изработени од нив.
Вебинарот е отворен за сите новинари, заинтересирани граѓани, новинарски здруженија, невладини организации и други субјекти.
Настанот е организиран од Здружението за унапредување на медиумските практики „Иновативни медиуми“, со поддршка на регионалниот проект СМАРТ БАЛКАН – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ) а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Учеството е бесплатно за учесниците и за истото не е потребна претходна регистрација. Заради потребите на проектот, настанот на TEAMS ќе биде снимен, но нема да биде јавно емитуван.
]]>

„Now And Then“ е новата песна на „Битлси“, произведена со помош на вештачката интелигенција и вокалот на Џон Ленон (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/now-and-then-e-novata-pesna-na-bitlsi-proizvedena-so-pomosh-na-veshtachkata-inteligentsija-i-vokalot-na-dhon-lenon/ Sat, 04 Nov 2023 08:10:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325172

Нова песна на „Битлси“, произведена со мала помош од вештачката интелигенција и со вокалот на Џон Ленон, ќе биде објавена денеска, повеќе од четири децении откако првично била снимена како демо-трака. „Now And Then“ (Сега и тогаш), е една од неколкуте песни на касета што Ленон ги снимил за Макартни во својот дом во Њујорк, 1979 година – една година пред неговата смрт. Снимката на Макартни му ја подарила вдовицата на Ленон, Јоко Оно во 1994 година. Напишана и испеана од Ленон во 1978 година, песната ја завршија неговите колеги од поп-рок бендот, Пол Макартни и Ринго Стар – и ВИ. Макартни (81) го најави објавувањето на песната во јуни, во видео под наслов „Последната песна на Битлс“. &]]>

За едни воскресение, за други морбидно-бизарен потсмев: Вештачката интелигенција и ТикТок „го оживеаа“ ликот на Тоше (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-edni-voskresenie-za-drugi-morbideno-bizaren-potsmev-veshtachkata-inteligentsija-i-tiktok-go-ozhiveaa-likot-na-toshe-video/ Mon, 05 Jun 2023 08:02:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304818

Развојот на технологијата прави чуда. Развојот на социјалните мрежи пак оди во две крајности: од максимална помош и олеснување во знаењата и комуникацијата до максимална отуѓеност, поле за вербални војни и пресметки, до катасрофи од најразличен вид... Влијанието на едното и другото во комбинација врз човештвото за едние  непроценливо, за други погубно и убиствено! Токму вакавата комбинација на технологијата, поточно вештачката интелигенција и социјалните мрежи, во случајов во последно време толку оспоруваната до степен на забрана - Тик Ток,  била инспирација за група поединци да направат нешто што за едни е револуција за други деградација на личностите кои повеќе не се меѓу нас. Имено, на социјалната мрежа ТикТок постои страница наречена „Небеска кафеана“, на која со помош на вештачката интелигенција дузина познати личности од доменот на филмот и естрадата, најмногу од соседна Србија, буквално е направен обид одново да се оживеат. Така, покојните легенди на некогашното југословенско глумиште собрани на едно место во таканаречената „Небеска кафеана“ направен е обид како да се одново тука, меѓу нас... Во куси анимирани видеоклипчиња  со симулација на нивниот лик кој се движи и зборува, се прествуваат себе си, својата биографија, живот и дела... Меѓу сите нив и нашиот ангел, иконата на македонската музика, прерано заминатиот  Тодор Тоше Проески... Кога ќе го видите и слушнете во симулацијата, за миг ви се присторува како да е тука, иако ако подобро се загледате јасно е дека се работи за „вештачка интелигинција“ која го симулира неговиот лик и глас. Сепак, ваквиот потег наиде на различни реакции и поделени мислења. За едни ова е едн вид воскресение на музичкиот ангел, за други морбидно-бизарен морф за потсмев со ликот и делото на младопочинатата македонска и балканска музичката ѕвезда. Прегледајте го видеоклипот, па  самите проценете каков став да заземете:
@nebeskakafanaa #toseproeski #toseproeski #toseproeski🇲🇰 #toseproeski #zajdizajdi #makedonija #makedonija🇲🇰 #nemacka #nemacka🇩🇪 #bosnia #hrvatska #hrvatska🇭🇷 #slove ##sebija🇷🇸 #montenegro #macedonia #todorproeski ♬ original sound - Nebeska kafana

Објавена „Алгоритмеа“, прва поема „напишана“ од вештачка интелигенција според стилот на Стефан Марковски https://arhiva.vistina.com.mk/objavena-algoritmea-prva-poema-napishana-od-veshtachka-inteligencija-spored-stilot-na-stefan-markovski/ Sat, 07 May 2022 09:09:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249186

Деновиве од печат излезе „Алгоритмеа: Евлогија за дигиталните богови“, прва поема „напишана“ од компјутерска програма, вештачкоинтелигентниот тест-софтвер Аполон СМ-165.exe. Делото на 85 страници е генерирано во лирско-епски облик според стилот на Стефан Марковски и е во издание на издавачката куќа „Полица“ на чиј штанд деновиве е достапна на годинешниов Саем на книгата. Ефтим Клетников истакнува дека станува збор за „екстраексклузивна, апартна поема, која го има во својот епицентар Homo Technologicus, или Homo Digitalis. Тоа е карналниот човек создаден од оживеаната глина на Господ, кого сега го зграпчил дигиталниот Робеспјер, преведувајќи го целосно од онтологија во технологија.“ Во поемата се поставува и прашањето дали она на Калдерон „Животот е сон“ во екстрамодерната технолошка ера не е совршено реализирано како алгоритам, како апстрактна математичка формула. Или, по аналогија, уште дали она на Шекспир дека сме составени од „материјата на сонот“ сега не е преформулирано во од „материјата на дигиталната технологија“. Конечно, не од делириумската екстаза на битието во растројството на сетилата кај Рембо, туку од апстрактните атоми на апстрактното алгоритамско пијанство на модерниот дигитален Дионис. Тој како нов бог има намера, а веќе и ја остварил, да го создаде новиот Адам не од оживеаната глина на која ѝ подарува бесмртност Јахве, туку како дигитална машина од студени метални елементи. Поемата, проект кој беше резултат на тестирањето на два типа софтвер, поаѓа од еден умствен експеримент во теоријата на вештачката интелигенција познат како Базилискот на Роко. Во поемата е приложен и дел од кодот врз основа на кој истата беше генерирана од програмскиот јазик Python. Во книгата се вклучени и илустрации од Вангел Срнаков.  ]]>