весела дружина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 25 May 2022 07:57:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png весела дружина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вака „Меморија“ се подготвува за најголемата „концертна лудница“ под отворено небо: „Ја излези Ѓурѓо“ на „Високи штикли и црни чорапи“, а и ти „Шефе“ заедно со „Дирлада“ на нашата „рок ен рол матурска прослава“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-memorija-se-podgotvuva-za-najgolemata-koncertna-ludnica-pod-otvoreno-nebo-ja-izlezi-gjurgjo-na-visoki-shtikli-i-crni-chorapi-a-i-ti-shefe-zaedno-so-dirlada-na-nashata-rok-en-rol-maturska-proslava/ Wed, 25 May 2022 07:50:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251773

Денес, 25 мај, некогашниот Ден на младоста, не случајно симболично одбран  за втората и поледна ПРЕСС конференција на групата „Меморија“ на која ќе бидат соопштени сите детали за нивниот концертен спектакал под отворено небо кој ќе се одржи на 11. јуни на стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје. Интересот на медиумите огромен, оној на публиката пак, досега незапаметен... Во меѓувреме се прават сите подготовки голимиот концерт навистина да биде величествен и незаборавен, од оние како ќе изгледа сцената и техниката, звукот и осветлувањето, видео лед скриновите.... па се' до попдготовките на бендот за она што „Меморија“ ќе и го прстатави на скопската, но и на македонската публика, зашто десетици автобуси се најавуваат организирано да дојдат и донесат публика од сите градови во Македонија. Затоа не смее да има ни најситен пропуст, не смее „влакно да фали“ и се' мора да биде беспрекорно увежбано и изведено. А, за да биде тоа така, членовите на бендот и специјалните гости ги прават последните подготовки и музички проби. Дека ќе биде навистина најголемата „концерна лудница“ под отворено небо годинава, потврдуваат и фотографиите и видеата кои се дел од атмосферата на заедничките музички проби на „Меморија“ и нивната гостинска музичка компанија. Групата „Морал“ како едени од специјалните гости, ќе отпатува назад во времето за публиката да ја потсети на некој од нивните најгиолеми хитови. Секако, во спомен на некогашниот нивни вокал, прерано заминатиот Влатко Илиевски, чии вокални делници за оваа прилика ќе ги преземе Ристо Самарџиев. „Конкорд“ беа и останаа македонска рок историја, а „Високи штикли и црни чорапи“, е песна која остана рок евергрин што се свири и пее и денес на секоја клубска рок свирка. Венко Серафимов, лидерот и гитарист на култниот рок бенд заедно со членовите на „Меморија“ на пробите, а пејачот на „Конкорд“, Сеад Јакупи, кој со години живее и работи во Германија преку видео порака го најави своето доаѓање во Македонија специјално за оваа прилика и порача: „Хај еврибади... Со особена чест и радост едвај чекам да дојдам, за сите љубители на рок музиката на концертот на „Меморија“  да го пееме и големиот хит на Конкорд. Се гледаме на 11-ти јуни во Скопје“. „Некст тајм“ се деца од најновата рок генерација иако и тие веќе доволно долго се на сцената. Близнаците Стефан и Мартин Филиповски како дел од големиот рок спектакл под отворено небо, со својата изведба на една од нивните феноменални фолклорни преработки на македонски изворни песни, таа вечер ќе го вдахнат одново патриотскиот дух кај публиката, за уште повеќе да го разгорат  оној „Оган под ѕвездите“ што „Меморија“ го запали пред речиси 33 години. „Ласт Експдишн“ беа своевремено предгрупа на првиот концерт на „Меморија“ во тогашниот Дом на млади „25 Мај“, денешен МКЦ во Скопје. Подоцна прераснаа во висински рок ен рол магови на македонската сцена, за денес со триесет и кусур годишна кариера да се култен бенд. Браќата Енко и Сецко Хаџиќ - вистински рок „шефови“, кои на рок спектаклот на „Меморија“ ќе ја потсетат повозрасната публика на тие денови, за помладите да видат дека она што  било вредност некогаш, останува - засекогаш! Конечно, големата „рок ен рол матура на генерациите“, како и секоја матура, не може да мине без блех музика. Затоа тука е „Веселата дружина“ заедно со „Меморија“ да  кулминира со „Дирлада“... Или ако собереме се' на едно купче, како што тоа ќе биде на 11 јуни на стадионот на АРМ во Скопје, срочено во некаква најава би звучело вака: „Ја излези Ѓурѓо“ на „Високи штикли и црни чорапи“, а и ти „Шефе“ заедно со „Дирлада“ на нашата „рок ен рол матурска прослава“... За „Кога патувам“ длабоко во себе, заедно со вас да се потсетиме на едно време... Она нашето што било, ова нивново што е сега и она, кое многу поубаво и посреќно треба да им го оставиме на оние, чие време допрва доаѓа! Со најдоброто што го знаеме... дружење, забава, песна, музика... Од „Нена до „Дирлада“!]]>