верзија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 10 Dec 2020 07:34:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png верзија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Џамбазов со песна вака им посака „добро утро“ на Каракачанов, Бојко Борисов и… „тие, другите“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-so-pesna-vaka-im-posaka-dobro-utro-na-karakachanov-bojko-borisov-i-tie-drugite-video/ Thu, 10 Dec 2020 07:30:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180109

Кога си роден за нешто - си роден... Некои работи не се учат ниту во училиште ниту низ животот. Едноставно со нив се раѓаш... Како талентот на пример... Инспирацијата ти ја дава секојдневието, се разбира. Оттаму ја црпиш, та било тоа секојдневие црно како темен тунел или розово како мајска роза... А и да не е, ќе се навикнеш... Човек не се' се навикнува, па наоѓа и начин и инспрација денот самиот да си го направи розов... Или некому да му го зацрни... А, можеби и двете одеднаш? Како нашиот најпознат шоумен, блузер, актер... кој имаше нова „рунда вербални пораки“ за Бугарите... Или повеќе музички овој пат, зашто низ песна „им го свирна“ она што не сакаат да го слушаат, оти таа песна, таа вистина, всушност најмногу ги боли! Ама не боли и нас од нивните „политичко-асимилаторски“ гнасотии, па затоа Игор Џамбазов „баш го заболе“, што Красимир или Бојко или кој и да е ќе го заболи од неговата песна. Онаа омилената на Бојко, само на нов глас... Или поточно низ нови стихови, кои Џамбаз му ги стокми, па ги опеа како утрински поздрав за челниците на источните комшии. Со гитарата в рака, црна маска преку очите, како што „шефот на источните“ ја ставаше и очила со диоптрија  кои и црното го гледаат розово и омилената песна на „братот на Зајко“  - „Бела чао“... Само не варијатата од Митевски и Дац, туку онаа оригиналната, каква што и била и намената и пораката кога е напишана италијанската „партизанска верзија“. Се разбира како „партизански поздрав“ за „добро утро“ на  Каракачанов, Бојко Борисов и... „тие, другите“... „Каракачанов, Бојко Борисов,  о бела чао, бела чао, бела чао, чао, чао... Партиџано - тоа сме ние, вие сте тие, другите...“! Слушнете како звучи утринскиот партизански поздрав на Игор Џамбазов до Бојко и Каракачанов. Баш да видиме дали овие одовде ќе му ја испратат и оваа верзија, па „шефот од комшии“ ќе ја врти како омилена во својот автомобил?
]]>

Биба Додева на 13 Ноември го промовираше видеото за својата верзија на – „Скопје“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/biba-dodeva-na-13-noemvri-go-promovirashe-videoto-za-svojata-verzija-na-skopje-video/ Wed, 13 Nov 2019 13:06:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118297

Минаа неколку месеци откако македонската поп-рок пејачка Биба Додева ја преработи легендарната песна на култните „Леб и Сол“, посветена на македонската метропола - „Скопје“. Празникот на главниот град, денот на неговото ослободување „13 Ноември“ беше искористен за промоција и пуштање во етер на видеото за истата, кое е правено по теркот на оригиналната приказна на режисерот Столе Попов, но овој пат со други протагонисти, на други, различни скопски локации... Во спотот се појавуваат многу познати македонски личности од различни области, како и урбани градски ликови, навивачки  групи, естрадни фаци, актери, пејачи, водители, музичари... Со еден збор, дел од луѓето што го обележале животот и битисувањето на главниот град, секој на свој начин, во својата област! „Фала на Влатко и Горан Стефановски, што можев да растам со песнава, па сега и да ја препеам. Оддамна нашево Скопје не звучело и изгледало вака весело! Ви благодарам што бевте дел и без сите вас ова вака немаше да изгледа!   Честит празник мило Скопје мое... Чисто да ни бидеш, да те дишеме, да се гушкаме и љубиме повеќе“ - ја завршува Биба посветата во најавата на нејзината верзија на „Скопје“, чиј нов аранжман и продукција ги потпишува Владимир Дојчиновски-Дојчин, а видеото кое можете да го проследите во продолжение е изработено од „Фукс продукција“: ]]>