верување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Mar 2024 12:14:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png верување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што вели црквата за носењето мартинка? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-veli-tsrkvata-za-noseneto-martinka/ Mon, 04 Mar 2024 13:00:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341032

Христијанската среќа и здравје извираат од личната заедница со Бог, а не од безлично, фобично и душегубно суеверие. Секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена „мартинка“ (нешто како нараквица направена од црвен и од бел конец) за здравје и за среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни. Не може истовремено да веруваме и во Бог и во мартинка, смета Црквата. Верата и суеверието немаат ништо заедничко, исто како што и Бог нема ништо заедничко со ѓаволот. А на два господара не можеме да им служиме, или ќе Му служиме на Бог или на ѓаволот – па секој слободно нека избере кому ќе му служи. И секое друго суеверие, спротивно на православната вера, не е од Бога. Носењето мартинка е суеверен и магиски обичај, а со тоа и демонски обичај, затоа што луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сè до доаѓањето на пролетта и доаѓањето на ластовичките (или штрковите) и сè додека да расцути првото дрво. Потоа, според истото погрешно верување, мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите ќе им се исполнат. Вадењето на мартинката, пред време, се смета за несреќа и затоа луѓето ја чуваат со страв. Таквото верување нема никава врска со православната вера, туку е обично суеверие. Ние христијаните си носиме на рака или во рака бројаничка, украсена со крвче, која ни служи за молитва. Христијанската среќа и здравје не доаѓаат на некој автоматски, безличен и лесен магиски начин со некакво просто чинење или нечинење на нешто – без личен подвиг и саможртва (како што ѓаволот ги подучил Ева и Адам во рајот: само ако вкусите од плодот на познанието на доброто и злото ќе бидете како богови – види 1. Мој. 3, 4-5), туку единствено со слободен подвиг во градење на личен однос со Бог, преку очистување на срцето од страстите, преку љубовно исполнување на Божјите заповеди и преку смирено учество во Светите Тајни на Црквата; на кој, подвиг, Бог лично, слободно и љубовно одговара во одредено спасително време за секој од нас. Христијанската среќа и здравје извираат од личната заедница со Бог, а не од безлично, фобично и душегубно суеверие. извор:kurir.mk фото:freepik]]>

Верувањето кое открива со кого треба да останете засекогаш: Склопете ги дланките и направете го ова со прстите! https://arhiva.vistina.com.mk/veruvanjeto-koe-otkriva-so-kogo-treba-da-ostanete-zasekogash-sklopete-gi-dlankite-i-napravete-go-ova-so-prstite/ Thu, 22 Dec 2022 12:43:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281292

Традицијата на носење венчален прстен датира од антички Египет, античка Грција и антички Рим. Според древното кинеско сфаќање за човекот, секој орган и дел од телото има своја функција и значење. Се смета дека тие се меѓусебно поврзани – древните Египќани верувале дека венчалниот прстен се носи до малиот прст затоа што едната вена води директно до срцето, додека други верувале дека на тој прст најмалку пречи. Сепак, постои една кинеска легенда која води до симпатично објаснување. Станува збор за трик со рака кој никој не успеал да го изведе и вели дека секој прст има свое значење. Значи, палецот ги претставува родителите, показалецот ги претставува најблиските роднини, браќата и сестрите, средниот прст ве претставува вас, домалиот прст го претставува вашиот партнер, а малиот прст ги претставува вашите деца. Ставете ги со дланка на дланка и свиткајте ги средните прсти. Останатите прсти треба да се исправат. Обидете се да ги разделите прстите по редослед: палците, кои ги претставуваат родителите – можат да се одвојат и тоа значи дека нема да живеете со нив засекогаш. Потоа обидете се да ги одвоите показалците, кои ги претставуваат браќата и пријателите. Ќе успеете, бидејќи ќе имате различни животни патишта. Следниот чекор е да ги одвоите малите прсти што ги претставуваат вашите деца. Ќе се разделат, бидејќи и тие еден ден ќе тргнат по својот пат и ќе се одвојат од вас. Меѓутоа, кога ќе се обидете да ги разделите домалите, ќе сфатите дека тоа е невозможно. Домалиот прст го претставува вашиот партнер, а според верувањата неможноста да ги разделите прстите значи дека ќе бидете врзани со судбината до крајот на животот. Токму затоа се верува дека бурмата се носи на тој прст. Извор: Попара.мк]]>

Старо народно верување: Ако го ставите ова во вашиот паричник, ќе привлечете големо богатство! https://arhiva.vistina.com.mk/staro-narodno-veruvanje-ako-go-stavite-ova-vo-vashiot-parichnik-kje-privlechete-golemo-bogatstvo/ Tue, 17 Aug 2021 08:21:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215578

Средете го вашиот паричник вака и привлечете пари Ако го уредиме домот според правилата на фенг шуи, ќе привлечеме добра енергија, мир и благосостојба. Оваа древна кинеска вештина која користи енергија за да создаде хармонија ја користат сè повеќе луѓе, а дали знаевте дека постојат одредени правила кога станува збор за избор на паричник? Правилата на фенг шуи и старото народно верување се совпаѓаат во едно, паричникот што го користиме треба да биде црвен. Црвената боја е симбол на просперитет и предизвикува убави емоции. Најдобро е да изберете правоаголен паричник. За складирање на монети, подобро е да изберете правоаголна чанта, но не е препорачливо да ставате хартиени банкноти во истиот паричник. Избегнувајте сини паричници. Сината е симбол на вода и буквално „пере“ пари од вашиот паричник. Обавезно ставете го ова во вашиот паричник Добрата енергија привлекува добра енергија, па затоа во една од преградите на паричникот ставете парче хартија на која сте напишале афирмација рачно, порака до себе, можеби дури и чек што со одредена сума и нема да ја исплатите, како симболи за привлекување добра енергија. Покрај овие два чекори, не би било лошо да ги следите следниве правила за привлекување пари: 1. Чистење Извадете сè од вашиот паричник, буквално сè. Избришете го со влажна крпа од микрофибер за да го исчистите. 2. Сортирајте сè што ќе најдете внатре Веројатно имате еден куп потврди, сметки или ливчиња хартија што навистина не ви требаат. Ако има такви меѓу вас што мора да ги чувате, нивното место не е во вашиот паричник, туку некаде во куќата каде што чувате други трудови поврзани со финансиите. Отфрлете ги сите членски картички со истечен рок и напишете ги броевите од деловните картички на телефонот. Не заборавајте на готовината – исправете ги банкнотите убаво и потоа наредете ги. Колку пати сте барале пари, затоа што не знаете каде е секоја банкнота или од 10 денари мислите дека е 100? Наредете ги банкнотите по вредност, од најмали до најголеми и секогаш чувајте ги така. Ова е првиот чекор кон излегување на „хаос“ од вашиот паричник и ќе ви значи многу. 3. Каде да се чува? Го уредивте паричникот, тој е подготвен да привлече добра енергија и изобилство, сега не би било добро само да го ставите во торба полна со хаос. Нека средувањето на чантата е вашиот следен чекор.]]>

Еве зошто се верува дека петок 13-ти носи лоша среќа… https://arhiva.vistina.com.mk/eve-zoshto-se-veruva-deka-petok-13-ti-nosi-losha-srekja/ Fri, 13 Nov 2020 12:45:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176061

Според голем број суеверни луѓе во светот, особено во Европа, Северна и Јужна Америка, Австралија, петок 13-ти се смета за несреќен ден. На тој ден се избегнуваат патувања, склучувања договори и други поважни работи. Има повеќе верувања за потеклото на суеверието за петок 13-ти, почнувајќи од тоа дека Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок, дека на тој ден се случила библиската поплава, дека Бог на петок 13-ти ги измешал јазиците на Вавилонската кула, а и Исус Христос бил распнат в петок. За „несреќниот“ број 13 се врзува и верувањето дека токму толку луѓе биле на Тајната вечера. Сепак, како најубедливо верување за потеклото на митот за петок 13-ти, историчарите го посочуваат настанот што се случил на 13-ти октомври, петок, 1307 година, кога францускиот крал Филип Четврти наредил да се уапсат и погубат водачот на темпларскиот ред Жак де Молеј и шеесетина негови најблиски приврзаници. Хајката по темпларите бргу се проширила низ цела Европа. Стотици припадници на христијанскиот воен ред Темплари, создаден за време на првиот крстоносен поход во 1096 година, биле уапсени, мачени и убиени за да се принудат да го „признаат“ својот наводен ерес. Папата Клемент Петти во 1314 година го забранил Темпларскиот ред, по што тој продолжил да постои тајно. Од тој петок 13-ти, 1307 година, следбениците на темпларите го сметат тој ден како несреќен и како ден на ѓаволот. Суеверието за петок 13-ти или за „несреќниот“ број 13, го поттикнуваа и богатата филмска и издавачка продукција со многубројни дела токму на таа тема, меѓу кои се холивускиот филмски серијал „Петок 13“, мистериозната новела „Тринаестмина на вечера“ од Агата Кристи и драмата околу мисијата на всленскиот брод Аполо 13 за што е снимен и филм. извор:нетпрес.ком.мк]]>

Зошто се смета петок 13-ти за несреќен ден? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-se-smeta-petok-13-ti-za-nesrekjen-den/ Fri, 13 Sep 2019 12:45:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106764

Петок 13-ти посебно во Европа, во Северна и Јужна Америка, во Австралија, се смета за несреќен ден. Се откажуваат патувања, склучувања договори и други поважни работи. Сепак, како најубедливо верување за потеклото на митот за петок 13, историчарите го посочуваат настанот што се случил на 13 октомври, петок, 1307 година, кога францускиот крал Филип Четврти наредил да се уапсат и погубат водачот на темпларскиот ред Жак де Молеј и шеесетина негови најблиски приврзаници. Хајката по темпларите бргу се проширила низ цела Европа. Стотици припадници на христијанскиот воен ред Темплари, настанат за време на првиот крстоносен поход во 1096 година, биле уапсени, мачени и убиени за да се принудат да го „признаат“ својот наводен ерес. Папата Клемент Петти во 1314 година го забранил Темпларскиот ред, по што тој продолжил да постои тајно. Од тој петок 13, 1307 година, следбениците на темпларите го сметат тој ден како несреќен и како ден на ѓаволот. Има повеќе верувања за потеклото на суеверието за петок 13, почнувајќи од тоа дека Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок, дека на тој ден се случила библиската поплава, дека Бог на петок 13-ти ги измешал јазиците на Вавилонската кула, а и Исус Христос бил распнат в петок. За „несреќниот“ број 13 се врзува и верувањето дека токму толку луѓе биле на Тајната вечера. Суеверието за петок 13 или за „несреќниот“ број 13, го поттикнуваат и филмска и издавачка продукција со многубројни дела токму на таа тема, меѓу кои се холивускиот филмски серијал Петок 13, мистериозната новела „Тринаестмина на вечера“ од Агата Кристи и драмата околу мисијата на всленскиот брод Аполо 13 за што е снимен и филм. Според најновите истражувања астероидот Апофилис ќе и се приближи на Земјата в петок, 13 април 2029 година. извор:нетпресс.ком.мк]]>

Никогаш не му верувај на оној што ќе те разочара повеќе од еднаш! https://arhiva.vistina.com.mk/nikogash-ne-mu-veruvaj-na-onoj-kojshto-kje-te-razochara-povekje-od-ednash/ Tue, 05 Feb 2019 12:30:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=70993

Заслужуваш подобро. Јас навистина верувам во втори шанси. Како човечко суштество со многу маани, од прва рака имам искусено колку е лесно да се направат грешки и несвесно да ги разочараш луѓето. И секогаш сум била многу благодарна кога тие луѓе ми давале втора шанса за да им надоместам. Но, јас никогаш не ги правев тие грешки два пати, затоа што се грижев за личноста и тоа што еднаш веќе сум ја повредила беше доволно за да внимавам да не се случи повторно. Во други ситуации, луѓе ме разочарувале и рекле дека им било жал, се однесувале како да им е жал, но потоа ја правеле истата грешка. Пак. И пак. Очигледно е дека имам расчистено со тие луѓе, затоа што тие не се грижеле доволно за да си го променат однесувањето кон мене. Да кажеш дека ти е жал не е исто со тоа навистина да ти биде жал. Дејствата секогаш се погласни од зборовите и ако некој навистина не сака да те повреди, тогаш ќе се погрижи да не те повреди. Тоа што некој не се грижи за твоите чувства е сосема валидна причина да раскинеш. Ако тие не се трудат да те земат предвид кога нешто прават, тогаш зошто треба да останеш со нив? Да, сите прават грешки и важно е да го разбереме тоа. Околностите се различни за сите и не постојат правила по кои треба да живееш. Но, ако некој постојано те разочарува и не го менува своето однесување, тогаш треба да си заминеш. Ти заслужуваш повеќе од некој кој се грижи за тебе исто колку што и ти се грижиш за него. Мислам дека тоа е правило со кое сите можеме да се согласиме.
]]>

Митови за сончањето во кои мора да престанете да верувате https://arhiva.vistina.com.mk/mitovi-za-sonchanjeto-vo-koi-mora-da-prestanete-da-veruvate/ Sat, 28 Jul 2018 11:50:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=40409

Причините поради кои се појавуваат изгорениците, е потценувањето на моќта на сонцето. Важно е да ги разберете и да повеќе да внимавате на овие пет митови за сончање и неговите последици: Мит 1: Не може да изгорите доколку седите под сенка Дури и кога сте под чадор или некое големо дрво, UV зрачењето се рефлектира на најблиската површина и доаѓа до вас. Затоа е важно да нанесете заштитен фактор и кога сте под сенка, а кога навистина сакате да ја одморите кожата од сончање, појдете во затворен простор, советува лондонскиот дерматолог Даниел Глас, за Harper’s Bazaar. Секако, обидете се да не се сончате на средина на денот, кога зрачењето од сонцето е особено силно. Мит 2: Не можете да изгорите кога е облачно Не само што можете да изгорите кога е облачно, туку може да ги добиете и најголемите изгореници, затоа што UV зрачењето станува поинтензивно кога има облаци, предупредува дерматологот. Затоа, не го прескокнувате нанесувањето на заштитен фактор на секои два часа, дури и кога не сте изложени на сонце. Мит 3: Ако имате потемен тен нема да изгорите Секоја кожа е различна и има свој начин за заштита од UV зраците, нагласува дерматологот. Иако вие можеби сте сигурни дека не црвенеете, туку само потемнувате, не сте во право. Иако кожата со потемен тен поретко заболува од меланоми, таа може подеднакво да биде оштетена како кожата на луѓето со посветол ден, што гори веднаш штом се изложи на сонце. Мит 4: Само еднаш нанесете крема за сончање Не постои крема што потполно ја штити вашата кожа. Дури и ако нанесете заштитен фактор 50 (што е за пофалба, и многу е препорачливо), мора да нанесувате на секои 2 часа, доколку сте постојано иложени на сонце, истакнува дерматологот. Мит 5: Не можете да заболите од рак на кожа Може да им се случи на сите, па за жал и на вас. Овој тип на рак е еден од најчестите и може да се појави во секое време, бидејќи кожата сериозно ја памети направената штета. Според статистиките, еден од пет луѓе, во некој период од животот заболуваат од рак на кожа и тоа е најчесто поради преголема изложеност на UV зраците, наведува Harper’s Bazaar.]]>