верувања – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 19 Jan 2024 09:19:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png верувања – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На Водици не е доволно само да земете света вода, мора да ги испочитувате и овие работи https://arhiva.vistina.com.mk/na-voditsi-ne-e-dovolno-samo-da-zemete-sveta-voda-mora-da-gi-ispochituvate-i-ovie-raboti/ Fri, 19 Jan 2024 07:16:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335469

Денес, сабота 19 јануари 2024 се празнува големиот празник Водици. Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека во очи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби. Бројни верници на 19 јануари, Богојавление одат во црква по света вода со која домашните потоа ќе измијат, но за да осветената вода навистина биде делотворна, пред и после земање на водата, потребно е да се помолите. Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека, а ткаењето задолжително треба да се изостави. Никако не треба да се мисли лошо, ниту пак некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости. Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна.]]>

Во петок е Свети Јован, за денот има посебни верувања: Дали трпезата треба да биде посна или мрсна? https://arhiva.vistina.com.mk/vo-petok-e-sveti-jovan-za-denot-ima-posebni-veruvana-dali-trpezata-treba-da-bide-posna-ili-mrsna/ Tue, 17 Jan 2023 11:06:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284595

На 20-ти јануари се празнува Крштевањето на Свети Јован, а дали трпезата ќе биде мрсна или посна зависи од тоа во кој ден се паѓа овој празник. Јован Крстител се слави неколку пати во текот на годината, но православната црква го слави празникот Крштение на 20 јануари. Празникот е посветен на светецот и пророк кој го крсти Исус Христос во реката Јордан. На Свети Јован е мрсна гозба, освен кога се паѓа во среда или петок, во тие два случаи се подготвува посна трпеза. Оваа година 20 јануари се паѓа во петок, што значи дека на Свети Јован СЕ ПОСТИ. Многу народни обичаи се поврзани со овој празник. Според верувањата, на тој ден жените никако не треба да допираат игли за плетење, ножици или игли. На денот на Свети Јован верниците не треба да земаат нож во раце, во знак на сеќавање на мачеништвото на Јован, ниту да јадат и пијат нешто што е во црвена боја, бидејќи таа боја ја симболизира невино пролеаната крв на светителот. На децата исто така не им се дава ништо црвено на овој ден. Исто така, според верувањата, 20-ти јануари е идеален ден за одење на патување, бидејќи ќе ја имате заштитата на овој светец.]]>

Во сабота е Василица: Според верувањата ако го направете ова децата ќе ви бидат здрави цела година https://arhiva.vistina.com.mk/vo-sabota-e-vasilitsa-spored-veruvanata-ako-go-napravete-ova-detsata-ke-vi-bidat-zdravi-tsela-godina/ Thu, 12 Jan 2023 10:08:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283871

На први јануари според стариот календар, односно на 14 јануари според новиот, македонскиот народ празнува Василица. На овој ден верниците кршат и пита со паричка и се верува дека на оној кој ќе му се падне ќе биде среќен во текот на целата година. Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили. Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година. Некогаш девојките овој ден го користеле за гатање за да дознаат за кого ќе се омажат, а домаќинките земале снег и фрлале малку кон децата дома за да бидат здрави. Се гледа и времето. Ако падне снег или биде облачно, годината ќе биде плодна. Сувото време носи суша. Во сабота никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз.]]>

Во Петок е 13-ти – еве што не смеете да правите на тој ден… https://arhiva.vistina.com.mk/vo-petok-e-13-ti-eve-shto-ne-smeete-da-pravite-na-toj-den/ Wed, 11 May 2022 11:48:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249887

Многумина веруваат дека бројот 13 носи несреќа уште од библиските времиња. За Јуда, кој го предаде Исус Христос, тој тврдеше дека е 13-тиот гостин на последната вечер, па дури и сега се верува дека не е добро да се биде тринаесетти гостин на масата. Колку број 13 се смета за „баксузен“ говори и фактот што многу светски аеродроми немаат писти, излети, ниту седишта на авионот под тој број, па ако сте суеверни овие неколку работи би требало да не ги правите на Петок 13-ти . Стравот од Петок 13-ти е толку голем што тој добил и свое име. Параскевидекатриафобија е назив за чувството на непријатност кое е поврзано со овој ден. Со оглед на тоа дека доаѓа Петок 13-ти ден кој се смета за баксузен, ова не смеете да го правите: Внимавајте да не истурите сол, не поминувајте под скали, ако кажете нешто лошо чукнете во дрво. Се смета дека на Петок 13-ти не треба да допрете буба-мара и не треба да го прекрстувате приборот за јадење. извор:курир.мк]]>

Развод или долгогодишен брак? Старите верувања откриваат што никако не треба да правите на свадбата https://arhiva.vistina.com.mk/razvod-ili-dolgogodishen-brak-starite-veruvanja-otkrivaat-shto-nikako-ne-treba-da-pravite-na-svadbata/ Mon, 14 Feb 2022 14:30:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238976

Се разбира, ова се само верувања и не се засновани на факти Народните верувања се многубројни, особено оние поврзани со среќата во бракот. На нашите простори се пренесуваа од колено на колено и се зборува како треба да се однесуваат младенците на својата свадба. Некои работи се дозволени, додека други не треба да ги правите доколку не сакате да се разведете. За бракот да биде среќен, невестата треба да заплаче на свадбата За да биде венчавката успешна и младенците да не бидат проследени со несреќа, важно е невестата да заплаче. Секоја свадба е проследена со голем стрес и притисок, а верувањата на бабите велат дека најдобар лек за тоа е плачењето, со кое ќе ги извадите сите емоции од себе. Сепак, тоа не е тешко за многу дами поради големиот наплив на емоции и трогателни моменти на самиот настан. Ако парот се фотографира одвоено на свадбата, ќе дојде до развод Колекцијата на слики од свадбата не смее да биде без невестата или младоженецот кои се на секоја слика. Без разлика дали се со пријателите или семејството, многу е важно на сите фотографии да ги има младенците. Никој не смее да го проба вереничкиот прстен Друго во низата верувања е дека никој не треба да го проба вашиот прстен, бидејќи во спротивно ќе ви ја украде среќата. Ако ја испуштите бурмата пред свадбата, бракот е осуден на пропаст Едно од верувањата е дека ако вие или младоженецот го испуптите прстенот, вашиот брак ќе биде осуден на пропаст. Затоа, доколку верувате во стари верувања, задолжително кажете му на младоженецот да биде прецизен при ставањето на бурмата и да не му се тресат рацете. Ако се венчате во мај, ќе имате несреќа до крајот на животот Иако многу свадби се одржуваат во мај, некои стари верувања велат дека ако се венчате во мај, осудени сте на страдања и лоши брачни ситуации. Ниту едно од овие верувања нема докази и не е поткрепено со факти, туку само народни приказни кои се пренесуваат од колено на колено. извор: попара.мк]]>

Денес се слави Св. Никола, заштитникот на патниците – ова се обичаите и верувањата https://arhiva.vistina.com.mk/denes-se-slavi-sv-nikola-zashtitnikot-na-patnicite-ova-se-obichaite-i-veruvanjata/ Sat, 19 Dec 2020 08:00:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181624

Многу македонски семејства за свој домашен заштитник го имаат св. Никола и неговиот ден го празнуваат со многу свечености. Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода. Во животот на нашиот човек посебно значајно место има свети Никола Мирликиски-Чудотворец, кого многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник и со домашни служби и со многу обичаи го празнуваат неговиот спомен. Иако повеќе се празнува денот на неговата упокојување 19/6 декември, (празник познат како зимски Св. Никола или Св. Никола ‒ зимен), сепак, внимание му се посветува и на денот на пренесувњето на моштите на св. Никола од Мир (во Ликија) во Бари (Италија) на 22/9 мај, (празник меѓу народот познат како летен Св. Никола, или Св. Никола – летен). Овој важен лик од христијанската религија е роден кон крајот на III век во гратчето Патара во малоазиската област Ликија. Уште како дете се истакнувал со добро воспитание поради што станал омилен и пред Бога и пред луѓето. Неговиот чичко, кој исто така се викал Николај, и кој бил архиепископ Патарски, согледвајќи ги позитивните карактеристики на младиот Николај ги наговорил родителите да му дозволат да се посвети на Бога и го произвел во чин презвитер. За време на ракополагањето епископот исполнет со пророчки дух во еден момент покажувајќи на младиот Николај извикал: „Браќа, јас го гледам новото сонце што изгрева над земјата и ветува утеха на сите потиштени. Блажено е стадото што ќе го има за пастир, зашто тој ќе ги приведе кон вистината заблудените овци, ќе ги пасе на пасиштето на благочестието и ќе биде помошник на сите страдалници“. Ова пророштво на стрикото Николај се исполнило, зашто младиот Николај подоцна навистина станал заштитник на сиромасите, но и помошник на сите што со верба му се обраќале. По смртта на стрико му кој бил архиепископ свештениците од областа Ликија барале негова замена, но сите се увериле дека немале подобар од младиот Николај и го избрале за архиепископ Мирликијски. Како архиепископ Николај бил омилен меѓу народот, зашто секогаш ги помагал сиромашните, ги посетувал болните, ги штител затворениците и неправедно осудените, младите ги советувал, грешните ги упатувал на вистинскиот пат, робовите ги откупувал и ги пуштал на слобода, на сиромашните девојки им купувал мираз за да се омажат итн. По смртта на неговите родители коишто биле многу богати сето богатство што го наследил го разделил на сиромасите, но тоа го правел тајно тргнувајќи од божјите зборови за добрите дела да не бара светска слава. Житието раскажува дека во тоа време во градот Патара живеел некој човек којшто ненадејно го изгубил богатството и бидејќи не бил способен да се бори во животот бил решен и со нечесни средства да остварува средства за живот. Имал намера да ја жртвува дури и честа на своите три ќерки, но во тоа го спасил св. Никола кој ноќно време низ прозорецот му дофрлувал пари. Со тие пари таткото ги омажил и трите ќерки, а кога разбрал кој му го дава богатството паднал пред нозете на Никола и со солзи во очите му благодарил со зборовите: „Ако не беше те пратил Господ да не спасиш, јас не можев да одолеам на искушенијата, ќе паднев во грев и ќе ја жртвував честа на моите ќерки.“ Кога за време на владеењето на царот Диолкецијан станале големи прогони на христијаните и Николај бил затворен и подолго време останал во темница. Но кога царот Константин го признал христијанството и кога ги ослободил сите затворени христијани и Николај бил ослободен и повторно се вратил на архиепископскиот трон. Учествувал и на Првиот веселенски собор во Никеја, во 325 година, каде што удирајќи му шлаканица го посрамотил еретикот Арие, кој се одделил од христијанството и проповедал друго учење. По пронаоѓањето на светиот крст од страна на царицата Елена многу луѓе тргнале да ги посетуваат светите места. И архиепископот Николај тргнал на вакво патување, на кое се случиле многу чудни настани. Житието раскажува дека додека патувале по морето Николај претскажал големо невреме, но морнарите познавајќи ги метеоролошките услови го исмевале велејќи му да не зборува за работи што не му се познати. Но кога набргу навистина фатило страшно невреме, кога се кренале големи бранови и кога сите очекувале несреќа Николај се помолил на Господа и бурата престанала. Вакви настани за време на животот на Николај се случиле повеќе, а тој и по смртта продолжил да ги заштитува патниците, посебно оние што патувале по вода. Доживеал длабока старост и умрел во 342 година, откако скоро шест децении му служел на својот народ и на својот Господ. Бил погребан во соборната црква во Мир, а подоцна кога пред налетот на Исламот биле прогонувани христијаните, кога многу цркви настрадале и кога биле уништувани гробовите на светителите св. Николај му се јавил во сонот на некој свештеник од Бари (Италија) и го замолил моштите да му ги пренесат во Италија. Во тоа време црквите во јужна Италија ѝ припаѓале на цариградската патријаршија. Потоа со многу свечености неговите мошти биле пренесени од Мир (Ликија) во Бари (Италија), во 1087 година, поради што и овој датум (22/9 мај) се смета за празник на Св. Никола (Св. Николај ‒ летен). Преданието раскажува дека светите мошти во Бари биле пречекани од мноштво народ меѓу кој имало и многу болни, слепи, глуви, сакати, душевно болни и сл. коишто доживеале исцелување. Култот на св. Никола е познат од VI век, а најстарото житие за него потекнува од IX век. Важел за заштитник на целото население и од целиот свет, поради што високо го ценат не само православните туку и католиците. Од истите причини на овие простори во минатото го почитувале и Турците, коишто како што стои во некои записи го викале „Адрбаба“, што значи јадар татко или голем татко. Се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак, во народното предание најмногу е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и заштитник на корабите и на патниците што патувале со нив. Затоа, пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат по вода. Во македонските народни преданија се раскажува дека еднаш кога патувал по вода бродот потонал, а тој шест недели поминал на една штица. За цело време се молел на Бога да го спаси, а Господ не само што го спасил, туку затоа што бил исполнет со верба кон Бога и што го молел го назначил за заштитник на морепловците. Во таа смисла Марко Цепенков запишал дека „Свети Никола је на морињата – да варди луѓето од талазите на морето да не се удаат“. С. Тановиќ, пак во записите на обичаи и верувања од Гевгелиско на едно место забележал дека овој ден се празнувал „поради дождови и поплави“, а на друго место дека го празнувале рибарите и морепловците, дека секогаш бил на вода и ги држел клучевите од седум извори за да не се удават луѓето, зашто кога би ја пуштил водата сите би се удавиле. На Дојранското Езеро, на овој ден рибарите не влегувале во чуновите, а и во Солунскиот Залив престанувал сообраќајот. И Е. Спространов во обичаите од Охрид забележал дека свети Никола бил тој „шо и поиљвит морињата. Тога, каде да се најт гемија или пампур останвит таму макар, стрет море да је, ќе се заприт и ќе го држит (ќе го празнуват). Свети Никола е фенерлија, праит чудесиј“. Во македонските народни песни св. Никола е опеан како „стар свети Никола“ кој може да го одмрзне и замрзнатото море, но и кој гради цркви и манастири: „Цркви гради стар свети Никола, /градил ги е од злато и сребро“. Стиховите, пак, од оваа песна во кои Св. Никола и се обраќа на златната рипка од дното на морето: „сребро, злато, цркви ќе дограда, / бесцен камен у олтар ќе става, / тебе рипке, курбан ќе те колам“, се во врска со обичајот да се јаде риба на празникот (особено на зимскиот празник кој спаѓа во Божиковите пости) како и со обичајот во некои места за курбан да се готви риба-крап. И во песната од зборникот на браќата Миладиновци се пее за делбата меѓу четирите светци: св. Илија, св. Никола, св. Јован и св. Петар: „На свети Никола што му паднало?/ Паднало му води и бродови, / му паднаа гемии по море, / он да имат, он да и повељат“. И во прозните народни умотворби еднаш се раскажува како св. Никола ги помага сиромасите, друг пат како добил два празника во годината. Така на пр. во една приказна запишана од ѓаконот Јосиф, од манастирот Пречиста Кичевска, објавена во цариградскиот весник „Новини“ кон крајот на минатиот век, се раскажува дека едно време другите светци му завиделе на св. Никола затоа што многу бил почитуван и се поплакале на Бога. Бог ја примил поплаката и веднаш испратил два ангела да го повикаат св. Никола. Тие откако не го нашле по небото и по земјата го здогледале во среде море како крепи една гемија готова да потоне. Му ја пренесле заповедта, а тој ги замолил да му помогнат да ја извадат гемијата на суво. Виделе-не виделе ангелите му помогнале, а потоа така накиснат и со искинати алишта го одвеле пред Господа. Тука во тој момент биле собрани и сите светци што се оплакувале на него. Господ само ги погледнал и ништо не рекол, а тие од погледот разбрале дека ако сакаат да бидат почитувани како свети Никола треба да прават добри дела како што правел тој. Тогаш, се вели во оваа приказна, Господ заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, за свети Никола два, а за преподобниот Касијан кој најмногу го кодошел, на четири години еднаш да му се празнува денот на 29 февруари. Истражувачите на народниот живот истакнуваат дека многу елементи од обичаите и верувањата поврзани со св. Никола водат потекло од претхристијанско време, но дека се задржани сите обреди, обичаи, жртвувања, и сл. кои биле поврзани со некогашниот претхристјански јунак на морињата, водите и ветровите.]]>

Необични ритуали: Повеќе пари со помош на ловоров лист https://arhiva.vistina.com.mk/neobichni-rituali-povekje-pari-so-pomosh-na-lovorov-list/ Fri, 17 Jan 2020 13:30:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129618

Најверојатно ставате ловоров како зачин во многу од вашите омилени јадења, но дали знаете дека ловоровиот лист во некои медитерански региони се користи за позитивно расположение и за привлекување богатство? Во продолжение прочитајте некои ритуали за привлекување повеќе пари. 1. Ловоров лист во вашиот паричник за финансиски успешна година Напишете ги вашите желби на ловоров лист и чувајте го во вашиот паричник во текот на првиот месец од годината. 2. Ловоров лист во вашиот паричник во текот на целата година Постојат и луѓе што едноставно ставаат ловоров лист (без да напишат нешто на него) во својот паричник и кога ќе се исуши го заменуваат со свеж верувајќи дека листот може да привлече повеќе пари. 3. Ловоров лист за покачување на платата Ако сте во потрага по нова работа или сакате да добиете покачување, треба да ставите ловоров лист во вашата чанта или актовка или на вашето биро. Некои луѓе веруваат дека ова ги зголемува шансите за постигнување на посакуваните резултати. 4. Ловоров лист на невообичаени места за привлекување пари и за просперитет Ловоровиот лист можете да го ставите и на друго место – во вашата куќа, во канцеларијата или на место каде што личноста што сака просперитет поминува најмногу време. Се верува дека ловоровиот лист може да има корисен ефект врз финансискиот аспект на животот на секое од овие места, но најчесто се става во паричникот што го носите со себе. извор:кафепауза.мк]]>

Оваа година е престапна: Еве што не смеете да правите ако сакате да избегнете несреќа! https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-godina-e-prestapna-eve-shto-ne-smeete-da-pravite-ako-sakate-da-izbegnete-nesrekja/ Fri, 03 Jan 2020 11:56:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127313

Според народните верувања, во престапната година, која самата по себе е „баксузна“, не треба да започнете нов бизнис. Исто така, оваа година не треба да стапувате во брак, бидејќи тој ќе заврши неславно. Меѓутоа, ако сепак одлучите да стапите во брак, препорачливо е жената да го запроси мажот. Само тогаш, жената може да предложи брак затоа што тогаш родовите улоги се превртени. Ова го сведочат многу народни верувања ширум светот.

Инаку, според легендата, ирскиот светец Свети Патрик го прогласил 29 февруари за ден кога на жените им е дозволено да ги запросат мажите што ги сакаат, заради нивните негодувања дека им е здодевно да ги чекаат мажите да го направат првиот чекор. Ова се случило во V век, а неколку векови подоцна, кралицата Маргарет од Шкотска вовела закон според кој, на овој ден, жените може и треба да ги побараат своите партнери, а ако ги одбијат добивале казна како бакнеж, исплаќање пари или купување гардероба – што и да побарала несудената невеста. За време на венчавката во православните цркви – невестата, пред свештеникот да ја ѝ стави круната на главата, треба во себе да рече: „Овој брак е крунисан со круната на љубовта, која го штити од секакво зло“. Покрај овие, постојат неколку „златни“ правила кои треба да се почитуваат: Невестата на нејзиниот најсреќен ден треба да носи долга венчаница што се влече по земја за да има долг брачен живот. Венчаницата мора да се купи, а не да се изнајми или подоцна да му се позајми на некого. Истото важи и за превезот, нараквиците, украсните панделки и друго. И покрај тоа што невестата на овој ден позајмува нешто од некоја претходна невеста, тоа не треба да го прави ако се омажи во престапна година. За родените на 29 февруари Ако не сте знаеле, веројатноста некој да се роди на 29 февруари е еден на 1.000 и во моментов има околу четири милиони луѓе родени на овој ден. За овие деца се верува дека се креативни, способни и честопати многу уникатни. Ако сте се ​​родиле на 29 февруари значи дека сте надарени со „шесто сетило“. Овие луѓе се сметаат за среќни и се верува дека често поседуваат некои посебни таленти. Некои езотеричари тврдат дека гледачите и исцелителите му се радуваат на овој „посебен ден“. Гинисовата книга на рекорди го заведе семејството Кеог од Ирска, чии три генерации припадници на нивната лоза се родени на 29 февруари! Во книгата со рекорди е запишано и норвешкото семејство Хенриксен во кое три деца се родени на престапниот датум. Луѓето сметаат дека најопасните магии се направени за време на престапна година, па затоа треба да бидете многу внимателни и да се заштитите навремено, со амајлии или некои ритуали, ако верувате во нив. Затоа, секоја куќа треба да има календар за да го скине и фрли листот од претходниот месец. Веднаш штом заврши февруари, треба да се скине, да се запали и да се рече: „Оди си, не ми направи ништо лошо. Амин“. Според народните верувања, треба да се избегне и садењето овошки во престапна година, бидејќи тие нема редовно да даваат род во текот на својот животен век! Калемењето и производството на овошни садници дури и не се препорачува. Експертите и науката, се разбира, велат дека станува збор за суеверие. извор:кафепауза.мк]]>

Месецот во кој ви започнала врската ви ја одредува идината… Погледнете што ве очекува https://arhiva.vistina.com.mk/mesecot-vo-koj-vi-zapochnala-vrskata-vi-ja-odreduva-idinata-poglednete-shto-ve-ochekuva/ Tue, 13 Aug 2019 12:30:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101963

Верувања, суеверија, измислици, наречете ги како ќе одлучите, но за да се пренесува толку долго низ времето, можеби си има доза на вистина. Така на пример, низ нашите географски широчини има теорија дека месецот во кој започнала врската меѓу љубовниците има голема улога врз иднината на нивната љубов. Ако имате склучен брак, се зема во предвид месецот на свадбата, бидејќи овој настан има многу силни вибрации. Погледнете што Ве очекува во иднина… Јануари – не е поволен за почеток на врска (брак). Освен ако партнерите не се познаваат уште од деца. Тогаш ќе имаат многу стабилна врска. Февруари – еден од најповолните месеци! Без разлика дали имате многу разлики, или пак сте премногу исти, обично врските, кои започнуваат во февруари, се многу стабилни, долготрајни и среќни. Март – ветува неизбежна разделба, при тоа проследена со расправии покрај поделбата на имотот. Шанса имаат само партнери, кои се склони кон големи компромиси. Април – возот на ужасот! Врската ќе биде многу емоционална, бурна, со остри подеми и падови. Можеби нема да биде спокојна и среќна, но ниту за секунда нема да биде досадна. Мај – во овој месец за врските и браковите, кои започнуваат во него, ќе има многу грижи и грижи, од финансиска, а не од емотивна страна. Партнерите ќе работат напорно, но парите нема да стигнуваат. Јуни – месецот на богатство и благосостојба. Ако врската почнала тогаш, тие ќе бидат секогаш заедно. Партнерите многу добро ќе си влијаат еден на друг, дури и кавгите ќе им бидат корисни за нивниот развој и усовршување во секој аспект. Јули – исто така е многу поволен месец за врзување. Многу радости и сосема малку грижи. Дури врската да не трае долго и двајцата партнери ќе задржат многу убави спомени за неа. Август – врските и браковите, кои започнале во овој месец, обично се трајни и стабилни, бидејќи одат со вистинско пријателство. Месецот предвидува разбирање, доверба и хармонија во односите. Септември – имате спокоен, стабилен и сигурен однос. При тоа и во финансиски, и во емоционален план Вие стоите најдобро. Вљубените треба само да внимаваат се егото и да не се стремат да се наметнуваат. И сето тоа ќе оди прекрасно. Октомври – овој месец води кон тешки и напорни заеднички денови. Исполнети со флуктуации, разочарувања и недоразбирања. Ако сеуште немате брак, туку сакате да останете заедно, најдобро е бракот да го склучите во Јуни. Ноември – многу успешен од финансиска страна. Луксуз и изобилство ги очекува партнерите. Тоа е одличен услов да си живеат мирно. Но треба да се чуваат од искушението емотивно да ослабат. Декември – најсоодветен месец за врска и брак! Ќе има многу нежност, грижа, љубов, романтика, доверба и разбирање помеѓу љубовниците. Долга и радосна врска! извор:среќа.мк]]>

Велики петок: Според обичаите и верувањата, еве што треба, а што не треба да се прави денес https://arhiva.vistina.com.mk/veliki-petok-spored-obichaite-i-veruvanjata-eve-shto-treba-a-shto-ne-treba-da-se-pravi-denes/ Fri, 26 Apr 2019 07:02:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=85109

Велики петок строго се празнува. Тој ден е со црвена боја во календарот и тоа значи дека не се работат ниту домашните ниту земјоделските работи. Жените на овој ден не смеат да земат игла во раце, зошто се верува дека ќе им се појават пликови. На овој ден се почитува строгиот пост, дома не се пали оган, не се готви па дури и леб не се меси тоа утро. Исто така на овој ден не се слуша никаква музика, не се пушта музика, како ни црковни ѕвона. Постои верување дека девојките на овој ден ако украдат цвеќе од црквени порти и го стават под перница, ноќта пред Велика Сабота ќе го сонат својот иден маж. Се верува дека оној кој на Велики Петок ќе ја измие косата во текот на целата идната година нема да го боли глава, и ако куќата малку ја “помести“ со метла, која потоа ќе ја фрли метлата, со неа ќе го исфрли сето зло од куќата и домаќинството.]]>