верни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 11 Mar 2023 09:18:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png верни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лиде-Лиде, виде дека работата стои “тенко“, па реши да не биде само Лиде на Венко: Реши поинаку „да вози“, па почна да ги имитира познатите во нивните карактеристични пози? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lide-lide-vide-deka-rabotata-stoi-tenko-pa-reshi-da-ne-bide-samo-lide-na-venko-se-otkaza-od-ministerot-pa-lide-odluchi-poinaku-da-vozi-da-gi-imitira-ostanatite-od-poznatite-vo-nivnite-karakteristilni/ Sat, 11 Mar 2023 09:14:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202837

Можеби името Лидија Гиновска на пошироката јавност не и значи ништо, но ако кажете Лиде - Лиде како што се претставува на социјалните мрежи преку кои и стана популарна со своите коментари и објави за екс-министерот за здравство Венко Филипче, по што се претвори во Лиде на Венко, на многумина им е јасно за кого се работи. Таа не испушташе прилика не само да коментира, туку дури и јавно го повика и покани Филипче на кафе,  со желба за лична средба со него. Во меѓувреме, Лиде пропеа, а направи и свој подкаст на Јутјуб, насловен „На кафе со Лиде“, па вети дека во една од првите гостин ќе и биде токму Др. Венко Филипче! Средбата се случи, ама не во емисија, туку случајно и на недоговорено, па затоа и беше само блиц средба на која кафето со Филипче изостана, а Лиде тоа не ја задоволи, па на министерот му напиша стихови и песна. Можеби пеењето не и е посилна страна и и' е „малку тенко“, ама затоа надежта која последна умира преточена во ваквата  идеја мислеше дека и е полн погодок, па така Лиде стана – „Лиде на Венко“ и во песна. А, Венко?  Венко стана член на Централниот одбор на СДС. Ништо ниту од „тета - те“ средба меѓу нив двајца, ниту пак се случи „поствакцинална“ хемија! Но, инфлуенсерската кариера и понатаму мора да се тера, па Лиде, виде - не виде, сврте нова страница. По се' изгледа Лиде-Лиде, виде дека работата стои “тенко“, па Лиде реши да го батали Венко... Се откажа од екс-министерот, па Лиде одлучи поинаку „да вози“ и почна да ги имитира познатите во нивните карактеристични пози! Имено, таа на својот Инстаграм профил тргна да објавува колажи од познати личности кои позираат, па и самата да се фотографира себе си во слични пози и ситуации. Од фографиите се гледа дека не само што одлично се внесува во улогите на познатите фаци од Македонија и регионот, туку на сликите нивната верна копија им додава и свои комични и довитливи коментари и кореографија. Слободно отворете го нејзиниот Инстаграм и погледнете ја и во вакво издание, за да стекнете ново сознание за Лиде-Лиде, која ветува... дека ќе ја биде! Лиде - Лиде крај плочките во купатило како Ведрана Ѓорѓевиќ... ...Или утрински поза „бејби - фејс“ како Сара Мејс... ... Или како фитнес инструкторка ала Ана Стојанова... ...А може и како мисица на пица, ала Кристина Димитриевска... ...Секако и како водителката и пилатес инструкторка налик на Снеже Велков... ...Па зошто да не и разголена топлес, како модната креаторка Ивана Кнез... ...или моделот и ТВ водителка Вера Мештеровиќ... ... со прекрстено нозе мини фустанче и чизми над колена како задругарката, инфлуенсерка и екс- „Ред ТВ“ презнтерка на временска прогноза, Елеонора Миљковиќ... ...со мачкта и мобилниот враце божем тие и се „се', а не само нешто“, како  нашата најпозната водителка Лила Филиповска....   ...или со пасошот в раце за кидавела, како беровчанката  Јелена Спенџарска, на пат да стане грчка снаа... ... Па потоа со раширени нозе баеги раскомотена, само Лиде седната на клозетска даска, за разлика  од проѕирното пластично столче на фолкерката Татијана Стефановска... ...И уште еден куп домашни и регионални пејачки, водителки, манекенки, старлети... Списокот е долг, не ги собира сите на порталот, а „копиите“ на Лиде, како што се гледа,  се „верни на оригиналот“! Фото: Инстаграм принтскрин/lide_na_venko  ]]>