верификација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 18 Nov 2023 09:05:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png верификација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познатите македонски естрадни личности едногласни за можноста да се купи верификацијата на Инстаграм: „Тоа е лечење на комплекси“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-makedonski-estradni-lichnosti-ednoglasni-za-mozhnosta-da-se-kupi-verifikatsijata-na-instagram-toa-e-lechene-na-kompleksi-video/ Sat, 18 Nov 2023 09:04:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327558

Ако имате бизнис профил на Инстаграм или само свој личен профил преку кој попатно го промовирате вашиот бизнис, сигурно барем еднаш сте се запрашале дали верификацијата на Инстаграм има смисла. Тоа добро познато сино знакче е едноставно за верификација и најчесто ќе го видите покрај името на јавните личности, фирми и брендови за да докажете дека тие стојат зад профилот, односно дека профилот е автентичен. Ова е одлично за корисници кои сакаат да прават разлика помеѓу вистински и лажни профили.Корисниците на платформите Инстаграм и Фејсбук можат да платат за таа верификација, односно синото знакче, објави матичната компанија Мета. Неговата услуга Verified чини 11,99 долари месечно или 14,99 долари за корисниците на iPhone. Екипата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ истражувааше токму на оваа тема, па праша дел од нашите естрадни личности: „Дали со плаќањето верификација се (из)губи смислата?“ Во видеото подолу погледнете ги одговорите: ]]>

Панчо ДНК ги подбра „важните ликови“ на Инстаграм: „Како се чувствувате после крштевката за 820 денари?“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-gi-podbra-vazhnite-likovi-na-instagram-kako-se-chuvstvuvate-posle-krshtevkata-za-820-denari-foto/ Wed, 16 Aug 2023 07:47:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313888

Владимир Блажев или попознат како Панчо Шорти/ДНК, отсекогаш бил на страната на реалната слика, без влакна на јазикот за теми за кoи многумина би останале летаргични да се изјаснат јавно. Овој пат,  Панчо поттикнат од она што секојдневно му осамнува пред очи, а периодот се случува како многу честа пракса на Инстаграм, е  верификација на профилите. Моментот сам на себе да си дедеш на важност и да почувствуваш дека токму ти си таа „позната“ личност на чиј профил треба да стои она сино препознатливо симболче за верификација. Своето објаќање Панчо не случајно го почна со деминутив, токму за да акцентира на „големината“ на оние како што вели за 820 денари си направија марак и наполнија его. -Луѓенца верифицирани, како се осеќате после инстаграм “крштевката” за 820 денари? Дали ве побараа од влада да го решите спорот со Бугарија за влез во ЕУ, дали ве забележуваат повеќе на улица, попопуларни ли сте и побитни во општеството после добиениот беџ, ви ги слушаат ли повеќе песните, станавте ли побогати? Па ништо не се фалите мајку му стара стварно не е фер, се обрати Панчо. Коментарот доби доста допаѓања од следбениците и пријателите на Фејсбук, но малкумина се осудија да остават свое видување за ова или пак им стана незгодно бидејќи се почувствуваа прозвани. Веројатно оние технолошки супериорните многу добро знаат како стојат нештата со ваквите промени на социјалните мрежи, па оттука токму за познавачите, ваквот потег е смешен. Инаку, периодов навистина се намножија доста верифицирани профили, па така оние „големите“ станаа важни на Инстаграм, а оние пак што навистина заслужуваат значка, а ги има доста, се уште останаа неверифицирани и тоа за така евтино. фото:Инстаграм принтскрин]]>