верди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 May 2023 12:22:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png верди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На 26-ти мај на „Мајските оперски вечери“: „Реквием“ од Џузепе Верди https://arhiva.vistina.com.mk/na-26-ti-maj-na-majskite-operski-vecheri-rekviem-od-dhuzepe-verdi/ Mon, 22 May 2023 12:22:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303233

Во рамките на 51. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2023 на 26 мај со почеток во 20.00 ч. ќе се изведе едно од најмоќните и најдраматичните дела во историјата на класичната музика, „Реквием“ на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Диригент е гостинот од Бугарија, Емил Табаков, концерт-мајстор е Владимир Костов, а хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ. Настапува Хорот на Националната опера и балет и Оркестарот на Филхармонија на Македонија. Солисти: Беса Лугичи, сопран (Косово), Сања Анастасиa, мецосопран (Србија), Никола Китановски, тенор, Игор Дурловски, бас. Неповторлива музичка фантазија! „Реквием“ на Верди е прекрасна фузија од опера, драма, симфонија, од возбудливи, виртуозни соло мигови, од радост и среќа, до патос и тага, од едноставни „реченици“ кои ја растеретуваат мислата, до длабока филозофска идеја за чија суштина вреди да се размислува. Делото е посветено на славниот италијански книжевник Алесандро Манцони. Композиторот Јоханес Брамс изјавил дека „само гениј би можел да напише вакво дело!“ Реквиемот на Верди е дело со „најсконцентрирани“ емоции – сите човекови чувства ставени на толку малку страници. Музиката е директна и моќна, вознемирувачка, величествена…]]>