вера милишевска јосифовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 10 Oct 2023 08:17:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вера милишевска јосифовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Голем ден за Вера Љубојна: Гордост на семејството и неизмерна радост за животното достигнување (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/golem-den-za-vera-lubojna-gordost-na-semejstvoto-i-neizmerna-radost-za-zhivotnoto-dostignuvane-foto/ Tue, 10 Oct 2023 07:00:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321792

Вера Милошевска Јосифовска или попозната како Вера Љубојна, досега добила многубројни аплаузи и цвеќе на сцена кои сигуно и се многу драги, но овој пат истите и беа специјални. Имено, Вера го бранеше магистерскиот труд и официјално стана магистер по фолклористика на ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје. Аплаузот за крај и цвеќињата кои ги доби беа од нејзините роднини, пријатели и соработници кои присуствуваа на големиот ден. Вера на својот Фејсбук профил објави моменти и убавиот настан и за своето достигнување сакаше да го сподели со сите. Неизмерно благодарна на сите, среќна и возбудена, но и празнина во себе за отсуството на нејзиниот татко. „Моменти од одбраната на мојот магистерски труд и досегашно истражување на тема „Македонскиот вокален мелос во современиот контекст – оживување на една заборавена музика”, а во нив прегратките на моите сакани луѓе, соработници, ученици и ценети професори. Благодарам на моето љубовно и неуморно семејство за ветерот во грб и поткрепата, на мајка ми Лидија Милошевска, на брат ми Горјан, на мојата сакана фамилија што секогаш ме држи на дланка, а верувајте многу сме. П.С. Недостасува само прегратката на татко ми, кој не доживеа да ме види во вакво академско издание. Си велам, се радуваш од висините тато“, напиша Вера. Инаку Вера е професорка по традиционално пеење во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Честитки! фото:Фејсбук/Вера Милошевска-Јосифовска]]>