вера јосифовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 Mar 2021 13:30:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вера јосифовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Funk Shui“ заедно со Вера – „Љубојна“ се најдоа во – „Не време“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/funk-shui-zaedno-so-vera-ljubojna-se-najdoa-vo-ne-vreme-video/ Tue, 16 Mar 2021 13:30:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194470

„Funk Shui“, важат за еден од најперспективните бендови во Македонија,  кои со својот исклучителен талент и константната работа на својот израз, ја одбележаа 2020-та продуцирајќи два важни синглови во нивната кариера: „Метоери“ и „Ветер“, песни кои заедно со своите официјални видеа го разгорија медиумскиот интерес за нив. „Не време“ е новиот сингл реализиранво соработка со еден од најпрепознатливите и најавтентични женски вокали во поновата македонска историја, пејачката на „Љубојна“,  Вера Милошевска – Јосифовска, кристалниот глас на групата која со годините се издвои како една од најавтентичните културни фигури на македонскиот мелос. Се работи за електична фузија во нова и своја стилска и жанровска рамка, онака како и прилега на бескрајната љубопитност на „Funk Shui“. Бендот во моментов е актуелен со номинациите за видеото „Метеори“ на „ADRIA MUZZIK VIDEO AWARDS 2020“ во дури 3 категории, тие се финалисти на „HEMI Music Awards“, држејќи го регионалниот медиумски и концертен интерес сосема буден и подготвен за следниот чекор. Музиката и стиховите на песната ги потпишуваат членовите на бендот, продукцијата и миксот се на Бен Милчев, со поош на групата. Видеото го снимил Борис Ралев, дрон камерата ја управувал Тео Ангеловски, а фотографииите се на Александра Костадиновска. Проследете како звучи и изгледа нивното „Не време“, во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=w1ilP63ZCRs  ]]>