венус – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Oct 2021 11:39:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png венус – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Венус“ – мачката со две лица е хит на Инстаграм https://arhiva.vistina.com.mk/venus-machkata-so-dve-lica-e-hit-na-instagram/ Thu, 07 Oct 2021 11:39:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222208

Благодарение на ретката генетска аномалија, Венус – „мачката со две лица“, се разликува од другите миленичиња… Имено, покрај нејзиното лице во две бои, и очите исто така ѝ се различни. Некои од следачите мислат дека фотографиите од оваа мачка се лажни, но нејзините сопственици Кристина и Крис го порекнуваат ова тврдење. На Инстаграм, во име на Венус, тие велат: „Јас сум 100 отсто природна. Не носам шминка, ниту молив за очи… Во мојот салон за педикир, Фотошоп и спреј-бои не се дозволени.” Оваа мачка е пронајдена 2009 година во Северна Каролина (САД), а денес има два милиони следачи на Инстаграм. Комбинацијата на две бои крзно кај мачките се нарекува „химера“. Може да се појави со спојување на две оплодени јајце-клетки или два рани ембриони во еден организам. Така, животното поседува две генетски различни „наследства“ од различни зиготи. Венус „е активна“ и на Тик-ток. Со својата специфичност, таа на свој начин секојдневно ги охрабрува луѓето да ги прифаќаат своите несовршености. „Без разлика колку сте различни од другите, Вие треба да се сакате себеси и Вашите несовршености. Не треба сите да бидеме исти. Нашите разлики се она што нѐ прави единствени”, вели една порака на профилот на мачката.]]>