венко андоновски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 14 Mar 2023 13:54:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png венко андоновски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Венко Андоновски избран за дописен член на МАНУ https://arhiva.vistina.com.mk/venko-andonovski-izbran-za-dopisen-chlen-na-manu/ Tue, 14 Mar 2023 13:54:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293365

Професорот и писател Венко Андоновски одржа пристапно предавање во МАНУ пред академици, студенти, љубители на книжевноста на тема „Достоевски и Мекдоналдс“. Зборуваше за изложеноста на денешните книжевности на силен налет на глобализацијата, редефинирањето на поимот книжевност и наметнување на една нова естетика на бестселерот. Како што зборува професорот тој бестселер се сведува на тематски список на пожелни геополитички теми и стеротипи, а својата естетика ја позајмува од геномот мелодрама. Тој оваа книжевност ја нарекува „Мекдоналдс жанр“ или „фест фуд“ книжевност. -Наспроти таа кич и „ready made“ книжевност словенските литератури имаат свои богати книжевни традиции во кои централните прашања се сврзани со Бога, со смислата на животот и човекот, бесмртноста. Најмладите писатели од словенските или „децималните“ книжевности се пред сериозна дилема дали да останат во локалната традиција или да се свртат кон оваа лесна ама нормативна „книжевност“ која гарантира слава и милионски тиражи – вели професорот. Книжевноста никогаш не била толку трговија како денес. Никогаш не била до толкав степен производство како денес, посочи тој. -Пред појавата на глобализацијата и потрошувачкото општество уметноста се сметаше за последна оаза на индивидуалноста. Уметничкото дело беше индивидуален, но затоа и креативен чин, и токму во таа индивидуелизација на перцепциите во делото се гледаше неговата уметничка вредност. Колку поиндивидуално, толку поголемо дело, гласеше основниот закон на „Бибилијата на естетиката“ до појавата на потрошувачкото општество. Невозможно е да се разбере како за само неколку децении се случи редефинирање на „светска книжевност“ и негово сведување на поимот „глобализациска книжевност“, највидливо олицетворена во денешниот бестселер – истакна Андоновски.]]>

Промоција на „Папокот на светлината“ на Венко Андоновски https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-papokot-na-svetlinata-na-venko-andonovski/ Thu, 01 Dec 2022 08:13:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278278

По десет години, македонскиот автор и професор Венко Андоновски се враќа на сцената со нов роман. Промоцијата на „Папокот на светлината“ , во издание на издавачкиот центар „ТРИ“е закажана вечерва, 1 декември, во 19 часот, во кино „Милениум“. Промотори ќе бидат Винка Саздова и Игор Џамбазов. Андоновски се враќа на сцената со нов роман, десет години по објавувањето на последниот роман „Ќерката на математичарот“ и 22 години од „Папокот на светот“, книгата што ги освои книжевните награди Роман на годината, „Стале Попов“, „Балканика“ и руската награда „Југра“.]]>

Три македонски драми на Венко Андоновски, Ана Трпеноска и Марјан Анѓеловски меѓу најдобрите во Европа https://arhiva.vistina.com.mk/tri-makedonski-drami-na-venko-andonovski-ana-trpenoska-i-marjan-angjelovski-megju-najdobrite-vo-evropa/ Mon, 21 Mar 2022 13:45:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243806

„Еуродрам“ – Европската мрежа за современа драма и превод го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2022 година. Меѓу нив се и три необјавувани и неизведувани драми на македонски јазик: „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, „Јас, на некое друго место“ од Ана Трпеноска и „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски. Од „Еуродрам“ информираат дека во конкуренција на 806 пријавени дела од автори што пишуваат на некој од европските јазици се најдоа и 19 текстови напишани на македонски јазик. Изборот го направиле 335 членови од 27 посебни јазични комитети на „Еуродрам“. Првонаградениот текст „Мачкина глава“ од Венко Андоновски е семејна драма сместена во една балканска неименувана паланка во која тече митско, а не историско време, иако дејството се случува денес, во време на електронски комуникации. Тоа е драма за тоталитарното мислење што ги контаминира семејните односи и се шири како глобална закана. Венко Андоновски е прозаист, драмски писател и универзитетски професор, автор на 35 првоиздадени книги од различни жанрови и на 17 пиеси, кои се изведувани и наградувани во Македонија и во други земји. Инспирирана од вистински настан, драмата „Јас на некое друго место“ од Ана Трпеноска ја обработува темата убивање на сопствените деца од страна на мајката, емигрантка од Балканот, која страда од депресија. Во едно нормално, навидум среќно семејство што живее во странство, за време на роденден се случува трагедија што ги разоткрива темите на отуѓеност, чувство на промашен живот, изместени вредности и притисок врз поединецот наметнат од конзумеристичкото општество. Ана Трпеноска е драмска писателка што живее и работи во Виена. Дипломирала драматургија на ФДУ Скопје. Две нејзини драми се играни на сцената на МНТ во Скопје. За нејзиниот текст „5:17“ добила меѓународно признание од ИТИ Унеско во 2014 година, а игран е на Форумот за современа драматика во Атина. „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски е сатирична и апсурдна драма за живиот мртовец Живко, кој поради системска грешка добива решение дека починал, па минува низ пекол борејќи се во бирократските лавиринти на државниот систем да си го врати голиот живот. Марјан Анѓеловски е автор на неколку драмски текстови и сценарист во телевизиските емисии „Фчерашни новости“ и „Еден на еден“. „Еуродрам“ е европска мрежа за современа драма и превод, која опфаќа повеќе од 300 членови – театролози, критичари, драмски автори, преведувачи, режисери – организирани во 30 јазични комитети.]]>

Венко Андоновски е автор на годинашниот „Големиот школски час“ во Србија https://arhiva.vistina.com.mk/venko-andonovski-e-avtor-na-godinashniot-golemiot-shkolski-chas-vo-srbija/ Wed, 02 Sep 2020 13:06:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=165568

Српската културна јавност му укажа голема чест на македонскиот писател Венко Андоновски. Тој е автор на драмскиот текст „Изрешетани души“ според кој годинава ќе се изведе традиционалниот сценско-театарски спектакл „Големиот школски час“, државна манифестација посветена на стреланите 3.500 работници и ученици во Крагуевац, на 21 октомври 1941 година. Драмскиот текст ќе биде печатен на српски јазик, како дел од повеќетомната едиција „Голем школски час“, заедно со другите автори кои пишувале на оваа тема. За „Големиот школски час“, последниве 50 години сценарио пишувале, меѓу другото и имиња како Душан Радовиќ, Десанка Максимовиќ, Милован Витезовиќ, Љубивое Ршумовиќ, Мира Алечковиќ, Бранко В. Радичевиќ, Драган Данилов, Видосав Стевановиќ, Оскар Давичо, Јуре Каштелан, Јеврем Брковиќ, Ричард Бернс од Англија, Андреј Базилевски од Русија, Ана Сантоликуидо од Италија… Режијата на спектаклот ѝ е доверена на младата но истакната режисерка Јана Маричиќ, а улогите ги толкуваат еминентни српски актери. Театарскиот спектакл, како и секоја година, ќе оди со директен пренос на Српската телевизија, на 21 октомври, кој е прогласен за државен празник. На тој ден, на Големиот школски час, во паркот Шумарице, каде е извршено стрелањето, присуствуваат повеќе илјади луѓе и државниот врв на Србија.]]>

Венко Андоновски и Евгениј Водолазкин на Саемот во Санкт Петербург https://arhiva.vistina.com.mk/venko-andonovski-i-evgenij-vodolazkin-na-saemot-vo-sankt-peterburg/ Wed, 22 May 2019 11:45:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89277

На 24 и 25 мај, како специјален гостин на Саемот (салонот) на книгата во Санкт Петербург, ќе учествува нашиот писател Венко Андоновски. На 24 мај тој ќе учествува на меѓународна тркалезна маса со повеќемина странски писатели, на тема „Перспективите на книжевноста денес“. Наредниот ден е предвиден разговор за делото на нашиот писател, што ќе го води во моментов најпопуларниот руски писател, Евгениј Водолазкин, припадник на истата книжевна генерација како и Андоновски. извор: слободенпечат]]>

Венко Андоновски напиша песна за Билјана Беличанец https://arhiva.vistina.com.mk/venko-andonovski-napisha-pesna-za-biljana-belichanec/ Sun, 07 Apr 2019 14:21:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=81577

Актерката Билјана Беличанец сношти беше пронајдена мртва во својот стан во Скопје. МВР соопшти дека синоќа околу 22.30 часот, во полициска станица Центар, С. М. пријавил дека на ул.„Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење. писателот Венко Андоновски напиша песна посветена на актерката.
Билјана Беличанец – Алексиќ е поранешен градоначалник на општина Кисела Вода. Таа беше и театарска, телевизиска и филмска актерка.  ]]>