венчаница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Feb 2024 14:14:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png венчаница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На Ирена Спировска и дојде редот да биде невеста: Водителката блесна во венчаница тесна (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-irena-spirovska-i-dojde-redot-da-bide-nevesta-voditelkata-blesna-vo-venchanitsa-tesna-foto/ Sat, 24 Feb 2024 08:20:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337949

Секоја година овој период е според некое нестандардно правило резервиран за промоција и одржување на настани од кои идните невести можат да си изберат венчаница која целиот живот ја замислиувале дека ќе ја носат на големиот ден. За да им се сугерира, односно предложи она што е тековно во тренд како и она што го нудат домашните аталјеа и модни салони, се случуваат ревии и настанот „Саем на венчавки“ каде модели се познати водителки, пејачки, манекенки...
Речиси секоја година заштитно лице и редовно во венчаница ја гледаме Марјана Станојковска која сигурно и самата не знае колку модели облекла, ја видовме и водителката Сања Савеска, а годинава за сефте ја гледаме и Ирена Спировска.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Irena Spirovska (@irenaspirovska)

Таа облече тесна венчаница во сирена крој што ја нагласи нејзината витка линија, а се' за потребите на модната куќа со која соработува и редовно носи нивни модели кога се појавува на јавен настн или пред камери. Бидејќи ова беше ретка прилика и работна за неа, Ирена се фотографираше во повеќе пози и од различен агол, а за постигнатиот ефект доби многу ласкави пофалби во коментари за објавата. Случајно или не, во венчаница  гледаме водителки и тоа оние кои воопшто не ја облекле својата вистиннска венчаница за големиот ден, мајата очигледно не фаќа така лесно, но со облечи, соблечи од еден во друг фустан, веројатно ќе дојде ред и за вистинскиот модел во вистинското време. фото: instagram printscreen/ irenaspirovska and elenaluka_official]]>

Сите погледи вперени во неа: Јелена Карлеуша се појави во црна венчаница на настан и предизвика реакции (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/site-pogledi-vpereni-vo-nea-jelena-karleusha-se-pojavi-vo-tsrna-venchanitsa-na-nastan-i-predizvika-reaktsii-foto/ Fri, 17 Nov 2023 08:01:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327368

Поп дивата Јелена Карлеуша ги изненади сите присутни со посебен стајлинг за настан во главниот град кој се одржува во луксузен хотел во Белград. Кога таа се појави на црвениот тепих, блицовите на камерата не престанаа да „блескаат“. Јелена за оваа пригода се појави во долг фустан, со „балски“ крој, чиј дизајн по малку потсетуваше на венчаница, освен што е црн. Половината на фустанот е украсена со детал изработен од најфината проѕирна мрежа, тул до подот, а тенкиот струк на пејачката дополнително го истакнал широк појас, исто така во црна боја,  а стајлингот го заокружи со црни ракавици од брендот „Mugler“, кои воопшто не се евтини и шал околу вратот. Кога станува збор за шминката, таа се одлучила за подискретна варијанта. Пејачката на настанот пристигнала многу расположена, а на нејзиниот стајлинг никој не останал рамнодушен. Фото: Притскрин/Стефан Стојановиќ]]>

Сања Савеска повторно со„лажна узбуна“: Водителката на „Брза кујна“ годинава по втор пат во венчаница, ама никако да стане невеста?! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sana-saveska-povtorno-so-lazhna-uzbuna-voditelkata-na-brza-kujna-godinava-po-vtor-pat-vo-venchanitsa-ama-nikako-da-stane-nevesta-video/ Fri, 27 Oct 2023 08:58:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324210

Сања Савеска несомнено се покажа како најдобриот избор до сега за водителката на најзабавното кулинарско ТВ шоу„Брза кујна“, во кое можеби нема полни раце работа, ама затоа има полна уста зборување во секое издание! До душа понакогаш знае и да помогне, патем учејќи ги домаќинските работи од искусните шефови ио секако од вештите гости. Арно ама кога е оноа вистинското „одомаќинување“ во прашање, шармантната водителка никако да ја видиме како „домаќинка со тапија“. Не дека нема избрано добра партија, напротив, Сања со години е во долга врска, ама никако да застане пред матичар и олтар. Имено, уште на почетокот на годинава, некаде околу Божиќните празници Сања ја видовме сликана променета во венчаница. И таман сите се понадеваа дека водителката сака да ја изненади јавноста, а веројатно и израдува пошироката фамилија, излезе дека сите се „јанглаш“!  Водителката навистина изгледа преубаво во невестинскиот фустан, во венчаницата која на Сања Савеска прекрасно и стои, арно ама… излезе дека е само за реклама?! Водителката кажа ДА ама само за потребите на снимањето промотивна невестинска фотосесија со познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ. Деновите минуваа, измина речиаси и годината кога Сања Савеска еве ти ја повторно во венчаница! Овој пат белким навистина ќе биде невеста, се израдуваа блиските, пријателите и ТВ гледачите што ја следат и обожаваат, арно ама... Сања Савеска повторно „ги изненади“ со„лажна узбуна“. Снимката која таа ја објави  на социјалните мрежи веднаш привлече големо внимание, па многумина помислија дека водителката конечно ќе застане на лудиот камен. Арно ама, познатата ТВ дама овој пат не снимала реклама, ама затоа снимала најава во невестинска венчаница, дека токму таа ќе биде домаќинка и водител на престојниот саем за венчавки  “Wedding Expo-Skopje” кој ќе се одржи од  23. до 25. февруари следната 2024 година. Така што,  водителката на „Брза кујна“ годинава по втор пат во венчаница, ама никако да стане невеста?! Така барем вели самата во објавата:
„Традиционално и оваа година се одржува далеку препознатливиот “Саем за Венчавки”. Јас оваа година не облекувам венчаница, но ќе бидам домаќин и водител и ќе уживам во убавината на свадбените декорации и венчаници но и на целосниот гламур на “Wedding Expo-Skopje” од 23-25 февруари“ - напишала Сања. Или тоа и е само финта, за да ја заташка свадбата? Зашто вели: „...Годинава не облекувам венчаница...“, а годинава кога ќе го води најавениот ивент ќе биде веќе помината. Па кој знае, можеби токму 2024-тата ќе биде годината на одлука Сања Савеска конечно да го каже судбоносното - ДА? Фото: Инстаграм и Фејсбук/sanja_saveska  ]]>

Венчаницата пристигнува од Њујорк, а Цеца подготвува специјален подарок: Откриени детали од свадбата на Анастасија и Немања Гудељ (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/venchanitsata-pristignuva-od-nujork-a-tsetsa-podgotvuva-spetsijalen-podarok-otkrieni-detali-od-svadbata-na-anastasija-i-nemana-gudel-foto/ Thu, 21 Sep 2023 11:21:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319079

Немања и Анастасија Гудељ неодамна стапнаа на „лудата карпа“ на тајна церемонија, а исто така беше откриено дека подготвуваат уште две големи свадбени веселби. Едната прослава ќе биде на брегот на Шпанија, а потоа ќе се одржи голема српска венчавка во Белград. - Кога решија да направат свадба, иако тоа го правеа тајно, знаеја дека ќе има проблем со организацијата бидејќи и двајцата имаат широк круг на роднини и пријатели кои се расфрлани низ целиот свет. На крајот беше донесена одлука романтичната прослава на брегот да биде во Шпанија, на која ќе присуствуваат најблиските членови на семејството и клупските играчи на Немања, а потоа вистинска српска венчавка во Белград со свадбари од Србија. Свадбата во Шпанија треба да биде до крајот на годината, а во Белград следната - открива извор близок до Немања и Анастасија. - Додека Анастасија се грижи за венчаницата и фустанот кој би го облекла подоцна, Немања повеќе е задолжен за храна и пијалоци бидејќи сака да има посебно мени. Венчаницата на Анастасија ќе ја изработи познат дизајнер од Њујорк и таа ќе оди таму на проба, баш не ми се јасни имињата на тие дизајнери, па не се сетив која е. Знам дека веќе добила нацрт кој во некои делови го ревидирала и дека ги избрала материјалите што и биле понудени за ваков модел. Направен е според нејзините мерки. Од друга страна, Немања побарал сирењата да бидат од Шпанија и Италија, како и шампањот што пристигнува од Тоскана - вели извор за Блиц, цитиран од Курир. Изворот додава дека на прославата во Шпанија ќе има околу 50 гости, меѓу кои ќе бидат нивните пријатели од Севиља, каде Немања игра за истоимениот фудбалски клуб, неговите колеги фудбалери, како и семејството и кумата на Анастасија од Србија. Собите се веќе резервирани во еден од најелегантните шпански хотели, а Светлана Цеца Ражнатовиќ за прв пат ќе ја посети куќата што Анастасија и Гудељ ја купија во Шпанија. Младенците платиле и авионски билети за бројни гости, а на прославата секако се очекува да присуствуваат и Вељко и Богдана со нивните деца. Свадбата во Србија ќе биде многу поголема од онаа во Шпанија и би требало да се случи следната година, кога Немања ќе има повеќе време од професионалните обврски. - Таму свој дел гости ќе има Цеца, но и Гудељи, чии роднини се во Требиње. На специјалното мени ќе работат неколку готвачи, а декораторите веќе се во полн ек за тоа како треба да изгледа се со помпезен огномет и повеќекатна торта. Анастасија сега е во хаос бидејќи освен што работи на избор на венчаница и опремување на ентериерот на новата куќа, треба да се занимава и со украсување и други ситници поврзани со свадбата - вели истиот извор. Бидејќи фудбалската сезона на Немања веќе започна во неговата Севиља, младенците сега не можат да одат на меден месец. Но, според информациите на Блиц и Курир.рс, младенците планираат патување до егзотична дестинација која ќе ја плати Цеца. Кога ќе му дозволат обврските на Немања, новопечениот пар ќе замине на свадбено патување. Се шушка дека освен медениот месец, Цеца подготвила и други подароци кои ќе бидат посебно изненадување. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Дамир Дервишагиќ]]>

Нивната љубовна приказна трае со децении: Вака изгледаа Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг пред шеснаесет години  (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nivnata-lubovna-prikazna-trae-so-detsenii-vaka-izgledaa-viki-milkovik-i-nejziniot-soprug-pred-shesnaeset-godini-foto/ Tue, 05 Sep 2023 07:58:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316695

Пејачката Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташке се запознале кога биле многу мали. Веднаш знаеле дека се родени еден за друг, но се забавувале цела деценија пред да решат да стапнат на лудиот камен. На почетокот, сепак, сè не одеше како што треба, некои блиски луѓе мислеа дека не се добар пар. Меѓу нив биле и нејзините родители, но и неговите родители кои не биле на мислење дека треба да се венчаат. Сепак, судбината го даде последниот збор и Вики и Таше судбински проговорија во 2007 година. Пејачката тогаш беше бремена со синот Андреј, а една фотографија која неодамна се појави на социјалните мрежи ги воодушеви сите нејзини фанови. На него се гледаат Вики и Таше на денот на нивната венчавка. Вики е во поодмината бременост, и двете се млади, убави и среќни. Вики носеше луксузна бела венчаница, со модерен крој за тоа време, додека Ташке носеше класичен црн костум и елегантни чевли. Парот остана заедно од тој ден, кога се заколнаа на вечна љубов, а едно е сигурно, тие двајца го чуваат својот брак подалеку од очите на јавноста. Ретко ги гледаме заедно во медиумите, а можеби и тоа е причината што останаа заедно повеќе од 15 години и создадоа вистинска мала империја и богатство во секоја смисла. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Естраден Архив]]>

Луксуз на свадбата на Дарко Лазиќ: Гламурозната венчаница на Катарина ги воодушеви сите (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/luksuz-na-svadbata-na-darko-lazik-glamuroznata-venchanitsa-na-katarina-gi-voodushevi-site-foto/ Thu, 31 Aug 2023 07:13:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316020

Пејачот Дарко Лазиќ и неговата избраничка Катарина се венчаа, а по тој повод имаа гала прослава. Популарниот пејач и неговата партнерка пред неколку месеци приредија интимна граѓанска венчавка, а сега приредија голема веселба за црковната венчавка на над 500 гости. Катарина блесна во елегантна венчаница која ја следи линијата на телото, со бројни светкави детали, а во косата носеше и сребрени и бели цветни украси.Раскошната венчаница која за овој посебен ден ја избра партнерката на Дарко има долг вез и длабоко деколте. Дарко Лазиќ се одлучи за класичен, елегантен стајлинг, а одбра темна боја - црн костум, бела кошула и црна машна. Како што објавија медиумите, пејачката за украсување потрошила околу 50.000 евра, а се е во црно-златни нијанси, со многу цвеќиња, а посебен детал во ресторанот е портретот на младоженецот, пишува Глоси.рс По пристигнувањето, Дарко ги почитувал традиционалните српски обичаи за невестата, вклучувајќи пукање со пушка, како и продавање на невестата. Фото: Принтскрин/Антонио Ахел/Ата Имаџес]]>

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во тајност го кажаа судбоносното „да“, а еве колку плати пејачката за венчаницата (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/anastasija-razhnatovik-i-nemana-gudel-vo-tajnost-go-kazhaa-sudbonosnoto-da-a-eve-kolku-plati-pejachkata-za-venchanitsata-foto/ Thu, 24 Aug 2023 06:27:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315081

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ во строга тајност се венчаа и се заколнаа на вечна љубов. Парот го кажа судбоносното „да“ пред Бога и најблиските, во манастирот Рајиновац недалеку од главниот град на Србија, а невестата облече бела венчаница со необичен крој, со големи карнери на краевите, што го подигна целиот изглед на повисоко ниво на елеганција. Невестата блесна во деколтиран, бел фустан преку едно рамо,  што им се допаднаа на многумина. Анастасија за оваа специјална пригода во животот одбрала фустан од француската модна куќа  „Ланвин“ за кој потрошила неверојатни 2.559 евра, пишува „Телеграф“. Да потсетиме, Гудељ избра бурми од луксузниот бренд „Картие“, чии парчиња накит чинат цело богатство. На нивната официјална веб-страница пишува дека еден прстен чини 1.940 долари, што е околу 1.786 евра. За два венчални прстени младоженецот платил околу 3.572 евра, колку што чини еден просечен автомобил, напиша „Ало“. Фото:  Принтскрин/Инстаграм/Ражнатовиќ Анастасија]]>

Македонската модна дизајнерка кажа ДА среде градот на љубовта: Ива Спасовска запросена пред Ајфеловата кула во Париз (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-modna-dizajnerka-kazha-da-srede-gradot-na-lubovta-iva-spasovska-zaprosena-pred-ajfelovata-kula-vo-pariz-video/ Tue, 30 May 2023 08:11:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304180

Македонската модна дизајнерка е една од оние чии креации покрај обичните луѓе ги носат и познатите Македонки од естрадниот и јавниот живот... Фолкерката Сања Сани Гроздановска сега Урдаревиќ или ријалити ѕвездата и позната инфлуенсерка и модел Елеонора Миљковиќ на пример, беа или се уште се едни од нејзините редовни клиенти. Но, за младата модна креаторка важи и оноа: Колку креативна, толку убава, згодна, атрактивна  и сексапилна, па затоа неретко и самата знаеше да ги рекламира своите модели... Од свечени фустани или венчаници, до костими за капење излезени од нејзиното дизајнерско-креативно ателје. Токму затоа она што се случи ја заскокотка љубопитноста на чаршијата, каква ли венчаница ќе облече дизајнерката кога ќе дојде денот на свадбата на Ива? А тој ден воопшто не е далеку зашто Ива Спасовска кажа ДА и тоа среде градот на светлината и љубовта - Париз.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by BURAK BİRKAN (@brknbrk_)

Имено дизајнерката се вери во Париз, а веста самата ја сподели со своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи, откако нејзиниот партнер, Турчинот Бурак Биркан  по двегодишната љубовна романса ја побара нејзината рака пред Ајфелова кула. „Париз е дефинитивно најромантичното место на светот“ - споделила идната невеста покрај видеото на кое  двајцата младенци се облечени во бела комбинација. Најпрвин Бурак и го става големиот, веројатно дијамнтски прстен на раката, па потоа следува судбоносниот бакнеж в уста на двете вљубени гулапчиња... Потоа додека вереникот го отвора шишето со шампањко, Ива уште еднаш го покажува прекрасниот прстен од бело злато со скапоцен камен на него.
Датумот на свадбата се уште не е обзнанет... Не барем јавно, а за венчаницата...? Веројатно ќе мораме да почекаме невестата самата да ја искреира и сите да ги изненади... Или можеби сепак ќе се одлучи за некој од светските брендови, иако многу поинтересно би било доколку македонската модна креаторка за „големиот ден“  кога ќе биде невеста, самата на себе да си биде и дизајнерка и шнајдерка. Фото:Инстаграм принтскрин/ivaspasovska_]]>

Антониа Гиговска се омажи: Пејачката облече венчаница, кажа „да“ и официјално стана мажена жена (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-se-omazhi-pejachkata-obleche-venchanitsa-kazha-da-i-ofitsijalno-stana-mazhena-zhena-foto/ Mon, 01 May 2023 16:19:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300031

Младата 22 годишна пејачка Антониа Гиговска ќе стане мајка како мажена жена. Таа од 30-ти април и официјално е во брак, откако со музичарот и колега од нејзиниот бенд, Роберт Спасенцоски си кажаа „да“ и ставија параф во матично. Тоа го потврди Гиговска со објавата на својот Инстаграм профил обзнувајќи дека таа и Роберт станале споружници пред законот и приложи серија фотографии. „30.4.2023 Officially Married“ напиша невестата. Честитките веднаш почнаа да се нижат една по друга, но прва која им честиташе на младите беше српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ која и самата е во блажена состојба и пред брак. Невестата Антониа се одлучила за елегантна и тесна венчаница од тантела во сирена крој која дополнително го истакнува трудничкиот стамок од поодминатата бременост. За потсетување, Роберт ја запроси Антониа изминатата зима во Копаоник на нејзиниот роденден, момент и кога објавија дека се во врска, но и дека чекаат принова. Претходно Антониа Гиговска беше во долгогодишна врска со пејачот на групата „Либеро“, Иван Јованов. фото:Инстаграм принтскрин/Антониа Гиговска]]>

Таа е најразголената невеста на саемот за венчавки досега: Емилија Димитриевска е жешка секси убавица со „челична тупаница“! (ФОТО 18+) https://arhiva.vistina.com.mk/koja-e-najrazgolenata-nevesta-na-saemot-za-venchavki-zeshka-seksi-ubavica-so-chelichna-tupanica-foto-18/ Sat, 29 Apr 2023 07:52:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14401

На неодамна завршениот „Саем за венчавки“ видовме  море од познати, убави и атрактивни лица кое ги носеа различните модели на венчаници. Така било отсекогаш, но оваа дама, беше една од оние кои своевремено изгледаа најжешко, најпожелно, најсекси... Некои велат - најразголената невеста на саемот за венчавки досега. Фотомоделството и позирањето пред фотообјективот на оваа атрактивна скопјанка не и е непознато, зашто таа досега веќе застанала пред објективот на повеќе наши познати фотографи. Атрактивната Емилија Димитриевска покрај ова има учествувано и на повеќе ревии во земјава и регионот. Но во оваа сексапилна убавица се крие и нешто што на прв поглед некако не оди со витото тело, долгите нозе, бујните гради, извајаниот задник и убавото лице... Имено, покрај убавината во Емилија  се крие „ѕверка“... од аголот на боксерскиот ринг! „Боксот ми е вистинска љубов и веќе подолго време тренирам со мојот личен тренер Роберт Варга и морам да признаам дека уживам. Во минатото тренирав неколку спортови, но во овој се пронајдов најмногу. Жал ми е што во Македонија нема бокс натпревари за жени за да можам да си ги измерам силите со некоја соперничка“ – ќе изјави атрактивната Емилија - жешката секси убавица со „челична тупаница“! Доколку ја сретнете, секогаш имајте на ум дека убавината и сексапилот и се од Бога дадени, ама силата Бога не моли, па затоа внимавајте... да не ја поминете „црвената линија“! Во меѓувреме, уживајте во изборот на овој фото омаж од нејзините жешки фотосесии! ]]>