велсан зуловиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 30 Jun 2023 07:27:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png велсан зуловиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Победничката на „Ѕвездите на Гранд“ е во љубовна врска со друг пејач: Славица Ангелова е до уши вљубена со нејзин колега од шоуто? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pobednichkata-na-zvezdite-na-grand-e-vo-lubovna-vrska-so-drug-pejach-slavitsa-angelova-e-do-ushi-vlubena-so-nejzin-kolega-od-shouto-foto/ Fri, 30 Jun 2023 07:27:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308282

Струмичанката Славица Ангелова привлече големо внимание во јавноста по триумфот во „Ѕвездите на Гранд“. Сепак, освен информациите дека студира медицина, малку се знае за оваа талентирана девојка. Причината за тоа е што Славица за време на натпреварот не сакаше да открива детали од приватниот живот и по победата. Нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид по победата призна дека Славица имала емотивни проблеми за време на натпреварот, но и забранил на победничката да зборува за нејзиниот љубовен живот. Како што претходно пишуваше Гранд, Славица за време на натпреварот се зближила со колегата Велсан Зуловиќ од Бијело Поље, а љубовта се разгорела токму на пробите на менторот, пишуваат српските портали и таблоиди, меѓу кои и оној официјалниот на Гранд. „Се запознаа на натпреварот, беа на „здраво-здраво“, а се зближија на менторските часови кај Ѓорѓе. Љубовта се запали речиси на прв поглед на пробите, иако се трудеа тоа да го скријат од другите. Забележавме дека таму нешто се случува, но тие сепак нема да признаат“ – изјави неодамна изворот и продолжи: „Многу се симпатични, млади се, така што им одговара, но мислам дека се плашеа да ја обелоденат својата врска затоа што натпреварот се уште траеше. Потоа проговори и нивниот ментор Ѓорѓе Давид:
„Како дознавте? Апсолутно нема да коментирам за ничиј љубовен живот. На сите им ја посакувам сета среќа и љубов на светот“ – беше краток Ѓорѓе, а откако му кажаа дека има докази од менторските проби, слатко се насмевна и рече:
„Полека, луѓе! Има време за се, натпреварувањето нека биде приоритет“. Токму затоа и го прекина новинарското прашање за приватниот живот кое и беше поставено на Славица непосредно по победата, велејќи дека таа сега нема да зборува за приватноста и емотивните моменти. Но, како што заврши натпреварот, вистината излезе на виделина. Како што дознаваме, Славица и Велсан се уште се во контакт и многу си даваат поддршка еден на друг, иако тој не беше со неа на последната вечер. Победничката има 21 година, додека нејзиниот избраник 24. Завршил фризерско училиште, а во слободно време сака да оди на риболов. Вели дека е упорен, а недостаток му е тоа што е нетрпелив, додека како музички идол го наведе Саша Матиќ.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Slavica Angelova (@slavica.angelova)

Фото: Инстаграм принтскрин/slavica.angelova/grand.nova.rs
]]>