веља невоља – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 Sep 2021 09:40:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png веља невоља – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дарко Лазиќ е во нова неволја: Пејачот сподели бизарна фотографија со која не е свесен дека „си игра со животот“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-lazikj-e-vo-nova-nevolja-pejachot-spodeli-bizarna-fotografija-so-koja-ne-e-svesen-deka-si-igra-so-zivotot-foto/ Mon, 27 Sep 2021 09:40:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220662

Дарко Лазиќ повторно е во неволја поради водачот на навивачката група Принципи обвинет за најтешките злосторства, Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља и неговиот помошник Марко Миљковиќ, кого го знаат под прекарот Маре - Месар. Овој пат, на пејачот му се заканија преку социјалната мрежа Инстаграм поради една навистина бизарна фотографија на која Лазиќ позира облечен како месар заедно со својата девојка Барбара Бобак и уште еден во јавноста непознат лик. Тројцата носат бели мантили испрскани со крв, а Барбара држи протеза за нога во рацете, што ги потсети корисниците на Инстаграм на злосторствата за кои се обвинети Веља, Маре и членовите на нивниот клан.   „Само ве зае*авајте се со Веља и Маре“ - се наведува во фотографијата од приказните на Инстаграм која кружи на оваа социјална мрежа, на која е споделена фотографијата. Но, тоа не е единствената заканувачка порака. „Лазиќу - дебилу, оддамна знаеш што му должиш на Неволја, ќе се потрудам Веља да го види ова и нема да биде добро, верувај ми“ - се наведува во другата приказна. Инаку, името на Дарко Лазиќ беше ставено во контекст со Беливук откако пејачот беше испрашуван во полиција поради автомобилот „Мерцедес ЦЛК“ што и го подари на поранешната сопруга Ана Севиќ во 2014 година. Се шпекулираше дека автомобилот подоцна бил продаден на човек кој наводно бил близок до кланот на Веља. Како што се пишуваше порано, проблемот со „мерцедесот“ настанал кога полицијата контролирала автомобил што бил паркиран кај Звездара во Белград во ноември минатата година. Се покажа дека регистарските таблички на него му припаѓале на друг автомобил, поточно на „Југо“, па автомобилот бил однесен на паркингот МВР со цел да се извршат сите потребни проверки.]]>

Дарко Лазиќ стравува за својот живот и семејството откако го поврзаа со Веља – „Невоља“: Фолкерот најмил тојца телохранители да го чуваат 24/7 (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-lazikj-stravuva-za-svojot-zivot-i-semejstvoto-otkako-go-povrzaa-so-velja-nevolja-folkerot-najmil-tojca-telohraniteli-da-go-chuvaat-24-7-foto/ Tue, 27 Apr 2021 10:39:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200671

Пејачот Дарко Лазиќ, наводно, се соочил со сериозни проблеми откако неговото име беше поврзано со името на Вељко Беливук, водачот на криминалната навивачка група, осомничен за најтешките злосторства. Имено, иако Дарко неодамна истакна дека не го познава Веља - „Невоља“ или неговите блиски соработници, тој сепак одлучи да не остава ништо на случајот, па наводно ангажирал лично обезбедување. Соседите на Дарко од Брестач, родното место на популарниот фолкер, открија дека пејачот со денови не оди никаде без неговите телохранители, ниту дозволува неговата свршеница и синот да се движат без нивен надзор. „Откако името на Дарко започна да се поврзува со името на Веља - Невоља, работите во неговата околина почнаа да се менуваат. Прво, никој од мештаните не ги виде Дарко или Марина и малиот Алексеј, а потоа тој неодамна започна да се појавува во селото во друштво на непознат човек“ - вели  на почетокот од разговорот за соседот на Дарко од Брестач и додава дека Лазиќ ангажирал бодигарди кои ќе го чувааат него и неговото семејство. „Едно момче оди со него цело време, а тоа е неговиот личен телохранител, додека двајца се задолжени за чување на неговата куќа. Семејството Лазиќ претежно го минуваат времето дома и ретко кој од нив излегува надвор. Дури и кога тоа ќе се случи, тие не го напуштаат дворот. Целото село сега е во страв бидејќи се плашат дека Дарко се вмешал во мафијата. Сега, наместо да го препознаваат по неговиот талент и песните, луѓето го поврзуваат со опасни луѓе“ - вели соговорникот и додава дека целото село се плаши од тоа што може да се случи. Да потсетиме, името на Дарко Лазиќ беше ставено во контекст со Веља - Невоља откако пејачот беше испрашуван во полиција поради автомобилот „Мерцедес ЦЛК“ што и го даде на неговата поранешна сопруга Ана Севиќ во 2014 година. Се шпекулираше дека автомобилот подоцна е продаден на човек кој наводно бил близок со кланот на Беливук. Лазиќ неодамна се осврна на неговиот однос со блиските луѓе на Веља - Невоља и истакна дека ги почитува иако не ги познава. Фото: Инстаграм принтскрин/darkolazicofficial
]]>