велики петок – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 14 Apr 2023 05:53:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png велики петок – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Најстрог пост: На Велики петок не треба да се работи – што се случило на овој тежок ден? https://arhiva.vistina.com.mk/najstrog-post-na-veliki-petok-ne-treba-da-se-raboti-shto-se-sluchilo-na-ovoj-tezhok-den/ Fri, 14 Apr 2023 05:53:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298212

Велики петок се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жрва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос. Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовото погребување придружено со звуци на тропала. Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскресение. Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение. Православниот канон за Велик петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле. Одлуката за погубување на Христос на Велика Среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот). Исус Христос бил пронајден и уапсен кај Гетсеманската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Великпеток. Ноќта Христос бил мачен и камшикуван за на крајот да биде изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја. Тој најпрвин изјавува дека не наоѓа никаква вина за која би можел да го осуди Христос. Но, фарисеите гледајќи дека Исус може да биде ослободен, го наклеветуваат дека се прогласил себе си за цар и со тоа всушност се кренал против Рим и императорот. За таков грев Римјаните морале да го казнат сторителот. Бидејќи било Пасха, најголемиот еврејски празник за кој било вообичаено да се ослободи еден затвореник, Пилат го прашал насобраниот народ кој сакаат да биде ослободен? Исус или Варава, разбојник кој убил неколку римски војници. Насобраниот народ потбуцнат повторно од фарисеите барал да се ослободи Варава. На прашањето на Пилат што да прави со Исус, народот извикувал “Распни го! Распни го!”. Затоа откако ја изрекол пресудата, Понтиј Пилат ги измил рацете и му се обратил на насобраниот народ со зборовите: “Јас не сум виновен за смртта на овој праведник”. На Христос му бил ставен венец од трње на главата и тежок крст на плеќите кој го носел до ридот Голгота, каде што е распнат. По патот тој бил плукан и навредуван од мнозинството народ. Но се нашол таму и еден добар човек по име Симон од Киринеја кој се сожалил и му помогнал на Исус да го носи крстот. Патот по кој тој одел е познат како пат на болката. На Голгота биле поставени три крста. Крстот на Исус бил во средината а од страните биле распнати двајца разбојници. Дури и на крстот Исус побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: “Оче, прости им зашто не знаат што прават”. Кога околу три часот попладне ја предал својата душа на Бог, сонцето се помрачило, се отворале гробови, земјата се тресела, пердето во храмот се разделило на половина, карпи пукале со страшен звук. Со тоа се обестиниле Исусовите зборови дека “и мртвите камења ќе сведочат за живиот Бог”. Покрај крстот останале Богородица, апостолот Јован, Марија Магдалена и уште неколку жени. Нема и скаменета од болка го гледала Богородица безживотното тело на својот син. Јосиф од Ариматеја отишол кај Пилат и го замолил за дозвола телото на Исус да го симнат од крстот и да го погребаат. Бидејќи утредента било сабота (кога ништо не се работи), за да не стои телото три дена на крстот Пилат дал дозвола да го погребаат. Исусовото тело го обвиткале во платно и го однеле во нова гробница, која Јосиф ја подготвил за себе си. Гробот бил издлабен во карпа, на чиј влез Римјаните поставиле огромен камен и стражи, плашејќи се дека некој може да го украде телото. Извор: Курир.мк/Фото: Стефан Стојановиќ]]>

Вечна дилема: Дали смеете да ги вапцате јајцата на Велики петок https://arhiva.vistina.com.mk/vechna-dilema-dali-smeete-da-gi-vaptsate-jajtsata-na-veliki-petok/ Fri, 14 Apr 2023 05:43:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298209

Традицијата кај балканските народи да вапцаат јајца за Велигден се јавила во 16-тиот век. Меѓутоа, кај голем број домаќинки постои дилемата дали јајцата мора да се вапцаат во четврток. Според антрополозите, јајцата можат да се фарбаат од Велики четврток до Велика сабота. Посебната недела пред воскреснувањето на Исус е во знакот на домаќинството, вкусна храна и фарбање на велигденските јајца. Во различни делови од нашата земја, па и Балканот, пак, се смета дека јајцата треба да се вапцаат или на Велики четврток или Велика сабота, а дека Велики петок е ден кога ништо не треба да се прави и денот е важно да се помине во молитва. Иако црквата го прифаќа боењето на јајцата уште од 12 век, сепак на нашите простори оваа пракса се јавила во 16 век. Јајцата кои се боени со црвена боја се традиција уште од дамнина. Извор: Курир.мк]]>

Денес е Велики Петок – христијански празник на денот кога е распнат Исус Христос https://arhiva.vistina.com.mk/denes-e-veliki-petok-hristijanski-praznik-na-denot-koga-e-raspnat-isus-hristos/ Fri, 14 Apr 2023 05:40:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=85106

Денес е Велики Петок- ден од Страдалната Седмица, христијански празник на денот кога е распнат Исус Христос. Овој ден е посветен на спомнувањето на осудувањето на смрт, Крстните страдања и смртта на Спасителот. Велики петок се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жрва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос. Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовото погребување придружено со звуци на тропала. Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскресение. Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение. Православниот канон за Великпеток предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле. Одлуката за погубување на Христос на Велика Среда ја донело Еврејското црковно собрание (Синедрионот). Исус Христос бил пронајден и уапсен кај Гетсеманската градина, по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Великпеток. Ноќта Христос бил мачен и камшикуван за на крајот да биде изведен пред Понтиј Пилат, римскиот намесник за Јудеја. Тој најпрвин изјавува дека не наоѓа никаква вина за која би можел да го осуди Христос. Но, фарисеите гледајќи дека Исус може да биде ослободен, го наклеветуваат дека се прогласил себе си за цар и со тоа всушност се кренал против Рим и императорот. За таков грев Римјаните морале да го казнат сторителот. Бидејќи било Пасха, најголемиот еврејски празник за кој било вообичаено да се ослободи еден затвореник, Пилат го прашал насобраниот народ кој сакаат да биде ослободен? Исус или Варава, разбојник кој убил неколку римски војници. Насобраниот народ потбуцнат повторно од фарисеите барал да се ослободи Варава. На прашањето на Пилат што да прави со Исус, народот извикувал “Распни го! Распни го!”. Затоа откако ја изрекол пресудата, Понтиј Пилат ги измил рацете и му се обратил на насобраниот народ со зборовите: “Јас не сум виновен за смртта на овој праведник”. На Христос му бил ставен венец од трње на главата и тежок крст на плеќите кој го носел до ридот Голгота, каде што е распнат. По патот тој бил плукан и навредуван од мнозинството народ. Но се нашол таму и еден добар човек по име Симон од Киринеја кој се сожалил и му помогнал на Исус да го носи крстот. И денес, патот по кој тој одел е познат како пат на болката. На Голгота биле поставени три крста. Крстот на Исус бил во средината а од страните биле распнати двајца разбојници. Дури и на крстот Исус побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: “Оче, прости им зашто не знаат што прават”. Кога околу три часот попладне ја предал својата душа на Бог, сонцето се помрачило, се отворале гробови, земјата се тресела, пердето во храмот се разделило на половина, карпи пукале со страшен звук. Со тоа се обестиниле Исусовите зборови дека “и мртвите камења ќе сведочат за живиот Бог”. Покрај крстот останале Богородица, апостолот Јован, Марија Магдалена и уште неколку жени. Нема и скаменета од болка го гледала Богородица безживотното тело на својот син. Јосиф од Ариматеја отишол кај Пилат и го замолил за дозвола телото на Исус да го симнат од крстот и да го погребаат. Бидејќи утредента било сабота (кога ништо не се работи), за да не стои телото три дена на крстот Пилат дал дозвола да го погребаат. Исусовото тело го обвиткале во платно и го однеле во нова гробница, која Јосиф ја подготвил за себе си. Гробот бил издлабен во карпа, на чиј влез Римјаните поставиле огромен камен и стражи, плашејќи се дека некој може да го украде телото.  
]]>

Велики Петок е најтешкиот празник во годината https://arhiva.vistina.com.mk/veliki-petok-e-najteshkiot-praznik-vo-godinata/ Fri, 22 Apr 2022 07:32:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145447

Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус. Тогаш се оди во црквата каде што оставаат дарови на Распетието Христово, а цвеќето на „плаштеникот-оплакувањето Христово“. Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје. На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Исто така, се поставува и “„Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете. Некои, саботата пред празникот, наречена Велика сабота, за празник ја сметаат само додека се во црквата, а потоа може да се работи. На овој ден се прават последните подготовки за празникот, се чисти куќата и се готви храна. Во Мариово жените ги переле појасите верувајќи дека не ќе ги боли половината во текот на годината кога ќе копаат и жнијат. Вечерта, околу полноќ, се оди во црквата каде што секој носи црвено јајце. Во Радовиш носеле и свеќа и зелено гранче или цвеќе, а свеќата запалена од свештеникот ја носеле дома и со неа го запалувале огнот. На полноќ сите присутни со тропарот „Христос воскресе“ три пати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат. На малите деца во саботата навечер под перницата им ставаат црвено јајце што им го даваат утрото во неделата кога ги водат во црквата. На Велигден, рано наутро, сите брзаат во црквата да чујат Христос воскресе и да се причестат. По литургијата во црквата се оди на гробишта каде што се остава по едно јајце на гробовите, за и на мртвите да им се каже дека дошол Велигден. Уште рано наутро децата, убаво облечени, одат по куќите да го честитаат празникот за што добиваат по едно црвено јајце. Посебна радост претставува обичајот кршкање со јајцата. Притоа тој чие јајце ќе победи му го зема, му го печали или типосува јајцето на другиот што се скршило. Утрото и младоженците одат на честитање кај роднините, а девојките и ергените се подготвуваат за на оро. Со Велигден се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. утрото пред да се оди во црквата не смее ниту да се пуши, ниту да се пие кафе. Во некои места кога домаќинот одел во црквата носел и семе од свилена буба за подоцна бубите да не можат да бидат урочени. И кога утрото се истерува стоката на пасење се допира со црвено јајце за здравје. Во Радовишко Велики Петок според записите на Зорка Делиниколова го сметаат за еден од најтешките петоци преку годината, ден кога според религијата Исус Хрисос бил распнат на крст. Затоа жените избегнуваат секаква работа. Тој ден дури не се готви ништо друго освен бел боп заради тоа што околу него не треба да се работи многу. Се верува дека истиот ден не треба ни да се јаде, а камоли да се готват било какви јадења. Многу стари жени тој ден не јадат ништо освен нафората што ја земаат во црква. Уште изутрина рано се оди на црква со китки и дарови за Христа. Дарови носи секоја жена што се таксала, а тоа може да биде платнена кошула, чорапи, крпа за лице, коприна, памучна преѓа и сл. Даровите ги остават на „распјатието Христово“ и цвеќињата на плаштеникот – оплакувањето Христово. Постарите жени остануваат во црквата преку целиот ден, а помладите жени со деца доаѓаат поручекот за да се спровираат под плаштеникот за здравје. Секој што доаѓа со себе носи цвеќе го остава своето и зема друго цвеќе. Тоа цвеќе го чуваат во ковчег за здравје. Вечерта се збира многу народ во црквата за отпевањето на Христа по кое сите го обиколуваат градот и на раскрсницата пред „Николовата фурна“ (денес не постои) луѓето се спровираат под плаштеникот за здравје. Потоа пак се враќаат во црквата, а ако некој се таксал поради болест и сл. останува преку цела ноќ во црквата за да преспие под Распјатието Христово за здравје. Подготви Марко Китевски за МИА

Дневен хороскоп за Велики петок (26.04.2019) https://arhiva.vistina.com.mk/dneven-horoskop-za-veliki-petok-26-04-2019/ Fri, 26 Apr 2019 11:01:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=85148

ОВЕН Работа: Денеска не ја добивате поддршката која ви била потребна за да можете да реализирате некој проект. Љубов: Очекувајте интересно познанство и прилика за авантура. Здравје: Можни проблеми со зглобовите. БИК Работа: Можно е да имате некои мали несогласувања во работното опкружување, но со доволно упорност можете се да решите. Љубов: Запознавате интересна личност која ви покажува дека кон вас има чувства. Здравје: Проблеми со алергиите. БЛИЗНАЦИ Работа: Ве очекува неповолен ден, па најдобро е да бидете резервирани во очекувањата. Љубов: Можно е односот со саканата личност да не ви е добар, и да постојат некои караници меѓу вас. Здравје: Лошо варење на храната. РАК Работа: Иако сте имале некои трошоци, пред вас е период во кој ќе успеете да избалансирате. Љубов: Често мислите за личноста која ви се допаѓа и барате оригинален начин да и пријдете. Здравје: Смалете го внесот на алкохол, внимавајте на здравјето. ЛАВ Работа: Резултатот на ова поле моментално не зависи само од вас, туку од некој поголем фактор. Љубов: Добро се чувствувате кога сте со партнерот и вашиот однос се подобро напредува од ден во ден. Здравје: Мал пад на енергијата. ДЕВИЦА Работа: Очекувајте дека ќе успеете да остварите некоја цел која сте си ја планирале на ова поле. Љубов: Ве очекува интересна и возбудлива ситуација со партнерот. Очекувајте романтичен и нежен ден. Здравје: Занимавајте се со спорт. ВАГА Работа: Ве очекува поволен ден во текот низ кој ќе може да ги остварите плановите кои сте ги зацртале. Љубов: Добивате внимание од личност која ви се допаѓа, и која ќе ви покаже дека сака сериозна врска. Здравје: Можно е стомакот да ви е чувствителен. ШКОРПИЈА Работа: Можете да сметате на стабилна ситуација на ова поле. Околностите денеска се онакви какви што сте очекувале. Љубов: Лесно го покажувате својот интерес и подготвени сте за нешто повеќе од личноста која ви се допаѓа. Здравје: Одлично. СТРЕЛЕЦ Работа: Ќе бидете позитивно расположени во работното опкружување и ќе успеете да завршите голем дел важни работи. Љубов: Верувате во личноста со која сте во врска и сметате дека вашиот однос на долги стази може да биде стабилен. Здравје: Зајакнете го имунитетот. ЈАРЕЦ Работа: Доколку сакате промени на ова поле, ќе биде потребно малку повеќе да се ангажирате за да ги остварите. Љубов: На прво место ви е врската со партнерот. Сакате максимално да се посветите на вашиот однос. Здравје: Низок притисок. ВОДОЛИЈА Работа: Верувате во себе и во својата способност, а вашиот позитивен став како и секогаш, може далеку да ве однесе. Љубов: Доколку се впуштите во врска со личност која е зафатена, морате да бидете подготвени на ограничувања. Здравје: Создавајте здрави навики. РИБИ Работа: Можете да се надевате на позитивен исход на случувањата на ова поле. Пред вас е добар ден за нови проекти. Љубов: Односот со личноста со која флертувате е многу променлив и не сте сосема сигурен каде тоа води. Здравје: Добро.

Велики петок: Според обичаите и верувањата, еве што треба, а што не треба да се прави денес https://arhiva.vistina.com.mk/veliki-petok-spored-obichaite-i-veruvanjata-eve-shto-treba-a-shto-ne-treba-da-se-pravi-denes/ Fri, 26 Apr 2019 07:02:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=85109

Велики петок строго се празнува. Тој ден е со црвена боја во календарот и тоа значи дека не се работат ниту домашните ниту земјоделските работи. Жените на овој ден не смеат да земат игла во раце, зошто се верува дека ќе им се појават пликови. На овој ден се почитува строгиот пост, дома не се пали оган, не се готви па дури и леб не се меси тоа утро. Исто така на овој ден не се слуша никаква музика, не се пушта музика, како ни црковни ѕвона. Постои верување дека девојките на овој ден ако украдат цвеќе од црквени порти и го стават под перница, ноќта пред Велика Сабота ќе го сонат својот иден маж. Се верува дека оној кој на Велики Петок ќе ја измие косата во текот на целата идната година нема да го боли глава, и ако куќата малку ја “помести“ со метла, која потоа ќе ја фрли метлата, со неа ќе го исфрли сето зло од куќата и домаќинството.]]>