велики четврток – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Apr 2022 09:20:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png велики четврток – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јавно – музички, естрадни и ТВ ѕвезди, по дома – жени домаќинки: Овие познати Македонки вапцаа јајца рано наутро за Велики Четврток (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/javno-muzichki-estradni-i-tv-dzvezdi-po-doma-zeni-domakjinki-ovie-poznati-makedonki-vapcaa-jajca-rano-nautro-za-veliki-chetvrtok-foto/ Thu, 21 Apr 2022 08:01:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247200

Велики Четврток или Величетврток како што  се вика меѓу народот е прvиот ден од почетокот на празнувањето на Велигденските празници, а главен обичај што се изведува со посебно внимание на овој ден е вапцувањето на велигденските јајца. Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се расипат. Вака велат обичаите и традицијата, а истите постојат  како дел од верата, духовното и културно наследство на еден народ, конечно дел од неговото битие и идентитет. Затоа нив ги почитуваат сите верници... Од обичните луѓе до познатите личности... Та биле тие ТВ, музички, естрадни... ѕвезди во јавниот живот, но по дома се жени - домажинки. Токму затоа овие познати Македонки, како што налага традицијата и обичајот,  вапцаа јајца уште рано наутро за Велики Четврток. На дамите не им се бројата годините , особено не на оние - познатитем но сепак ќе започнеме со „најискусните“... во домаќинлукот, секако! - Македонската по дива Калиопи Букле е несомнено една под нив. Нашата „Најмила“, знае колку е важно да се испочитува традицијата, па затоа и годинава не омана и пропупшти да го направи она што на Велики четврток се прави. Иако вообичаено е на овој ден да се бојадисуваат само три јајца и тоа во црвена боја, вредната Опи вапала полна чинија јајца и оа во неколку бои... Епа, нека е за многу години, како пто порачала самата Калиопи! - Најдолговечната македонска ТВ водителка Лила Филиповска оддамна покажала дека не е ништо помалку добра домаќинка! Знае како со банкарот и натпреварувачите во „Се' или нешто“, ама знае и како се почитуваат обичаите, па уште рано наутро пред собцето да изгрее, ги засукала ракавите и вапцала три црвени јајца. за неа, синот филип и за Рагнар... мачорот!? Важно е да се испочитува традицијата! - Уште една позната македонска ТВ водителка живее во духот на верата, обичаите и традицијата. Милена Антовска како тазе мајка по втор пат, истите ги испочитува, па и таа станала рано за да ги вапца јајцата.  Првото го споделила меѓу велигденските украси кои допрва треба да ја разубават велигденската трпеза. Единстевно остана нејасно дали до крај го испочитувала обичајот по вапцувањето на јајцата,  рано пред изгрејсонце, домаќинката да го земе првото јајце и на децата, уште додека се в постела, да им мине три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се крупни како јајцето, но и црвени во образите, што е знак за здравје и напредок. Но, како и да е... Нека е за многу години! -На уште една македонска ТВ водителка празничното станување рано не и падна тешко, зашто Снеже Велков тоа ионака го прави секојдневно, за да вози велосипед по скопските улици и патеки. Пилатес инструкторката и ТВ водителка оддамна покажала дека колку што е добра зад камерата, толку ја бива и во кујната, па затоа не изненади со тоа што и таа ја испочитувала традицијата и направила „нешто конкретно“ - вапцање на првите велигденски црвени јајца... За Велики Четврток! - Пејачката Елена Петреска по потекло е од Прилеп, град во кој многу се почитуваат и религијата и обичаите и традицијата... без оглед на тоа што оддамна прилепската ја заменила со скопска адреса на живеење, она што е во гените не го заборавила, па и таа како мајка и сопруга, но прд се као жена-домаќинка уште рано пред зори, за велики Четврток си ја завршила работата. Трите црвено-вапцани јајца пред иконата и времето на нивното бојадисување... 04:43 рано посабајле, пред изгрејсонце! Секако, ова не се единствените ТВ или музичко-естрадни дами кои за Велики Четврток ја почитуваат велигденската традиција на вапцање на првите црвени велигденски јајца... нрекои други пак можеби н јајца не вапцаа, ама се сетија да го одбележат денот. Како мисицата и пејачка, тетовката Кристина Димитриевска на пример,  која споделила потсетник дека денес е Велики Четврток... Или топ моделот, гевгеличанката Александра Накова, која јајца не вапцала, барем јавно не покажа, но затоа својот бутик за женска гардероба во Гевгелија го накитила со украси во вид на велигденски јајца наредени на велигденското дрвце. Како и да е, нека е за многу години Велики Четврток! Фото: Инстаграм принсткрин  ]]>

Обичаи за Велики Четврток: Вапцувањето на велигденските јајца https://arhiva.vistina.com.mk/obichai-za-veliki-chetvrtok-vapcuvanjeto-na-veligdenskite-jajca/ Thu, 21 Apr 2022 06:29:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247211

Во великата недела со обичаи и верувања особено е исполнет Велики четврток или Величетврток како што почесто се вика меѓу народот. Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрдат. Вапцани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години. Кога ги вапцува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магиската моќ. Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало, за да се сучи касметот. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја. Изутрина на Вели Четврток секоја домаќинка станува рано, пред сонце, тихо за да не ја чуе никој од домашните, а особено децата. Запалува огин и го става на огин раскиснатиот бакам да зоврие, на кој му додава и стипса за да фати бојата. Најнапред пушта еедно јајце – јајцето на дедо Господ – Господово јајце, со кое оди кај децата кои сеуште спијат и ги гали по лице со зборовите: Црвено бело здраво-живо, а потоа го зема јајцето, го става на некое ткаено или плетено црвено парче спроти сонце – на источната страна на куќата и се враќа да ги бојадисува и другите јајца. Тоа го прави на брзина дури не огреало сонцето, за да не се усмрдат. Ако сака домаќинката јајцата да светат ги брише отпосле со зејтинлија крпа. Истиот ден се приготвуваат и слатки за Велигден. .]]>

Денес е Велики Четврток: Почнуваат Велигденските празнувања https://arhiva.vistina.com.mk/denes-e-veliki-chetvrtok-pochnuvaat-veligdenskite-praznuvanja/ Thu, 21 Apr 2022 06:17:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247205

Со вечерната богослужба на Велика Среда завршуваат великоипосните богослуженија, а продолжуваат посебни богослужби, со друг состав и со особено значење. До Велика Среда во богослужбените текстови има поттик за плач на луѓето заради својата грешност, а од Велики Четврток започнува поинаков плач на верниците – плач од глетката на ужасните страдања, мачења и распнување на Христа Спасителот. Тогаш се испомешани чувствата на плач и радост – плач за маките на Христа, а радост поради нашето спасение и благодарност кон Бога. Таа неопислива промена на чувствата ги возбудува срцата на верниците и ја исполнува душата. Тоа е време со наплив од горки и радосни чувства, умилителни и животворни молитви, богољубивост и црквољувие. Богослужбите нè пренесуваат кај настаните во Ерусалим, на Елеонската Гора, на Сион, во Гетсиманија, по Патот на страданијата, на Голгота и во градината на Јосифа од Ариматеја – во неговата гробница. Таа непроценлива можност ни ја даваат овие дни, кога можеме постојано да се молиме и да созерцаваме за тоа. Ние тогаш сме со Господа и учествуваме во сите собитија, со мислите, со срцето и со душата. На Велики Четврток се одбележуваат настаните што се случиле пред да тргне Спасителот на доброволните страданија. Во овој ден си спомнуваме за: Тајната вечера и сè што се случувало тогаш: подготовката, миењето нозе на апостолите, поуката за смирението и братољубието, посочување на предавникот и излегувањето на Јуда од вечерата, востановување на Светата евхаристија, најава за Петровото одрекување, Прошталната беседа на Христа со 11 апостоли, завршувањето на Тајната вечера и излегувањето од Ерусалим кон Елеонската Гора – во Гетсиманската Градина. Велики Четврток е денот на Тајната вечера. На овој ден се повикуваат верниците на Причест, затоа што на Велики Четврток е востановена Светата причест, на Тајната вечера. Тоа е Празникот на Причеста. Тогаш, од рацете на Господа Исуса Христа, директно ја примиле Причеста светите апостоли и во тој спомен е овој ден на Причеста. И во пофалната песна за Богородица, која се пее на Литургијата (место Достојно…) се повикуваат верниците на Христовата вечера на бесмртната трпеза. А, место Херувимската песна, денес се пее за Тајната вечера, се изобличува Јуда, а се воспева благоразумниот разбојник. Евангелските текстови ги опишуваат сите тие настани, а светите отци и учителите на Црквата ги разјаснуваат и толкуваат, низ своите поуки и текстови. Четивата од овие случувања се поразителни, трогателни и многу чувствени, а мислите се насочуваат кон Бога и Неговата преголема жртва за нас. Тоа е изразено и во богослужбените песни и во молитвите. Ние сме внесени во тоа и созерцателно ги предаваме нашите мисли, чувства и волја на Бога. Да бидеме со Него во последните мигови на страданијата, да бидеме Христови сострадалници, во сета ск’рб, мака и страдание. Такво треба да биде нашето христијанско срце – сочувствено и сострадално.]]>

Првото вапцано јајце има волшебна моќ- еве што да направите на Велики Четврток https://arhiva.vistina.com.mk/prvoto-vapcano-jajce-ima-volshebna-mokj-eve-shto-da-napravite-na-veliki-chetvrtok/ Thu, 29 Apr 2021 11:45:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201019

Велики четврток е ден кога се фарбаат велигденските јајца. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот. Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. Се верува дека првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот – главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има волшебна моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и слично. Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрдат. Вапцани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години. Кога ги вапцува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магиската моќ. Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја. По вапсувањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле во постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено, бело, дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок. извор:курир.мк]]>

Денеска е Велики Четврток – се прават овие обичаи https://arhiva.vistina.com.mk/deneska-e-veliki-chetvrtok-se-izveduvat-ovie-se-obichai/ Thu, 16 Apr 2020 05:38:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145199

Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот. Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата тајната на Евхаристијата. Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи. Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причестувањето со телото и крвта Христова. Во великата недела со обичаи и верувања особено е исполнет Велики четврток или Величетврток како што почесто се вика меѓу народот. Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. В. Кличкова запишала дека во Порече, а тоа го среќаваме и во други краишта на Македонија, првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот ‒ главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има магиска моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и сл. Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрдат. Вапцани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години. Кога ги вапцува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магиската моќ. Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало, за да се сучи касметот. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја. По вапсувањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле в постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок. Подготви Марко Китевски за МИА]]>