велигденска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 20 Apr 2021 11:32:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png велигденска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Запознајте ја ѕвездата на вашата велигденска трпеза https://arhiva.vistina.com.mk/zapoznajte-ja-dzvezdata-na-vashata-veligdenska-trpeza/ Tue, 20 Apr 2021 13:45:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199788

Тоа е рајска торта во која јагодите го имаат главниот збор, а доколку сакате, можете да ги замените со други сезонски овошја, како што се малини или боровинки. Овој вид торта ќе биде вистинска sвезда на велигденската трпеза, а рецептот го пренесуваме подолу. Потребни состојки: 25 грама путер 20 грама шеќер 1 ванилин шеќер малку сол 25 грама остро брашно половина вреќа прашок за пециво Подготовка на кора: Измешајте ги сите состојки и поделете ги на четири еднакви делови и распоредете ја секоја топка на посебна хартија за печење во калап со дијаметар од 24 см. Изматете цврст снег од 4 белки, поделете на 4 дела и распоредете го секој дел преку тестото на хартија за печење. Измешајте 1 кесичка бадеми во листови, 2 лажички шеќер во прав и 1 лажица цимет и посипете ја на секоја кора, врз белките. Ставете по една кора во рерна на 180 ° C неколку минути, додека не добие боја на рабовите. Подготовка на крем: Цврсто изматете 800 мл слатка павлака, измешајте 4 жолчки со 10 грама шеќер во прав, може да се попари и внимателно изматете во шлаг. Измијте 0,5 кг овошје по желба. Ставете ја кората – крем – овошје и така на горниот слој, а завршете ја со кората што ви изгледа најдобро и оладете преку ноќ! извор:попара.мк]]>

Велигденска солена торта https://arhiva.vistina.com.mk/veligdenska-solena-torta/ Mon, 29 Apr 2019 12:15:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=85347

Велигденска солена торта која по својот состав секогаш е иста, само изгледот и се менува во зависност од декорацијата. Сочна е и има многу префинет вкус. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца поголеми 6 супени лажици брашно тип 400 75 мл или мала шолја за кафе – масло 1 прстофат сол, на врв од ножот 300 г спанаќ исчистен од петелки ЗА ФИЛ: 300 г младо сирење 500 г кисела павлака 400 г квалитетна шунка ЗА ДЕКОРАЦИЈА: 10-15 шери доматчиња, црвени и жолти (ако нема може црвени ротквици) 10 јајца од препелица или 3 кокошкини исечени 1 помала краставица 20-30 црни маслинки 10 аспарагус гранчиња 5 китки магдонос По желба босилек зелен и црвен 200 г крем сирење или по ваш избор измешано со кисела павлака за да биде меко ПОСТАПКА: Исчистениот спанаќ избланширајте го неколку минути за да свене. Изладете го и процедете го. Можете да го исечкате ситно или кратко да го изблендирате. Добиената маса поделете ја на два дела. Пригответе калап 24 см во кој ќе ги печете корите за торта и веднаш исечете 3 круга од хартија со иста величина како калапот. Ѕидовите на калапот малку намастете ги со путер и набрашнете ги. За една кора: 2 белки матете ги додека да станат цврст снег, а потоа со постојано мешање додавајте жолчки, сол, 1/3 мала кафена шолја масло и исклучете го миксерот. Постепено низ сито додавајте го брашното, нежно мешајќи со жица за матење и на крај ½ од обарениот спанаќ. Смесата излејте ја во приготвениот калап со обраш и ставете во веќе загреана рерна на 180 степени да се пече 8-10 минути. Извадете ја печената кора од калапот, префрлете на решетка за ладење и извадете ја хартијата на која се печеше. Ова повторете го уште еднаш за да добиете иста ваква кора со спанаќ. Третата кора се прави без спамаќ за да биде жолта. Додека корите се ладат, направете го филот. За фил: Со миксер изматете го сирењето и киселата павлака. Ситно исечкајте некоја многу квалитетна шунка и додадете ја во смесата. Пробајте дали е солено и ако е потребно досолете. Немојте да се уплашите ако ви се чини редок филот, таков треба да биде зошто во следните 24 часа ќе се впие вишокот влага во корите и целата торта ќе биде сочна а цврста. Сега повторно земете го калапот за торта и ѕидовите обложете му ги со проѕирна кујнска фолија, а на дното од калапот можете да ставите хартија за печење. Редење: прво ставете една зелена кора и премачклајте со 1/3 од филот. Жолта кота, нежно притиснете за да се израмни филот, нанесете 1/3 од филот, и на крај иде вората зелена кора. Одозгора премачкајте со последната третина од филот. Прекријте со проѕирната фолија и оставете во фрижидер на ладење 24 часови. Следниот ден извадете ја од обрач и премачкајте ја со 100 г меко крем сирење, а со другите 100 г направете мали гнезда околу кои ќе ставате декорација. Напомена: бидете трпеливи и почекајте 24 часа. Солената торта ќе биде убаво изладена. Сервирајте ја цела пред гостите и не се плашете дека ќе ви се распаѓа при сечењето – напротив! Се сече многу убаво.]]>

„Стопли срце, велигденска трпеза за сите!“ https://arhiva.vistina.com.mk/stopli-srce-veligdenska-trpeza-za-site/ Wed, 04 Apr 2018 12:50:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19424

Група на хумани граѓани, традиционално пред Велигден собира донации за најзагрозените фамилии, со цел како што велат, барем малку да им го разубават најубавиот и најголем христијански празник. Во прогласот се вели: „Ајде Македонијо, да се обединиме! Се приближува нашиот најголем и најубав празник Велигден, празник кога сите заедно со нашите семејства седнуваме на трпеза и го славиме Христосовото Воскресение. Празник кога нашите деца ќе трчаат, ќе се смеат, ќе се кршат со јајца, ќе се радуваат…. За жал ова нема да биде во сите домови. Има многу семејства кои се тажни поради тоа што немаат ниту леб да стават на маса за празникот, а камо ли нешто повеќе. Повеќето од овие семејства се со деца, деца кои за жал се предвреме пораснати, доволно за да знаат дека нема да има шарени јајца, нема да има месо, нема сокчиња, нема благо, нема ништо. За нив Велигден ќе биде обичен ден како и секој друг поминат во немаштија. Една мајка што живее во соба во подрум, се нервира дека три дена нема да оди по куќи да чисти, затоа што не знае како ќе се прехранат тие денови, а камо ли да слави. Еден дедо ќе седи гладен како и секој ден, бидејќи извршители му ја земаат пола пензија. Едни родители повторно ќе бидат тажни затоа што ќе ги слушаат празните стомачиња на своите деца како кркорат затоа што се гладни. Една девојка наместо да излезе, ќе седи дома сама без струја на празна маса. Овие луѓе веќе ни солзи немаат во очите, го преплакаа целиот живот, остарени предвреме, гладни и сами… Се трудат да ја зачуваат онаа трошка достоинство што им останала. Ние ќе подготвуваме гозби, а тие душички, ќе треба да седат на празни маси, сами, гладни и заборавени од сите. НИКОЈ НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА СЕДИ ГЛАДЕН ЗА ВЕЛИГДЕН! Затоа да станеме СИТЕ! Да купиме сите заедно по нешто за трпезите на овие луѓе, да не оставиме никого да гладува. Организирајте се во сите градови, имаме време до недела да им ја вратиме насмевката барем во овие празнични денови. Во Скопје, донациите се собираат секој ден во Нано Бар (Дебар Маало) до 6 април. Може да донесете табли јајца, бои, стикери, велигденски украси. Донесете храна, сокови, чоколади, продукти кои што се потребни за готвење… Ајде да бидеме хумани и овој Велигден да им ги стоплиме срцата на тие што им е најпотребно!“ Донираните прехрамбени производи ќе бидат доставени и распределени до најзагрозените семејства. Ги повикуваме сите хумани граѓани да бидат дел од оваа иницијатива.]]>