велесм игор џамбазов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 10 Mar 2023 08:55:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png велесм игор џамбазов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Нокаут“ имаа осмомартовски концерт во Велес, а таму се најде една (не)очекувана гостинка: Ноне ја погоди песната или секој заслужува и втора шанса? https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-imaa-osmomartovski-kontsert-vo-veles-a-tamu-se-najde-edna-ne-ochekuvana-gostinka-none-ja-pogodi-pesnata-ili-sekoj-zasluzhuva-i-vtora-shansa/ Fri, 10 Mar 2023 08:53:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292691

Еден од најпознатите и најпопуларни македонски бендови „Нокаут“ во низата настапи, имаше закажан концертен настап за Денот на жената во велес. Поточно, во „Бела вода“, еден од најубавите угостителски објекти покрај Велешкото езеро „Младост“. На Пере и екипата популарноста со години им е на врвот, па така влезниците беа распродадени доодека трепнеш. Дотолку повеќе што како специјален гостин , кој неретко настапува со нив, беше најавен и македонскиот  шоумен, Игор Џамбазов. Салата преполна, атмосферата прекрасна, расположението пуштено на најсилно, а среде забавата и една (не)очекувана гостинка... македонската џепна венера, некогашната колешка на оние на сцената, сега светската морепловка или како што ја нарекуваат „најшетаната велешанка“, Нона Неделковска. Сите мислеа дека во моментов е преку седум мориња и океани, работејќи на големите крузери, кога ете ти ја Ноне меѓу гостите на концертната журка. Дотерана, средена, стокмена, налик на европска дама во црн комплет од широки светкави панаталони, ликра маичка на прерамки, качена на високи потпетици, со шминка и долга пуштена коса, бојадисан во модерна костенливо-црвенкаста нијанса, некогашната  пејачка навистина изгледаше светски. Покрај својата убавина и стил, Ноне доминираше и со својот телесен раскош, со што веднаш се издвои од масата и со префинетата елеганција, стилот и ликот кој не старее и не се заборава, иако долго време не е дел од естрадата. Во опуштената празнична атмосфера, дојде време и за романтични мигови, па амбиентот со запалените свеќи на масите го претворија во љубовна бајка звуците на баладите... „Нокаут“ и Џамбаз и тоа како знаат тоа да го изведат и да ги разнежнат присутните, па по се изгледа ја разнежнија и неа, нивната (не)очекувана гостинка и некогашна колешка, но се уште нивна пријателка... Стиховите кои и го допреа срцето на Ноне и направија мислите да и прошетаат низ минатото: „Сите погледи исти се, тешки и опасни... Тие очи не се за тебе, само кој да им објасни...?“ Ама по се изгледа и да ја стават во нова дилема: „И само... Помисли на тоа што се можеме... Можеби е доцна, а може не…?“ Дали песната „Во бестрага“ толку ја погоди некогашната пејачка, што не одолеа да не сподели парче од рефренот и атмосферата, ама и дел од стиховите во постот на своите профили на социјалните мрежи?  Или пак песната Ноне  ја поттикна и наведе на помисла дека... Секој заслужува и втора шанса? А, кој да знае, освен самата Ноне? Впрочем... Можеби е доцна, а може не?
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nona 🌸 (@nona.nedelkovska)

Фото: Инстаграм принтскрин/perrenokaut/nona.nedelkovska]]>